Здраво на сите. Сестра ми има 14 години и го има овој проблем. Пред 4 месеци беше со страшни болки и беше исчистено, одтогаш еве во ред е но докторот и рекол на есен обавезно хируршки мора да се извади. Бидејќи не живеам во Македонија дали некој знае каде во Македонија може да се направи тоа ласерски бидејќи читав имало можност и ласерски да се тргне да не чувствува болка? Дете е не сакам да се мачи.. Дали некој може да ми каже како оди опоравувањето после операцијата? Многу е исплашена и незнам како да ја смирам...
Тоа треба да е за детски хирург дали на клиника за детска хирургија или на приватно и генерално треба да се направи преглед и да каже хирургот што може после тоа може да се бара и второ мислење ама операција за оваа проблематика мора да се направи.
Знам. Прво е исчистено пред 4 месеци и одтогаш е во ред но докторот и рекол дека може да се активира пак. Најдобро било да се отстрани хируршки и рекол на есен и дека не било многу страшно. Првите два дена немало да можи да лежи на грб истото го рекол и на моите. Е сега јас се плашам оти по форуми читаме различни искуства од вакви операции. Некои пишуваат им требало месеци да се опорават и досега се немав сретнато со нешто слично. Моментално се тушира на тоа место со бебешки сапун по препорака на лекар ама на есен пожелно е да го среди хируршки.
Другарка ми беше на лекар и го исчистија и рекле да не носи тесни фармерки , секој ден хигиена да се мие на тоа местото но наводно пак ќе се врати , можи има една год повторно и се појави ама самото пукна и сама се исчисти иако боли...подобро одете на приватно ако сте во можност сепал мало дете е гревота...
Да да секако на приватно. Се надевам лесно ќе помини само треба да се распрашаме дали во Систина прават такви операции т. е во која приватна болница поточно.
Досега сум одела во Систина преку телефон се закажува термин и кај доктор сакаш ..ако имаш некој да се распрашаш каде е најдобро Објави на фб женски домаќински муабети таму сите ќе ти одг.. со лесно
Здраво, ласерски не се прави оваа интервенција, во зависност од поставената дијагноза, ако има веќе создадено канал од кој што истекува слуз, се прави снимање на ренген со контраст течност, и интервенцијата се изведува со локална анестезија, се чисти целото место, и го прави абдоменален хирург, не пластичар. Доколку се работи за некаков чир, тогаш може и на пластика. Што побрзо тоа подобро се реши проблемот.
Дечки здраво, гледам дека одамна не е активна темава ни може некој ќе одговори. Лани значи ми се појави ова синусно влакно, ставав црна маст и мелем една жена што ми го направи, го стискав испука ми помина. Арно ама еве вчера осетив болка во опашката денес веќе мало топче израсток, пак се врати . Многу сум напната, имам болка ми смета а имам фобија од хируршки зафати. Не знам што да правам, на психа ме удира, многу сум вознемирена. Губам апетит, ми се повраќа, знам низ што поминував пред година дена, буквално го стискав и за малку ќе се онесвестев од болка. Кажете ми некое друго чаре ако имате, стварно не се поднесува ова
Каде се наоѓа, имаш контакт телефон нешто? Пак денес ми е подобро од вчерс иако не е испукано него што спомнав за мелемот од жената помалку ме боли.
Здраво, веќе една недела и повеќе од завршетокот на ‘рбетот кај опашката ми течи како по малку крв помешано како со гној, не обрнав многу внимание мислев дека не е ништо тотално но забележав флека на моите пижами, го прашав татко ми ми објасни дека и него така му се прави но поминува, интензивно го мијам местото со сапун и топла вода на сабалје и навечер. Внимавам на седењето и лежењето немам болки а немав ни пред ова. Дали ова ќе помине или треба операција? Нема многу крв по некоја капка на ден..Ве молам за помош.
Супер шо внимаваш и одржуваш хигиена, ама тоа нема да го реши проблемот. Ова се решава само хируршки.
Здраво Многу време читам за синусно влакно и приметувам различни искуства кај секој. Кај мене вака почна (иако немам дијагноза, самата претпоставувам дека е тоа.) Пред 2-3години на моменти имав силно чешање на опашката како напад.Кога ке се исчешав, веднаш се појавуваше печење и малку крв. По кратко престануваше. Интересно е што тоа место ми е многу осетливо, ШТО КОГА ЌЕ СЕ ПОЧЕШАМ ВЕДНАШ МИ СЕ ПРИМОЧУВА, дури некогаш и ке капне а јас тоа неможам да го контролирам. Пред 6 месеци почна да тече слуз и премина во гној со тежок мирис. Траеше околу 1 недела, немав големи болки, повеќе непријатност, чешање, пецкање, тешко седење. На процепот од задник до опашка бев црвена, расалена со точки крв и неможев да се пипнам. Кога се намали гнојот полека, околу 2 недели зараснуваше и се повлекуваше црвенилото. Во тој период почна да ме чеша напред на клиторисот, во горниот дел, значи далеку од вагина и таму ми се зацрвени и како малку слуз и ме чешаше. По 3 недели одприлика се смири. За 6 месеци иста приказна, само малку по болно. Неможам да се пипнам на опашка, пече, пржи. Никако неможам да го спојам симптомот напред што ме чеша со тоа позади. Првиот пат бев на гастро, ми кажаа фисула со хемороид, но кај мене гнојот не е од задникот, туку од процепот до опашката и воопшто не ме боли кога одам во вц. Др. воопшто не спомна за можност од синусно влакно.за магнетна немаше термин, на колоноскопија не отидов бидејки добив дента. И така оставив се. До пред 2 недели кога се појави пак. Каде треба да се обратам за овој проблем. Има ли некој некое слично искуство.
Ме плашиш Што може да биде? Тоа напред ме загрижува има ли некоја поврзаност, два пати исто се случува.
Не те плашам јас. Све што пиша звучи сериозно и не е нормално функционирање на телото. Што е точно никој тука нема да може да ти каже. Делот што се однесува на опашката звучи ко влакно, да. Ама дали и како тоа е поврзано со другите симптоми кој би знаел освен доктор.