1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал во детски камп: Сексуална едукација се претворила во сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Celltica, 28 септември 2021.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Па иницијално и појдовна точка е името. Што би некој очекувал од настан со такво име? Или па јас веќе влагам во категорија на геријатрија и ништо не сфаќам.
    Без разлика, пишав и претходно. Едукацијата се врши со овластени лица за таа работа во институции чија намена е токму тоа.
    Се друго е импровизација која резултира токму со ваква проблематика.
     
    На Bratot, Bezimenka90, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    А што му фали на нормална сексуална едукација.... предавања за репродуктивниот систем, сигурен секс, полови болести, ризици, контрацепција итн.... кампови требало!!! А бе Бог да чува!!!
     
    На daylight и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    За на геријатрија си ти, тоа е:doh: Да ти најдам некое фино место , на Тајланд негде многу фино било за пензионери:lol:

    Кои се институции за едукација?:wasntme:
    И ти исто, на Тајланд, геријатрија:lol:.

    Абе сега ми текна-не приметувате интересен тренд? Неформално образование е ИН, приватно здравство е ИН:?:. Што е проблемот со она што е формално, оти никој не тура пари таму? Оти некои деца учат во распаднати кочини а тоалетна хартија во вц е научина фантастика?За влошки да не праам муабет. Оти не е модерно да се финансира едно ниво на пристојност за сите? Чии пари дава град Скопје за поддршка на вакви неформални активности и со кој интерес?Зошто Хера дава флаери а не влошки во училиштата? Или можеби дава, не знам:?:.
     
    На Guns N` Roses, IRBBB, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Говорам за училиштата. Или ХЕРА, ако навистина нема никаков удел во целата ситуација. Во мое време само делеа кондоми, не знам зошто сите добија по еден, само јас добив два:), некоја чудна фаца ќе да имам. Но, постари генерации имаа и посоодветна едукација во склоп на училиштата, во смисла говорење за полови болести, местење на кондом, несакана бременост и сл.
     
    На Guns N` Roses и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    13.834
    Пол:
    Машки
    Мене највеќе ме загрижува тоа шо многу од извидниците молчат или пак пробуваат да го скренат вниманието од ситуацијава преку ширење на позитивна пропаганда околу извидништвото и колку тоа било корисно за околината, колку извидниците имале придонесено за едукација на младината итн. Впрочем и не го оспорувам тоа, НО ова не е најдобар момент! Доколу сметаат дека извидништвото неправилно се оцрнува во моментов, прво и основни нека демантираат за кампот со ФАКТИ, а не со двосмислени соопштенија и тврдења дека “работите биле извадени од контекст”! Никој од организаторите не проговори шо точно се случуваше на кампот, а толку некој да има бујна фантазија и да ги измислил сите работи за кои организаторите се товарат не ми е за верување.
     
    На maia., noteforself, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.614
    Допаѓања:
    121.707
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто не сум изненадена дека ова се случило кај нас. И никој нема да одговара, ќе испадне детето лажело, притисоци ќе има на родителите, шиканирање на детето... И на крај ќе испадне пу пу не важи, девојчето имало бујна машта или јадело од оние печурките, ништо од тоа не се десило.
    Треба сега сите родители чии деца биле таму, да застнат зад изјавата на девојчето и таткото...
    Оф мајко кај живеам!!! Ми се урла од мака, од немоќ!!
     
    На LejlaD, Cka, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Сексуална едукација треба да има ама во училиштата каде што ќе има надзор од наставници па и родители. А не вака на невидено пуштаат деца кој знае со кој среќа па не се случило и нешто полошо како силување. Во основно се сеќавам имавме предавање за сексуална едукација имаше присутни наставници, педагогот, психологот. Ни објаснуваа за заштита и за репродуктивното здравје.
     
    На LejlaD, cresa-jagoda, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.740
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна си :?: Родителиве ретардирани што пуштаат деца во кампови (замисли си) ама и одговорни оти формирале здрав однос со децата |( Ај, реши се?

    Што се однесува до извидници и одговорноста на родителите.... Јас моево дете планирав да го пуштам да оди на извидници, после ова не верувам иако познавам девојче кое од мало одеше на извидници до полнолетство, на сите кампови, планинарски домови и чуда. Презадоволна беше, а и родителите. И не, не се ретардирани и неогодоворни, ниту пак ја родиле за да ги чува :^) Извидниците имаа/т голема репутација тука (а и во светот) родителите стекнале доверба во истите откако претходно децата биле испраќани на кампови и имале убаво искуство, така што... не гледам која е вината на родителите? Знаете како оди? Мамо, тато викендов сум на камп со извидници? Ок, ќерко/сине, убаво да поминеш. И ова не се неодговорни родители, туку родители кои имаат доверба во институцијата каде што детето им е запишано. Тоа што истата институција ја изгубила довербата е ужасно од повеќе аспекти.
    Искрено, не верувам дека ќе се расветли случајов, ама ај, да се надеваме, нели? ;)
     
    На Luminary, Annath, noteforself и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Како на невидено? Им стигна сомнителен мејл за пријава или неколку батки им тропнаа на врата и прашаа дали може детето да им го земат на неколку дена?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.614
    Допаѓања:
    121.707
    Пол:
    Женски
    Ги известувале по порака, наводно и родителите ќе биле известени. Родителите немале никакво известување.
    Одете на Кајгана Форум на темава да видите коса ќе ви се крене.
     
    На LejlaD и VDT2906 им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    Ова ми остана неискоментирано- да се дообјаснам, јас како имам разбрано.
    Значи Сојуз на извидници (http://scout.org.mk/za-nas/) се државно здружение на извидници, старо 60-70 години. Како здружение, меѓу другите 20тина извиднички друштва, дел од нив е/било:?: и ова фамозново ПСИО (прв скопски извиднички одред). Е сега, секое извидничко друштво со своја програма:smirk:.
    Не се проблем ни извидниците како такви, ни здружението како такво, други работи се проблем, што се пика се сегде, и кај што му е, и кајшто не му е место. Раазбирам зошто некој би пикнал сексуално образование во извидничко друштво, ама дали му е местото таму, не би рекла баш. За геријатрија сум, знам:tmi:
     
    Последна измена: 1 октомври 2021
    На Annath, LejlaD и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    16.915
    Пол:
    Женски
    Како може неовластени лица да вршат сексуална едукација. За да вршиш било каква едукација треба да си компетентен во областа која едуцираш, да имаш завршено соодветно образование за истото, да имаш диплома, како врз која основа тие вршеле сексуална едукација и тоа во кампови. Ова само во ненормална држава може да се случува и на никој око да не му трепне. Родителите можеби и не знаеле, можеби и не биле информирани од страна на децата дека ќе одат во камп за сексуална едукација што е и многу веројатно иначе не верувам дека некој родител кога го пуштил детето без да знае за што точно се работи.
     
    На maia., noteforself, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Не сум воопшто контрадикторна. Прво, јас воопшто не ги нареков ретардирани. Второ, прочитај на кого претходно се однесуваше тој пост и како дошло до тој пост. Убаво пишав, ретардираност е благ збор (што значи, може само да претпоставуваш каква именка или придавка би придодала на тоа) и се однесува само на оние кои мижат и се уште не ги испишале децата од таа активност. Слободно би ги додала на категоријата незаинтересирани. Од 40 деца, само 7 чии родители имаат здрав однос со нив.
     
    На eliesaab и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.744
    Пол:
    Женски
    Можеби не знаеле.
    Ама,чудно е родител да пушти дете во камп,а да не го праша барем за името на кампот.
    Местото на сексуалната едукација треба да биде само во училиште како предмет.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Родителите се ретардирани пошто испратиле деца на настан пошто го има зборот "секс" во името. Оти тоа е прелош збор за малолетници. Пошто денес ич не влегуваат малолетници во сексуални води на 15 години.
    Бизарно е се. Кога се даде идејата да има во школо сексуална едукација, 90% од родителите се дигнаа пошто е сексуално, и поарно да учат децата Веронаука.
    Едит. И продолжете да рипате да ги викате родителите ретардирани и дека доброволно си ги даваат децата на педофили. Да бе дечки, така е. Да знаеле дека ги праќаат децата на педофили сосем ќе поддржале, да, ретардирани се.
     
    На theowndemon, Annath, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    Го примети некој ова?
    upload_2021-10-1_19-21-46.png
    Какви се тоа ,,вакви акции,, организирани од 2009 наваму?:^)
    Натпревар и сексуална едукација во иста реченица?:x

    Апдејт- камп со вакво име, (мхм, Секс скаутс ецт) се одржувал барем 9 години. Well:smirk:...
    Се сама морам да си одговорам, да си отворам еден моно-форум ако не(facepalm)
     
    Последна измена: 1 октомври 2021
    На azelea, IRBBB, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да го пишам како @An-na. Значи детето ти оди со месеци/години на извидници и имаат често активности. Поради репутацијата и работите што ги учат, веројатно ниеден родител не се запрашал каква е баш оваа активност. Претпоставувам дека на почеток се интересирале, стекнале доверба и знаат дека децата им се некаде 'на безбедно' со возрасни лица. Глуп пример ама ете како детето да ти оди на некој курс, веројатно не го прашуваш секој ден што учеле денес или што ќе учат утре, а очигледно би требало.
     
    На theowndemon, friendy, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.544
    Допаѓања:
    62.202
    Пол:
    Женски
    Преку куров да ти кажам ако биле едукативни и корисни кога дозволиле вакво нешто да се случи. Еден ебан мрсулко да поднесеше одговорност кога згрешил и еден човек да се најдеше и да кажеше дека некои работи не биле добри. Па еве и јас работам со колеги во колектив, да разберам дека некој колега вакви работи правел сигурно нема да искочам и да кажам како ние сме супер тим, како нашата бранша постои 100 години, како ние сме имале позитивни и задоволни клиенти и како ние сме најјаки. Не. Ќе најдам кој се огрешил према деца и има главата да му ја одгризам. Јавно и тоа.

    Наместо навистина да едуцираат во државава посрана и една едина работа добра да ја направат, баш заради тие што идат по нас и се идни столбови на општеството - децата, тие им даваат куршуми во шаржерот на сите кои викаа дека сексуалната едукација е нешто како што и ова искочи дека е.

    Па да ви се намочам у уста да ви се намочам на сите психопати, што ќе пипнат одредени луѓе во државава ќе исушат, боров лист да го допрат ќе свене.

    И она што најмногу ме иритира во смрдежов од држава, одма оградување и префрлање на топката на друг. Никој за ништо не е крив, никој ништо не знае, никој не е од тука а децава хорор виделе.
     
    На theowndemon, Annath, maia. и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Одам на Кајгана форум и сум просто фрапирана од коментарите на дел од членовите и тоа како само го релативизираат настанот. Ќе биде и ова,, сами си го барале,, зошто 99% од средношколките не биле невини, а ако биле биле акрепи и ропачки,( не знам која статистика им е ова на момциве), дечките намерно дошле на овој настан, ова сите на екскурзии и играорни го терале, ехе што ли само се правело таму, растур систем, е само оти имале повозрасен чиче што ги координирал правело разлика.Од овие причини одамна не го зачитувам Кајгана.
     
    На Luminary, VDT2906, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.