Ситничарење, злопамтило или осетливост

Дискусија во 'Психологија' започната од Marija6165, 19 август 2020.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Кажа дека е тинејџерка.
    Не сака да открие за да не ја препознаат.
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    41.058
    Пол:
    Женски
    Осетлива си и тешко те погодуват туѓите зборови, сигурно од тоа што си го претрпувала во школо а на тоа додади и дека си во тинејџерските години.

    Со текот на време ќе сфатиш да не ги сфаќаш сите коментари толку лично и ќе научиш чии постапки и зборови треба да ги послушаш, кои се искрено кажани, а кои треба да ги игнорираш.После ќе се потсетиш и ќе сфатиш за какви ситници си се нервирала и колку всушност се тоа небитни работи.

    Следен пат кога некој ќе ти каже некоја реченица за која ќе размислуваш со денови, размисли каква корист имаш од тоа, дали за џабе си ја трошиш енергијата и дали навистина вреди тоа што ти го кажале за толку да се опседнуваш?
    Вакви случки какви што ти набројуваш се случуваат секојдневно и стануваат брзо заборавени.

    Доколку имаш и други потешкотии освен ова поради тоа што си била малтретирана, поразговарај со психолог, не е ништо страшно.
     
    На Sahlene и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    Не прочитав,не битно. Ако е тинејџерка според мене нормално е да е толку емотивна мислам дека ќе и помине. Зар има некој како тинејџер што не плачел и не се нервирал за глупости? Тоа е тој период после сите се оформуваме како личности и пубертетот го прави своето :)
     
    На Panda girl и edna_malecka им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    @Marija6165

    Прво на што би ти укажала од ова што го читам е дека си доста емотивна личност.
    Емоцијата секогаш ти ги напаѓа и мислите, па поради тоа тешко ја согледуваш ситуацијата и од другата страна. Ова веројатно е последица на тоа што си била мета на булинг, па немаш доверба во луѓето дека ти мислат добро, дека те ценат и почитуваат поради тоа што си. Токму поради тоа ги анализираш предетално сите случки, а тоа ти се одразува и на намалена самодоверба.

    Од искуство ќе ти кажам дека е прилично сложено да ги надминеш тие проблеми самостојно, па поради тоа ќе се согласам дека освен силна волја потребна ти е и помош од стручно лице.
    Не го сфаќај ова како нешто трагично или како „леле, еве стигнав и на психолог да одам“.
    Остави ги тие малограѓански муабети и гледај за личниот напредок.

    Второ нешто со кое треба да се избориш (но за ова самостојно!) е љубопитноста за другите.
    На пример конкретно во случката со пријателката кога си ја прашала дали тој ѝ е дечко, навистина си немала потреба да ја распрашуваш. Јас за врски и други полични нешта се водам од мислата дека ако некој сака да сподели нешто, ќе го направи тоа и без јас да прашам.

    Не знам што ќе ти сменело тебе ако ја имаш таа информација.
    Навистина непотребна љубопитност и адекватно на тоа си добила малку дрзок одговор.
    Ова треба да го знаеш и за во иднина дека кога ти ќе претераш, може да добиеш и таква повратна реакција.

    Крајно ете и за девојчињата кои не те поздравиле, не е ништо страшно.
    И самата кажуваш дека биле пријатели на ваши роднини, значи вие не ни комуницирате вообичаено.
    Жената како повозрасна те поздравила, тие немаат обврска да го направат тоа.
    Па не е дека сте пиеле кафе заедно до вчера, па денес глумат дека не те познаваат.
    Не си ставај на срце вакви небитни дешавки.

    А за навреди и пцуење доколку се' уште имаш проблем, обрати се и кај училишен психолог.
    Не си должна да трпиш никој така да те третира.
    И малку поостро на јазик, да не се опуштаат многу многу. :)
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На Marija6165, buba4e89, yourfavoritegirl и 11 други им се допаѓа ова.
  5. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    И јас бев ваква, во голем дел ми е надминато, сепак нормално е некогаш да се изнервираш или да се прашаш каде си згрешил и зошто така се однесуваат другите. Чувствителна си, тоа е јасно.
    Во целата оваа приказна удел имаат и твоите години и е многу нормално, сите сме поминале низ слични работи. Исто така голем дел сме поминале и низ исмевање од врсниците. Кога толку го надминале, ќе го надминеш и ти. Важно е да сфатиш дека не си сама и не си единствена.
    Едно нешто за кое треба да се запрашаш е зошто толку те нервира кога некој ќе те навреди, дали се поистоветуваш со неговата дефиниција за тебе? Ова треба да си го одговориш.
    Јас овде проблемот го гледам во намалена самодоверба. Бидејќи кога си доволно самоуверен и кога си убеден дека нештото е така како што го имаш замислено, никој не може да ти влијае. Поработи малку на самодовербата и изгради си твои мислења и ставови. Тоа што некој мисли или кажува не е твоја грижа. Тоа само укажува на неговата (не)култура.
    А за памтењето, па тоа и не е толку лошо се додека не се оптеретиш со истото и се полниш со гнев.

    Се надевам ќе успееш да го пребродиш ова, со самиот факт што си свесна и бараш решение мислам дека многу полесно ќе го решиш проблемот. Среќно!
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На Marija6165 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не е само до тебе тоа што памтиш полесно лоши работи од добри, психолошки докажано со студии е дека во мозокот полесно се лепат негативни зборови и емоции и подолго остануваат да се памтат. Јас и од мои лични примери можам да потврдам дека е така. Кога учевме во средно психологија проф. ни даде домашна еден ден на некој од дома да му кажеме дека нешто што направил не чини, а потоа за истото по некое време да го пофалиме и да видиме по извесно време на што побрзо и полесно се сеќава. И нормално тоа е негативноста, нејсе имам многу да пишам на оваа тема, а за совет како да го надминеш ова би ти препорачала да се обратиш кај добар и стручен психолог за да утврди од кои причини и од кога почнало ова да се јавува во твојот карактер дека ете како што ти рекле твоите како мала не си била таква. Си влече ова некои корени и мора да се утврди зошто е така и пред се да сакаш сама да го смениш ова и да поработиш со добар и искусен психолог на таа тема.
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На Marija6165 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Дали некој знаеше за ова низ што поминуваш, си кажала на класен раководител, дали родителите твои знаеја? Како се поставиле авторитетите за решавање на оваа ситуација, училишен психолог се вклучи ли во средување на ситуацијата?
    Сега прочитав дека имаш историја со булинг мора што побрзо да се обратиш на психолог, искусен и добар психолог и да се отвориш и соработуваш за да надминеш се што ти било злонамерно учинето. Мора да се ослободиш од тој товар, секое добро понатаму.
     
    На Marija6165 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Да, но другите на ум ништо не си стават, а јас стварно незнам што ми е секој што ќе ми каже размислувам за тоа... Еве ќе одам уште утре ќе закажам упут за на психолог. Ова веќе вака не може да оди, стварно...
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски
    Не знам како имате време или времето си го трошите на кој што ви рекол |(
    Изгледа немаш некоја друга занимација па за тоа се замараш
    Мене на пример ако ме опцуе некој непознат од улица јас си ја дигам главата и си терам напред и одма заборавам на тоа
    Животот е премногу краток за да го трошиме на небитни несуштински работи
    Барај само позитива , дружи се со позитивни , негативните избегнувај ги , ако ти дојдат некој дома што не можеш да го смислиш или оди во соба или излези си
    Сосема се небитни овие работи
     
    На Ursi, The Saturdays и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  10. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Од каде да ги најдам тие добри луѓе? Мене а некој ќе ме навреди јас го бришам од животот... Јас со ова ситничарење почнав да ги губам и пријателите веќе...

    Заборавив да кажам и дека јас не мислам позитивно...
     
    Последна измена од модератор: 19 август 2020
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски
    Знаеш што е толеранција ?
    Не можи да се лутиш заради тоа ете некој напраил кикс и сега ти да го бришеш од животот |(
    Значи биди позитивна и насмеана не намќор и томрук што сака да е центар пажња и све да ти се угоди !
    Шири пријателство и љубов наоколу , биди промената што сакаш да ја видеш во другите !
    Секако народов е никаков направен но сеуште постојат позитивни луѓе .ретки се но ги има
    Поработи малку на себе , никој не ти е крив
     
    На Ursi, cresa-jagoda и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  12. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам иако пубертет ми е поминат одамна. Прво убаво е што согледуваш дека во тебе е проблемот. Тоа што ти треба е разговор со блиски, или психолог и хоби или како што кажа сама треба да си најдеш дечко. Поради осетливоста можеш понатаму многу проблеми да си направиш. Ама штом си решила верувам ќе поправиш. Периодов е особено тежок и со седењево дома сите застрануваме. И мене ми доаѓа некогаш сама да останам и сите да ги откачам, ама до мене е, не до нив. Занимавај се, шетај, не ставај се при срце, пушти мозок на пасење.
     
    На Marija6165 и Celltica им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Ова ти е коренот на проблемот.

    Имаш проблем со несигурност и ниска самодоверба. Ситничарењето ти е метод на самоодбрана.
    Добро е штом си решила да поразговараш со психолог.

    Кога веќе и онака не можеш да престанеш да анализираш, еве пробај да анализираш зошто тие така изреагирале и зошто ти така се чувствуваш.

    Првиот пример: Можеби тие биле срамежливи. Ти си ги перцепирала можеби како арогантни и дека имаат негативно мислење за тебе.
    Резултат: Си се налутила зошто не те поздравиле.

    Вториот пример: Изреагирала бурно, бидејќи има голема веројатност да не и е дечко, ама да и се допаѓа, па така се брани. Кој он да ми се допаѓа?!! Ма неее!
    Ти си ја перцепирала како чудна, груба реакција.
    Резултат: Си се навредила.

    Секогаш мора да имаш предвид дека и другите луѓе имаат маани и несигурности. Затоа имаат такви реакции, за да ги прикријат.

    Мислам, можеби и тресам глупости. Само сакам да кажам дека ти треба нова перспектива на гледање на работите. Кога си несигурна, секогаш мислиш на најлошото за луѓето, па затоа имаш такви негативни реакции.
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На poppie, buba4e89, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Сето ова што го наброја, тоа не сум. Насмеана сум, и тоа што сакам да ми се угоди сама си го угодувам. Не чекам на никој н ништо да ми угоди.
    Крива е таа што ми ги наби овие проблеми, ти не знаеш колку е опасна, не знаеш каков ѓавол е таа!!
    Токму и тоа се трудам да бидам.
    Ширам.
    Не сакам некој да ми обрнува вниимание, никако!!!!




    Ти благодарам многу за добронамерниот совет.




    Ти благодарам многу за добронамерниот совет.
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На tina2018, Bezimenka90 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    @Marija6165 со самото тоа што гледаш дека има проблем во самата себе, веќе си на добар пат. Значи рационално ги гледаш работите.

    Осетливоста на долг рок ќе ти штети. Ќе се соочуваш со секакви ситуации каде навистина ќе ти е потребна ладна глава за да донесеш одчука која нема да е импулсивна и донесена врз база на моментален гнев.

    Ти препорачувам да поразговараш со психолог. Впрочем, тоа е здраво за било кој човек кој сака да направи промена во себе. Не е ништо страшно, ни срамно. Баш напротив, многу покорисно кога проблемот не е нешто што тлеело долго.

    Коренот на проблемот не секогаш е клучен, ти некогаш си направила некој механизам кој во моментот ти бил корисен, а сега веќе не е. Клучно е како да го смениш сега тој механизам на функционирање. Стручно лице може да те упати на техники кои можеш да ги примениш. Исто така, фокус на мислата е многу важна работа. Мораш да најдеш нешто како хоби или активност на која ќе се фокусираш. Тогаш мислите ќе ти се насочени кон тоа наместо кон небитни нешта. Знам дека е полесно да се каже, отколку да се направи, но треба да работиш на себе ако сакаш промена. Работата на себе е една од најбитните нешта што го прават разумни луѓе. Јас мислам дека си на добар пат зошто си свесна дека мора да смениш нешто. За било која промена најважна е одлуката и волјата. Остани мотивирана и ќе видиш дека со помош на стручно лице ќе успееш и ќе ни пишуваш убава и успешна приказна тука :)
     
    На tina2018, Marija6165 и Frosty! им се допаѓа ова.
  16. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе биди така. :)
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ackkaa ^^°

    Ackkaa ^^° Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Прекрасен совет , секоја чест !!! ;) Баш би сакала да имам ваков некој близок ,пријателка или било што како тебе :clap:
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На poppie, Marija6165, yourfavoritegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    se iznenadiv kolku samo na forumot gi ima takvi, pokraj cepidlacenje i ostanatoto ke dodadam i izvrtuvanje na toa sto si pisal i namerno provociranje i stvaranje kavgi
    koi bedni licnosti, da pocnes da se prasuvas ,koj im e problemot?
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Одвишок слободно време веројатно? :D
     
    На magnolija09 му/ѝ се допаѓа ова.