1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал во Брисел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 22 септември 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Мегаскандал во Брисел
    Брисел – „Шок“ и „настан без преседан во Европскиот парламент“, беа двете реакции вчера во Брисел по инцидентот со тројцата македонски новинари, Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ, кои сакаа да земат збор пред да почне дебатата за состојбата во медиумите во Македонија. Инцидентот се случи уште пред официјално да почне расправата за медиумите и откако тројцата новинари не сакаа да престанат да зборуваат, германскиот европратеник Јоргос Шацимакакис ги отстрани од салата.

    Бидејќи сите тројца зборуваа во еден глас, не се ни разбра што точно сакаа да кажат, но јасно одекнаа навредите на сметка на европарламентарците, на ЕУ, на сметка на колегите новинари и особено на сметка на групата на либералдемократите АЛДЕ која го организираше настанот, по што Шацимаркакис надвор во холот им одврати на грчки со погрдниот збор „малака“.

    „АЛДЕ се Талибанци, вие ја преставувате европската бирократија, сте поканиле таканаречени новинари да зборуваат, тие се лобисти и НВО активисти“, беше дел од изјавите на тројцата македонски новинари. Тие протстираа дека не ќе можат да зборуваат, иако организаторите уште на почетокот им најавија дека секој што е присутен ќе има можност да се искаже.

    Реакцијата на Шацимаркакис не беше соодветна на моментот и повеќе евроарламентарци изјавија дека ако веќе требало да бидат отстранети новинарите од салата, тоа требало да го направи обезбедувањето, а не германскиот пратеник.

    „Јас сум шокиран зашто не сум навикнат на ова што се случи. Во секој парламент ако некој вика наместо да слуша и се однесува спротивно на правилата, ќе биде отстранет“, го правдаше Шацимаркакис својот гест. И тој и Јелко Кацин најавија дека еврокомесарот Штефан Филе ќе биде информиран за овој инцидент и дека тоа морало да се најде во извештајот за прогресот на Македонија наредниот месец.

    http://www.youtube.com/watch?v=S4qUJLnf ... r_embedded


    Извор - Утрински весник



    Велиновска: Целта ни беше да направиме скандал

    Ние решивме, бидејќи таква е ситуацијата и сценариото, да ја растуриме дебатата за состојбите во медиумите во Македонија, така што ќе направиме скандал, со оглед на тоа дека оваа панел дискусија беше демонстрација на едноумие и евроболшевизам. Ова го изјави новинарката Мирка Велиновска по вчерашниот скандал во Европскиот парламент во Брисел со нејзините колеги Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ, од една страна, и европратеникот Јоргос Шацирмакакис, од друга страна, со што ги откри намерите на тројцата новинари за посетата на европската престолнина.

    Неделковски нападна дека новинарите кои беа дел од говорниците на оваа дискусија, меѓу кои беа Борјан Јовановски, Билјана Секуловска, Тања Милевска, се предавници, чија задача, според него, била да кажат се најлошо за државава, за да добие лош извештај на Европската комисија во делот на медиумите. Нонковиќ, пак, застана во одбрана на неговата колешка Велиновска, која, како што кажа, е постара госпоѓа, а нив Шацирмакакис грубо ги оттурнал од вратата. Токму тие двајца, како што може да се види од видеоснимките, беа најбучни во салата каде што се одржуваше дискусијата, по што европратеникот експресно ги исфрли.
    Извор - time.mk

    Па што мислите за ова? И какви последици ќе и доонесе ова на Македонија?
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Го гледав ова вчера на вестите и нивните изјави и дури беа госи во емисијана Јади бурек, ќе кажам само на кратко-Катастрофа! Се убацуваат таму неповикани, и ок и ги примаат иаку немале покана, и уште невредеи зашто они први да не збореле и не сакале да ги слушаат Борјан и Секуловска, па и се расправаат и ги нарекуаат таму сите а меѓу кои беше и Фуере талибанци, недмократи и што уште не. Прво е срамоте за нив, трвдат и се докажуваат дека се новинари од висок калибар а отишле таму да се рапсраваат како бабине на панаѓур! Негативно покажува и за нашата држава, бидејќи сакале неќеле тие не преставуваат нас и нашата држава. така не се искажува јавно мислење со нареди и говор на омраза! Ги срамат сите новинари во Македонија, бидејќи тие трвдат дека се најреномирани со најоголемо искуство, итн, итн.

    п.с Јасни и гласно си ја кажале намерата, да направат скандал и да пропадне дебатата,бидејќи на некој не му се допаѓа тоа што другите новинари имале да го кажат. Ова е мн добро скроен план однапед! Така не се гради независно новинасртво и слобода на говор, со тоа да се прекинува гази и укинува секој кој размислува различно и има различни ставови! Не се задоволија што ја уништија А1 засекогаш сега и ова им беше кусур :@ браво драги новинари ме одушевивте од простотилук и продаденост!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Ваљда тие новинари таму се повикани со некој критериум,а не накалемени од сдсм. Ако сдсм и тн соросоиди се толку способни,што такво бараме со владеачкава партија чии претставници се угнетениве души?!Ехеее,штом така,брзо ќе влеземе у еу бе,какво име,какви глупости. Јас мислам дека повеќе од половина јавност не ни разбра за што точно се работи,откако овие издраматизираа во крајност.
    Сепак,на крајот,после се,ми се гади од Секуловска и слични,така што сум сосем неутрална,но во случајов,Миленко сеуште е грд и одвратен,забраден,неизмиен лик кој не е ни новинар по професија,ами пештерец.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^ миленко беше спортски коментатор и кометираше формула 1 :@ Не само што не го бива за ова, ни како коментатор беше КАТАСТРОфА! извинете за офф
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    За третиот не знам, ама за двајцата значи и Мирка ја сврстувам во машки пол можам да кажам дека се само подвижни фрустрации и комплекси собрани во тело. Колку беа смешни и се бламираа после тоа кај оној крмакон Јанко, се изнајадоа бурек упс г**на за цел живот! :geek: Така да не се запотресувам јас за нив и од Белана куќа да ги избркаат ... Очајни се ;(
     
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Апсолутно не ги подржувам Борјан Биљана и останатата компанија. Си ја продаваат државата..Срамота !
     
    На OzzyAngel, LittleDevil и angelce1 им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Дали Борјан, Билјана и компанијата го направија скандалот?
    Или пак Мирка, Миленко и нивната компанија, испратени секако од некого токму за таа цел.
    И какви последици ќе трпат нашите заложби за евроинтеграција после овие глупости кои квазиновинарите Мирка, Миленко и Бобан ги приредија во сред Брисел и ни помалку ни повеќе туку во Европскиот парламент?
    Епа не прикажаа во реално светло де, таква ни е државата, таква ни е реалноста. Ќе сакаш да кажеш нешто против власта и ќе почнат да скокаат ова квазиновинарчињата и провладини полтрончиња да прават скандали, да ја извртуваат реалноста, и на крајот демек жртви испаѓаат. Срамота за тројцата што се нарекуваат новинари, нека си ги скријат главите и нека молчат веќе, доста штета и направија на државава.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Добро да не се лажеме едните се од страната на владата..другите новинари се од страната на опозицијата.Но зошто само едниот табор бесе повикан во Брисел....па токму тие новинари сакаа да ја прикажат македонија во најлошо светло демек немало демократија а јас мислам дека во мк има мн повеќе од демократија да не е така на нив нема да им беше дозволено да отидат во Брисел..се продадоа за пари за да си ја наклеветат државата..Брука
     
    На Abeja и LittleDevil им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Едните новинари биле повикани или пак си се пријавиле да присуствуваат на панел дискусијата. А другиве ниту повикани, ниту пријавени, отишле да прават скандал. Зашто? Со која цел? што сакале да скријат или подобро кого сакале да замолчат? И како тоа пишуваш дека едните отишле да ја оцрнат Македонија? Отишле можеби да ја оцрнатг владата, за што имаат апсолутно право како било кој граѓанин ако чувствува дека му се повредени правата, ама владата и државата не се едно исто иако некој сакаат тоа така да го претстават. И ај ги примиле, им кажале дека ќе им дадат збор на крајот од дискусијата, ама не бре, тие не дошле за да дискутираат, дошле да прават скандал, кој за жал неуспешно им помина и стави црна точка на нешите евроинтеграции.
     
  10. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Антанатата VS Оската, Хитлер VS Сталин, Станлио VS Онлио, Сител VS А1 :D Војната меѓу новинарите си беше објавена многу пред да се случи аферата Рамковски со неговите љубовници Биљана, Борјан и Чомчета, или пред Латас да стане преродбеник на македонската новинарска мисла, со Волчица во скутот, а Мирка и Миленко етикетирани како единствените промакедонски медиумски структури. Новинарската ерозија на морал и квалитет се случуваше 20 години наназад, а на неа најмногу влијаеа бизнис инвестициите и партиските фингирања на секоја изборна кампања. Така наместо новинари се создадоа македонски телевизиски војничиња што си ги остреа моливите и зборовите секогаш кога требаше да се излезе и да се гласа или да се поведе општествена хајка врз некој "идеолошки" непожелен лик. Затоа сметам дека новинарите исчезнаа! сега е време на медиумски војничиња, "народни посланици" за човековите права VS "владини посланици" за државните интереси, и двете завојувани страни пратени со мисија и цел од структурите што ги плаќаат. Јас не би ги пуштила да се вратат назад во Македонија ни едните ни другите ЗАТВОРЕТЕ ГИ ГРАНИЦИТЕ, едвај ги избркавме надвор.
    Сега да ви пренесам една носталгична емоција: Кога се учев да размислувам аналитички и критички во едно друго време, постоеја списанија неделни и месечни што се занимаваа со анализа на политички и економски настани, процеси и визии, во нив пишуваа новинари дипломирани на високи новинарски школи и универзитети во Белград, Загреб, Лондон, Париз итн. Да се изгради новинарско реноме требаше да пројдеш 300 критичари, да бидеш континуирано неспорен и издржан во ставовите и да пишуваш едно 10 години без престан за некое реномирано списание, а притоа да бидеш високо морално и етички поткован.
    Е сега такви новинари нема и нормално нема ни списанија на кирилица што ќе ме воодушеват, ниту вести што ќе сакам да ги гледам.
    Меѓутоа.... не е тоа што ме прави тажна. Ај ги трпевме и едните и другите со нивните отпадоци од некакви си новинарски стории. Тажна сум поради друга штета што ни ја направија, направија меѓународен МЕГА скандал, а поради нивниот простотилак ЕУ структурите македонскиот народ ќе го етикетираат како неартикулирани дивјаци. Но :!: .....сепак успеаја во едно нешто...натераа еден грчки педер јавно да се произјасни што е по сексуална ориентација.
    Затоа имам еден конструктивен предлог - Дај да ги собереме нашиве новинарчиња во еден брод па да ги испратиме на некое островче на Карибите на заслужен одмор, нека уживаат таму, со СЕ на државна сметка, НО без можност да се вратат назад едно 20 години, а за се изедено и испиено македонскиот народ ќе плати. Верувајте тоа е поевтина цена него уште да ги држиме тука по телевизиите. Дајте нови деца, кај сте бре новинари ЈАВЕТЕ СЕ.
     
    На zhap4e, OzzyAngel, Theodora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Се срамам од скандали како овој. Не знам како можеме ние како држава ова да се случи и вака да се брукаме пред светот. Не навлегувам детално во проблемот, само мое мислење е дека не требаа протераните да бидат истерани. И тие имаа нешто за кажување, кое на првите не им одговараше очигледно.
     
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Значи си има критериум кои новинари ќе бидат таму,а не таму некој квази новинари сами да си се покануваат.
    Дали им одговара на првите ил не,небитно зошто не ги избркал Борјан нив.
    Непоканет на свадба не се оди.

    Само да не обрукаат значи,ко за некои Талибанци не мислат тие таму. |(
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Борјан и фамилијата биле викнати од Брисел за да го оцрнат новинарството во Македонија. Од каде бе Биљана, Борјан толку блиски со овие од Брисел, пак уште се дрзнале да речат "балкански синдром" за Миленко, Мирка... Што се бе тие? Освен секако, предавници на својата држава?
    Сега, не викам дека морало до толку Мирка, Миленко да прават скандали, НО, биле во право што биле во Брисел, бидејќи во Македонија не е се така црно. Се покажа и Велија, и А1, се е јасно веќе.

    Да бев на место од Груевски, ќе им земев државјанство, пасош. Е тек тогаш ќе видевме што ќе се случеше. Баш тогаш ќе беше навистина диктатура.
     
    На angelce1, starbucks и Stam им се допаѓа ова.
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Kojа демократија ти ја гледаш во нашата држава, да не смееш да писнеш против владата, јас сум сведок како полицијата казнува доколку кажеш збор против Вмро и тоа е демократија, абе ајде!

    еве сега се спремаат и Алфа да ја затворат, зашто? што објаснување овој пат ќе дадат?
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Колку и да сме поделени партиски или незнам више како во нашава државичка, не смееме да бидеме поделени за вакви работи. Не ми се веруваше кога видов како се потсмеваат Борјан и компанија кога гркот ги вреѓаше Миленко, Мирка и овој третиов. И да прашам ако некој знае а зошто беа поканети новинари само од страната на опозицијата??? Ако веќе беше одлучено да ја претстават сликата во Македонија трабаше да бидат повикани новинари од двете страни. И не ми се верува што читам и дека постои некој кој ги брани Борјан и Билјана?? :fubar: :fubar: :fubar:
     
    На angelce1, starbucks и LittleDevil им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Што збориш??? :o :tmi:
    Ја па се чудам како има некој кој ги брани дебе(и)лине квази новинари?!
    Повикани биле за да ја објаснат диктатурата која раководи со новинарството тука. Ти не знаеше за ова? :^)

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Па, барем тие "квази" новинари не си ја продадоа својата држава бе. Нема што да се дискутира на темава, навистина не сфаќам што полза има. И да, имаат поддржувачи Миленко, Мирка и Бобан. Затоа што се во право. Затоа што сакаат да прикажат Македонија во вистинско светло. И новинарството. Сите убаво знаеме зошто А1 беше затворена, и сите ги знаеме БИЛЈАНА И БОРЈАН.
    Во Македонија не постои ДИКТАТУРА. Во Македонија постои власт која работи СО МОЗОК ;)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Па и ја покажаа Македонија баш во вистинско светло. Не покажаа како крајно некултурна нација која нема почитување, не спрема европски пратеници или што ти знам ја таму, туку како нација која нема почитување кон ниту една европска институција, а упорно сака да влезе и да биде дел од тие институции.
    Покажаа некултура, нецивилизираност и простотилак невиден. И извинете ме, ама јас не сакам вакви некултурни луѓе да одат и да ми ја брукаат државата низ Европа. Добро е што веќе и европејците ги научија, знаат и тие веќе чие масло е ова, така да оваа власт си доби уште еден голем минус од Европа, а заедно со нив и ние се оддалечивме уште еден чекор наназад од евроинтеграциите.
    А за демократија воопшто не ни зборувајте, зошто само луд човек ќе ви поверува дека во Македонија има демократија.
     
    На julie77 и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.977
    Допаѓања:
    233.214
    Зар вие упорно верувате дека сите што се против оваа влада си ја продаваат државата. Ако си против одредена власт не значи дека не си ја сакаш државата.
    Добра му е политиката на Грујо, нема што. Го подели народот, го раскара, за он да владее.
    Јас сум против оваа власт, ама не сум против државата. И мене да ме прашат како е во Македонија и јас ќе си кажам како е. Демократија 0, слобода на говор 0. Или си со нас или се знае каде ќе завршеш. Нема ништо тајно овде.
    И јас не сум предавник.
    Ми се смачи од оваа сценарио веќе.
    Предавници и патриоти!
    Аман веќе!
     
    На crazylady, interesna, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    А каде прочита дека ги бранам?? :fubar:
    Ама пак подобро е да не мислат за дивјаци одколку како продадени души што успешно го презентираа Борјан и компанија :rock:
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.