1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал во детски камп: Сексуална едукација се претворила во сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Celltica, 28 септември 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Ама 'пораз', немој не ме смеј.
    И не е лошо да си и за себе искрена, кога веќе зборуваш за другите.
    Оти имаш многу приказни слични на моите.
     
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Како што спомнаа претходно родителите веројатно стекнале доверба па не прашувале за тематики. Децата може и да скријат од родителите и намерно да не кажат за што се работи, зошто знам дека има родители што покрај самото спомнување на зборот секс не би им дозволиле на децата да присуствуваат.
     
    На Nikolina35 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Многу од децата, па и возрасни некогаш, не препознаваат насилство.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Родителите биле известени дека ќе има сексуална едукација, слушни го второто аудио.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Да, ама ако ми речат ќе има сексуална едукација, не очекувам дека ќе ги тераат голи да се соблекуваат и да прават печати од половите органи.
    По ни еден параметар, тоа не е сексуална едукација.
     
    На cresa-jagoda, crimson, Celltica и 3 други им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека биле известени за "игрите и активностите", туку дека ќе има сексуална едукација.

    Членката што ја цитирав претпоставува дека родителите биле излажани од децата, односно немале поим дека ќе има било каква сексуална едукација, во спротивно покрај самото спомнување на зборот 'секс' не би им дозволиле.

     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Се сомневам дека лично било разговарано со секој родител.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.133
    Можеби не е предмет на темава, ама кога веќе се дискутира, верувам дека има родители кои не би пуштиле деца на камп со такво име, верувам дека има и такви кои би пуштиле. Нормално не очекуваш сексуализација на детето, ама што би очекувала дека ќе учат на сексуална едукација, 2 дена? Што програми има сексуалната едукација за која вие знаете? Без никакви задни намери е прашањево, стварно не ми е јасно што би можело да биде програма, јер никогаш немам видено таква:?:.
     
    На fana, buba4e89 и Dentina им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Што знам, можеби за consent, сексуално здравје, несакана бременост, ресурси. Хомосексуалност, бисексуалност.
    Немам видено ни јас, ама знам ќерка ми ги носеа од школо во продавница за кондоми, и смешно им беше, но пробуваа да навлечат врз дрвена рамка кондом.
    Не се сеќавам точно колкави беа, еве сега ја прашав 12. Значи секако е утврдено дека сексуално има активни од доста рано во земјава, па ич не ми е дегутантно да одат во специјализирана продавница. Ама да мачкаат полови органи со боја и смрдловци да им ги коментираат градите.
     
    На GirlRose, Celltica и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Те разбрав.
    Сексуална едукација не е ништо страшно.

    Ова што се случувало во кампот е криминал.
    Нема никаква врска со сексуално образование.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Ти сфаќаш дека кога организираш протест секој може да дојде? Не е тоа твоја приватна журка со луѓе кои ти си ги одбрала и им веруваш.
    Трубиш само дека треба да се пријавува, го отече со тоа, а ни ти самата не веруваш дека тоа ќе вроди со плод. Целата си контрадикторна, што само пак доведува до тоа дека пишуваш колку да се најдеш во муабет. Нити самата веруваш во тоа што го пишуваш, нити самата би презела нешто, како протест на пример, иако да, да би можела би организирала. :rofl:

    Туку, има некоја новост со истрагата? Да не се реши веќе случајов?
     
    На fana, Billy Idol, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Сфаќам и кажав дека нема да се потпишам во име на некој што се обидува цело време да ме деградира.
    Просто е многу.
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Зар малку има да се учи за секс? Имаш теорија за полови органи, за секусално преносливи болести, митови и вистини, контрацепција и нивна правилна употреба...нема ништо страшно во тоа да се мести кондом на банана. Па ако е за повозрасни, да речеме 17 или 18 кои се и сексуално активни нека има и за пози и г точки и сексуална фрустрираност или предрасуди за сексот, пренесено секако на нормален начин.
    Зошто не би пуштила дете на тие години ако знам дека е сексуално активно и има желба да оди?
     
    На noteforself, GirlRose, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.740
    Пол:
    Женски
    Всушност, идејата и не е толку лоша. Во опуштена атмосфера со врсници да се разговара и да се едуцираат младите за сексот, спб итн... Реализацијата не е ни одблиску до сексуално едуцирање :tmi: Не знам кои се организаториве или „едукаториве„ ама тешко ми е да поверувам дека од извидничка организација излегло вакво нешто :( Имаа толку голема репутација :x И воопшто не ме чуди што родители ги пуштиле децата на ваков камп. Пак ќе повторам, извидниците имаа голема репутација, децата со години оделе во извидници и најмалку што очекувале е ваква „едукација„
    Ве читам инаку, дека децава требало да се едуцираат во училиште, од „стручни„ едукатори итн... Па се прашувам, дали сега се има нешто сменето околу едукацијава во училиштава, оти на времето кога нас не „едуцираа„ тоа беше се, само не едукација. И не, не е едукација еден час каде што некој сувопарно ќе пренесе информации и толку. Многу пообемно е. Нашиве „едукации„ се жални и ради реда.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Не се потпишуваш во нејзино име. Се потпишуваш во името на каузата, во името на децата. Туку ја сврте потоа приказната, да се најде изговор зошто не би. Е толку е просто.
    Да сакаше немаше да пишуваш тука, ќе одеше и ќе направеше тоа што требаше. Толку од мене, не би повеќе да ја полнам темава, кога веќе и така јасно си е. :)

    Јас да пуштам дете на вакво нешто прво името би требало да е посериозно. Секс, рокенрол, па уште и дрога фали во имево. Настрана тоа, би испитала детално што е програмата, што се случува, точка по точка, све по ред. Во крајна линија, не ми се верува и дека би ја пуштила.
    Иако верувам родителиве сигурно наслепо не ги пуштиле, имало некакво мачкање очи.
     
    На fana, BloodElf, noteforself и 9 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Знам.
    Само не и' верувам.

    Нека организира таа.
    Луѓето ги има.
    Правник е.
    Јас ќе се приклучам.
    Ко учесник.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Па дете само по себе не е во маргинализирана група. И ова не е да покажам прст кон тие што СЕ маргинализирани, туку кон оние што се демек јаки за правда само за одредени групи а за други...па не е толку страшно.
    Немаме институции што се грижат за деца жртви на насилство од сопствени родители и еве со години не сум видела никаков протест за ова ниту некоја организација да биде гласна на социјални мрежи да се заштитат децата. Има, ама треба многу, многу повеќе. А останатите кур ги боли оти како он да одлучува за дете кое не е негово.
    Па за ова не ме чуди. Зашто детето само не може. Од друг треба да чека да го заболи.

    За деца, помали или поголеми кои не можат сами да се бранат, треба све да рушиш пред себе, макар биле и сосем туѓи за тебе.
     
    Последна измена: 3 октомври 2021
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Јас не знам зошто дел од мислењата на темава се измешаа со потребата за сексуална едукација, што е нормална и здрава едукација, исклучително потребна, и ова што се случувало што ни оддалеку не е сексуална едукација.

    Ова горе е уствари пример за нездрав пристап кон сексуалноста, а не за сексуална едукација. Темава ако добро ја разбирам е за овој случај, а не за потребите од сексуална едукација.
     
    На M.B., GirlRose, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.744
    Пол:
    Женски
    Ама,случајов покажува зошто местото на сексуалната едукација не ѝ е во камп,туку во образовна институција.
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Па да, се согласувам, ама тука имаше мислења да не ви цитирам едно по едно, демек самото тоа што било сексуална едукација и имало секс во името значело требало да очекуваат вакви работи да се случат, што не е точно.
    Јас се согласувам дека не е ова за извидници, ама не е ни контра аргумент за сексуално образование генерално.
     
    На WildMk и GirlRose им се допаѓа ова.