Јас го имав проблемот со вртоглавици и на доктор ми рекоја дека тоа е од преголема главоболка од синусите. Кога имам таков проблем најмногу ми помага сад со топла вода и во него сол. Така почнува да ми тече низ нос гној од синусите и ми се намалува главоболката, а со тоа и вртолавицата.
Jas do sega ne sum imala sinus,sakam prasam kako bi prepoznala dali imam sinus?posleden period imam nekoi mali problemi so nosot pa zatoa da si prasam dali e toa..
Јас веќе околу 5 години имам проблем со синусите и покрај тоа што постојано имам болки не ставам и не пијам ништо издржувам некако но кога настинувам тогаш е значително полошо..
Големи главоболки, ти се чини главата незнаеш кај ти е. На почетокот од носот како да ти стои некоја тежина, цело време затнат нос. Барем кај мене е така.
Cesto se slucuva glavata da md boli,a za nosov veke 8meseci ne prestanal,tece li tece. bev kaj maticna vika alergija ama sepak ke se ispitam dali e alsrgija ili ne,bidejki tabletite za alergija sto gi pijam osven prviod den efekt nema...
Воспалени синуси се зафркната работа. Ми се случува 2-3 пати годишно. Најверојатно поради траума и мала девијација од сообраќајка, видлива само на снимка. Бактерии нема. Летување на море помага само за кус период. Носење капа добар дел од годината, одржување добар имунитет, санирање на проблематичен заб се само неколку од работите кои можат да помогнат. Серапептаза, имунилфлор, химорал форте скапи се, ама купувам кога е ептен неподносливо. Во други случаи бутам во нос тампони од палома или памук натопени со раствор на прополис, и во повеќе случаи помага. Нормално и инхалаторот работи со полна пареа. Делуваат добро убоди од пчели во предел на чело. Е тогаш се отвараат и течат како чешма. Само ден-два, па и три нема излегување меѓу народ. Поради течењето и поради изгледот.
Оваа пролет имав страшни главиболки од синусите,па ми се смири коа почна да се стоплува али секоја промена на време многу ми влијае мене.Ужасни болки се тоа,бев да ме снимаат али пошто ми беше отечен носот ради некоја бактерија не можеа да ми ги снимаат.И ајфе некако се смири али еве една ме болат не постојано но коа ќе ме здоболат ми иде да вриштам али се контролирам некако.На мајками нон стоп и викам дека сакам да се снимам али одбива она.Се нервирам зашто трпам болка а не ми веруваат.
Јас пред 2 ипол години имав собраќајка ,при тоа носот ми беше скршен лом ..во лонгета ,и некако се опраи за надворешен изглед можам да кажам е поубав од порано ,мегутоа неможам да дишам од тогаш воопшто.ВО почетокот мислев дека ке биде ок ,дека ке се среди,дека е од тоа што ми бил скршен,и не превземав ништо туку ставав солени капки,,,,,,,кога дојде зима скроз неможев да дишам почнав да користам бенил капки ,правев инхалации кои не помагаа многу и за да не користам бенил нон стоп дека се штетни ми дадоа и спрејови.Потоа бев ок пак дишев нормално .Ама при секоја промена на клима,настинка и слично пак со капки си седев.ако не ставам капки не можам ич да дишам .и еве сега летово бев на одмор на море,и ко демек сите ми збореле од морето носот ок ке ми бидел,тоа полошо испадна,ми се затна скроз повторно така што еве од кога сум вратена од одмор сум со бенил ,одам по лекари пак спрејови ставам,дури и ми дадоа апчиња за алергија дека имало можност да е алергија ама пиев неколку дена и прекинав,сега направив денес компијутрерска томографија,и тој што ме снимаше ми рече дека немало нешто страшно дека имам слободен простор да дишење ама не е како пред собракајката,и запримети циста на лев максиларен синус ,ама ми рече да си одам кај мојот специјалист да види тој најдобро бидеќи тој не е за таа гранка.Незнам што да речам ке одам секаде кај што треба за да откријам што е .дали се синуси ,дали е алергија,дали девијација,дали незнам више.............ама многу сум нервозна воопшто неможам да дишам имам секрет кој што е во голема количина и кога ке ставам капки тој секрет ми пага во грло,ужасно мие !ако има некоја ваков проблем ,или знае нешто за ова нека пише..................
Луѓе, дали сте имале искуство кога еден белузлав скоро проѕирен и како леплив слуз ви истекува од носот во грлото, и тоа страшно ве тера на кашлање па дури и мислите во еден момент дена ви пречи и на дишењето? Носот не е затнат ама сепак некако внатрешно се осеќа дека не е нешто како што треба и грлото доста боли Дали сте имале валкви симтоми поврзани со синусите?
Јас сум заболен од синус веќе долго време. Што си дочекав и хронично воспалние на максиларните синуси. Во детсвото имав болки проследени со повраќање, сите си мислеа мигрена, но на снимката ми беше константирано синуси. Исто така сум и метеопат, не смеам ни на топло ниту на ладно. Но, после долго време, ми се случило да бидам на сонце повеќе отколку што треба, и ми се јави страшна главоболка, повторно со повраќање. Отидов на лекар и ми закажаа за снимање на главата. Не отидов на снимка, затоа што се исплашив од најлошо, искрено прочитав за такви работи по разни форуми на нет. Пишуваше за некои симптоми, се пронајдов на отежнато голтање, болки на вратот, затнување на уши. Искрено преплашен сум. Прв пат сум на форумов, затоа што гледам, дека си помагате еден на друг, и мислам дека некој ќе ми даде совет. Ви благодарам...
@Muki1993 Требало да појдеш на снимање. И јас имав таков проблем со фронталните синуси, на едниот имав циста, која со тек на време и примање терапија си пукна сама. На интернет се што читаш со доза на резерва сфати го, зашто којзнае што ќе не прочиташ и што ќе си дијагностицираш самиот. Појди си на лекар, ќе ти дадат терапија соодветна за твојот проблем, на своја рака не земај ништо. Дома можеш да ставаш облоги со морска сол, мене ми помагаа и тие. Спојлер: Облоги Од стара навлака имав направено како малецко перниче за да ставам сол внатре. Потоа ја сошив. Ја загревам летно време во чинија и во микро, зиме на печка. Таква загреана ја ставав на синусите.
Прашај паталец..Тоа чудо се вика постназален исцедок http://www.webmd.com/allergies/postnasal-drip, тапа е и многу потешко се лечи од ринитис. Не се плаши, од синусите ти е, исцедокот се лепи за грлото и го разјадува па одтаму доаѓа болката и потребата за кашлање. Работи на тоа максимално да го подигнеш имунитетот, прави инхалација (во тенџере свари чај од неколку кесички, покриј ја главата со голем пешкир и вдишувај ја пареата), зрачи се со инфрацрвена лампа, купи Марисол хипертоник спреј за нос (http://marisol.rs/index.php?id=marisol-hypertonica&lang=sr), шмукај стерсилс (или било кој од тие дражеи). Јас сепак ти би препорачала да си отидеш на лекар, да не случајно станува збор за посериозен синуситис па може треба да пиеш и антибиотик.
Не ти го прочитав цитатот. Изгледа дека сличен ти бил проблемот. И јас имам лев максиларен синус. Нема година или годишно време носот да не ми е затнат, се чудам од каде ми доаѓа кислородот што ми влегува во белите дробови ,. Вистина сум исплашен од нешто недај боже, мислам млад сум, и не сакам да чујам вест за нешто што не би ми се допаднало. (Мислам ме разбирате). Да, морам да идам на лекар. И black-angel сакам да знам околу твоите болки каде ги чувствуваше. Затоа што, мене поголемата болка ми е над десната веѓа, и во носот.
Јас во Април оперирав лев максиларен синус , кај мене беше многу загное , е тоа беше болење ненормално , нон стоп бев затната на таа страна едвај дишев и јас . Операцијата како таква не беше болна Еве после некој месец од тоа можам да дишам скоро никогаш не се осеќам затнато но повремено иам по мала болка , хирургот ми рече дека е нормално до година дена да биде . Иначе се оперирав на Максилофацијална - Државна , ме оперираше д-р Русе и од се срце ти го препорачувам и за преглед да идеш , болеше цела лева страна ,нос , веѓа околу окото и сл.
Дали има некој со циста на максиларните синуси? Ми пронајдоа таква во левиот максиларен синус под окото. Веќе подолго време ми играше и окото, веројатно има некој настинат и зафатен нерв од цистата. Ме интересира како ги третиравте, дали е неопходно хируршки да се интервенира или доволно е со зрачење со ламба, испирање со солен раствор, капки од грејпфрут и антибиотска терапија? Мене докторката ми рече дека треба да се направи РТ на глава, ама не е итно и дека не се опасни, но нели, секогаш човечкиот мозок вешто си прави страшни сценарија. Ништо не ми даде терапија конкретно за ова зошто е второстепено и небитно, но бидејќи констатирани ми се високи алергии на многу работи ме стави под терапија.
Јас откако знам за себе имам мака со синуси. Како дете знам ме зрачеа, пареа ми правеа, врагови... Мислам дека траума ми остана и не сум била на ОРЛ кој знае од кога. Кај мене е малце друга маката, а не сум сретнала уште некој. Јас имам СЕКОГАШ затнат нос. Ама, не како кога сум настината. Некако, многу внатре, суви парчиња (скоро црни, темно зелени) имам. Ако ептен сабајле се фатам за чистење (не дување, пукаат капилари и нема запирачка), може да откопам и бела слуз. Ако добро исчистам, веројатно цел ден нема мака да имам, ама ако бар малце остане... тоа е гребење, мачење, на нос не можам да дишам...
Порано правев снимка и излезе дека левиот синус ми е активиран. И правев алерго тест и излезе дека сум алергичен на домашна прашина Еве цела недела ме болат синусите и ми се врти, ме боли над очите и кај челото. Многу ми пречи јако светло не можам убаво да гледам. Грлото ме боли од време на време а насабајле сум со затнат нос. Некогаш многу тешко дишам и имам некое чувство во носот како да не можам да дишам како да ме сече нешто. Дали помага спреј за во нос за да се ублажи болката во синусите?
секоја нестинка и ми се воспалуваат синусите. И од нив имам големи вртоглавици. Користам едни капки кои се за синуси и го намалуваат воспалението