Скандал во детски камп: Сексуална едукација се претворила во сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Celltica, 28 септември 2021.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Да.
    И токму затоа ако постои некој или некои што вршат сексуална едукација, треба да се проверат дали екшали го прават тоа или злоставуваат деца. Без разлика биле професори, извиднички водачи или што и да е.
    Овде испадна дека тие што не би пуштиле дете на вакво нешто или на рандом место се против ССО.
    А сосем е нормално да се плашиш дека некој при таа едукација ќе си дозволи малку повеќе, што не значи дека си против едукацијата.
    Едукацијата сама по себе не е лоша.
    Ама лесно може да премине во полошо.
     
    На Biljarkata, LejlaD и Celltica им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.441
    Сама се деградираш.
    Бегаш од одговорност. Ако сакаше да направиш нешто ќе викнаше 20 ебачи и ќе организираше. Не сакаш и не ти е гајле. Теорија си.
    Те поканив на протест за други, друг организатор, не дојде.

    Ова од ФБ го украдов:

    Се одлучиле за сексуално образование, наместо да пробаат нешто од следното.

    - Спортски активности. Планинарење и маршеви на планина или во полето, односно пливање и кајакарење на езеро.
    - Јавање на коњи и магариња (логистика).
    - Ориентација на терен. Може да се поврзе со географија, геометрија и астрономија.
    - Кампирање и логорување.
    - Преживување и исхрана во природа. Готвење.
    - Препознавање и собирање на растенија. Може да се поврзе со ботаника и изработка на хербариум.
    - Ракување со оружје, стрелаштво и предвојничка обука. Важно за идните војници.
    - Курсеви по прва помош и противпожарна заштита.
    - За наклонетите кон техниката, изработка на импровизирано шумско живеалиште од дрво и гранки. Радиотехника и радиоврски. Фотографирање на природни предели, птици и растенија.
    - Лов и риболов.
    - Доколку се наоѓаат во село или на бачило, помош околу одгледување кокошки, овци и друг домашен добиток. Единствена можност да видат домашни животни во живо, евентуално да се заинтересираат за сточарство. Изработка на кисело млеко и сирење.
    - Земјоделие. Помагање при полјоделски активности, ако кампот е лоциран во полето.
    - За музички талентираните, пеење и забавување покрај логорски оган.

    Наместо сето тоа, одбрале нешто за што се доволни најосновните природни инстинкти и нагони. Познато е дека дури и длабоко ретардираните лица, со коефициент на интелигенција од 0 до 30 (кои не можат дури ни да одат на две нозе) поседуват сексуален нагон, односно инстинкт за размножување. На тоа ли ќе ги учат децата или целта им било да ги злоупотребуваат за задоволување на своите педофилски страсти?
     
    На fana, cresa-jagoda, Need for Speed и 4 други им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Се точно. :handshake:
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Што е точно? Зошто едно да исклучува друго? Може да те интересира риболов и да сакаш да знаеш повеќе за сексот. Па и само да те интересира сексуално образование, што има некој да ти збори за сточарство?
    Децата се криви што одбрале сексуално образование?
    Инстинкт било и не требало да се учи |(
    Затоа имаш жени што во животот еднаш или двапати доживеале оргазам, оти инстиктивно треба по 3 на една тура да доживуваш. Жени што остануваат трудни и не им е јасно како и еден куп други работи што ги читаме по темиве и вртиме очи.
     
    На WildMk, M.B., GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Се што сакав да пишам, кажа ти.

    Видете за протест не е потребно многу,се договарате и одите,толку.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.441
    Оти се скаути, не ебачи, не сексолози, не доктори за репродуктивно здравје.
    Ако сакам детето д знае повеќе за секс ќе ја пратам кај стручни, не кај педофили.
    Има кој знае. Ова ко да им викаш на децата, учете физика, треба у животов, еве Петре земјоделецот ќе ве носи да ви каже
     
    На fana, BloodElf, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Ти сега велиш дека децата или родителите знаеле што ги чека но сепак отишле?
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Родителите кога им дозволиле на децата посета на такви кампови, кога би знаеле дека точка на дневен ред би било мачкање на “цицките” со боја и отпечатување на хартија и машко со машко да симулира сексуална сцена, тогаш верувам дека во ниеден случај не би дозволиле децата и тоа малолетни да спомнат, не пак да одат.
    Ако тие тренерите или билокако, приметиле или дошле до сознание дека се одвиваат некакви с. активности кога прават кампови, требало да направат состанок со родителите за дозвола за таква с*кс и рокенрол едукација.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Лудило.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Очигледно дека не знаеле. И не можеш да им речеш -што сте го пратиле таму, што не на градинарство?
     
    На WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Да, но се што погоре спомна Цка веројатно стои во статутот или правилникот на ПСИО. Ако ја најдеш точката за таков вид перверзно образование за секс, постирај плиз.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Не знам дали ова погоре се програми па онаа за секс ја нема :^) И ако ја нема кој ја измислил и ја спроведува нелегално со години?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.441
    Не, туку дека не е проблем едукација за секс како што ти кажа погоре дека требало едукација, не знаеле оргазам како да постигнат. Да треба, ама од стручни. Не некое Чиче од 42 години да кажува како треба да сврши шеснаесет годишничка.

    А за тоа дали знаеле или не, не знам.

    Сепак, чудно е и како едно дете од 16 години нема доверба во своите родители кога е во опасност да не се јави. Имам 37 и среде ноќ да имам проблем, ќе се јавам и ќе кажам. Децава не знам оти ќутеле, очигледно немаат блискост со родителите и тоа се само родителите криви.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Па кој праќа деца кај сомнителни чичковци? Не знаеш дали знаеле? Значи сумљаш дека можно е и да знаеле. Очигледно една (најмалку) не знаела. И тоа е доволно да открие што се случува, дали постои правилник за таква програма и кој ја изведува.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.884
    Допаѓања:
    186.642
    Прашав еднаш, ај уште еднаш. Ако едни се оградуваат од Псио дека немале обучени предавачи од една страна, а други оградени го финансирале Псио за обуки за сексуалност и родовост и штотијазнам, кој од оградениве лаже?:?: Дали чичковците биле или не биле стручни за ваква материја?
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Сите се вмешани,само ја префрлаат топката.
    Да биле стручни ова немало да предизвика јавен скандал.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    И кој треба од форумов да ти одговори на ова прашање?
    Си има соодветни кои треба да истражат кој лаже, не ти да прашуваш овде и некој да ти одговори.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.884
    Допаѓања:
    186.642
    Никој, ај ќе одам во форумски прашања.
    Многу е просто- или биле обучени, па некој ги финансирал врз база на програма, или не биле, и некој ги финансирал на лепе очи. Само посочувам дека не може сите да не се одговорни, покрај дирекниот сторител.
     
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    61.895
    Пол:
    Женски
    Па види не можеме ние да знаеме што се случувало, затоа треба (треба, а не има) институции кои ќе го расветлат случајот.

    Ама кај нас тоа е научна фантастика, дури мислам натпревар треба да организираат кој прв ќе се истрга од одговорност. Кај нас тој е алгоритмот, се случува некаков пех и сите инстинктивно не се од тука, никој ништо не знае, никој ништо не превзема.

    Јас да сум во случајов, мој колега да е замешан во нешто вакво, сигурно нема да речам 'аааа јас не знам, не сум од тука, не сум видела, не сум слушнала ништо', туку ќе запнам случајот да се расчисти до крај. И ако некој се огрешил има јавно да го искритикувам. Овие сите се преплетени како црева, сите се штитат еден со друг, па не имаш нас кои очајни за правда стануваме селски ЦИА и си баеме тука и се прашуваме што и како се случило.

    Нема што ние да решаваме случај, децата виделе што виделе, сигурно не било фатаморгана тоа ко што се обидуваат да насликаат.

    Ама Македонија и транспарентно и одговорно решавање на случај - магаре и козметика.
     
    На noteforself, Waverly Raven, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Сериозно толку е едноставно? Зошто тогаш не е решено досега и нема во сите медиуми кој треба да сноси одговорност? Може не им текнало да го постават прашањето што ти така оригинално го извади од мозок.
    Затоа што во Мк ова ќе се влечи дури не се заборави пошто еден куп одговорни има што не смеат да бидат казнети. Ваљда.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.