Нато , Нато мое злато Баш би сакал јас Да сум креда што ја држиш Секогаш на час .. Ее времиња убави .. не се сеќавам баш многу на емисиите , ама затоа добро паметам рефренчиња . Искрено , и новата верзија на " Дајте Музика " ми се допаѓа , имаме многу талентирани дечиња и баш ме радува тоа . А и убаво се сетил некој , да има нешто квалитетно да гледаат и нашите деца , не само турски серии и глупости .
"Дајте музика" секогаш ме асоцира на татко ми .Која радост беше, епизода не пропуштавме заедно, сите песнички ги знаевме и ни ги свиреше на гитара. Со децата од маало знаевме да се занесеме во наш филм и си имавме свое катче во зградата каде си имавме наша "Дајте музика". Преубави моменти од детството кое не се заборава. И сега новите епизоди многу ми се допаѓаат.Редовно со малиот ги гледаме и учи од нив.Многу убави и поучни теми има опфатено за денешнава младина баш на таа возраст.