1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синус на опашката - sinus pilonidalis

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Vodolijata, 3 декември 2010.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    На крај секако на лекар ќе завршиш, ваквите работи сами од себе не поминуваат.
     
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Ајде похрабро, оди во породилни приказни и види што те чека, едно апцесче како на кутре ќе ти пројде!
    Ако не сакаш да лежиш во болница скоро секогаш може и амбулантски, стварно боли, но трае максимум 5 мин цела процедура така.
    Јас сум фуфаџика од болка, радо да си лежам недела дена во болница него да ме боли. :)
     
    На theowndemon и anaja1 им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Не ја плаши со породилните приказни пред време :D
     
    На CameliaMiller и anaja1 им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Ни јас не сум раѓала, ама си се плашам бе.
    Дм ми вика ти пред да забремениш ќе си најдеш доктор што ќе те пораѓа на договорено, царски со целосна анестезија :D
    Кога ме сечеа пред некој ден, демек храбра, тој ме боцка лидокаин јас седната гледам. Кога извади скалпелот имаше во несвест да паднам, па си легнав. Ми вика др. мн плашливе бе како за некој што свашта по болница гледа :)
    И во право е, најфуфаџија сум, признавам :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    И мене ми се појави вакво (гледав на доктори.мк слики од брунката) и сигурно ќе одам на лекар. Во мојата фамилија и дедо ми и тетка ми имале синусно влакно. Само сакам да прашам дали операција е единственото решение или може да се повлече само со користење на антибиотици. Многу се плашам, ве молам одговорете!
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Мислам дека кога ќе загнои веќе нема назад со антибиотици. „операцијата„ не е операција во вистинска смисла на зборот, тоа е една голема бубулица која треба да се исчисти од гнојот и ја „дупнуваат„ и стискаат. Не е страшно.
     
    На jEwElRy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Фала многу. Инаку бев денес на лекар и ми препиша ихтигал (за чиреви) .Моето загнои и истече само, ама пак ќе почне. Ми рече дека кога ќе загнои, да одам пак за на хирургија. Сега сум на сигурно дека е тоа, порано мислев дека е нешто покомплицирано.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mhmh

    Mhmh Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Lugjee ve molam za pomos , pred nekoj den imav nezgoda padnav od velosiped , t.e me udri kola dodeka vozev velosiped i padnav na zadnik .3 dena po red me boli opaskata ne mozam da se navednam nitu da sednam ??? Ve molam za pomos , bev na lekar napraviv snimki posle nezgodata i nemam skrsenici .Dali opaskata me boli po so padnav na zadnik , sto treba da pravam .... help
     
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    оди во костозглобна во Охрид ( ако си од југозападниот дел ) , без детална снимка никој не може да ти каже точно .
    Се најдобро
     
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    татко ми го имаше овој проблем , со све се мачкаше , што не проба , не сакаше да чуе за операција бидејки му беше фуфка :D али како што не можеше да седи нормално мораше да оди на операција , и само што излезе од болница другиот ден рече: Да знаев дека не болело порано ке си дојдев и немаше да тргам толку маки :D
    Без галје , воопшто не болело
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mhmh

    Mhmh Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Jas ne sum vo makedonija nadvor od nea sam zatoa se plasam , uste prviot den of nesrekjata odam se dvizam, nemam bolki ama koga se navednuvam me bocka ostra bolka .Vo SAD sum tuka barem se specijalisti na site snimki nemase skrsenici , osven nabienici od povredata.E sega valjda mi e nabieno ....Ke projde ili mora da otidam na lekar???
     
  13. Mhmh

    Mhmh Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Jas i sedam normalno i lezam na zadnik ama problemot e dodeka da sednam me bocka
     
  14. Mhmh

    Mhmh Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    I ne znam dali e opaskata , zatoa sto odozdola kaj zadnik me bocka
     
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    не се плаши до толку , нормално дека боли бидејки си паднала на тоа место , но подобро е да одеш на лекар , можеби ке ти требаат некои терапии , и да видат дали е све во ред .
     
  16. Mhmh

    Mhmh Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Fala mnogu po so se isplasiv od operaciive sto citav , Ovde e preskapa medicinata da se nadevam deka e nabieno po so padnav . Fala najnogu
     
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Кога се паѓа на опашка или кичма што викаат бабите боли премногу. Мене ми е скршена опашката од безазлен пад пред 15 години. Боли по книга 21 ден и не може ништо да сториш за тоа, нема да сфатиш кога поминала болката. И да е скршена не препорачуваат операција, или ќе зарасне само или ќе се намести при природно породување. Кај мене ни едно ни друго не се случи. Нема врска со синус и операција без грижи. Трпи си некое време и ќе помине.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Mhmh, пред скоро две години спектакуларно паднав по скали и бам- бам- бам со задник се спуштав од скала на скала се до дното на степениците. Сцената беше страшно смешна, како извадена од цртан филм ама кога се олади местото, после и не ми беше толку смешно- можев да седам само на рамна и цврста површина, бетер него трудна жена станував и легнував од кревет, фармерки (и воопшто панталони) не можев да носам зошто ме притискаа позади, на допир местото болеше и премногу. На крај ме фати некое шубе па си ја земав книшката и правец во амбуланта („ Паднав на задник и сега ме боли, помагајте!!!“ (facepalm)). Лекарски совет: истрпи, ќе помине само од себе! :D

    Не се секирај, знам дека боли ама стисни заби овој месец и издржи. Исто како кај @awl, нема да разбереш кога поминала болката, само еден ден ќе забележиш дека не те боли повеќе. Само мене друго ми кажа матичната- колку години имаш, толку дена ќе те боли. И беше во право 8-|
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Имам синусно влакно на опашката,бев на лекар ми рекоа дека ми е веќе "узреано" и ако не ми помогнат апчињата и маста што ја ставам ке треба да се изврши мала итервенција.Па прашањето ми е дали некој се соочил со тоа,дали боли и што после интервенцијата?
     
  20. Shady-lady

    Shady-lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Девојки, пред се извинете на моето нестручно изразување, но ме интересира дали сте имале искуство со синус на опашот?Не знам како е точниот назив за тоа, но отприлика се работи за внатрешна болест (на пределот каде завршува задникот-опашот) која предизвикува страшна болка во тој дел, а потоа и загнојување на областа, која секако завршува со хируршка интервенција. Па, затоа ве молам доколку сте имале искуство со такво заболување да споделите било каква информација, бидејќи во овој момент би ми била навистина добродојдена.



    Mene mi e pravena operacija pred nepolni 2 godini, so anestezija i voopsto ne bolese samo ke pocuvstvuvas kako edno bockanje od igla i potoa sekoj den (4-5 dena) treba da odis na prevrska i toa e toa.
    Inaku za onie koi prasuvaa dali operacijata e neizbezna...da. Za onie kaj koi seuste ne protekol gnoj: stavete na krpa iseckan tegavec i stavete na mestoto, potoa treba da sedite tocno na opaskata 2-3 casa. Oblogata ja otstranuvate utredenta, a postapkata ja povtoruvate nekolku dena, se dodeka ne prestane bolkata. Kako sto spomnav, mene me operiraa pred nepolni 2 godini, no pred edna nedela bolkata povtorno se pojavi, pa stavav oblogi so tegavec i se cuvstvuvam mnogu podobro. Smetam deka operacijata ne go resava problemot, bidejki istiot se povtoruva (imam prijatelka koja po 3 pat e operirana, 3 godini po red). Isto taka, imam slusnato deka vo s.Rusinovo zivee covek koj pravi razni melemi, vklucuvajki i melem za vakov problem. So mackanje od takov melem, bolkata isceznuvala i povekje ne se pojavuvala. Vo plan sum denovive da pojdam do tamu, pa ako imam novi informacii vednas ke gi spodelam ovde.
     
    Последна измена од модератор: 29 јули 2017