1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал во Брисел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 22 септември 2011.

  1. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Прочитав некои коментари од типот: Ова не е диктатура, оваа Власт работи со памет! а претходно од истата личност: Земете им ги пасошите и државјанствата на Билјана и Борјан па да видат што е диктатура!
    Морам да кажам дека БАШ вакви поборници за демократија и следбеници на моменталната власт се причина за конфузијата и хаосот меѓу просечниот граѓанин кој нема време да навлага во висока политика. НАПОМЕНА: Правото на државјанство се стекнува со раѓање, а може да биде одземено само во диктатура (освен во посебни сличаи на пр.ако тој што се брка од државата работел по антидржавни интереси).
    Е тука е моментот - Кога го затвараа Велија, дали за новинарите на А1 се поведе постапка дека работеле против државата, НЕ! А знаеме и зошто, е сега што се криви за остварување на наредби, ситни лични интереси и интереси на нивниот газда, дури и прикривање на криминал....тоа е сосем друга судска постапка. Епа јас тука не гледам што мајка бараат и Мирка и Миленко у целиов муабет, освен ако не се пратени со намера? :D
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    да да и го удриле меракот само чекаме сценарио, можбеи нема да ја затворат, но на алфа кажале дека добиле еден куп закани бидјеќи емитувала интервју со Бранко Црвенковски, односно дозволиле истот да ја критикува владата.
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    За Биљана Секулоска никој нема да ми го смени мислењето дека е продадена душа, а богами и новинар. Со свои очи ја гледав каков однос има со Филип Рикер. Овој иде кај неа да се поздрави, таа му го подава лицето да се бакнат. И тоа за вас е професионален однос??? Кој знае што прават по приватни журки :x
    А медиумот е најдобар канал перку кој се врши пропаганда. Значи што оваа ќе пласира на вести, баба ми во село, во тоа ќе верува. А тоа што се платени да работат против интересите на државава е друга работа. Па ако се сите рамноправни во Брисел, ќе ми го објасни некој третманот што Биљана го имаше таму? Очигледно е дека нив таму со Борјан некој ги штити и ги форсира. Вистината ваква или онаква, треба да се разгледа од двете страни.
    Кај мене лично Брисел го изгуби кредибилитетот што го имаше. Ни бараат демократија овде, а не ја даваат таму. Човек веќе да не знае во што да верува. :swear:
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски

    Хаха, а личноста која тоа го кажала, рече, ДА БЕВ ЈАС НА МЕСТО ОД ГРУЕВСКИ. А не...
    Навистина конфузно. Да да :?:
    Се дешаваат збунки, знам :)
    Едно е јас што би направила, а друго што ГРУЕВСКИ мисли да направи :)
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Цццц, Господе прости им, не знаат што прават!!? :tmi: :fubar: Под хитно цела фамилија и цела детска градинка(жими ти влада) на психијатар! Не, не тешки фрустрации се во прашање. Го чекам денот кога Македонија конечно ќе прогледа бел ден без вакви мизерни и фрустрирани будали!смајлиштосемолиикрсти
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Повеќе од јасно е дека настанот т. е скандалот да го наречам така се исполитизира до бескрај. А многу повеќе од јасно е дека таму така функционира системот, ако брале не си повикан и на едно кафе лепо фино чао, пријатно. Си има принципи и стандарди како функционира тоа тело а на кого не му е јасно нема да му се разјасни па и газечки да зачекориме во ЕУ.
    Сето останато е чиста фарса кој кому што рекол и што направил.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Груевски нe го дели народот, народот е одамна поделен, односно порано беше само од една страна од кај Бранко а сега поголемата половина премина кај Грујо и на тие од кај Бранко не им одговара ова, нормално.
    Темава ја отворивте со цел повторно партиски да се препукувате, па добро бе не ли ви е доста? Не ви се смачи постојано да го браните бц а да го напаѓате другиот и обратно од другата страна. Што ќе постигнете со тоа? Од вселената се гледа дека има две завојувани групи на форумов и упорно и упорно се докажувате. Нема да се промени тоа, едни ќе бидат од кај опозиција други од кај позиција.
    Европа сака да не збрише како народ, не за џабе е овој притисок со името. Целта им беше покрај се до сега и преку овие т.н. новинари Биљана,Борјан и останатите да ја оцрнат Владата, значи откако не им успејаа предвремените парламентарни избори, не бираат средства да ја оцрнат власта.
    Како тоа велите немало демократија дека ја затвориле А1, па тука се гледа демократијата, се казнува кривичното дело, се отслужува казна. За вас демократија ќе беше Велија да продолжи со криминалот, а1 да продолжи со работа, одредени новинари да добиваат нелогично високи плати а други да немаат платени здравствено и пензиско? Па ако за вас е тоа демократија подобро да нема таква.
    Скандалот бил неизбежен, бидејќи ако не избиел тој скандал уште поголем скандал е да се оцрнува државата. И вака и така е скандал. Но подобро е да се бориш со тие кои сакаат да те оцрнат како држава и како народ отколку за нездрави полтички цели да се правиш мајмун и да ја напаѓаш државата за да уште повеќе ја закочат со спорот со името и тоа поткупен само за туѓи политички цели.
     
    На angelce1, Stam и PeachGirl им се допаѓа ова.
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Читам ДЕМОКРАТИЈА, ДИКТАТУРА...

    Постои една убава изрека во Америка- “Со демократијата, прво се избира, потоа се потчинува, а со диктатурата.. Не се губи време на избори“
    Мислам дека ова доволно кажува.

    Не се лажете дека постои такво нешто- демкратија или во превод ВЛАСТ НА НАРОДОТ.
    Народот- избира! Тоа е се!

    Во врска со скандалот во Брисел, воопшто не сум изненадена, новинари од типот на Мирка и Миленко, кои немаат влакна на јазикот, е сосем нормално да направат вакво нешто. Не е ни прв случај да некоја држава истапи вака со јавен скандал, а сигурно не и последен. Не знам што кревате толкава прашина, кога се ќе се заборави. Џабе “плачете“ по ЕУ кога тоа за нас е сеуште неостварлив сон, ниту пак, да бидам искрена, ми треба ЕУ! Али, да бев сино обоена, и те како ќе кукав дека нема влез во ЕУ за нас.
    Мене повеќе ме боли што оној лигав и некултурен Борјан и неговата колешка Биљана отидоа со цел да го оцрнат цел новинарски систем во Македонија, како тоа да се случува само кај нас, како ние да сме изроди! Зошто Тања се повлече и умно работи во Канал5? Затоа што е вреден новинар, паметно изигра. Нема фајде од бранење на веќе пропадната и во долгови до гуша телевизја, чиј шеф е во затвор.
    Ете и тој сексуално дезориентиран грк јавно употреби погрдни зборови, па дај за него велете КАТАСТРОФА! Дај вреѓајте ги туѓите, не нашите!
     
    На angelce1, Stam и Abeja им се допаѓа ова.
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ццц за срамови, овие таман се си организирале да си кажат дека тука се е од од црно по црно за да повлијаат на наредниот извештај од Европската комисија (Со што би ја одмаздиле А1 :tmi: ) кога другиве им упаднале на забавата велејки дека тука е се розово со нијанси на портокалово :D :D :lol: БРУКИ :fubar:
     
  10. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    хахаха катастрофа...отишле таму бандата па уште и ќе се расправаат.....