1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал во детски камп: Сексуална едукација се претворила во сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Celltica, 28 септември 2021.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Доколку го праќаш детето, да речеме на боречка вештина, изучување јазик, играорна и одеднаш допира до тебе информација сексуално едуцирање, нема малку да се запрашаш што има џудо мајсторот или играорецот или професорката по германски да говори и демонстрира на тема секс? Во случајов, на извидници. Што едукација би била таа навечер, до манастир, у no man's land? Нема ли да те интересира што ќе се презентира, а да е вон училиште.
    Не може лица кои не се компетентни за таква едукација, да ја вршат истата. Тенка е границата, самата дискусија и активност да избега од нормала ако не си стручен да ја обработиш тематиката. Очигледно тоа се потврди со крајно непрофесионален и педофилски исход.
    А и она што јас алудирам се пост ефектите од самиот камп. Каде се останатите родители да реагираат кога веќе знаат и слушаат секојдневно нови аудио снимки. Зошто се уште членуваат останатите децата. Зошто нема колективна тужба?
    И не е дека ако детето со години оди на некаква активност, не треба да го прашаш што се случува повремено. Во школо кога одат, бидејќи одат со години, нема потреба да се праша што се случува, ради доверба во образовен систем де. Мислам така ме асоцира она на што се укажува.
    Уште полошо, да не знаеш да прочиташ суптилни знаци на вознемиреност, моите од авион ме приметуваа кога нешто не е во ред. Ако не е ни вознемирено детето, па да се запрашаш кај си потфрлила, со оглед на тоа да би им изгледало забавно и нормално. Јас да сум била сведок, да сум требала својот полов орган да го бојам, ќе вриштев од страв, ќе плачев. На 16 години и те како ми беше страна помислата на секс, не па да се слечам пред некој. Дете бев побогу.
    Единствено ми е жал што сексуалната едукација и те како е потребна, ама ваков скандал го оцрни секој обид за општо прифаќање на истата.
     
    На cresa-jagoda, M.B., Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Супер, ај сега оди достави допис ти, а јас ќе дојдам.
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Не е тоа работата.
    Сите се согласивме дека сме ЗА сексуална едукација. Ама само зашто сексот не треба да е табу тема за деца на таа возраст, не значи дека треба било каде и од било кого да ја добиваат таа едукација.
     
    На nextredstyle и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  4. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Можеби сум конзервативна но според мене, еден ден доколку имам деца/дете подобро сексот да е табу тема отколку таа/тој подоцна да има трауми.
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Ама јас се согласувам со се што си напишала. Само зборот ми е дали родителите биле запознаени на каква активност заминале нивните деца тој викенд. И нормално дека има секакви родители, како родителот што пријавил и родителот што го запишува детето на некаква активност за да одмори глава. Во секој случај, вината прво родителите треба да ја побараат во себе, па потоа да бараат одговорност од другите.

    Инаку, сексуална едукација... Нека бидам осудена, нека бидам проста, како сакате сфатете ме ама ич, ич не ми се свиѓа во била каква установа. Еднаш имавме предавање во школо и едукаторот не го памтам ни кој беше, држеше предавања и на крај нели фамозното местење кондом на банана. Единствено што памтам од таа 'едукација' ми е грдото чувство, непријатноста, срам. Буквално ништо не ми смени тој час по сексуално образование, а најмалку би дозволила мое дете да биде одведено во шума за некој 'старешина' или whatever да му држи предавања за секс.

    Што држава бевме, таман си мислиш го допревме дното... Нее бре, ете ти нова глупост. Срање.
     
    На azelea, IRBBB и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    Си имала грдо чувство на срам, од неколку причини, кои вака, во организиран тематски камп би биле елиминирани- неформална пријателска средина, надвор од институционални стеги, опуштено, форма на игра и натпревар. Ништо не разбирате, колку уште да ви цртам.

    Да го преслушате второто аудио, ќе чуевте:
    - да, мајката знаела дека тема е сексуално образование
    - е на мајката не и се допаѓало што имало истополови симулации, или ситуации, не разбрав баш

    Да, страшно е комплицирано да следиш се што се случува во овој луд свет, и да, ниеден родител не може да го доварди детето, освен ако не го заклучи дома.
    Ај сега доста плукате по родителите, кои боже, наивни, верувале во организацијата со бренд, и да се сконцентрирате малку на Зоки и останатите, Поки, Моки, ако ги има...
     
    На theowndemon, Snowflake97, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Точно дека треба бесот да го насочиме кон организаторите. Но, сето ова почнало од некаде и се преќутувало со години. На кајгана се пишува дека имало таква пракса како сегашната.
    Зошто токму сега се зборува за ова во јавност. Каде се децата и родителите од претходните години. Се се врти во круг. Да било кажано порано, веќе ќе продолжевме со нашите животи, организаторите во најмала рака и правилно би оделе во затвор и немаше тек допрва да се слушне за вакви застрашувачки дејствија врз малолетници. Би можело и да се изгласа законска регулатива кој се смее да врши таква едукација и во кои установи и со каков пристап.
    Што значи очигледно на децата првично им фали домашна едукација како да препознаат злоупотреба на нивните тела за некакви си, според мене, педофилски цели.
    А секако дека не се тие криви, туку се одраз на она што возрасниот им го сервира и посочува како правилно-неправилно, нормално-ненормално.
    Целта е да превенираш, кога ќе стигне до терапија веќе е касно и остануваат последици.
     
    На eliesaab и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не мојш да превенираш се'.
    Башка, жртви на сексуално насилство тешко се отвораат.
     
    На BlackNight и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Нормално дека не можам да превенирам се. Еве пак ќе се навратам на девојката која се борела за полова еднаквост.
    Самата воопшто не се чувствувала како жртва и не препознала никакви знаци на педофилија. Очигледно и повеќе од потребно е укажување на младата популација за правата и заштитата на своите тела. И пак, што е нормално што не е нормално.
    Навистина не знам, што би и се вртело во паметот пред чичиња да се соблекува и како тоа го перцепирала. Жално и страшно е.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Јас не реков од било каде да ја добиваат. Од каде тоа?
    Во идеално и правилно општество ако некој родител сака своето дете да добие сексуално образование преку ваков начин, треба да има соодветно едуцирано лице за тоа на тој камп или што и да е.
    И не знам зашто упорно ме цитирате кога моето мислење беше дека лично не мислам дека родителот е "ретардиран" или пардон "ретардиран е мал збор" за ова што се дешава. Пошто никој родител свесно не би го турнал своето дете меѓу предатори и педофили. Може се виновни дека не се едуцирале околу кампот. Ама пак, во идеална држава која се "бори" да им опстане младината многу се ангажирани за тоа каков тип на легални организации има. И каква позадина имале тие организации.
     
    На theowndemon и Srckata28 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Абе авторитет им се.
    Башка имаш peer presure.
    Сите се соблекуваат и таа се соблекува.
    Иако е многу веројатно дека сите се чувствувале некомотно.
    Ама нема деца да разговараат за тоа.
    They'll blow it off, they'll make it a joke.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Вајлд плис. 16 години имаат, не 5. Да ти дојде некое чиче на тие години, ај сега сликни си ја хамеров, ќе го направиш тоа? Муабетов е банален колку и реченицата ако сите се фрлат и ти ли ќе се фрлиш од мост. Не правиме муабет за бегање од часови, па да не испаднеш бубатор ако седиш. Претпоставувам знаеш барем колку толку да разграничиш што е граница на нормала.
    Ако на тие години не сум сакала секс, зошто воопшто би сакала да демонстрирам голотија?! И се надевам не сум единствена што би размислувала така. Барем моја генерација немаше вакви екстреми.
    Што се случува со денешнава, а и идната не знам, ама страв ми е и да помислам.
     
    На cresa-jagoda, ForeverYoung, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    Сега и ти со муабетов... ко оние, за глумачкиот предатор во Србија и коментарите-кај биле досега да кажат. Башка не знаеме дали сега првпат ескалира, дали и претходно била таква ,,програмата,,. Да оставиме времето да го покаже опсегот на сето ова.

    Друго-цело време целиш кон некоја оска- регулатива, акредитирана институција, возрасен авторитет кој ќе дефинира нормално и ненормално. Да, така треба да биде, ама тој воз помина. И да потсетам, државата која треба тоа да го регулира, уствари ја мати водата. Од неспособни и корумпирани си патиме.
    Инаку ова е многу едноставен случај, врска нема со Јавна соба. Имаш формално регистрирано здружение, со јасно познати ликови одговорни за функционирањето на истото. Нема лажи, нема превара, барем еден ти е сигурен таргет за пресуда. Е сега, ако е покомплицирано одошто изгледа, ако не е дека баш сам ја смислил и ја извел програмата, јбг, отворете очи.
     
    На Dentina, IRBBB, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Прочитај за случаи на сексуално вознемирување и сексуална злоупотреба низ светот, ќе видиш дека не е воопшто невообичаено да се случува ова.

    Од секогаш постоеле и секогаш ќе постојат сексуални предатори.

    Само што денес поотворено се зборува за тоа.
    Ама има секаде вакви случаи.
    За католичките свештеници, жртви се огласија после 2-3 децении од настаните.
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.302
    Пол:
    Женски
    Тие невладините се хоштаплери невидени.
    Најмногу пари добиваат за лгбт дешаванки и за промовирање сексуално образование.
    Ова е злоупотреба и сите до еден организатори треба да одговараат,нивна е одговорноста.
    Не ги обвинувајте родителите.
    Многу од нив можеби пуштиле дете зошто “сите одат,ти не ме пушташ”да не биде конзерва,пуштил.
     
    На friendy, BlackNight, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Оти невладините се хоштаплери?
    Кои невладини?
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    188.132
    И владините се хохштаплери, ајде без дискриминација.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.302
    Пол:
    Женски
    Повеќето.
    Зошто ,зошто и ова бил нечиј финансиран проект,па сега се перат од одговорност.
     
    На Billy Idol, Cka и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    А како се финансиерите виновни?
    Програмата која ја доставуваат до надлежните, не пишува за ова што се случувало.
    Од кај знајш ти за шо се трошат пари кои си ги донирала?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Како бе така. Ако град Скопје дава пари од мој, твој џеб и те како треба да истражи за што дава пари.
    Шилегов ако сака од сопствен џеб нека дава и нека мижи.
     
    На eliesaab, VDT2906, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.