А поентата на твојов цинизам што е ? По мислењава се гледа колку ти е паметот па уште стигна да судиш и цинични прашања да поставуваш на некој што искрено си кажал и споделил мака на темава. Девојкиве се 10 пати подобри луге од тебе иако се однесуваат "несозреано" според твоите зборови. Ако немаш нешто паметно да кажеш,премолчи. На погрешен начин се истакнуваш.
навистина кој ти е твојот проблем па мора секого да критикуваш?? Или ти се каеш што не си откажала свадба на време па сега трпиш се и сешто во твојот брак. Дај те молам олабави малку. Ако немаш нешто паметно да кажеш подобро молчи. И да имаат нови симпатии што ни е на нас гајле. Нивни живот, дај боже уште утре да си најдат некој кој ќе ги заслужува и ќе ги цени.
Ја читам темава од почеток и сакам да им кажам на девојките едно големо браво за храброста. Не е лесно да си ја откажеш свадбата, ама подобро тоа отколку потоа да се разведуваш.
Во овие тешки моменти добро е што нашле нешто (некој) што ќе им ги оттргне мислите. Само на таков начин полесно ќе продолжат со животот. Нема ништо неморално во тоа да имаат симпатии.
Се надевам искрено дека си нашле симпатии Заслужуваат да бидат среќни, особено по се она што им се има случено После секој тунел има светло, немојте да се разочарувате Поздрав до енцименци и стефи
тука сме емма не се секирај. стварно си премногу цинична со твоите коментари али до мене не допираат. иначе не нема на темава бидејќи со енци си се дружиме приватно со симпатиите не се фативме ако има нешто такво ќе ти кажеме. иначе сношти се видовме со бившиот излеговме на кафе и цигара в парк. разговаравме како возрасни луѓе.. да имав срце ќе ми се скршеше на 1000000 парчина ама јас немам срце кај него ми остана ме гушна за последен пат и посакав.... нема врска нов ден денес емма
Можам да замислам како ти било, ама подобро што си ја откажала свадбата отколку да се земаш па разведуваш...Остави малку да се изладат работите, сега бившиот сигурно ќе сака да те премисли, дури и по малку може и да ти глуми, ама остани цврста на своето мислење, додека не се средат работите што ти пречат не превземај ништо. Точно е дека не се мажиш само за маж ти туку со целата негова фамилија. Додека не си ги средат семејните односи, или барем вие двајца да тргнете по сопствен пат, не превземај ништо. Дури и да решиш да се смирите, свадба се прави за еден ден. Тоа е најмал проблем. Ич да не се секирате, и нека не ве гризе совест за направениот чекор. Поздрав и со среќичка.
а ти фалиме? добри сме и двете, не не мисли чим си фатам дечко лп добиваш, ветувам. држи ми среќа,да е некој налик маж ти, па да ја карам мајка му
Море не да си фатите, туку десет да ги смените додека не си го најдете тој што ви одговара. И глејте ги и роднините (пст, за да немате лоши меѓучовечки односи како некои жени). Ема, колку и да си ти храбра во твојот живот, да бидеме искрени - не може да си многу среќен со такви односи во куќата.
Сега, скоро два месеци после моето будење ,гледам дека уствари сите проблеми сама сум си ги создала затоа што мислев дека треба сите да ме сакаат од кај него-... Добро де, и он дека беше дете мало мамино И така се однесував...Ко подлизурко некој, жими се... Порано им се смеев на другарките што купуваат поклон за 8 март на мајката од дечкото--а (срам ми е да кажам) ни јас не бев подобра Како е можно девојка на мои години толку да е глупа, сама си се чудам.. И баш ко што ја читав нена сега у свекрви,снаи...Повеќе бев тамо отколку дома, кога му бев девојка... Алоооо енци, нели за многу паметна се сметаш... Како и да е...Помина..Памет у глава за друг пат... Голем поздрав до ема, и не , немам дечко, ама малку по малку преболувам... Поздрав и до другар ми( дека ме чита) , може ќе свати дека- сериозно он ми е симпатија
Енцименци, ти не си откажа свадба, ти избра да си живееш живот за себе, не некој да ти го диктира или полошо, да ти го огорчува. Успех е тоа, не пораз да се надминува. И продолжи така. Не се срамувај. Тоа што мислиш дека ти годи не го пропуштај, грабај ако ти е на дофат, викај симпатијата на кафе. Да дека сакаш на него да му текне прво, ама може ти треба да го потсетиш што он сака
Незнам зошто се чудите..па сигурно дека ќе си бркаат симпатии и бараат нова љубов..освен ако не планираат да се замонашат... Со тоа што ја откажале свадбата поради некоја амеба без три грама мозок,кој за секоја одлука прво се консултира и бара амин од мама/тато и чека тие да му кажат како да се однесува и постапува со вереницата/сопругата единствено логично решение е тоа и го покажува степенот на не(зрелоост) за стапување во брак. Можеби ќе звучи како излитена фраза но,тие не се откажале од љубовта туку од човекот кој не знае да сака,цени и почитува.Најбитно е да веруваат во себе и да не се откажуваат,кој бара ќе си најде... Јас како што имам кажано две недели пред свадбата сакав да се спакувам и заминам..една од главните причини беше таа што неговите сами без прашање и да се консултираат со мене си ја испланираа свадбата.Јас како да не постоев...ајде да побараме сала а,не тоа е работа на татко ми...зошто така..па мама и тато така кажаа да биде...зошто ова ..молк..Епа така повеќе не оди !!!Па уште на крај ми вели свекорот ако имаш проблем со него мене да ми кажеш а,овој ќути и дреми ко теле...тато зборува Абе да незнае човек дали да плаче или да се смее и тој после ќе гледа жена и деца...офф мори мајко.
Ајде и јас да пишам една случка овде, можеби ќе послужи за мала утеха. Моја познаничка така да ја наречам, одеа со дечко и 3 години и планираа свадба, се имаа верено предходно, живееа заедно, се се уште само документот фалеше. Ја закажаа свадбата, арно ама на неа и испадна да оди нешто од работа во Австрија на 9 месеци и мораше да оди затоа што оддамна аплицираше за тоа и сега и испадна шанса, и се договорија да ја откажат свадбата и да ја прават кога ќе се врати. Се ќе беше убаво, ако она не отркиеше дека додека била таму он се допишувал со некоја (незнам ни јас што точно било) и ја откажаа свадбата. Сега и двајцата си се во брак, он си има синче, она ќеркичка и среќни се. Не е баш иста ситуација, но сепак како и да е ова не е лесна одлука. Само верувајте дека сте го направиле најдоброто за себе, и никогаш незнаете што судбината ви крои
Jas vo momentov se custvuvam vaka ... i ne znam so da pravam . Se veriv so deckoto no dva meseci otkako sum kaj nego celoto vreme se karame ..
Колку време бевте во врска? За што најчесто ви се кавгите? Размисли убаво пред да донесеш некоја одлука. На почетокот сите сме имале раправии. Не е исто во врска и во брак. Во бракот има повеќе обврски, куќа, работа, сметки...па ако се тука и свекорот и свекрвата да се мешаат ќе биде уште полошо. Седнете разговарајте како возрасни луѓе. Еден искрен и отворен муабет може многу да помогне.
Подршка и од мене, и големо браво за храброста. Вака треба сите да размислуваме. Подобро со време, проблемите после се само полоши и поголеми. Нормално е дека е тешко. И вероватно ќе трае не е мала работа да откажеш свадба. Можам да ги замислам притисоците.