Скандал во детски камп: Сексуална едукација се претворила во сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Celltica, 28 септември 2021.

  1. maia.

    maia. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Целата реализација повеќе ми личи на пијана забеготина организирана од неколку чичковци и дегутантен обид да се затскрие педофилија отколку на некаква идеја за забавно искуство за млади во комбинација со едукативен момент.
    Да ме тераат да бакнувам рандом лик на стомак и во уста, а тој да ме плука пред толпа луѓе...па само тоа ми е доволно да се почувствувам неудобно и понижена, не па на 16 години да бојам гениталии, да пеам топлес или да симулирам секс пред факинг толпа непознати лица. За каков безбеден простор зборуваме кога тие кои се спротивставиле доживеале булинг? Одвратно!
    Од една страна имате деца за кои ова (можеби) било ослободувачко, но од друга страна стојат деца за кои било деградирачко искуство и кои ќе бидат истрауматизирани за наредните неколку години. Заедничкото за сите е што се подеднакво искористени и злоупотребени. Колку треба нешто сериозно да не е во ред со мозокот на маж кој коментира физички изглед на девојче од 15-16 години, со фокус на гради? Па дете е сѐ уште бре, дете!
    Браво за храброста на дечките кои споделиле, и за одлучноста на родителите јавно да го обелоденат и да прозборуваат за проблемот. Не ми е јасно како организаторите не чуствуваат ниту грам одговорност и срам, па мислат дека едно бедно соопштение ќе ги испере од гомната. Се надевам само дека ова не е проблем кој се заташкувал од самиот почеток пред цела деценија туку, за жал, е резултат на сегашните „едукатори“ кои ќе сносат последици.
     
    На friendy, злоба, Saliii и 18 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.671
    Допаѓања:
    39.946
    Пол:
    Женски
    А која истрага? Мислеш ќе одговара некој за ова?
     
    На IRBBB, LejlaD и Dentina им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Не знам.
    Ама истрага веќе има покренато од ОЈО.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Со самото тоа што ете зборот секс го тргнале, што сите се оградуваат, 'повикуваат' на шпекулации..
    Кој дел мислиш дека не е точен? Коментирање за градите? Боење на органи ( ова ми е најбизарно, девојче секако и психички и физички може да настрада од боја побогу на нежна кожа)
    Па и во мое време имаше наставници што се сексаа ( фактички силуваа) девојчиња од средно, па никому ништо, никој никаде не пријави, па ниту истрага немаше.
    Се испра некоја пара овде , и ајде, циркус одлази на новој локацији..
     
    На friendy, Billy Idol, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.138
    Допаѓања:
    174.926
    Пол:
    Женски
    Гнасно. Ни треба добро организирана сексуална едукација за децата да не мислат дека вакво однесување кон нив е во ред. Зошто не е. И никогаш нема да биди. Само најмногу ќе боли ако е ова мучка протов ССО.
     
    На cresa-jagoda, maia., GirlRose и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    9.349
    Пол:
    Женски
    Ауу ОЈО гледам сите случаи ги реши до сега, затоа некој случаи веќе 4 години се влечат. И воа така ќе се одолговлекува додека "не се заборави" и така ќе се заташка работата ко ништо да не било.
    Ама ова е стварно бизарно и грозно, и мора да има разрешница и некој да сноси одговорност, мора притисок да се врши.
     
    На cresa-jagoda, Celltica, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Се согласувам дека треба да стигне до суд и криминалците да бидат казнети.
    Ама нема корист од рекла-казала муабети

    Прво е најбитно да се дознае кои се злоставувачите и кој се знаел за злоупотребата.

    Не знаеме кои се и до каде оди проблемов.

    И мене то ме мачи.
    Според начинот на кои се пишувани текстовите во медиумите, скроз се злоупотребува случајов за да се деградира идејата за ССО.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    188.201
    Не знам каков срам и одговорност барате, таму некои непросветлени нешто погрешно разбрале.
    upload_2021-10-1_9-27-15.png
    Дали тоа никој не негира дека такво нешто се случило, туку го категоризира како ,,вадење од контекст,,?:^)
    Еве, во каков и да е контекст, мене ми е неприфатливо да си бојам интимни органи и да симулирам секс пред група луѓе. Ваљда и јас сум непросветлена:doh:.

    Во разговор за Фактор, Светлана Карбевска, психијатар-психотерапевт, посочува дека кампот за некому претставувал обичен стрес, за некому забава, додека за кај некои од тинејџерите е големо трауматско искуство, заради што треба да се работи понатаму со тие деца.
    -Психосексуалниот развој е суптилна проблематика која што на суптилен начин треба да се доближи до младите и навистина треба да биде спроведена од страна на стручни лица. Во конкретниот случај, работата е целосно излезена од контрола. Не сите деца се спремни, толку отворено и на таков насилен начин да бидат приморувани на одредени активности, без разлика што станува збор за симулација. Според тоа што досега е кажано во јавноста, активностите кои таму биле спроведувани не соодветсвуваат на возраста, ниту пак децата ги добивале од компететни луѓе. Заради што и очекувано е да испливаат реакциите од страна на децата. Во овој случај, децата кои отворено проговирија за ова, се почувствувале загрозено, па изреагирале инстиктивно, поради што насилно е влезено во нивната интимна сфера, без согласност и без спремност на децата за да длабоко се навлезе во тој интимен простор. Затоа велам дека станува збор за нестручно влегување во интимната зона на една ранлива категорија деца. Кампот можеби за некому бил забава, за некои од децата е стрес, но за некои пак, претставува вистинска траума. Треба понатаму стручни лица, односно психолози, психијатри, психотерапевти да работат со тие деца, за да го надминат тоа непријатно искуство, вели Карбевска.
     
    Последна измена: 1 октомври 2021
    На azelea, MeowMeow, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    @WildMk , еве да, чекаме истрага и за болницата што изгоре (немаше смисла да шпекулираме, нели), истрагата си заврши, повеќе болницата во Тетово не се спомнува, и се си тера по старо!
    Сега за педофиливе истрага да чекаме, мислам нема смисла да шпекулираме. Да си почекаме како луѓе да си се заташка и ова... само не дај Боже да шпекулираме, нели???
    Плус демократија, европски вредности, ако некој се осеќа како педофил, кој смее да му го ускрати тоа право? Ако некој ужива да гледа малолетници голи, каде што симулираат секс, во двор на црква (што понастрано да е, нели), значи негово основно човеково право е да прави што сака, Европа ли е ова или што е? Затуцани едни, вие ќе ми шпекулирате тука (facepalm)
     
    На BlackNight, Leviosa2503, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Не да чекаме, не да молчиме.
    И за пожарот во Тетово и за Јавна Соба и за случајов со извидниците и за Тимјаник и за Тамара и за скандалот со злоставувањето во домовите со деца без родители.
    За се' треба да одговорат институциите.
    Гневот кон нив треба да е насочен, не кон рекла-казала.

    Да можам, би организирала протест и би висела пред ОЈО секој ден додека не има разврска за сите овие случаи.
    Би ми се придружиле?
     
    На LejlaD и Cka им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    188.201
    Кон кои институции?
    Што има сега врска Тамара? Или ај, да се каже нешто.
    Немам толку историска маморија за се што се случувало во последните 10 години, ама настаниве од последниве години имаат некој логичен НЗС- дека ако не е чистачката крива, никој не е крив.
    Зошто Ана Данева, професор на правен факултет и некогашен висок функционер на СДСМ (ако памтам добро) вели - Да не се чудите, ако родителите ја земат правдата во свои раце? Дали тоа ни кажува дека друга правда нема?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ама сега и оваа претерува. Клецање,боење,пуштање во шума сами, и велење да си оди во два часот наутро оти што се замислувала која е не е баш обичен стрес,богами ни забава. Исто така, што правеле тие во два часот наутро будни???? Па дали ова озбилно мислат дека е забавно???

    Друго е да имаат сексуална едукација и да има и други спонзори во извидничкиот камп, црвен крст пример па да им објасни примерно и од едукативен карактер,сакам да кажам на цивилизиран начин.

    Кој знае што се им правеле дур спиеле,можеби ги надбљудувале дур спиеле или снимале и сликале. Спрема такви раскажувања и ова ми минува низ мисла.

    Плус добиле 12.000 долари од непознат спонзор а што барал спонзорот за возраст??? Сигурна сум дека се крие нешто подлабоко, ајде да речеме кондомот и краставицата не се толку страшни,ама дипломата за најубави гради, и боење на половите органи и те како е страшно и трауматизирачко.

    На крајот кажува “треба психилози да работат со истрауматизираните деца” јест треба,ама не го потенцирај два пати бидејќи се добива впечаток дека е поради личен профит.
     
    На friendy, Scorpiongirl12, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.243

    Епа целта е да ги дознаеме. Да не злостават и други деца. 0 толеранција за сексуално малтретирање на деца!

    За 14 живи изгорени нема истрага, не смееме да дозволиме 40 деца да останат незашитети и уште којзнае колку сексуално малтретирани ако ќутиме!

    Име и презиме, на плакат, за децата да бегаат од тие! За нашите деца да ги заштитиме од истите!

    Ако чекаме од судот, со години, уште безброј деца ќе бидат злоставувани!


    За себе кој сака нека ќути, ама треба војна кога се работи за деца!
     
    На friendy, cresa-jagoda, Estranged и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.243

    Да. Спреми допис, прати у МВР. Идам со уште 19 луѓе, треба да сме 21.
     
    На Need for Speed, Leat, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Како се пиши то дописот?
    Подучи ме.
    И редари ќе ни требат, нели?
     
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Се знаат организаторите ама нема да се кажат јавно правите туку пиуните кој ги извршувале задачите. Се поткренува и петиција од луѓето од општината во која се наоѓа кампот за да се тужат веќе им е одземен објектот.
     
    На LejlaD и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    И јас сум за протест за случајов!!!!

    Сакате да се организираме? Ајде да се договориме, да направиме настан и да отидеме масновно.

    У пм веќе, сега и над децата ли ќе се изживува оваа мочана држава?
     
    На VDT2906, azelea, Scorpiongirl12 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.243
    Се МВР организира. Треба да пишеш кога и каде ќе се одржи, они си праќаат се.
     
    На LejlaD, Snowflake97, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Нели треба редари да пријавам?
    Кој ќе биди редар?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Луѓе изгореа никому ништо, не па за ова. Помирете се со ненормални дека живееме и Бог напомош во оваа дупка. Ми се повраќа :puke:
    И протести и се е џабе. На нив не им чуе.
     
    На eliesaab, azelea и LejlaD им се допаѓа ова.