Здраво на сите. Прво сакав само да кажам дека и јас имам голем проблем со синусиве, денес купив систем за прочистување на синуси од аква марис произведено во хрватска. http://www.youtube.com/watch?v=YaZa9nVb69g oва e линк oд youtube да видите за што ви зборувам. Денес прв пат го применав и се осеќам како да сум била на море. Има резултати само по извесно време, во иднина ќе ве известувам дали навистина функционира. Јас се надевам искрено, затоа што кога одам на море многу ми помага. Ви посакувам не болни денови.
Наследно си имам проблеми со синусиве, среќа што не ме фаќаат често, ретко само во зима. Татко ми и дедо ми ненормални проблеми си имале со нив, татко ми сеуште има, а па брат ми цел е затнат,среќа што не ми е и мене така
Јас имам многу голем проблем со синусите. Ми прават тешкотии во дишењето, се гушам и затоа користам еден спреј, ми помага во дишењето
Оффф пак почна ноќната мора со тие проклети синуси кај баш денеска ме фатија не се живее веке со нив mi ide штипка да си тавам на носот зошто така ми ја ублажува болката
Морам да ве известам дека по извесно користење на аква марис има резултати. Од најдобра гледна точка е тоа што скоро и да не ме боли глава, осеќам доста промени. Морам да признам дека не го користам како што ми препорача мојата докторка, значи да се користи 5 пати на ден, обавезно наутро,а после тоа да се користи спреј. Јас го користам секој ден еднаш дневно кога ќе стигнам, не користам спреј и секој ден сум на страшна промаја која е најголем непријател за синуси. Секретот ми се намали многу, глава не ме боли повеќе што е најголем проблем, полесно дишам и не користам повеќе палома како некогаш. Ви препорачувам да го пробате. Уште нешто да додам дека првиот пат кога пробав да го користам ми беше тешко да се наместам на позиција која
^Aко мисли на спрејот се купува во секоја аптека, без рецепти, до кај 100тина денари е. Ама не очекувај којзнае каква промена со него долколку си имаш страшни проблеми. Само ставање на топло помага, јас да чукнам во дрво, немам страшни проблеми, баба ми од мала ме малретираше со топли перничиња на главата и на носот. Мислам дека беше морска сол, ставаш во крпчиња како во мало перниче и ги загреваш и се ставаат на чло и на нос. Ужасно многу помага летно врме одење на море. Мене нешто вчера ме фати малку болка на синусиве, дека поднастинав. Ама затоа чеситете главоболки ми останаа како симптом на воспалени синуси. И летно и зимино време си ги имам.
Значи аква марис можеш да го најдеш во секоја аптека, во случај да не го имаат го нарачуваат. Не е потребна рецепта и кошта одприлика 1000 денари. Внатре добиваш 30 кесички со морска сол со мирис на некои си масла за опуштање и пластична здела во која се става млака вода и сол и со тоа ги чистиш синусите. Морам да напоменам дека првиот ден е малку тешко да се наместиш во права позиција како треба, но вториот и другиот ден веќе се е навика. Значи најдобро е да се чистиш секое сабајле, ако осеќаш потреба може и повеќе пати на ден, а кога си настината едно 4 пати на ден, многу помага. Ако нешто треба можеш слободно да прашаш. Ево веќе месец дена го користам и презадоволна сум. Ова е еден начин замена за море. Ако случајно го купиш Нана19 пиши која промена си осетила. позззддд
Здраво !!!Јас си имав проблем со синусите знам како е кога те боли глава очи неможеш да гледаш ти смета секаково светло секоја промена на време ја осеќаш,чуствуваш гаден мирис и што уште не ама ги излечив за моја среќа сега само си ги пазам ама болки нема и супер ми е има една терапија три месеци е содржи (капки,маст и масло )после тоа си како нов .
со синусите мои ја мака си измачив сега за среќа таман сум ...мене покрај капки ми помогна и ламба (инфрацрвена) со неа се зрачев 5-10 мин редовно .
Од кога знам за себе јас си ја имам макава, ма од морска сол,од инхалации, инфрацрвени ламби од триста други тракатанци се сум пробувала....не бива и не бива. Лани малку полесно го поминав зимото дека бев на море.Ама еве годинава не бев, и пред 10тина дена ме фатија и толку сега...до март нема да ме попуштат.
Нема лек за синуси.. Ќе си ги лечиме цел живот.. Еднаш се воспалиле и после треба пазење многу. Си имам голема мака со нив, пред 2 години завршив на клиника заради нив , ама добро е што не сум сега во тооолку лоша состојба. Си имам главоболки кои ужасно ме нервираат не можам да функционирам како што треба од нив. Сум пробала триста чуда што вика Snow од инхалации, зрачења блабла. Затоа зимно време капата или стегачот и шибам...
^Така е = нема лек. Ај што имаме главоболки, ама што и деловите кај синусите ме болат да не можам да се допрам.
Пред некое време по препорака на другарка,купив спреј за назална употреба од масло од оригано. Го има во Зегин околу 190 денари е. Многу ми ги смирува воспалените синуси.
Eве и јас никако да се справам со моиве синуси пијам теблети на природна база и спреј за синуси но мислам дека најмногу ми помага еукалиптус го има во аптека се раствара во врела вода и се прави инхалација верувајте за еден ден ке поцуствувате олеснуванје
Јас стварно не знам веќе што да правам со моиве синуси, се отрув со апчиња, ни кафетин ни аналгин не ми помагаат веќе, само кетонал (што е прилично јако). Месечно пијам минимум 7-8 апчиња...зависник станав веќе.
Јас имав проблеми со синусите пред 5-6 години. Тогаш стасав и до болници, инекции...Од тогаш секоја зима се чувам, капа, шал -обавезно! Никогаш не ја мијам косата и веднаш да излезам од дома, мин 3-4 саати си седам дома да топло да ми се затворат порите. Инаку една докторка ми рече дека во зима потребно е и до 12 саати за порите да се затворат. Најлошата варијанта е да се избањаме и да излеземе, без разлика дали ја сушиме косата со фен или не...порите се уште отворени. Еве од тогаш ниту еднаш ме немаат фатено синусите. Поздрав девојки, значи спречете ги, а не да ги лечите
Имав и јас.. Секој ден требаше кај лекарот по 15 мин. Ми ги покриваше очите и ми светеа со ласер.. Мала бев.. И не се сеќавам баш добро..
Болката може да ја намали следново: Ставете сол во едно ѓезве да се загрева, откако ќе се загрее, ставете ја во обична крпа, а крпата онаму каде што ја чувствувате болката, на чело итн. Откако солта ќе се излади можете повторно да ја вратите во ѓезвето и да ја загреете. Не губите ништо ако пробате Се надевам дека може да ви помогне и ова видео http://www.youtube.com/watch?v=e22Ta7iRgks