Јас сум алергичен на домашна прашина и од тоа мислам дека ми се активираат и синусите. Цела недела ме болат не знам веќе што да правам, ми пречи светло, се осеќам како замаен во главата.
во аптека ќе побараш капки за синуси Flixonase мене многу ми помагаат тие се прскаат во нос по два пати на ден ама прво треба да не е затнат носот доколку е затнат треба прво обични капки за нос за да можеш да шмркнеш и после се прска, може да се употребат и 3 пати во ден но никако повеќе од тоа
Пријатели влего да прашам дали некој знае некој лек зА синуси. Веќе втор ден како по цел ден ме болат синусите, трпам веќе неподнослива болка на целите синуси, десна веѓа, вилица јаболчници, череп се. Носот ми е катастрофа што не можам да дишам цела недела дишам од уста, земав секакви капки и никои не помагаат, имам два три врсти.
Кафетините како да се направени за мене, кога ќе започнат болките земам кафетен и два минути ми поминува.
За ублажување на затнат нос пробајте со спреј од диво оригано. Околу 200 ден е. Не го решава проблемот со синуси но го ублажува течењето на носот и кивањето.
Здраво на сите, многу ми е драго што ја имате отворено оваа тема, како прво сакав да кажам дека скоро никогаш не сум имал проблеми со синуси, но тоа што е проблематично е дека често станувам настинат и обично кога сум настинат имам и главоболка коешто вклучува и болка кај очите односно дека неможам да ги движам очите заради болката, па ме фаќа страв да не случајно синусите се повеќе и повеќе се инфектираат или дека тоа е нормална појава при настинка/грип. Симптомите што ги имам се: - Главоболка: обично во предната страна на главата, чуство на стегање, се интензивира ако ја движам главата надоле, некогаш ме боли повеќе а некогаш помалку, капа си носам дури и кога сум дома бидејќи ако не носам као повеќе да ме боли, а кога легнувам болката сосема си исчезнува значи спијам мирно а се појавува кога станувам од спиење и така после во текот на денот се појавува и си исчезнува неколку пати дневно, болката не е голема но сепак фрустрирачки. - Вртоглавица: не е баш вртење туку мене така ми се чини као да ми се врти, односно нестабилност. - Затнат нос: обично кога легнувам и додека спијам. - Течење од носот: жолта боја - Болки во очите: изморени очи, болка кога ги движам, пржење - Кивање: некогаш многу често а некогаш поретко - Температура: ниска/средна - Кашлица: сува, а некогаш со шлајм, одвреме навреме - Болки во грлото: поголеми се додека спијам - Волки во вратот: кога станувам од спиење, како "друштво" на појава на главоболката, а се исчезнуваат за не повеќе од пола саат откако се будам - Измореност Медикаменти што ги употребувам: За болки: - Парацетамол - Кафетин Кога ги пијам овие апчиња навистина многу ми ги олеснуваат болките скоро ме прават како нов, но секогаш кога станувам од спиење пак истата песна За енергија: - Витамин Ц 1000мг - Мултивитамини Дуовит - Б-Комплекс Анализи што сум направил: - Крвна слика: се е во ред освен железото за кое што докторот ми рече дека не е лошто но дека може да се подобри, 9 е минимумот, мене ми е 13, а максимумот 32 - ЕКГ: се работи нормално И сега прашањето ми е дали овие симптоми на главата се дел од синусот или како последица на настинката, пошто обично кога другите симптоми се подобруваат исто така се подобрува и главоболката заедно со болките околку очите, и така да навистина не знам дали и порано кога сум бил настинат сум ги имал овие главоболки или не, се мислам дека сега ми е поради синуси ама не сум сигурен, лекарите ми велат дека грлото ми е малку црвено но дека тоа не е ништо сериозно, кога им кажувам за овие симптоми на главоболката некој не ми вика дека може да е поради синуси туку сите велат дека е поради настинка, така да ако може некој да ми помогне, да ми даде некој совет или слично ке му/и бидат многу заблагодарен, поздрав и секое добро
Дечки, докторот ми рече дека имам воспаление на синуси (акутен синуситис), и ми ги даде следниве медикаменти: - Caps Sumamed 250mg - Spray ACC nasal - Sol Operil - Caps Serrapeptase сега прашањето ми е, дали навистина овие капсули Serrapeptase помагаат и дали може да ги отворам и да ги мешам со вода дека никако неможам да ги испијам капсулите секогаш сум го имал овој проблем, фала однапред!
Од лично искуство највеќе мене ми помогнаа оперил , мада јас оперирав синус и бев на коктел антибиотици , мислам дека во упатството треба да пишува дали може или не да се растворат , ако нема консултација со фармацевт ќе заврши работа
неможе да се растворат, леле незнам што да правам, наредната недела треба да одам на контрола, а јас користам само спреј и морска сол со што не верувам дека веднаш ќе исчезнуваат синусните инфекции, пробав да ги испијам али стварно неможам :/
Да разговараш со матичен да го смени антибиотикот ? Кажи му какви проблеми имаш , верувам дека има замена , знап по себе ми дадоа клиндамицин , но јас сум алергична на него и ми сменија пиев ципринол (мислам дека беа ) ако не во секој случај отиди на преглед на Максилофацијална , они точно ќе знаат што и како понатаму , јас баш таму и се оперирав
Blagodaram na odgovorot, baska sum slusnal deka sumamed ne e i tolku dobar za zelodnikot, probuvam da najdam nekoj domasen/priroden lek ama izgleda ne e tolku ednostavno toa, mi imaat kazano deka akutniot sinusit ne e tolku strasen i deka ke pomine otkako ke pomine i nastinkata
@Mehmet , домашен лек е да инхалираш пари од рен. Ренот го рендаш, го ставаш на алуминиумска фолија . Фолијата ја ставаш на загреана рингла. Пробај го ова.Ништо не губиш.
Ќе тераш со таа терапија што ти ја дале. Не за џабе лековите се правени како капсули, за да се ослободи содржината на целното место. Ако имаш проблем со пиење на Serapeptase смени ги со Chymoral Forte, тие се таблетки (се пијат 3x2 мислам), ама со иста намена и ефект како Serapeptase, за намалување на отокот на слузницата и исфрлање на токсините. Многу ќе ти помогнат покрај антибиотикот.
Дечки, откако си почнав со Амоксиклав сируп нешто на јазикот имам кафеава боја, дали на вас ви се има случено ова ?
За синуси на мојот сопруг многу му помогна изрендан рен ставен во вински оцет,7 дена да отстои и после по неколку пати на ден се вдишува во двете ноздрви.