1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Си ја откажав свадбата

Дискусија во 'Брак' започната од encimenci, 27 февруари 2013.

  1. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    какво место доволно имаше и место и време, доста е! подобро сега отколку после. се ќе помине. само да можам да му го вратам прстенот без да попуштам и да се смириме зошто секогаш паѓам на него. тој ми е слабост :(
     
  2. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Не труди се да го задржиш човекот кој не се плаши да те изгуби!!!!!
     
    На popi, Sanjichka007, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    баш така...
    моето ново мото :clap:
     
  4. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Жива вистина само што касно дури сега го сватив ова!!!! :|
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    никогаш не е касно, секое утро е нов почеток... :hug:
     
    На srcekrsacka и 17mart им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Нема да попуштиш ќе размислуваш со главата а не со срцето ќе помини,немаш напоменето дека тој се потрудил да те врати или предомисли тоа уште повеќе ти потврдува дека твојата одлука е вистинска...
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    По маж и по автобус не се трча секогаш има нареден...многу вистинито...колку повеќе му одиш по ќефот и му угодуваш на крајот испаѓа дека ти повеќе самата на себеси си штетиш.Порано или подоцна мислам дека секоја жена го сваќа ова.Тој што е вистинскиот ќе дојде и ќе сака да остане со тебе.
     
    На srcekrsacka, encimenci и 17mart им се допаѓа ова.
  8. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Поминаа 10 дена откако му соопштив јас...првите два не ми веруваше...после кога свати дека сум сериозна-збореше нешто--вака така...дрн дрн јариеа..(ама јас изгубив доверба во неговите зборови, не бев расположена да го слушам). после :devil: --почнаа пораки--ќе видиш што ќе ти направам...и разни навреди...
    ама пратив абер да престане со повиците--и се смири...


    само едно не ми е јасно---кај ми беше паметот...јас сум рационална,претпазлива...али ме заслепи лажна љубов...или желбата за љубов :^)..
    ама имало господ--се освестив
     
    На Sherryl, artemidis и Ethrnity им се допаѓа ова.
  9. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Енци Менци, инспирација си за многу девојки кои не се храбри да го направат потребното, за да бидат среќни понатаму во животот со некој што навистина ги заслужува. Многу време се малтертирам, а потсвесно знам дека еден ден ќе дојде крајот затоа што сме двајца различни луѓе со различни сфаќања, колку повеќе време поминува, толку потешко станува. Незнам ваљда мислам дека нешто ќе се промени. Твојот пост ме натера да размислам, дека не сите љубовни приказни завршуваат среќно, понекогаш треба да превземеш нешто за сопствената среќа, а во иднина ако продолжиш со него и здравје. Ти благодарам :)
     
  10. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439


    не сум некој експерт, ова ми бесе прва несудена свадба :D
    ама сватив дека освен љубов, за брак треба многу разбирање, треба многу да им иде муабетот на сопружниците...да си бидат грб еден на друг...и треба ко што читав по форумот што викаат феминките--да се расчистат некои прашања за понатака, која каде се гледа професионално, како за деца...

    а никако по мојот пример, имам 28, време ми е, заедно сме две години, си одговараме по образование , дај да се омажам-иначе ќе ме зборат лугето..стара мома ке бидам....и да, па мислам и дека се сакаме...онака ...да бе да, ако ке се мажам... :puke: мн сум била глупава, срам ме фака...


    размисли, можеби твојата љубов е она вистинското...можеби вреди да се бориш..кај мене таа опција непостоеше, затоа што( сега гледам--немало љубов--само страв од самотија)
     
  11. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    јапанизе, па ти имаш само 20 годинки...
    размисли си, и знај дека си скапоцена како и секоја девојка/жена...а ако партнерот не те доживува така--ке дојде друг--кој ке е спремен војна да води за тебе...
     
    На fidani му/ѝ се допаѓа ова.
  12. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Знам дека сум млада, ама долго време сме заедно, од една страна ми е важен затоа што ми е прв и секогаш ми е бил еден, од друга страна понекогаш сакам да бидам слободна да можам да излавам и да правам што сакам ( не дека сега не можам ) ама секогаш треба да внимавам како се однесувам со кого излавам и се чувстувам затворено, можеби затоа си измислувам дека не ме сака како порано, незнам што да правам. Можеби отидов малку офф топик ама си кажав што ми лежи на душа :(
     
  13. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439

    па , ако не направете мала пауза...дај си време да размислиш...да го доживееш животот без него покрај тебе...може ке почуствуваш олеснување...ама можеби ке сватиш дека без него несакаш и неможеш да живееш...
    оф, никој не ја разбира љубовта...а да ја разбирав јас немаше да имам бурми дома, и откажана свадба :D
     
  14. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Денес е денот кога старите ќе одат да ја официјализираат нашата разделба...
    немам зборови колку ми е тешко...
    и жал за се ова..
    не се премислувам, ама многу ме нервираат вакви глупави адети, дополнителни стресови и чуда...
    мислам, ко да сме у мрачното доба...

    уште малку,ќе идам да живеам у модерен свет...некаде далеку, без да е во можност секоја стрина да ми се јави и да ми каже дека е срам ова што го правам :D :D :D

    Држете ми среќа, да помине мирно...
     
    На gjoker4e, srcekrsacka, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Блазе ти, за ова одењево на страна, не секој ја има таа прилика. Ќе имаш најубава и најкомотна атмосфера за почнување од нула.

    Да официјализирале разделба |( кој ја измислил таа глупост од адет, не ми е јасно?

    Нормално дека не треба да се предомислиш, тоа е твоја одлука, твое искуство.

    А муабетите од стрините ако главчето не ти ги батали прво, колку сакаш километри избегај, џабе е.

    Престани да му се замараш, не си ти крива.

    Среќно :*
     
    На encimenci и imelda им се допаѓа ова.
  16. malena87

    malena87 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Енцименци едно големо БРАВО и подршка и од мене. Ти се восхитувам на храброста во потрага за сопствената среќа. Твојот пример е инспирација и за многу други несреќни девојки кои се во слични врски, да превземат нешто на време. Нека не те погодуваат коментарите од страна, луѓето секогаш ќе си зборат најважно е ти да си среќна. Ти посакувам се најдобро. Среќата ги следи храбрите...
     
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Енцименци...никој не може да го живее твојот живот...ни стрини,ни тетки,ни баби.Слушај го сопствениот внатрешен глас и терај напред....коментарите на другите нека не допираат до тебе.Твој живот,твои правила и твои избори!!!!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Eпа, нека ми е со среќа...
    Ми олесна...
    што вика мајка ми---па ќерко, ти "многу" си го сакала.... :lol:

    Фала уште еднаш на времето што го издвоивте за мене,подршката..многу ми значеа...

    Се читаме у сингл темите :D :D :D
     
    На Saraa, srcekrsacka, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Драга Енцименци,

    И јас се сложувам со останатите дека си донела многу паметна, храбра и исправна одлука.
    Барем нема некоја мала душа да пати.
    Во животот никогаш ништо не се знае , ама сепак поарно на почеток.
    Некогаш едноставно колку и да мислиме , судбината го има последниот збор.
    Бев и јас во твоја ситуација еднаш..
    Бев мажена , но немавме деца.
    Главен проблем -мајка му и сестра му!
    Почнува животот да станува неподнослив, дури се одразува и по моето здравје.
    Јас пресеков , ќе си одам од оваа куќа ( стан) , а ти ако сакаш дојди со мене , а ако не еве ти ја мајка ти.
    И дојде...
    После 10 години и 2 деца ,кога ќе се прашам дали постапив исправно , дали требаше да останам со него и да ми ја јадат душата , горе наведените и да имам расправии со мм, не го знам одговорот , верувај!
    Деца, да , ама ќе ги имав и со некој друг можеби, па барем ќе имав маааалку поцивилизирана свекрва и золва со кои ќе имав разбирачка.
    Никој не ја измудрил! Едноставно така требало да биде и точка. :)
    Биди здрава и жива. Одмори се, одтагувај , па набаци ново „перје “и во поход! Та не ќе му ставаш биста во спомен ! :lol: :lol: :lol:
    Само напред и храбро , не имаш нас за ветер во грбот. :rock:
     
    На srcekrsacka, AloneM, encimenci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    да знаеш така и се чуствувам...освен подршката од моите дома и од пријателите, ова на фемина ми е дополнителна голема помош...

    :hug: гушки од кафеавкото мече :)
     
    На srcekrsacka и babyketi им се допаѓа ова.