1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаница кај возрасни

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mia005, 6 јануари 2012.

  1. mia005

    mia005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Здраво дечки,

    Фатив голема сипаница пред неколку дена.
    Имам многу осип, се мачкам со течна пудра...
    Ме интересира дали некој од вас ја прележал како возрасен и за колку време поминува?
    Докторката ми кажа за 7 дена...
    На кој начин ќе паднат сипаниците, бидејќи сега се како красти, ќе се повлечат или треба да се исушат и да паднат?
    Многу ми е страв бидејќи викаат дека од оваа сипаница може да останат и лузни,
    а јас имам многу осип... :(
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Јас ги прелегав во средно а сопругот сега, пред еден месец заедно со децата :)
    Како ке се развива болеста зависи од организмот, колку ти е јак имунитетот и сл. Нему докторот му препиша едни таблетки, Ацикловир мислам дека се викаа поради годините нели. На децата ништо не дававме, само мачкање со пудра. Девојчето ми имаше 10тина бубулчиња по телото и се исфрли за 48 часа додека синчето беше мнооогу исфрлено и цела недела му излегуваа. И сопругот беше бајаги исфрлен. Важен момент е лежење ама малиот не се смирува ни кога спие па си виде мака. Немој да ги чешаш брунчињата бидејки само во тој случај остануваат лузни. Исто така се сеќавам моите баби ме учеа да не се капам дури не се засушат крастите додека педијатарот во Систина ми кажа да си ги туширам децата, врска немало :^) Ке поминат за 7-14 дена, пак ке кажам зависно од организмот :hug:
     
  3. mia005

    mia005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Ти благодарам многу на одговорот.
    Мене првите 36 часа ми излегуваа нови, сега веќе не а не ме ни чешаат,
    ама докторката ми кажа дека ќе се смират па пак ќе почнат да излегуваат.
    Ацикловир иде само на рецепта или може и без?
    Јас прееска и се јавив на докторката, да ја прашам да ми даде и некој антибиотици,
    ми рече дека не треба, ама јас не сум баш сигурна бидејќи и грлото ме боли што таа исто така смета дека е од сипаниците...
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец ќерка ми фати сипаници (има 5 год.) и баш како за беља пиеше сируп антибиотик (Макропен), беше настината. Само што и` се појавија сипаниците д-рката рече да и давам сируп уште тој ден и да и` го прекинам, затоа што не требало да се пијат антибиотици кога се прележуваат сипаници.
    Инаку ќерка ми се исфрли за еден ден, утрото ги приметив, а до вечерта целата беше иссипана. Само со течна пудра ја мачкав, 3-4 пати дневно, а бањање за една недела (после 7-8 дена, така ми рече д-рката) , тогаш вече раничките се засушени и може да се мокри телото...инаку ми препорачаа да ја избањам со калиум перманганат кристали (ги има во секоја аптека).
    Немој да се чешаш и да ги корнеш брунките, сами ќе си паднат.
    Па, со помин. :)
     
  5. mia005

    mia005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Ти благодарам Лолита. И мене ми препиша докторката калиум перманганат, со тоа се бањам, морам бидејќи имам и во косата.
    Се надевам дека нема повеќе да се исфрлам, да почнат да се чистат.
    Не се чешам, ме чешаа до вчера, сега ретко од време на време, ама секако не се чешам.
    Само сакам да поминат што побрзо...
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Миа како е дали ти поминаа сипаниците? Мене после 4 дена температура и треска ме исфрли ;( . И уште ме исфрла ептен сум страшна. За колку време ти помина, и дали ти се исчисти се, се надевам нема да останат белези страв ми е лицето ми е цело источкано. И јас пиев антибиотици пошо прво грлото ме болеше, ама тоа било од сипаниците и малку кашлам. Матичната моја се консултираше и со специјалист и ми рече да тргнам антибиотици, а да пијам витамин Ц и Бкомплекс. Ако ме чеша ми рече да пијам лоратадин.
    Едит:Температура имам од неделата и тоа се качи на 39 и спаѓа до 38, а ми излегоа првите сипаници вчера.
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ако не ги чепкаш, нема да ти останат белези. Кога те чешаат, мачкај се со течната пудра. Лоратин е против алергии и врска нема со вирусов, незнам зошто ти го дале...
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Леле јас имав одвратно искуство со сипаници. Ги прележав малку поголема,ама пак детиште. Се исфрлив и на јазикот ко на Том и Џери,интимни делови,ужас. Не смеев да се чешам,ајде по телото некако,ама на другите делови,полудување. Среќа немам белези,освен еден на задникот. Каде не јадев,бев дете да го молиш за јадење,тек тогаш,само сок пиев и супа,од сипаниците не можев да јадам.
    Се сеќавам и температура кревав висока,па ми даваа дијазепам пола доза во ампула и андол,ц витамин, бедоксин и мачкање со течна пудра,евентуално со хиперманган мислам се викаше.
    Ајде со лесно нека е. Многу глупави се за прележување,ама се мора.Со посилен имунитет полесно поминуваат. Некои на нога си го поминуваат како да немаат,ама ќе се издржат дваесетина дена.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И јас имам сегде ама баш сегде, по лице, во коса, на уво, во уво, на јазик, на непце, на стомак,на гради буквално цело тело. Не ги чепкам ама пак ми е страв да не ми останат белези, плус страв ми е во сон да не направам белја. Незнам лоратадинот демек да не ме чеша па јас слушам. За туширање ми рекоа само со вода, а не прашав за коса. Смеам со шампон (инаку не е изводливо што само со вода)?
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Фатив сипаници кога бев на пракса на инфективно во средно. Имав температура многу, првиот ден немав претстава дека се сипаници и се сеќавам дека на челото се зачешав јако, и сега имам дупка. Пази на исхрана обавезно, сигурно ти кажа докторката што да јадеш, што не, користи течна пудра и б- комплекс, и не би требало да имаш никаков проблем доколку не си омалаксана и немаш температура.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам...ако се исфрлате на интимните делови мачкајте се со Бекутан-заштитен детски крем со цинк оксид. Ќерка ми многу се исфрли и ја чешкаше, не можеше да мочка од што ја печеше, па ова ни помогна. Ваква е тубичката
    [​IMG]
    Ана-банана јас би те советувала да почекаш со миењето на косата, јас на ќерка ми и` ја измив после 7 дена, да мрсна и` беше, намачкана цела со бело, ја чешаше, ама издржавме некако. Ајде со лесно :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Сипаниците не сакаат и жешка вода. Ана, и јас би ти препорачала да не ја гњавиш косата со шампони, пошто само повеќе ќе те зачешаат. А од чешањето нели пукаат сипаниците и остануваат лузни. Јас имав доста на стапалата, и знам мајка ми ме тераше да ги чувам во поладна вода, и не сеќавав кога ме чешаа, а замислете лето, ем немиена салам, ем не смееш ни прашинка да фатиш :D
    Со лесно помини ги, ќе издржив некој ден :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Кај мене мора се да биде комплицирано, ми свират градите, бронхиите (или како се викаше), температурата пак варира од 38 до 39. Дали некој има и вакво искуство да закачи бронхит со добивање сипаници. Вчера на слушалка ништо немаше, а денес докторката паника ја фати. Ми даде антибиотици. Незнам ни самата колку е сериозно, ако некој поминал, ве молам споделете искуство. :( Само кукам и се жалам ама не се издржува.
     
  14. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Девојки моите сипаници почнаа да се сушат нешто како на сликава:
    [​IMG]
    Е сега проблем ми е што на лицето ми беа првите и многу големи, па почнаа да се лупат (без да ги чешам-ептен внимавам), да се прават ранички (дупчиња) ;( ;( .
    Ве молам за совет што да им ставам да не ми останат лузнички (на уста веќе ми остана дупче :( ). Луѓе ќе збудалам, многу се нервирам. Не ги фаќам ама од што се големи сами си пукаат и се лупат. На тело се сушат и немам мака, ама на лице катастрофа :(
     
  15. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Јас немам прележано сипаници само температура од сипаници кога бев помалечка префатив од братучед ми(он имаше и сипаници),е сега знам дека кај трудници се малку опасни сипаниците незнам зашто ова го имам запамтено од основно :D
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Само контрактубекс или некоја слична маст, земај веднаш, инаку не знам дали ќе има ефект подоцна.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Simona99

    Simona99 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Imam krupna sipanica i sakam da znam od koga ke izbijat za kolku vreme ke mi se isusat i padnat fala odnapred
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.755
    За неколку дена треба да излезат сите,кај мене траеа скоро 3 недели а не 2 како што кажуваат некои.Првата која ми се појави исчезна последна пред 2 дена на 3 недела.
     
  19. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Κога сум сум имала сипаници κаκо мала, татκо ми баκнувајκи ме фатил сипаници од мене, многу чудно, едвај останал жив.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.014
    Пол:
    Женски
    Јас големи сипаници прележав заедно децава,прво син ми па ќерка ми јас заедно,пред 10-на години.2 недели си окапав дома,децава малку ќе ги зачешеше ги мачкав со течна пудра и готово.А јас луѓе ќе умрев.Пред да избијат имав некоја непријатност во телово,а кога излегоа ќе ме полудеа.А што ме чешааа тоа настрана,ама тешка температура ,потење ,нервоза,пиев и апчиња за смирување и цел компот го испив од зимницата. :D