Според некое мое мислење може да влезе, ама имуниот систем веќе има памтечки клетки кои се создале кога прв пат влегол вирусот и веднаш го заробуваат. Не знам како е можно да не може вирусот по втор пат да влезе во организмот ако си во контакт со него
Ама според твое мислење, а не според доктор и медицина. Како може да влезе, ако сипаници еднаш во живот само се прележуваат?
А кој доктор вели така, извини? Очигледно не го разбираш она што го пишувам. Еднаш се прележуваат точно. Втор пат ако влезе нема болест. Имуниот систем на време реагирал затоа
Ја прашав и матичната, а и педијатарот во Систина баш за ова, дали преносителот може да е индиректен. Одговорот беше изричито НЕ, дека преносот е директно од заразено лице кон друго, значи со ДИРЕКТЕН контакт, или од просторија каде кратко пред тоа престојувало заразено лице. Конкретно баш прашав за ова зошто имав ситуација со другарка чиешто дете доби морбили од градинка. Јас, незнаејќи, се видов со неа 2-3 дена пред детето нејзино да покаже симптоми. Она е вакцинирана исто како и јас, ама ме фати страв бидејќи бев во контакт со неа, па прашав доктори. Според нив, не може мајката да биде преносител никако, само детенцето. За тоа дали јас, или другаркава, како вакцинирани, можеме да фатиме морбили, односно да бидеме тивки носители на вирусот, не прашав. Но според тоа што ми го кажаа дека она не може да го пренесе на друг, туку само заболеното дете, логички би било и на тоа прашање одговорот да е НЕ. Не сум експерт, па затоа прашав доктори за пренесувањето на вирусот и еве ова ми беше кажано.
@forumce јас сум вакцинирана и можам да фатам морбили и да ги донесам дома. маж ми има прележано и не може да фати морбили. различно е. Колку антитела имам јас од вакцина е неспоредливо со тоа он колку има што прележал.
тивок носител е индиректен носител, одговорот ти е ист. значи не постои нешто како индиректен носител. или имаш морбили или немаш. разликата е во тоа кој како ќе ги прележи.
Како е можно да не навлезе вирусот? Заштитна бариера против него на кожата/ слузница ли имаме или во крвта? Објаснете ми го ова. Не знам, можеби јас сум глупа
Се отепав од барање на нет и не најдов дека некој што прележал, може да биде носител на вирусот повторно. Еве, ако најдете таква статија, слободно постирајте. Јас би сакала да прочитам.
Тој ги враќаше неколку пати кумовите со детето бидејќи имаше низок хемоглобин детето. Негов став е за вакцинација, иако признава дека нешто има, но не по секоја цена. Според него изолација и пред и по вакцинација, пред се за да се заштити самото дете од други вируси во период кога имунитетот се намалува за да се избори со оној кој се вбризгува за да изгради нов имунитет.
Не, не си глупа. Баш ми се допаѓа што ете вака се интересираат мајки а не само-така рече докторот. Не може да фати некој што прележал. Ниту пак да пренесе.
Под "фати" мислиш на вирусот во крвта или манифестација на болеста? Оти не е исто тоа И докторите имаат поделени мислења за се, па и за ова
@LiliBoz Па не прашав дали еве јас како веќе вакцинирана, или ајде еве другаркава, може да заболи од морбили, а да не покаже сипмтоми (нели тоа е индиректен носител). Ама со самото тоа што добив одговор дека вакцинираната мајка не може да ги пренесе морбилите од своето дете на друг, изведувам заклучок дека НЕ. Сепак, ќе прашам за ова следен пат, но логиката што јас ја извлекувам е таа. Пак ќе речам, не сум експерт, ни имунолог, ни доктор, но и мене ми нема логика дека веќе вакциниран човек може пак да биде носител на вирусот.
Не можам да разберам зошто штом еднаш човек прележи сипаници, не може повторно да биде носител на вирусот. Плус, сипаници се префаќаат исклучиво од лице кое во моментот е носител на вирусот и никако поинаку. Плус, лицата кои веќе прележале сипаници, се здобиваат со траен имунитет што ги штити во текот на целиот живот.
не, јас сум вакцинирана со се, син ми има само 3 вакцини примено. Ако нема морбили не може да се манифестира. Мое мислење е дека морбили не може така тивко да помине без разлика на примена вакцина. Не е стрептокока па јас не ја осеќам зашто имам 30 год и е нормална флора во мојот нос, а син ми на 2 год гори од температура зашто сум му ја пренела. Да се разбереме. Ова се мои мислења од тоа што сум го учела, чула од доктори и размислувала. Не сум доктор но сум медицинско лице.
@LiliBoz па токму тоа, и јас исто мислам. Или имаш морбили, или немаш, не поминува таква болест без симптоми. Не може да постојат индиректни или „тивки“ носители, затоа морбилите не може да се пренесат на друг начин освен со директен контакт. Еве и од медицински стручни лица го добив истиот одговор. Е сега, за тоа дали веќе вакциниран може да ги префати, не знам, не сум прашала, веројатно може. Но фактот е дека јасно ми беше кажано дека се пренесуваат директно од заболено лице. Да беа сите индиректни носители, тогаш што поента имаат вакцините? Ќе се ширеа зарази на секој чекор, немаше ни да знаеме кој што носи и што све може да закачиме. Нема логика
https://forum.femina.mk/threads/Вакцини-ЗА-или-ПРОТИВ.12657/page-186#post-3810016 Поради овој пост цело време си мислев дека си невакцинирана.
така, баш и мене ме зачуди индиректен преносител.. Такво нешто кај ваква болест не постои. Ти си во право јас имам грешка во чекори. Се извинувам за тоа. Сестра ми има само бсж примено зошто на 6 месеци фатила морбили. Инаку да. Имуна сум на се буквално.
Ако беа сите индиректни носители, тогаш со епидемијава ќе требаше сите дома да седиме. И овие што имаат заболени дечиња ќе требаше боледување да си земат од работа, да не го шират вирусот. И мене ми нема логика. Убаво ти кажале @NarCis@ и јас исто, и стварно не можев да најдам некоја таква статија или истражување
Нема, еве уште барам. Само ми излегува за вакцинирани, односно дека ни вакцинираните не можат да пренесат. Башка, пишав и во соодветната тема, која е поентата на вакцините ако болеста секако се шири? Ова ми се сведува само на рекла-казала муабети, а факти нема.