Енци Менци за таков чекор треба и тоа каква храброст за да се одлучиш и ти се восхитувам на неа верувај. Ти си била присебна,своја а богами и психички треба да си многу јака личност, а по твојата одлука гледам дека е така. Си мислела однапред на својата иднина,си спречила катастрофа. Свесна си дека доколку би влегла во тој брак немаше да си среќна,ќе живееше во агонија,одбивност кон него а тоа е многу лошо.Боли,не е сеедно знам но верувај дека по некое време ќе бидеш среќна и ќе ти биде мило поради таквата одлука.Како што ти кажаа и другите остави ги апчињата,излегувај почесто,што можеш помалку мисли на тоа.Ако имаш потреба зборувај и со стручно лице,така многу подобро ќе се чувствуваш.
encimenci ЕВЕ ЕДНО ГОЛЕМО БРАВО И ОД МЕНЕ!!!!Секој е кројач на својата судбина кој како реши да биде така и ќе биде. Отпосле што и да направиш не бива затоа спречи на време,ти си херој да знаеш,верувај дека никого не повредуваш вака освен себе,а и тоа е минливо зошто знаеш што сакаш и што е добро за тебе што значи наскоро ќе си ја најдеш својата среќа и нема да жалиш за ништо.Ете и од мене имаш подршка
Девојки( ми се чини и еден дечко) Неизмерно ви благодарам на подршката и на зборовите на охрабрување. Неможам да опишам колку ми значат...Дури и на мајка ми и кажувам--сите викаат дека сум храбра Деметрини непијам, се префрлив на Б6 и на бесцелни прошетки по градов...ем ќе ослабам, ем си купив новчаниче Станувам се посигурна дека сум донела правилна одлука во вистинско време... Подобро да поплачам некој месец/година-отколку цел живот да патам,за некој кој не ме сакал, или не ме сакал доволно... се опоравувам, многу полека...ама ќе му дадам време на времето... Фала ви, па да си пишуваме и за весели работи п.с. му викам на другар ми, леле бурми имам свадба откажувам, а он---ејјјј-да имаше венчаница-ке се маскираше у невеста за 1 април...
Совеста ти кажува најдобро! Ако си храбра или ако мислиш дека си донела правилна одлука зошто пиеш апчиња, зошто бараш оправдување од другите? Зошто го напушташ ако го сакаш? Ако вака реагираш на правилни одлуки, како ли ке реагираш кога ке погрешиш?
го напуштам затоа што сватив дека бракот со него нема да ми успее...има мн причини, ама ми требаше време да ги согледам...подобро сега отколку по две години да се вратам дома со детенце... апчиња пиев затоа што и покрај се, го сакам, и тешко ми беше, сеуште ми е...ама љубовта не била доволна, барем не во мојот случај...или не била доволно силна... знам дека одлуката ми е правилна... подобро да ми удри шамар вистината, отколку да ме бакне лагата...а шамарот боли.. кога грешам...незнам...дозволено ни е да грешиме во животот, ама да се пазиме од животната грешка--таа која ќе не уништи.
Многу ми е мило кога ќе видам дека некој се познава многу убаво себе, и знае да расудува како што треба. Девојко браво, за жал живееме во општество каде само од љубов не се живее, ама ако си приметила некои работи кои за него нормални, а за тебе иритирачки, како и да е нема да излегло на добро па колку и да си давала компромис. Јас сум ти баш таква приказна, зошто велиш ќе биде поинаку ќе се смени се, ама не.. Животот е пред тебе, почни со мали чекори, и трагај нон стоп, ќе застанеш негде пак.
Девојката само сакаше да си ја каже маката, не бараше оправдување. Апчиња пие(ла) бидејќи во нашево општество е навистина тешко да се донесе една ваква одлука, а и бидејќи го сака. А зошто го напушта кога го сака? За еден брак да биде успешен не е доволна само љубов (особено ако е еднострана), потребна е и взаемна почит, меѓусебно разбирање и поддршка, како и слични ставови за животот во иднина и за сите животни прашања со кои ќе се судрат. Ако го нема сето тоа - не вреди да се продолжи заедно. Боли, но ќе помине. Ќе најде некој достоен за неа, со кој ќе има освен љубов, се‘ она што погоре го спомнав.
Кога срцето ти кажува дека не е тоа тоа што треба да биде си ја донесила најправилната одлука,чоек кој нема свој став не се цени самиот а камоли да го ценат другите тој е искомплексиран и исфрустрира човек,да можеби е добар но завидлив и несигурен во себе затоа и тој и неговите имаат сериозни нерешени проблеми,бидејќи за мене кровот на глава е сериозен проблем,свадбата е само неколку сат и толку но понатаму патот е многу долг добро е што убаво си размислила и си донесла правилна одлука не е доволно да си добар,човекот мора да го красат и други особини а завидлив човек не сао што си ја јаде себе душата му ја јади и на тие околу себесо таков човек не се живее да знаеш дека си донесила правилна одлука и тоа што сега ти е потешко е нормално,но сигурна сум дека и ти самата знаеш а и тојата свест дека тебе всушност те чека нешто мн подобро во животот и затоа и си го направила овај чекор а тој ако сакал да не стигне до ова требало да припази и да се контролира и да се поправи се разбира со завидливоста нема да изгради тој богатство напротив...
Спојлер Мила, јас сум меѓу најгласните на форумот за тоа дека љубовта е најважна...исто и меѓу најгласните дека љубовта не е доволна, особено не во брак. Не дека мислам материјално (не се согласувам со фразата „од љубов не се живее“, ако се има љубов се има и воља за да се создаде нешто за да се преиживее, мојот брак е жив пример за тоа), но мислам на емотивниот дел, почитта, разбирањето, познавањето и прифаќањето на мааните на другиот, односно создавање на еден зрел меѓусебен однос во кој и на двајцата им е пријатно во сопствената кожа. Ти си му ги согледала мааните и очигледно не си можела да ги прифатиш. И јас сакам во мажот да гледам потпора и заштита, а не да ми е најстарото дете. Верувај, тие маани и фактори кои те одбиваат од него, во секојдневниот живот и функционирање кои бракот ги налага би станале уште поголеми и понеподносливи. Многу девојки се залетале со размислување од типот на „неговата љубов кон мене ќе го смени“ и во најголем дел се излажале. Мило ми е што си престанала со терапијата, уште една паметна работа што си направила, покрај откажувањето на свадбата.
Енцименци подршка и од мене. Во право си, љубовта не е доволна...бракот не го држи само љубовта. Да, битен фактор е за успешен брак, но не доволен. Си донела правилна одлука, подобро сега, отколку подоцна кога ќе дојдат и децата....тогаш би ти било уште потешко. Главата горе девојко, млада си, имаш ти уште мноооогу време и шанси за љубов. Во право си потполно, недозреано, завидливо, големо дете со семејни проблеми и без став не ти е потребно, во животот тој би ти бил уште поголем терет отколку подршка и добар животен сопатник. Биди силна, ќе го надминеш ти ова.
И од мене имаш подршка ЕНЦИМЕНЦИ правилно си постапила ,подобро на време да се спречи нешто што знаеш дека нема да успее ,затоа што подоцна со таков човек и семејство проблемите се дуплираат ,а нервозата и незадоволството најмногу ке го чувствуваат тие што се најмалку виновни - децата ,така да само напред ке си најдеш човек за кој ке бидеш сигурна дека остатокот од животот ке можеш заеднички да го поминеш Спојлер кога ке се собереме со другарките често се повторува реченицата ах како на време не реагирав ,не спречив не кај сите ,ама кај повекето
encimenci Имаш подршка и од мене...ретко кој го може тоа што ти си го сторила,верувам дека добро си размислила и подобро е да не започнеш нешто за кое ке се покаеш,encimenci знам дека не ти е воопшто лесно ,но сигурно оваа одлука што си ја донела е вистинската...Искрено ти посакувам многу срека
Ako go sakas vistinski togas ne treba nisto da ti bide precka ama ako e nesiguren napravi go siguren .... potrebna e podrska golema ja imas i od mene sledniot pat ke bide ona pravo ke vidis
Бог е Љубов. Зашто Бог толку го засака човекот што го прати својот единороден син Исус Христос, та секој кој ќе поверува во него да не загине но да има живот вечен! Вистинската љубов доаѓа од Бога. Љубовта е најважен, потребен и доволен услов за успешна врска или брак! Зар има нешто поважно или поголемо од љубовта? Ако ја имаш вистинската љубов не ти треба ништо друго? Ако сметате дека некој сакате „ама“ треба и нешто друго, значи вашата љубов не е вистинска туку лажна, лицемерна или телесна. Проблемот е во немањето или непознавањето на вистинската Љубов. Да имаш вистинска љубов значи : - да имаш големо трпение - да бидеш љубезен - да не си завидлив - да не се фалиш - да не се вообразуваш - да не бидеш груб - да не си себичен - да не си избувлив - да не памтиш зло - да не се радуваш на неправда - да се радуваш на вистината - да имаш разбирање за другите - секогаш да веруваш - секогаш да се надеваш - се да поднесуваш Се ке престане само вистинската Љубов е вечна! п.с. Ова е вистината, и ако не се радувате кога го читате ова значи вашата љубов не е вистинска.
Јас би кажала само дека и да е вистинска љубовта--но ако е еднострана ништо ннеможе да оди панатаму!!!
Дефинитивно си ја донела правилната одлука... За љубов се потребни двајца, а ти добро си сфатила дека во овој случај било еднострано... затоа што да не било, не би дошло до ова. Ќе најдеш некој (со маани сепак, никој не е совршен) што ТЕБЕ ќе ти е совршен без разлика на се. ЗА кој ќе осеќаш БЕЗУСЛОВНА љубов. Само малку трпение, секој ја наоѓа својата сродна душа, порано или подоцна
ова како јас да го пишував. буквално... дефинитивно му враќам прстен. кога ќе го врати во златара можи ќе му дадат повисока цена не е ич носен не слушав никој кога викаат не е тој за тебе јас како слепиот за стапот
Stefaani ти си што пишуваше во другата тема дали да се мажам така? Оооо срцка јас па мислев ја средивте некако работава, а тоа обратно било. Ајде како си чувствуваш така да постапиш. Еден е животов, не треба импровизации.Види ако има место договорете се како возрасни, ако не главата горе.