Ова објаснува низ што сум поминал, значи потребна е нова жртва да ги собира комплексите. типичен нарцисист. Фала ти многу ми значи ова.
Прво за тебе ќе искоментирам па општо во склоп на насловот. Можеби имала друг, можеби не. Нормално е да се чувствуваш вака особено толку брзо после долга врска. Но, некогаш е подобро да не се навраќаш дали некој те изневерил или не ако веќе сте раскинале и ти то не си го дознал во врска. Ќе се заштитиш од болка. Е сега малку општо за скокање од врска во врска. Најчесто од то шо имам забележано кај луѓе, се работело со неможност да се биди сам. До толку да се нема идентитет сам по себе и да се адаптира тој на новиот партнер. Други имплицирале дека немање партнер значи дека не се "доволно добри" и имање партнер е статус. Ама, во зборој на Њутон Тела кои мируваат или се движат рамномерно праволиниски настојуваат да ја задржат таа состојба сè додека на нив не дејствува некоја надворешна сила. Со ова сакам да кажам, колку поскоро си бил во врска, полесно ќе стапиш во нова. Колку поодамна си бил во врска, побавно ќе стапиш во нова. Лично, не сум фан на скокање од врска во врска пред се зошто јас не барам никој, ако се случи некој да е пред мене и да ме привлечи МОЖЕБИ ќе претнам.
Мислам дека во најголем број на случаеви не е баш толку просто скокање од врска во врска, туку чувствата кај едната или двете страни веќе се изгубиле порано, ама биле механички во врска, дали ради навика, ради атер на годините ако била долга врска, или двете. Не мислам дека секој би можел одма да скокни во друга врска ако има искрени чувства и љубов кога раскинале. Ама сепак, човечката психа е комплицирана. Мене исто така ме загрижува скокање од еден човек на друг дури и ако не сте дошле до фазата на врска, бидејќи новото е поинтересно и секогаш си прогонуван од идејата дека таму некаде ќе најдиш нешто подобро. Ама за тоа е крив денешниот дејтинг свет, луѓето помалку ги ценат, не се искрени со намерите и се користат како играчки бидејќи секогаш можиш да „свајпниш“ на следен. Токсично во секој случај.
Често среќавани се ваквите ситуации и ништо не е чудно. Најмногу заради тоа што после прекин веќе се знае што се сака и се оди на конкретно дефинирање. Поголема е веројатноста да се најдат две личности посебно ако претходно биле во малку подолги врски. Пре би рекла дека не е баш скокање врска во врска, туку јасно утврдување на тоа што (не) се сака да се има во следната врска. Ама да, ако се среќни со изборот значи тоа е тоа.
Се мислев дали да ти пишам или не ама еве ме 4 год не се малче за заедно д бидете имало и убави и неубави работи ама после тоа одма со друг се фатила милиоон посто те варала по колку год сте по 24-25 од нигде никаде не иде таа работа одеднаш батее мој совет чим може она можеш и ти сврти нов лист и терај си
Пипс, тој ја оставил... Сега аман, криво, некриво, што сака нека прави девојката. И ако го варала, фино што раскинал ( без да знае) Токсично е токсично, не е кармично, ко што спомнаа во друга тема.. Баста со самосожалување. Она ваква таква. Како е да е, слободни се двата.
Биднало шо биднало, гледи си сега твојот живот и биди среќен. Иначе на темава, немора да значи дека те варала, тоа скокање од врска во врска е различно кај мажите и кај жените, кај жените секогаш има редица од мажи кои чекаат она да раскине, да се разведе.... од таа причина некои девојки никогаш во животот нема да ги видиш сингл, уште утре можат да те сменат. Кај мажите е потешко, затоа и на повеќето ви е несфатливо како одма рипнала во друга врска, оти на вас ви треба време да фатите нова, нема кај вас редици од жени.... или ако рипнете одма во друга врска, гарант таа втората сте ја познавале од порано и ви била златна резерва или ви била швалерка.
Сакаш да кажеш повеќе мажи од жени има? Или маживе ред само кај згодни жени а они какви-такви.. Намбрс, колешке Ниту имаат сите жени редови, ниту сите мажи се пичкопаченици ред да чекаат
Жените имале редови. Така те сфатив. Немаат сите. Ниту сите мажи би чекале ред. Не знам каде ги собираш статистиките.
Добро бе луѓе ми ја извртивте поентата, тотално на прашањето. Прашањето е поставено во контекст дали нормална стабилна личност би скокнала дирекно во нова врска и го поставив тука ради тоа шо 99 проценти сте жени и станува збор за жена. Не сакам да осудувам дали варала или не крај краева неможеш на партнерот да му висиш 24 7 а и да му висиш ако тој решил да вара џабе е се. Јас си го одбрав патот и колку и да ми е тешко знам дека го направив правилниот избор ова го направивте како еве го раскинал ама плаче пак по неа скрос се изврти поентата.
А кој кажа сите? Не кажав сите, ти не ме разбра. Нормално дека нема да бидат сите. Кажав од таа причина шо на жените им е полесно да фатат дечко, некои одма после разводот или раскинувањето ќе стапат во врска.
Дефинитивно си во право отвори инстаграм на жена ќе видиш дка има најмалку 10 шо и пишуваат отвори на маж дали една ќе најдеш шо му пишала прва. Мажите бараат жените се барани тоа е реалноста со некои исклучоци на инфлуенсери, локални богаташи итн
Мило ми е шо си разбрал, баш тоа сакав да го кажам. Не се грижи веќе дали е нормално тоа шо го направила или не, секој си оди по својот пат. Ти посакувам повеќе среќа во идната врска а богами и редица од жени
Јес да сум буквалиста, ама... Небитно, да имаа СЕКОГАШ ред, еве не сите, немаше да има сами жени. Плус во мк има вишок жени бројчано. Сеедно, ко лубеница треба да се бира маж, луп-луп, дал е зрел.
Е стварно си буквалиста . Значи жените имаат избор, дали да стапат одма во врска или не. Некои сакаат а некои не, шо не ти е јасно?