Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Си ја откажав свадбата

Дискусија во 'Брак' започната од encimenci, 27 февруари 2013.

  1. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Може ладнокрвно ќе звучам ама.....фрли се ако се вратиш на некој кој не те заслужува.
     
    На blagica1991 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој сега да ти се вртат низ глава црни мисли како фрлање во река и слично
    ова е само период, буди храбра-стисни машки, издржи :* :hug:
     
  3. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    абе стефи, каква река, какви бакрачи

    зашто се слушаш со него??нема потреба..стави го на игнор..нема зашто сега да ти плаче на телефон...батали го...
    јас со мојот не се слушам, само еднаш ми се јави-направивме некој муабет мн чуден...од двајца толку заљубени, испаднавме тотални странци..после некои пораки ми праќаше...му реков да прекине...ете пак пишува..ама јас веке целосно ставив крај...не го сакам веќе...ме изгуби по сопстевн избор...

    така да и ти- малку похрабро...шетај, иди на работа весела, дотерана, намирисана....знам дека глупо звучи-ама мора така...најди нешто што ќе ти причинува среќа...и тогаш ќе дојде вистинскиот...

    а овие наши биле грешки...

    господ не сакал, ни дал нова шанса, за нов почеток...

    п.с. жими мајка знам дека нова реченица почнува со голема буква :lol:
     
    На Lili.lili, Forko и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Темава ја читам од самиот почеток. Браво за храброста и одлучноста :clap: Знам дека не е лесно да се почне нов почеток бидејќи и јас го поминав истото.
    После 2 годишна врска дојде време за брак.... Не се изразувам погрешно... Не беше тоа никакво запросување, никаков договор туку ајде така да кажам дојде време за брак. Секоја наша кавга завршуваше со тоа како јас него не го сакам, како да сум го сакала ќе сме се земале, ќе сме имале деца... И во целото тоа инсистирање на брак јас веќе пукнав и се согласив. Главната проблем мене ми беше каде ќе живееме. Двајцата од помали градови, јас студент (привремено работев ) тој на работа во Скопје. Најпрво беше муабетот дека ќе купи стан, ќе бидеме тука, ама со тек на време си кажа дека нема намера да заминува од дома и дека ќе патува секој ден до работа (по потреба ќе останува таму), а јас треба да се преселам кај неговите. Јас сеуште невлезена во тој брак немав право на глас... А за тоа колку беше љубоморен несакам ниту да се сеќавам. Знаеше да искоментира и да се налути за секаква ситница. Ако на сето ова додадам дека мајка му е типичен психопатски случај, а он секогаш беше на нејзина страна веќе ви станува јасно каква иднина би имала покрај него.
    Епа за среќа се свестив на време. Сфатив дека не е страшно на 24 год да останам без дечко. Прво му дадов последна шанса да дојде да живее со мене. Издржа неполни 2 недели. Еден од условите беше 1 месец да остане со мене (да се прилагоди на новата дома :) ) Му ги собрав работите, му ги вратив сите вредни работи кои ми ги купил и раскинав. Ми се јавуваше, ме молеше, плачеше, се закануваше, ништо не му успеа да ме врати. За 3 месеци откако раскинавме разбрав дека фатил девојка и решил да се жени. Ни тогаш не се оженил. И раскинал за тоа што не можел да ме преболи и уште се надевал дека ќе сме заедно. Продолжил да се гледа со мои другари на кои им кажал дека ми ја исполнил желбата дека купил стан и дека ако сеуште сакам можам да бидам пак со него.
    После раскинувањето секое делче од душата ме болеше кога ќе помислев на него. Со тек на време сфатив дека тоа било само од навика дека јас совршено добро функционирам без него. За кратко време си најдов убава работа, дипломирав, шетав, се дружев, вежбав. После 3 години од раскинувањето јас пак фатив дечко, за 5 месеци врска ( претходно 8 годишно познанство и 3 год интензивно дружење :) )се верив со него и сега сум пресреќна. Го имам совршениот маж покрај мене. Ја имам љубовта за цел живот. И сега сме под кирија, немаме наш дом, ама тоа не ни е никаква пречка, напротив само причина повеќе да бидеме поистрајни во намерата да си купиме наш. Ниту еднаш не стана збор дека треба да ја напуштам работата и да заминам кај него. Никогаш не сум била толку среќна и заљубена, толку сакана и почитувана. Никој не би ме чувал вака како што ме чува тој. Секој ден му се заблагодарувам на Господ што на време ми ги отвори очите и ми покажа дека и јас треба да бидам среќна.
    Се извинувам за долгиот пост, само сакам да ви покажам дека и вас среќата ве чека некаде и дека овој период што сега го поминувате е тежок но минлив. Јас воопшто не се сеќавам на тој период од животот, зафатена сум со убавините кои ги живеам сега :inlove:
     
    На Shalitra, mims-89, DELFIN-15 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Се извинувам за офтопикот. :$

    Му ветив на другар ми дека ќе пишам нешто, за да не му е досадно на работа утре..
    Еве љубави ;) ,те поздравувам со песната БРЕД ПИТ од Северина :inlove: (купи ми плик ташна)

    Инаку, на тема мојата свадба-се е по старо, само јас сум подобра...
    А да ви кажам и поубава :clap: ..Ми се враќа спокојот.. И среќна сум...
    Дури мислам дека имам и симпатија :$
     
    На Saraa, tessie, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    енци вистина? хехехе :* за тебе. и јас искрено праќам погледи кон еден :$ убав ми е... денес дури и ми се насмевна здраво ми рече... многу е убав... иначе не се враќам кај бившиот, тоа што го пишував во момент на лудило и депресија ама еве од вчера имам нов симпатија и јас како тебе така да имам на кого да мислам :lol: душа е...
    те гушкам енци :* ајде има среќа и за нас... Бог за друг не чува :angel:
     
    На encimenci и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  8. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш што е најдобро за тебе :)
     
  9. emma79

    emma79 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Ја читам темава од почеток.Незнам што толку се дава подршка на девојкиве.Јас ги гледам како недозреани деца,кои не ја сваќаат сериозноста на бракот, ниту пак значењето на дадениот збор дека се ветуваш на некој.
    Ај,разбирам-да се премислиш.Се се случува,ама да дојдеш до свадба и да оставиш човек со кој си планирала иднина,туку така..И сега-симпатии имаат..Симпатии во градинка..
    Господ нека им е на помош.
     
  10. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    ^
    Подобро навреме да се откажат иако дошло до свадба отколку потоа цел живот да бидат несреќни и да се каат за тоа што го направиле.
    Па и да си имаат сипматии сега не е ништо чудно нели? Животот оди понатаму, не може тие цел живот да останат сами...
    А мислиш дека ќе беше подобро да направеа свадба, да имаат деца па по 1-2години да се разведат?


    encimenci и Stefaani ви се чудам на храброста што ја иамте. Бравос :)
    Ако денес сте си ја откажале свадбата не значи дека цел живот ќе бидете сами. Сигурно некој друг ве чека :*
     
    На encimenci и midnight.flower им се допаѓа ова.
  11. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    емма недај боже да му се случи вакво нешто на некој... не можиш да сватиш зошто не си осетила на своја кожа и недај боже да осетиш. не сме недозреани деца... еве конкретно за мене...
    јас го знам значењето на дадениот збор ама друг не го знаеше... јас 3 месеци бев само побарана за жена неговите ги немаше за живи а насекаде трубеа за тоа како го ожениле синот. не дојдоа да разговараат со моите како што е редот туку си игравме расипан телефон.... сега ти кажи му дома вака па после јас вака... ние 3 месеци се караме и расправаме а тие не приметија и сега кога дознаа прво рекоа „како бе сите роднини знаат“ не ни прашаа што? како? зошто?... три месеци ги немаше буквално а слушав во мај ќе правевме свадба.... на 11 мај на нерезервирано :!: и тоа по желба на сестра му во кристал палас. се се спрема а мене никој да ме праша. на вереникот мозокот му беше испран не на 90 туку на 180 степени. :x не можам да пишувам веќе се нервирам.
    а тоа дека имам симпатија... знам смешно звучи ама искрено се радувам како мало дете.... јас сеуште го сакам дечко ми и знам дека ќе се омажам ќе се ожени и тој ќе имаме и деца но сепак ќе носиме рана во срцето. никогаш нема да го заборавиме ова низ кое поминавме... сакам само да уживам сега... и уживам колку што можам.. си имам и симпатии, ме задеваат машки.. интересно е... веќе не е она секојдневие да станиш да се слушниш со дечко знајш дека после треба да излезиш... сега чекаш да се појави да го видиш... или можеби потсвесно си бараме нешто што ќе ни ги отргни мислите...
     
    На encimenci, 17mart и midnight.flower им се допаѓа ова.
  12. emma79

    emma79 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Каде е тука храброста? Се премислиле, откажуваат свадба.Голема работа.Недозреани деца,незнаат што сакаат.Раскинуваат,па пијат лекови.Тоа е голема работа-бракот.Затоа пред да кажете ДА на новите симпатии-размислете.
    Храбро-НЕ. Зрело-НЕ.

    Трагикомично-ДА.
     
  13. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    уствари те читам во твоите постови и имаш едно големо браво :clap:
    можеби и мене да ме подржеше вереникот како тебе сопругот сега ќе бевме заедно ама ја немаат сите твојата среќа... и блазе тебе што те сака свекрвата и покрај се... ама јас бев понижувана од првиот ден кога се запознавме и сега сваќам дека сум била будала што сум имала почит кон нив а не заслужиле само сепак така сум воспитана... јас искрено во нашата врска нити еднаш не сум пиела кафе со нив не па ручек да ми направи... и не очекував дека таа ќе ми ги чува децата или ќе можам да се потпрам на неа за нешто бидејќи таа своите деца не си ги гледала не па моите... сепак треба нозе да и бакниш на свекрва ти...
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  14. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Јас лично мислам дека од недозреано дете, со мојата одлука за крај -созреав.. :)

    И горда сум на себе....
    И, да, мислам дека Стефи и јас, и сите останати кои се решиле на вака голем чекор во животот се храбри...
    И симпатија си имам...И му се радувам ко дете на киндер јајце :lol:
     
    На 17mart, femina90, midnight.flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Јас пак за темава. Мислам дека сите сме способни да осудуваме некој друг, а не сме ни приближно биле во неговата кожа. Јас не ги осудувам девојките што си ја откажуваат свадбата, од проста причина што тие самите си знаат што е најдобро за нив. И може човек да се предомисли за се. Можеби ја откажуваат од една можеби едноставна причина, ама најбитна од сите НЕ ГО САКААТ ПОВЕЌЕ. Јас не би можела да се замислам целиот живот да легнувам до некој за кој немам чувства. Љубовта може да дојде и да си отиде, нема ништо страшно тука. И ако убаво е да се има нова љубов, па макар и како то ја викаат симпатија, ти го лечи срцето, ти го зголемува егото, ти дава среќа на моменти. Не сме сите исто и немаме сите низ истото поминато. Само треба да сме одлучни во тоа што сакаме да (не) го правиме.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Искрено ги читтав и твоите постови во темата Свекрви и снаи-проблеми...и знаеш што заклучив...дека немаш почит спрема никој а не па особено кон девојки кој направиле премногу тежок чекор во својот живот и кој решиле дека неможат својот кревет цел живот да го делат со човек кој не ги цени и почитува....Недај боже да му се деси на некој тоа да си ја откаже својата свадба па ќе видиш како ќе реагираш....јас просто незнам како твојот маж те трпи...значи јас немам сјајни односи со мојата свеки ама кога сум јадела кај неа сум миела садови, сум кревала сум местела....тоа е се знак почитување.....Овие девојки кои тука нашата подршка им е капка во морето сепак продолжуваат повредени понатаму во животот ЧИЈА ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ Е ДА НАЈДАТ НЕКОЈ КОЈ ЌЕ ГИ САКА И ПОЧИТУВА......а секој наш збор може да им биде потпора која ќе залечи мал ден од нивните рани....затоа не треба да ја осудуваш нивната одлука бидејќи тоа бил единствениот чекор кој можеле да го направат а за тоа треба верувам преголема храброст што не верувам дека ти ја имаш!!!!!! (значи тотално сум разочарана и премногу изнервирана!) :!: :!:
     
    На encimenci и Ethrnity им се допаѓа ова.
  17. emma79

    emma79 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12

    И тука гледам ме нападнавте.Еве,можеби грешам.Девојката имала закажана свадба во април,се верила за искомплексиран,завидлив тип,кој многу го сака.Е сега,видела многу проблеми и се повлекла.Енци менци, со време си изреагирала,ама пак ќе кажам-не ми е храбро-туку кукавички.Си се повлекла на првата пречка.
    Ти посакувам среќа и сигурност следниот пат кога ќе се ветиш на љубов со некого.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па и тоа е муабетот бре девојките се сетиле и увиделе на време дека не е то то и покрај тоа што се вериле и што му било и на 2јцата дадено шанси да се сменат а тие си продолжиле по свое наместо да се заозбилат дека ќе влезат во брак,и што треба некој нив цел жиот да ги трпи и да ги слуша? па ако си доволно маж стани мрдниго тој газот испотиго и стработи нешто извади пари а не да кукаш и да завидваш на други девојките баш размислиле и баш се зрели со овај потег ако ти си подготвена некој да го трпиш по секоја цена другите не се...
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.164
    Од каде знаеш дека била прва пречка? Па и да е првата, како на ова гледаш како на пречка? Мислам, сериозно е голема работа вереникот да ти е идиот. Као...не знам дали знаеш,ама... со него би требало да го поминува животот.
    Не,кукавички ќе било да се помири и едноставно да се омажи за него. Најголемата глупост е помислата дека бракот и децата ќе го променат или дека ете така и сам ќе се промени со текот на времето.
    А како мислиш тоа кукавички? Откажување на свадба бога ми е голема и храбра работа и мошне луциден потег кога ќе си ги видиш своите позиции и желба да бараш повеќе од животот.

    Сешто...Мене ми личи како ти да си даваш себе си некои си утехи,ама тоа е твоја работа. Луѓето грешат во изборите,ама имаат време да се корегираат и тоа е ЗРЕЛО,а не трагикомично. И по твојата логика,што не си останала кај сверквата во куќа да си се избориш храбро,ами кукавички си си заминала...
     
    На hermosa, TashSefton, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    More uzivajte devojki, ste pogreshile, navreme ste si ja uvidele greskata i mnogu mudro si probuvate hrabro da si ja popravite. Site koj inaku vi velat, zargonski izrazeno pojma nemaat od zivotot. Koj e eden i nereverzibilen barem ne naucno i vo ist oblik, i zatoa umno treba da se prozivee. A brak so pogresen covek sigurno e se, samo ne umno. Zatoa hrabri devojki, vie i te kako ste toa vo ova nase opkruzuvanje, nasmevka na lice i napred. Ako vi treba potvrda za vasata postapka, ja imate mojata celosna podrska. Ne se preispituvajte, ako custvuvate olesnuvanje, sloboda.. sigurno ne greshite vo odlukata.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.