Јас колку што сфатив, темава е за да се дискутира феноменов на влегување од врска во врска. Има оф топик и непотребни коментари, не влечете крив правец членот да го коментирате дали пател по бившата, дали му било криво, дали таа е лошата. Личности што влегуваат од врска во врска не знаат да бидат сами, што мислам не е добро воопшто. Секој треба да знае и со себе да се носи и себе добро да се запознае. Прво треба да си свесен за себе индивидуално кој си, што си, каков си, што сакаш, што ти треба, за ти бидат и врските постабилни. И животот и задоволството во животот да не ти зависат само од друга личност, од партнер. Убаво е да се има некој, но здраво е да се биде некогаш и некој период сам, меѓу една и друга врска.
Има разлика настан од настан. Од настани на блиски, па сè до твојот. Па и тука има доста информации (нели лични кои не мора да ги споделиш), кои само ти си ги знаеш. И има три вистини: твојата, нејзината и правата вистина. Познавам најмалку две-три вакви ситуации каде најчесто девојката што "скокнала" во нова врска била извисана од бившиот. Ама тоа се само случки во моја близина. Во твоја, можеби е поинаку. За 4 години врска не се одљубува човек така лесно ако тоа те интересира.
Ова е едно од најболните нешта ever, низ кое минав и јас. Еве некои ствари што ми помогнаа: Кога некој одма скока во врска после подолга врска, така се соочува со болката. И не е наша работа како некој deals with it. Не е ич убаво, ама тоа е. Многу, многу често се случува и тоа те поврзува со другите луѓе, универзално искуство е на некој начин. Биди задоволен себе што можеби имаш позрели coping mechanisms. Тоа ќе те направи подобар партнер во иднина и емотивно позрела особа општо. Можеме 100 врски, партнери да смениме, во секоја од нив се носиме самите себе. А додека не се соочиме со самите себе, нема никогаш да создадеме вистински здрава врска. Така да, замисли колку им е тешко на тие особи што го прават ова, што бегаат од останување сами. Исто, многу помага ако ја непрестано слушаш на рипит песнава од Били Ајлиш.
Па ти го спомна инстаграм, како потврда на тезата за редови. Ред се чека у банка, на пошта, на било каков шалтер -за врски нема врска. Чак што више, статистички е обратно, девојки обично не можат да го прежалат дечкото со години, дури тој 14 други ќе изврти. Ама тоа е ради живеењето во илузии, не е исклучено било кој од двајцата да сака да продолжи со илузиите. И пак Што има врска дали е нормална и стабилна, и дали е во нова врска. Ако и треба внимание или што год да е, ќе влезе во нова врска. Можда не знае како да биде сама, можда не сака, сите сме различни, нема врска мажи, жени.
Не го спомнав така е, имам другарки и сами ми покажуваат по колку лиѓе имаат во месенџер. Незнам што си накурчена и агресивна вака ама извини ако нешто те навреди. А за кој колку ќе преврти до човекот е полот нема врска. Можеше и да ја скипнеш темата а и веќе го прочитавме твоето мислење. Фала ти и извини уште еднаш за шо и да те погоди.
Лично не преферирам скокање од една во друга врска. На секој ни треба време, а тие што скокаат најчесто така се справуваат со ситуацијата. Сепак секој си одлучува за себеси како е најдобро. Но после долга врска која траела со години, потребно е време да се размисли, да се увидат грешките, зошто дошло до распад, не можи да е сеедно од 4 годишна врска одма да најдиш друг партнер. Или едноставно си имал на лагер некој, и кога си прекинал со еден си продолжил со другиот
Ама ич, ниту ме погоди темата, ниту сум накурчена Само ме нервираат тези безвезе и ти кажувам каква е една друга реалност. Овде се имам изначитано девојчиња што кубат коси оти дечкото ги оставил после ,,4 месеци врска,, па ако некоја решила да продолжи со животот, и во нова врска откако претходната завршила, сигурно нема да ја осудувам Извини што не приметив дека е во под форум разделби темата- ок, твоја си е, не ти коментирам веќе
Скокање од врска во врска и брзо продолжување на бившиот/бившата по раскинување се две различни теми. На тема скокање од врска во врска, не препорачливо, и лично не сум за. Сега зависи и како се завршило, каква била врската, поготово пред раскинување, возраста... Различни фактори можат да играат улога.
Никогаш не сум била тип што " скока од врска во врска " . Иако , еден од моите бивши , денес раскинува со мене , веќе вечерва е во врска со друга . Такви луѓе не знаат што со себе , кога се сами . Или бар јас така мислам . Не знам , ваљда здодевно им е сами со себе . Од друга страна пак , јас за тој дечко немав чувства на романтичен начин , воопшто . Тоа и тој го знаеше , тој ми беше повеќе како брат што мајка ми не ми го родила . Врската ја почнавме на негово инсистирање , веруваше дека еден ден ќе развијам романтични чувства за него . Таа врска и онака беше осудена на пропаст , уште непочната , само дечкото не беше свесен изгледа . После две недели отворен разговор за моите чувства , начинот на кој го гледам и упорно бакнување во лице ( како и со сите останати другари и другарки ) , одлучив навреме да ставам крај на тоа измачување за двајцата . Така беше најдобро . Од една страна , жал ми е што после тоа , он почна да шири невистини за мене , и така го изгубив како најдобар другар , речиси brother from another mother , но сепак мило ми е што ставив крај после само две недели . Не го влечев со месеци и месеци , давајќи му лажна надеж , не го лажев во ниту еден момент . Бев искрена од моментот кога ми кажа што чувствува кон мене . Веќе вечерта , он започна врска со една девојка , и нормално му честитав од се срце , им посакав среќа најискрено , бидејќи верував дека он истото би го направил . Меѓутоа , по оној муабет кој го пушти за мене , искрено душава ме болеше .. Не за муабетот , не ме допира тоа што не е вистина , туку затоа што тие невистини излегле од неговата уста . Тогаш завршив со него , засекогаш . Од најдобар пријател , брат , ми стана само познаник , кој за жал ме познава предобро . Толку пати ми бил поддршка кога ми било тешко , ми помогнал да се извлечам од канџите на депресијата , за после се , вака да ми направи . После долги години се сретнавме во родниот град , се поздравивме како двајца познаници , не и како најдобри пријатели . И тоа е сосема ок , според мене . После сите невистини што ги изусти за мене , добро е и тоа што го испочитував , се заради оние тешки денови кога ми бил рамо за плачење и поддршка на секој можен начин .
Можно е да има подлабоки психолошки проблеми ако мислеше на тоа, секогаш постои можност особено ако си чувствувал дека те сака. Во овој случај си се спасил без да знајш. Нема врска полот тука.
Јас лично кога ми беше време за врски не влегував од врска во врска. Дури и за тие што сум немала некои појаки чувства си оставав време за себе. Се одмарав Кој како сака нека си прави, ако нема чувства за претходниот ок, ама ако не се изладени јас мислам дека повеќе се страда така или па што знам, не сум била никогаш во врска со некој а да се вртам и да страдам по бившиот. А па и ако ме сакал ќе се потрудел и немало да биде бивши
Ниту за ниту против, индивидуално е. Ако некој преболува/лекува преку запознавање нов партнер е во ред. Иако мислам дека правилото од три до шест месеци после прекин треба да се почитува, за да се даде адекватен простор емоционално да се созрее и надмине првичната разделба.
Им завидувам на тие кои што можат од врска во врска, немора да значи дека во врска варале но да имаш храброст одма да си бараш друг/а е подобро за да не се дретскаш од земја да патиш. Камо јас да имав таква храброст ама неможам никогаш така. Кас само мислам на минатото неможам да се опоравам после тоа.
Не би рекла дека е храборст веднаш да почнеш со друг. Тоа е многу лесно, потешко и похрабро е да се соочиш прво со тоа дека завршило нешто што ти значело, да прифатиш, да се навикнеш и да продолжиш, да се решиш од емотивниот багаж.
Тој што влегол во нова врска непосредно по старата, или го преболел партнерот многу одамна или вмешано е трето лице исто така поодамна. Не сум против, не сум за, секој си ги знае причините за своите постапки.