1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скинат менискус за време на корона

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од dipskate, 27 декември 2020.

  1. dipskate

    dipskate Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    Ми треба големо мислење од вас. Многу е долго ама ве молам пробајте да прочитате.

    Истава тема ја отворив и во коронавирус, па си реков и тука па можеби повеќе луѓе ќе ја видат.

    Пред 10 месеци паднав од скирол и не можев да станам. Под итно брат ми ме однесе на државна и ми направија само рендген снимка. Докторот ме праша како паднав, му кажав и ми рече да си купам завој и да си ставам и мраз да држам и ми рече че почниш да одиш за една недела немаш галје:
    ЗНАЧИ НИ ЗАВОЈ ТИЕ НЕ МИ СТАВИЈА....
    Како што можеби и претпоставувате не почнав да одам по една недела. Почна корона и тешко се влегуваше на прегледи.
    Успеав да појдам кај еден ортопед на приватно и на ехо ме виде и ми кажа дека внатрешниот колатерален лигамент ми е истегнат. Ми рече да правам вежби за колено, да возам точак и дека се ќе биде супер...
    На следна контрола ми рече дека и предниот вкрстен лигамент ми бил ослабен, ми даде витамини И ТОЛКУ. После тој ортопед затвори привремено поради х причини и не појдов неколку месеци на преглед. Одењето ми беше претешко, ми требаа 2 месеци за да почнам да се качувам по скали.
    По некое време почнав да си вежбам кардио оти како што ми кажа и докторот дека за брзо ќе ми помини имав мотивација и мислев дека се е во ред.
    Секоја мало погрешно движење ми правеше да ми откажи коленото во моментот и големи моментални болки да почувствувам. Исто така и пак продолжив да возам скејт мислејќи дека се е во ред и го истегнав коленото уште 2 до 3 пати.
    Кога се нормализира се во болнициве, повторно закажав на преглед на државна и ми се погоди многу добар доктор. Ми закажа на магнента (дотогаш сите доктори ми велеја дека немам потреба) и точно на дента за да правам магнетна дознав дека не смее со метал да се снимам и откажав оти носам протези на забите горе и долу.... Одвај по 1 месец успеав нов преглед да закажам кај докоторот и му кажав дека имавме недоразбирање со него (поради маскиве не успеа да види дека носам протези). Ми закажа да направам компјутер и кога ги зедов резултатите виде дека имам скинат менискус, оштетен преден вкрстен лигамент на лево колено и чашките не ми се центрирани (ми се на страна наместо на точно место) на двете колена. Тој ми кажа дека морам да правам артроскопија на двете колена, и ми препиша повторно некоја терапија. (оваа дијагноза ја добив после 9 месеци од повредата)
    ЗА ЖАЛ, поради голем број на заразени од корона вирусот, докторот ми кажа дека не може да ме прими на операција во државна болница поради ризикот за мене и ми рече дека можеби со месеци треба да чекам.

    Многу време ми е да чекам уште неколку месеци на овие досега 10 месеци што поминаа, ептен заглавив во депресија и плус имам остри болки од време на време, некогаш не можам ниту да заспијам од големи болки. Исто така сеуште секое мало погрешно движење ме уништува. Сега па и дека зима дојде, како што ќе биде подмрзнато сето не знам како ќе движам без ниту еднаш да се лизнам.
    Во моментов движам океј, кога излегувам носам еден многу голем стегач со пластични шипки од страна, и само имам болки, ама секој момент можи да ми се влоши состојбата и да ми укочи коленото.
    Матичната докторка ми предложи да отидам кај Боро Илиев во Систина и ми рече дека само тој доктор најмногу ми го препорачува.
    Размислувам за да отидам кај него, но живеам со самохран родител и минимални примања... немам баш услови да отидам кај него. Дали мислите дека можам да отворам апел на мојава ситуација?
     
    Последна измена: 27 декември 2020
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.131
    Допаѓања:
    32.992
    Пол:
    Женски
    Во Универзитетска клиника по хируршки болести 'Св. Наум Охридски' во Скопје непречено работат и изведуваат операции на колено, со сигурност.

    Со оглед на тоа дека не е неодложна интервенцијата, се сомневам дека некаков апел би бил од помош, особено за на приватно лекување, кога истата можност ја има во државното. Не сакам да ме сфатиш погрешно, ова е мое мислење.

    Што се однесува до тоа што веднаш не ти направиле магнет, односно кт во случајов и ти дал некој зелено светло за возење велосипед на скинат менискус.. :x
     
  3. dipskate

    dipskate Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    не те сфаќам погрешно, затоа ја споделив приказната оти не знам што е најточно да се направи, ама од друга страна сакам да продолжам да спортувам, а многу луѓе знам што правеле операција на колено и не се целосно задоволни, само од кај Боро Илиев имам најдено задоволни пациенти и сега не знам веќе што да мислам, секоја вечер со солзи заспивам бидејќи не можам повеќе да трпам... Дали имаш конкретен доктор да ми препорачаш од таа клиника ?
     
  4. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Да направиш. Коронава сјеба све
     
  5. dipskate

    dipskate Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    мислиш ли дека би ми помогнале луѓево за колено, некако немам самодоверба ?

    Дури и некој со слична повреда ко мојава да ми сподели искуство би била преблагодарна :)
     
    Последна измена од модератор: 1 јануари 2021
  6. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    @dipskate Јас студирам физиотерапија и од сите што сум научила преку годиниве ти го кажувам следново - Би ти ја препорачала др. Афродита Димовска во Промедика. Докторката е физијатар и работи на приватно и мислам дека прегледот е околу 1000-2000 денари. Јави се и прашај си, закажи си термин. Жената е префина и преискусна. Имаат ехо, ќе те ѕирне и ќе ти каже според неа што е најдобро.

    Според мене работата многу се одолговлекла и не по твоја вина секако. Единствена грешка е што си ја откажал магнетната затоа што тие секако не те снимаат цел туку само оној дел од телото кој е во нивни интерес. За скинат менискус потребна е операција додека за останатите проблеми (истегнат лигамент, ослабен лигамент итн.) се работи со физикална терапија. Иако Илиев е одличен хирург, јас би ти го препорачала др. Несторовски од 8ми септември. Човекот е доста посветен а операцијата е на државно и мислам дека е околу 100 евра (не ме држи за збор). Ќе треба да почекаш можеби месец-два и за кај него, зависи од моментална ситуација со пациенти но вреди да се чека кога ќе помислиш на квалитетот на услугата и парите кои ги даваш.

    Мој совет е да се консултираш со др. Афродита, да и ги однесеш сите снимки (рентген и магнетна) и сите извештаи и да видиш што ќе ти каже. Прашај ја и за др. Несторовски и не се сомневам дека ќе биде пофален и од неа. После операција нормално ќе треба физикална. И за тоа можеш во Промедика, знам дека имаа докторка што работеше преку фондот така што ќе ги плаќаш само некои терапии а не сите. За се можеш да се информираш кај нив. Сето ова ти го кажувам со најдобри намери. Не ми дошло до тоа да им правам бесплатни промоции на Промедика и 8ми септември само го кажувам она што сум го научила низ годините. За терапија во Завод за физикална во Козле не доаѓа предвид затоа што ќе немаш никакви ефекти, верувај ми, отеков таму на пракса и гледав што и како се работи со пациенти. Секако можеш и на други места како на пример 8ми септември или некоја друга приватна ординација што соработува со фондот, но јас сепак би се задржала на Промедика доколку се уште имаат доктор што работи со фондот.

    Толку од мене засега. Ако имаш некои други прашања слободно пиши ми и ќе се обидам да ти ги одговорам најдобро што можам. Знам дека е многу зезната ситуација ама да се откажуваш не доаѓа во предвид. Од муабетот заклучувам дека си млада личност со цел живот пред себе и затоа коленото треба да си го средиш. Можеби денес колку-толку можеш да го користиш ама што станува со утре-задутре? Коронава зафркна се ама има надеж, еве бројки се намалуваат, а и ординацииве/болнициве си одржуваат колку толку хигиена и услови за работа. Ти посакувам се најдобро и најскоро закрепнување!
     
  7. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Немаат термини во 8ми септември .Од почеток на ноември е пак ковид болница .Истотака редовната хируршка програма е стопирана,сите анестезиолози се ангажирани во ковид одделение.
     
  8. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Не го знаев ова искрено. Баш мој познаник се оперираше кај др. Несторовски пред месец дена ама очигледно многу се менува за еден месец. Сепак бројките на КОВИД случаеви се намалуваат така што има шанси да продолжат болнициве, вклучувајќи ја и 8ми септември, со нормална работа.
     
  9. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство да препорачате добар доктор за артроскопија во Охрид во Еразмо болницата?