Синус на опашката - sinus pilonidalis

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Vodolijata, 3 декември 2010.

  1. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Имав синус на опашката ( завршетокот на 'рбтетот) така кажа лекарот дека се вика во медицината инаку народно е познато на различни начини....Сакав да знам имал ли некој искуство со нешто вакво ( инаку искрено се надевам дека немал или дека ке нема зашто болката не се опишува), колкави се шансите пак да се појави зашто можело да биде хронично и знае ли некој некои природни мелеми кои би се ставале при крајот кога синусот е веке пукнат со цел побрзо зараснување и чистење до крај?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Синус на опашката

    Водолија , мислиш на синусно влакно ? Јас така го знам , она што е како поткожна жлезда која гнои, се полни со крв и пука, ама многу боли и е на незгодно место .
    Обично кај мажките се појавува затоа што се повлакнести и погруба кожа имаат. Може колку сакаш да го цедиш, мачкаш или не знам што , ама најдобро е да го извадиш, мала операција е таа, ама барем ќе се спасиш, знам колку е незгодно .
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Синус на опашката

    Јас имам братучед што има вакво влакно и знам дека е многу мачно, бидејќи е цело време со газа, често мора да ја менува, екстремно да внимава на хигиената.Од страв не отиде на операција, затоа цело време му гнои и не се запира. Му кажал некој дека од операцијата можел да остане неподвижен, што јас лично не верувам. Најубаво распрашај се за операцијава, инаку така нема да ти помине. Само консултација со стручно медицинско лице. :!:
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Синус на опашката

    Нема врска дека ќе остане неподвижен , туку треба време да заздрави местото, па ден , два или три ќе треба да лежи само на стомак и да мирува.
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    57.189
    Пол:
    Женски
    Синус на опашката

    Чичко ми се направи операција пред 2-3години,никој не му спомна дека би можел да остане неподвижен.Имам и другарка тука во Скопје мака,мачеше со ово,па лани се оперира во неуромедика.Операцијата и пост-болничката нега ја чинеше околу 300евра,ама сега е раат.
     
  6. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Синус на опашката

    Па да синусно влакно значи може да биде предизвикано од влакно кое не е израснато како кога се бричеме на нозе и после излегуваат брумчиња, а во самото брумче се наога влакното, само воа е "малце" поголемо, ама кај мене лично ми кажаа дека е можно од многу седење и од носење на тесна облека ( ах тие тесни фармерки). Сега веке е при крај гледам нема веке ништо да тече,а за вадење планирав и јас ама лекарот рече бидејки е прв пат ке чекаме да помиме па недај боже ако пак се јави тогаш ќе се вади. Ама се надевам дека ова низ што минав нема да се повтори.... Инаку точно е дека кај машките почесто се јавувало отколку кај женските. И фала ви девојки.
     
    На anetaa1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Синус на опашката

    А на другарка ти колку пати и се јавуваше?
     
  8. nokia

    nokia Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Синус на опашката

    офффф пред неполни два месеци го имав :( болката не се опишува,страшно нешто.бев и на фистулографија да испитам да не е поврзано со некој огран( најчесто може да е со дебело црво нормално) ама се покажа на снимката дека има само еден отвор ( надворешниот ) од кој истекува гној.Инаку бев у државна и прво ме маткаа неколку недели зашто не знаеа дали е синус, дали фистула или фисура.Сите три работи се нешто слично :@ . Откако ќе избие за околу 7 до 10 дена поминува.Треба да се води постојано грижа за хигиената, во хиперманган да се седи околу 15 минути, борова вода облоги, антибиотик исто така може да се пие и што уште не :$ .А за операција нормално од дигестигна хирургија ме пратија на платична, демек за таму сум била за да ме сецнат одма ама не отидов.Се надевам дека со грижа и хигиена многуууууу голема ( миење по идење по голема нужда, не бришење со тоалетна хартија ) ќе се среди |( . А за операцијата имам чуено дека не е нешто страшно, ама сепак и да се напраи не е тоа гаранција дека нема пак да се појави синусот.
     
  9. Greska

    Greska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Јас имав 3 операции до сега. Првата во 1982. Втората во 2009. Третата во 2009 (шест месеци по втората). И повторно проблеми. Сите три беа во Државна болница- пластична хирургија.
    Нека пише некој што има добро искуство, каде правел, кој доктор итн. Поздрав до сите напатени од оваа беља.
     
  10. Rise-Shine

    Rise-Shine Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Сега ја пронајдов темава и одлучив да пишам.Јас поминав низ истата работа пред 3 години.Случајот со мене беше тоа што нагло изби тоа чудо.Претходната вечер немав ништо за наредното утро кога се разбудив не можев да сфатам што се случило.Преку ноќ ми излезе огромна топка на завршетокот на р`бетот кој беше јака како камен и болеше страшно.Немаше друг спас освен да оперираат.Како што и на вас секој лекар ви кажал не е којзнае каков сериозен зафат ама можам да ви кажам дека јас поминав низ пекол.Моето не пукаше никако,само повеке отекуваше.Пошто од страв не сакав да се оперирам ми даваа еден ден инфузии и инекции против болки ама едвај 24 саата издржав за на крај сама да му кажам на лекарот дај жити се оперирај прај шо сакаш само болкава да прекине.Гаранција дека нема да ви се повтори нема...Истата година мене ми се повтори уште два пати.Сега две години веке нема ништо.Ама сепак кога долго време седам на едно место понекогаш знае да ме заболи и си викам аман немој пак истово чудо да се случи.Инаку нема одредена причина зошто се појавува,демек од многу седене,стрес,нехигиена,нездрав начин на исхрана,милион такви работи.Конкретна причина нема.
     
  11. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    50
    Ај ке ве молам другите што го имале ова чудо да пишете како изгледа на почетокот кога ке се појави?
    Мене на ова место утрово заприметив дека има излезено нешто како цел рез, пукнатина незнам како да ја опишам и ме пече кога ке седнам.
    Секогаш е како топка како погоре Rise-Shine што има пишано или?
     
  12. lovely555

    lovely555 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Знае ли некој дали рицнусовото масло навистина помага за ваков проблем ???????????????
     
  13. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Јас го имав истиот проблем лани пролетта. Почна да ме боли кај врвот на опашката ама мислев дека е од нешто натратено местото(така го осеќав во почетокот). Почнав да го мачкам со бебешка маст(павловиќева) ама не поминуваше и се појаки беа болките и 3-4 дена откако почна да ме боли отидов на лекар и лекаркава ми препиша цефалексин и да го мачкам со бетадине, и ако не се намалат болките до наредниот ден да одам на хирургија. Пошто ни рекоа дека не е сериозен зафат, мајка ми уште истиот ден ме однесе и ми ја направија операцијата без анестезија. Многу многу болеше, ама зафатот е брз и болките не траат долго, боли само додека го направат резот. Го пресекоа местото и ставија дрен за гнојот да истече и ми менуваа гази секој ден една недела. Сега одвреме - навреме чувствувам некои поблаги болки кога подолг период(неколку дена по ред) носам тесни фармерки, или панталони со низок струк. Го мачкам со бетадине и поминува за ден-2. Еве баш деновиве ме боли веќе подолго време, но болките неможат да се споредат со првиот пат ама сепак се надевам бргу ќе помине, ни кажа уште тогаш хирургот дека ќе има вакви некои болки оти откако истече гнојот резот не смееше да се сошие :/ Мој совет, веднаш штом ќе ви утврдат дијагноза, ако речат операција одете. Стварно повеќе се исплати да истрпите неколку минути отколку да стои така па да се воспалува секој месец :)
     
  14. ivana.-iva

    ivana.-iva Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    jas go imav istiot problem 3 pati da napomenam prethodno ziveev vo mk sega ziveam vo slovenija vo makedonija mi se pojavi 2 pati vo 1 godina prviot pat koga mi se pojavi otidov na mmaticen lekar i mi rekoa deka moram odma na operacija bidejki drug izlez nema,toa bese kako kosmar hirurgot mi kaza deka na zagnoeno mesto anestezijat ne faka i deka ke me secat na zivo i taka i bese ama bidejki me secea na zivo i toa e neizdrzliva bolka ne mozea da mi go izvadat nego samo mi go iscistija gnojot,posle polovina godina povtorno mi se pojavi i se na novo istite bolki po 2 pat gi trpev i tretiot pat mi se pojavi posle 2 godini od poslednata operacija i toa tuka vo slovenija i znaci tuka se bese sosema poinaku na pocetok od sto imav tolku golem strav deka ke bidi kako vo makedonija 2 nedeli trpev ama mi bese strav da otidam no koga otidov vidov deka ne e nisto strasno zatoa sto tuka davaat celosna anstezija operacijata trae nekade 20 do 15 minuti i kompletno go vadat sinusot.od togas imam redovna kontrola na edna godina i se e vo red, i znaci hirurgot mi rece deka 100 procenti nema sansi da mi se pojavi pak bidejke sinusot poftorno se pojavuval dokolku ne bil temelno otstranet a dokolku e navremeno i temelno otstranet nikogas nema da se pojavi povtorno
     
  15. ivanar

    ivanar Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    site ovie raboti gi procitav i se zagriziv i jas imam sinusno vlakno toa ke mu dojde ako brinki i topcinja pred 7 goidni mi zagnoi vo sredno pocesto mi gnoese otogas pominaa 7-8 godini imma samo kako golemi brunki kako dupcinja nemma problemi ni so rabota mi so sedenje no me zagrizuva treba d aodam na pregleda da go resam resa
    ovoj problem sakam vase mislenje za site ovie godini sto sum cekal mozno e da imam dosta problemi neko i od niv nabrojte ke ve molam ke mi pomogne vaseto mislenje.
     
  16. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    74
    има ли лек за ова чудо а да не операција мислев некој народен крем ;( ;( ;( ова е неиздржливо веќе ПОМАГАЈТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
     
  17. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    5 ден како имам болки во опашката,немам никаква брунка надворешна а местото многу ме боли. Не се имам удрено него преку ноќ почнав да имам болки,седам странично . Се плашам да не е синусно влакно ако може да ми објасните дали наеднаш гнои доколку станува збор за синусно влакно или се појавува подоца
     
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    Епа не е лошо со време да си отидеш. Ако немаш болки и покрај што долг период си го чувала сигурно не е страшно, така да иди си со време дојдека не се уозбили проблемот.



    Операција му е мајката или евентуално дренажа. Кремови и такви ствари - не!

    Мислам дека не би требало одма да има гној. Али некаква промена колку што знам треба да има. Ти ништо баш немаш? Ни црвенило? Тоа постепено си "зрее" така да ако не ти се појави во скоро, веројатно не синус ;)
     
    На Femina555 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Des1.2

    Des1.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Zdravo decki...
    Sega ja vidov temava,se utepav barajki :)
    Mene ova mi iskoci pred godina dena... Prviot pat mi se podu celo i toa bese neopisliva bolka me pratija pravo na hirurgija... Nikoj ne me ni predupredi deka ke me secat na zivo i bez oset ke me stiskaat za da istece gnojot... Toa bese strasno! Takva bolka ne bi trpela uste ednas
    E posle toa na 3,5,6 meseci znae pak da me boli i da mi potece ama mi se pravi kako nz bubuljice i stavam crna mast i puka za nekoe vreme i se smaluva otokot ...
    Megutoa,eve momentalno lezam i ne mozam do wc da otidam... Poteceno mi e gore i kaj sto mi e ranata od secenoto bozem pocna da se sobira ama nekako mn slabo za volkava bolka... Ke probam vecerva so tegavec pa ke vidime...
    Po nikoja cena ne bi dala na zivo pak da me secat taka...
    Kazete nesto pomos,iskustvo da mi vlece pobrzo ova gnojov
    Pomagajte,spobudalev od bolka i od lezenje vo krevet :(
     
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    54.103
    Des1.2 незнам зошто те сечеле без анестезија и зошто целосно не го отстраниле проблемот туку само моментално го санирале и еве повторно ти се повторува???
    Јас ќе ти го кажам случајот на еден млад дечко кој што имаше проблем со синусно влакно... Пред неколку години тој забележал израсток - во вид на брунче, кое што откако пораснало до одредена големина самото пукнало. Болки и други проблеми немало!!! Истото се повторило уште неколку пати во следните години!!! Дечкото бидејки немал болки не се загрижил. Но, по 4-5 години забележал дека од долниот дел на опашката, нон-стоп нешто во вид на лимфа помешана со крв му истекува и му ја валка долната облека. Затоа решава да отиде на преглед. Оди кај абдоменален хирург кој што дијагностицира Синус на опашката - sinus pilonidalis и му кажува дека единствен лек за тоа е хируршка интервенција - креми, природни препарати, стискања или површински сечења нема да помогнат целосно да се реши проблемот. Хирургот исто така му нагласил дека самата операција е рутинска и не е страшна, но дека времето на рехабилитација по операцијата е долготрајно!!! Дечкото немал избор и морал да се оперира!!! Го избрал периодот кога има помалку обврски (тогаш бил на факултет - време кога нема испити и предавања). Се оперирал во Хируршката болница Св. Наум Охридски во Скопје. Самата операција траела 30-тина минути и била изведена со целосна анестезија ( можело да биде и со спинална анестезија- изборот е Ваш). При операцијата е отстрането целосно ткивото кое што било зафатено - влакното растејќи навнатре се виткало и превиткувало во мускулот!!! Бидејки поминале многу години окако влакното се активирало со својот раст навнатре и отсранетото ткиво било големо!!! По два дена поминати во болница дечкото заминал дома и секој втор ден одел на преврски кај хирургот. Преврските се прават се додека не се регенерира и исполни со ткиво отстранетиот дел од мускулот!!! Многу е мачно и долготрајно!!! Дечкото со денови, недели неможел да седи нормално - цело време седел во полулегната положба. По неколку мачни месеци ткивото целосно се регенерирало и денес нема никаков траг од операцијата!!!
    Операцијата не е гаранција дека нема повторно да се јави Синус на опашката - sinus pilonidalis. За жал неможе никако да се влијае на неповторување на проблемот!!! Можеме само да се надеваме дека нема да се повтори!!!
    Сите Вие што имате проблем со Синус на опашката - sinus pilonidalis не чекајте ни секунда - влакното расте, самото од себе неможе да исчезне, а колку повеќе поминува времето проблемот само се зголемува!!!