Decki, konecno tek sega se naviknav da gi goltam kapsulite, pa se mislam dali da gi ispijam sumamed i serapeptase, no strav mi e od sumamedot, procitav na google deka azithromycin (sumamed) dovel do fatalna smrt kaj nekoi pacienti, jas treba da pijam 5 dena po edna 250mg kapsula i mnogu se plasam, a od druga strana ke mora da gi pijam posto nemozam veke da gi trpam ovie sinusi, malku da mi studi odma ke me boli predelot vklucuvajki gi i ocite
@black-angel се извинувам, само уште ова да ве прашам, вие кога ги имавте синусите и кога сте имале болка во пределот на главата дали исто така сте имале и болка во вратот, бидејќи мене кога ми започнува болката во пределот на главата се проследува и со болка во вратот, а си поминува болката во пределот си исчезнува и болката во вратот, јас бев на лекар и ми вика дека болката во вратот повеќе асоцира на тензичка главоболка, но јас ги имам и другите симптоми значи затнат нос, течење (зелена боја), болка во грлото (кашлица) и слично, па ме интересира дали вас ве болело и вратот, благодарам
Мене цела глава ми паѓаше кога имав болки со тоа и врат и раменците премногу ме болеа , тие се сите симптоми , за жал тешко поминува долг процес е , кога не можев да издржам се затварав во темна соба во тишина и колку толку ми поминуваше , плус пиев кафетин или бруфени , па ќе се смиреше полека . Преносна е болката се шири константно , ако не можеш да трпиѓ подобро напиј се апче
Другарче јас веќе 15 години сум заболен од синуси, и истите симптоми си ги имам, фала богу што кај тебе не биле хронични, јас пред 7-8 години сум бил последен пат на Рентген и ми констатираа хронично воспаление. Ама, мозокот ми е Џејмс Камерон, си правам разни филмови, и толкав паничар сум, што сум по сите форуми за вакви теми, и одсекаде по сѐ си слушам за мојата здравствена ситуација. Ете, сега почнаа да ме пече левото око при секое солзење, сега се загрижив дека сум алергичен при полен на пролет и ме чешаат очите, а при секое чешање сега, кога ќе го тријам малку окото и почнува солзењето и неподносливо печење осеќам на окото. Барам совет од што може да биде?
Цел живот сум со проблеми со синуси, лицето ми тежи, главоболки имам нонстоп. Одсекогаш зборувам на нос. Уште што не сум пробала нема решение изгледа.. Кој ја има таа среќа да ги добие ќе си ги добие и ќе си живее со нив
Стара е темава ама да пробам. Значи имам симптоми месец сигурно, осеќам како да сум полна шлајм а не секогаш ми е носот затнат. Се гушам и осеќам стегање во пределот на грлото. Можно ли е да се синуси? Имам болки кај слепоочници и позади уши
Истите симптоми како и јас што ги имав, според мене синусите се. Оди на доктор со време, ако почниш на време да земаш лекови ќе ти поминат побрзо, ако не ќе ти загнојат и ќе имаш потешко лечење..
и јас си зборувам со нос и постојано сум со секрет од носот а немам главоболки ,па прашањето ми е дали користиш некои лекарства
Моментално не користам ништо, до сега што и да сум користела ми влијае на организмот само не на синусите а јас и немам секрет од носот ( да имам мислам дека ке ми биде полесно)
сакам да прашам дали и јас имам синуси?? веќе недела дена ме боли главата како некого да ми седи на неа, болката ми шета постојано, а најповеќе болка осеќам помеѓу очите, на носот... си правам разни филмови се плашам... ве молам за совет.
Имаш синуси. Сите имаме синуси. Јас немам еден, роден сум без него, ама тоа е реткост. Така што - да, синуси имаме сите. Е, сега, дали се воспалени - тоа е друго прашање ))))))))))))) . Да, можно е да ти се воспалени синусите, меѓутоа не оставај тоа за тоа. Отиди и провери се. Ништо нема да те чини ако отидеш и ги снимиш, било на ехо, било на рентген. За да си бидеш на чисто.
Дечки, ми дадоа упут за ртг на синуси. Ме интересира, дали знаете, после тоа снимање по колку време смееш да останиш бремена (Знам дека додека си бремена не се снима, но да речиме еве се снимаш пред да бидеш, а планираш во скоро време да останиш). Знаете ли нешто околу ова? Можеби е глупаво прашањево, но денес ете така баш размислував за тоа...Позз
Помошш Имав загноени синуси 2-3 месеци не можеа да ми ги откријат, бев во скопје во државна и ми кажаа дека се крајно загноени па со терапија се среди тоа. После пола година пак истата болка, пал во државна и ми кажаа дека имам циста НИШТО СТРАШНО ЌЕ ПОМИНЕ, и отидов во ремедика. До цевки со се и сешто ме прегледаа и ми кажаа дека цистата е на сериозно место блиску мозокот и треба операција. На кој да верувам и што да правам? Искуство некок со ваква операција ?
и јас имам мака со воспаление на синуси кое ме држи од зимата и ми рецидивира постојано еве и сеа на +30 степени,се изначитав по интернетов чуда за домашно лекување мене ми помага -масажа(за дренажа ова) -инхалации(било со капки ,камилица,јод или хималајска сол) -парацетамол и витамин Ц,витаминот го шмукам да се впие во усната празнина сум пиела антибиотици цефалексин,клиндамицин,ама од нив само добив алргија и нус појави а воспалението не го излечив. Инаку имама четири синусни празнини во главата,затоа боли и назад во тилот или во ушите и тежи главата,можно е да е некој од средина воспален,јас имам и тинитус тоа е зум во ушите и го слушам постојано