1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Си ја откажав свадбата

Дискусија во 'Брак' започната од encimenci, 27 февруари 2013.

  1. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Здраво на сите.
    Малку сум конзуфна, и сум на терапија за смирување, се надевам ке ме разберете и ке ми кажете некој збор за подршка.
    имав закажана свадба во април.Мн го сакав, и усте го сакам маж ми( несудениот) Но некако работите неможеа да тргнат на добро...он е во суштина добар човек, но мн искомплексиран и несигурен и завидлив н асите околу кего што имааат создадено помалоо или поголемо богатство...и како се наближуваше свадбата , мене така тие негови негативни особини почнаа многу ми сметаат. плус тука е и неговата фамилија, за која неможам да зборам сега, посто ке треба да се напијам пак лек....
    долго време размислував, и сватив дека дури и да се омажам, на крај к есе разведам, затоа што имаат мн нерешени проблеми во куката, кои јас со моето пристигање ко невеста би требало да ги решам, а нема да успеам...и на крај--пак нема да успее...
    леле, јас не се разбирам, не пак вие :)
    во кратко---ја откажав свадбата, го оставив, затоа што знам дека така е подобро...љубовта не била доволна, кога покрај себе имаш недозреано дете без свој став...
    сега сум тажна, на терапија, ги секирам сите околу мене...а знам дека е вака подобро...
    нели е подобро да се раскине веридба и пчанирана свадба, отколку да отидам и секако пак да се вратам дома????
     
    На Page, mood, Madonna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    ^^^Што би рекле Србите - Боље спречити, него лечити.
    Не ти е лесно, верувам...
    Но, исто така верувам дека си ја донела најхрабрата и најисправната одлука во случајов.
    Според годините, доволно си зрела и сигурно си имала јака причина за таква одлука.
    Најстрашното поминало...Опушти се.
    Одмори се убаво и посвети си внимание само на себе и твоите желби.
    Ти посакувам што побрзо да свртиш нова страница во твојот живот!
     
    На Page, Chimera, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Сепак ти си знаеш најдобро.
    Меѓутоа кога веќе си знаела дека имаш работа со големо дете не ни требало да закажувате свадба.

    Тука не можеме да ти речеме нешто утешително,но кога веќе си раскинала ти посакувам среќа онатаму да си најдеш вистински партнер,во кој ќе бидеш сто посто сигурна.
     
    На srcekrsacka, london-girl, lepadama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Не се секирај ...добро си постапила,подобро да се спречи отколку да се лечи.Читајќи го твојов пост се вратив во минатото кое сакам да го заборавам.Поминав низ истото низ кое сега поминуваш ти...но,ние веќе бевме регистрирани...2 недели пред свадбата сакав да ја откажам но,не успеав.По 2 месеци го напуштив...повеќе неможев да издржам од истите причини кои ги наведе,буквално идентични.Не вреди да го посветиш животот на некој кој не те заслужува..на некое недозреано,нарцисоидно и арогантно суштество.Сепак не е премногу доцна додека немаш деца.Потписот во матично е само еден обичен потпис кој ако нема љубов,почит и разбирање нема голема вредност.Да имаш дете е друго сакал не сакал тоа ќе ве поврзува цел живот,крвта не може да се избрише.Единствено ми е криво што се венчав со него во црква...наивно верував дека оној кој се колне на вечна љубов пред олтар тоа и го мисли...дека ќе биде човек од збор...празни ветувања.
    Навреме си донела правилна одлука.Главата горе и не се трујај со апчиња!!!
     
    На PaLaVa, Chimera, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. femma

    femma Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    добро си направила!!!! бидејки кога си заљубен имаш очи само за човекот што го сакаш и ништо друго не гледаш...не обрнуваш внимание на проблемите што се околу тебе, ке помине време и кога ке се свестиш ке биде многу касно, затоа главата горе ке боли но и ке помине, како сто велат старите подобро да спречиш отколку подоцна да лечиш....позз
     
    На PaLaVa, srcekrsacka, lepadama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Зрела личност си,со оформен став за се се во животот.
    Оваа твоја одлука си ја донела врз основа на реално согледаната состојба.Немој да жалиш.Ако сега ,во овој период(пред терминот на свадбата)си дошла до таквите сознанија-нормално дека ќе ја раскинеш.
    Е, колку само ги има овде на форумов кои би сакале да можеле тогаш да ги „отворат “очите како ти сега и да можеле да ја раскинат свадбата?
    Ќе боли,па ќе преболи,немој да се нервираш.
    Секое жалење за минатото,ја расипува иднината.
    Биди силна,што е твое -ќе си дојде.
    Поздрав и гушки од мене.
     
    На Dust, SummerGirl, gavolica4 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Фала ви за коментарите...
    Сега малку сум среќна дека се зачленив на Фемина..или од деметринот ми е :D
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Овде сме како едно големо семејство,тука сме да споделиме среќа,радост,тага.
    Ова нека ти биде последниот деметрин,од утре почесто на фемина и за 1-2 недели ,нема ниту да се сеќаваш зошто се зачлени тука. :hai:
     
    На SummerGirl, moni-t, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Браво за храброста и решителноста за таков чекор!
    Според мене, добро си направила, без трошоци и дополнителлни нервози причинети од истите си донела правилна одлука на време.
    Батали апчињата, излези утре од дома, разгледај наоколу да видиш колку е убав животот.
    Ќе си најдеш некој кој те заслужува, ќе бидеш среќна и секако ќе правиш свадба ама со вистинскиот човек.
    Ако гледаш некој да се дави, пушти го да се удави, ако му подадеш рака да го извлечеш-тој тебе ќе те удави! -Си избегала од беља, радувај се! :*
     
    На srcekrsacka, Gjurgja, Miss.M5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    И јас те поддржувам! Добро си направила. Секој нов почеток е тежок. Кога се прават драстични промени -тоа е уште потешко. А кога при тоа оној поради кој правиш драстични промени, со кого планираш нов почеток, не застане цврсто покрај тебе и не те држи цврсто за рака - не вреди ни да се трудиш.
    Како што кажаа сите феминки: подобро да се спречи отколку да се лечи!

    Иако, малку е и трема во прашање (иако сме возрасни). И јас се чувствував слично по веридбата -пред свадбата (и јас се шокирав од новата фамилија и како ме „прифатија“), и да не беше мојот сопруг, кој ме убеди дека само јас и тој сме најважни, најверојатно и јас ќе го направев истиот потег (ми доаѓаа такви мисли).
    Не се мажам за неговите родители/фамилија, туку за него. А ако ги немам неговата поддршка и неговото разбирање - подобро да не се мажам.
     
    На mood, srcekrsacka, 17mart и 4 други им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Јас ти се восхитувам на храброста и се надевам дека и јас би била доволно храбра да го направам истото ако се најдам во таква ситуација.
    Убаво рече некој погоре, колку само девојки се свесни дека не е тоа, тоа, а од страв не пресекуваат. Си дозволила да бидеш среќна, да најдеш некој што повеќе ќе ти одговара и ти посакувам за сите работи во животот да си вака решителна ;)
     
    На Heidi, srcekrsacka, antonina и 4 други им се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Јас ти се восхитувам! Врснички сме, се соживеав со тебе и твојот проблем. Алал да ти е за чекорот кој што си го направила, си пресекла со време тоа што ќе си требала да го сечеш покасно. Сега ќе ти биде тешко, не велам не... Ќе ти биде мачно, но ќе ти помине се. Ќе си запознаеш човек кој што ќе те цени, а не некој што ќе те расфрла на сите страни, си одбрала среќа наместо беда. Браво, и ти посакувам се, се, се нај убаво! Главата горе, и само напред! :*
     
    На srcekrsacka и encimenci им се допаѓа ова.
  13. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Секако дека добро си направила, и претпоставувам долго си ја носела одлуката. И ти честитам на храброста, сепак е храброст да се соочиш не со себе, ти тоа си го направила, туку со загрижувачките погледи и загриженост на најблиските. И да знаеш јас најубавите години ги имав токму на 29-30, навистина. Па животот е пред тебе, мажи еден куп, убавини безброј. Затоа уживај и апчиња само Б6 и тоа само против ПМС. :) И излези уште има попусти, почастисе со некое парталче, глупо ама и те како крева расположение.
     
    На Regenbogen, srcekrsacka и encimenci им се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    отклучок: главата горе- ко на предизборна кампања да сте :/
    заклучок: боље спречити него лечити - фала што и кажавте

    види девојко ти викаш премногу си го сакала а 1000 мани си му нашла додека една убава осовина не кажа за него :/
    кога некој вистински сакаш не верувам дека можеш да ги забележиш маните :)
    саканите ги возвишуваме :):)
    така да добро си постапила со оглед а ситуацијата
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Не мора да значи дека ако му нашла 1000 мани дека не го сакала, убаво е да бидеш свесен за маните на тој што го сакаш, а не заслепен од љубов па да не гледаш ништо она што другите го гледаат и она што разумот ти кажува. Секоја чест на храброста и се надевам многу бргу ке најдеш некој со кој ке бидеш сигурна дека сакаш да го поминеш остатокот од животот.
     
    На little.woman, Divinebutterfly и encimenci им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Немој да се грижиш, не знам на која возраст си, ама никогаш не е доцна и ако се 29-30 год. Моја роднина купи фустан, закажа свадба, подели покани па се растури се. Имаше 29 год, еве сега на 35 се омажи ама во друга држава. Луѓето ќе зборуваат, ќе се смејат на туѓа мака, ама што ти е гајле. Проблеми не се решаваат брзо и лесно како на филм. Убаво кажа некој погоде, не се мажиш за фамилијата негова, не за роднители негови, за него. И јас кога би се мажела би сакал маж на кој ќе му бидам бр.1 во животот, а не мама, тато, бато, другарите па јас на 10 место. Ако сме сложни јас и тој, ние ќе решавме што и како. А ако има проблеми, па и незрел, охххоо отиде се во аут. За месец дена во депресија ќе паднеш со него и неговите, ќе се удавиш.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Да ама тие негови мани би можеле мноооооооогу да и пречат и проблеми да и прават во животот,сите имаме мани амам некои луѓе нажалост можат да имаат и премногу лоши мани преку кои неможат сите да поминат.. :/
     
    На Jenniffer и encimenci им се допаѓа ова.
  18. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Кога тоа го нема (болдираното) ништо неможе да оди понатаму како што треба колку и да се мачиш и измачуваш!!!
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    најлошо е кога идниот сопруг треба да ти биде најголема поддршка а ти е најголем душман.го имам преживеано сето ова,само на поинаков начин,се погодија и двете семејства да не одобруваат веридба брак и се разделивме,го оставив иако тогаш наивно верував дека ме сакал :tmi: .тој ќе биде секогаш домашна марионета,јас за разлика од него се спротивставив на моите а тој на неговите не!
    затоа,енцименци,биди среќна што навреме си го откачила,во случај да сте се вериле ќе ти било потешко а и со поголеми последици со оглед на нашиов балкански менталитет каде сите те озборуваат а појма немат какви се навистина работите и како се чувствуваш :!: .
    колку и да си го сакала,верувај таков човек нема да се промени ,и лесно ќе го заборавиш.
    мора да ги држиме очите отворени,но некако во овој 21 век се ми изгледа толку измешано,крај со крај не може да се сврзе.си ја донела правилната одлука,а сега пробај да не мислиш на тоа-било,па поминало.
    поздрав!
     
    На Eleonorastrumica и encimenci им се допаѓа ова.
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Енци менци во истава категорија брак има и една тема Развод и нов брак ,која последниве неколку дена е многу актуелна.Таму можеш да видиш како еден Господин ја немал твојата храброст да ги спречи работите навреме и како сега после 14 години изгледа неговото семејство во кое за жал има и две деца. Јас ќе ти кажам сега да си дадеш малку време да се средиш и исплачеш и гордо да тргнеш напред.И веднаш да ги баталиш сите апчиња за смирување.
     
    На Annath, encimenci, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.