1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сколиоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 1 март 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Имам 18 години.Во седмо одделение на систематски ми кажаа дека сум имала скулиоза, некој вид искривување на р’бетот и ме упатуваа на лекар и на теретана меѓутоа јас не отидов а ни ден денес не сум била. Еднаш имав прилика да прашам еден лекар и тој ми кажа дека иако не е многу видливо тоа искривување ( не изгледам подгрбавено или сл. ) еден ден кога ќе останам бремена ќе имам јаки болки во грбот. Дали некој ја има оваа болест или пак знае да ми каже какви се последиците и дали направив голема грешка што не се лекував на време ( изгледа тоа се исправа во детството ). поздрав
     
    На danceeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Milickaa

    Milickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Vaka jas pravam inace seminarska na ovaa tema i od seto toa sto sum go procitala samo ke ti preporacam da posetis doktor i da probas da ja lekuvas skoliozata bidejki moze da dovede do komplikacii .. pa tvoe e da razmislis i odlucis
     
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    А може нешто подетално да ми кажеш ? Не сакам да носам некакви појаси или помагала :(
     
  4. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Јас го имам сосема истиот проблем и бев на ортопед. Тој ме прегледа и ме прати на ренген за да види од кој степен е искривувањето. Ми кажа дека изгледа многу полошо на ренген сликата, отколку кога ме прегледа вака. И јас имам 20 години, а вежби за 'рбетот правев само еднаш. Ми рече дека состојбата не може да се подобри ( значи 'рбетот ќе си остане искривен ) но со вежби и со носење на корсет би требало да се задржи во таа состојба, за кога ќе дојде ред за бременост да не ме боли грбот, а во постари години да не дојде до искривување на карлица, на скратување на еден од екстремитетите или пак, промана на положбата на еден од органите. Значи цел живот со вежби и корсет. Како велат: Пази се во младоста, за да бидеш здрав во староста, затоа те советувам да посетиш ортопед и тој ќе те упати каде треба да одиш!!! поздрав :*
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Леле ме уплаши еј :) не знаев дека може да биде толку озбилна работата :worried: И ти што направи? Носиш корсет ?
     
  6. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Чекам да го донесат корсетот, а планирам и да одам во бања за да правам вежби, а ако треба и масажа и базен. Тој ми беше рекол дека треба нон-стоп да се вежба, барем двапати дома, а кога ќе ги научам кои врежби треба, ќе вежбам. Морам!!! За мај разговарав со една жена, која има двојна скулиоза,а има 2 деца, и ми кажа дека многу се изнамачила бидејќи имала големи болки во грбот и дури не можела ни да се исправи. Ама вели дека вежбите биле најдоброто решение. Вели дека од кога почнала да вежба немала никакви болки. Моето е лошо искривување, што не мора да значи дека и кај тебе е таков случај. Затоа оди на време и почни со вежби на време за потоа да нема посериозни проблеми. Извести ме што си направила!!! поздрав :*
     
  7. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Оф лелееее,и јас имам,и се изнамачив цел живот.Од мала имам,4 одделение.Бев двапати во Охрид во костозглобна, носев корсти и правев вежби,но не ми е исправен рбетот,Не бев доволно упорна со корсетите,зашто се премногу тешки за носење.Јас носев пластичен,со каиши и напред кај градниот кош имаше шипка,едвај дишев и не можев да издржам и престанав да го носам.Сега мислам дека има некои понови модели,не биле толку страшни како моите :) Инаку,кај мене едниот кук ми е порамен од другиот,и ме си приметува,и имам проблем кога носам купачи,тешко можам да најдам некакви што ке ми го сокријат недостатокот,не е ептен забележително,но јас зашто знам,а и слаба сум па мислам дека сите таму ме гледаат :( Болки порано чувствував во грбот,некогаш тешко можам да си земам воздух,зашто смета на градниот кош,а понатаму мислам дека може да смета и на срцето.Да не те плашам многу,обавезно земи да носиш корсет,ке ти каже ортопед каков,и носи го колку што можеш повеке,колку и да е непријатно (иако ти кажав дека сега не биле толку гломазни),можеш да го носиш само дома,јас мојот го носев и на школо,се осекав како Нинџа шелка,со оклоп на мене :D ,прави вежбии се што треба. Кај мене малку од малку е подобро,иако се уште не е исправен. Одев дури и на биоенергија,па мислам дека можеби и тоа ми помогна д анемам болки сега за сега.Позз,се надевам дека не те исплашив многу,но сакав да ти кажам дека е сериозно за да не го занемаруваш проблемот
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Оооо и јас имам ваков проблем,ама мене никогаш во мајчин дом кога бев помала не ми рекоа дека треба да носам корсети и слично,ми рекоа само вежбање и пливање и што е за право,вежбав,а татко ми маратони ми правеше на одмор,душата ми ја правеше за пливање и се така си остана,не знам зошто,ниту контрола после направив...
    А сега забележувам...ако седнам со нозете под задник,ама малце како жапче позиција(малите деца обично така седат),страшно ме заболува едниот,остра болка,мислам од место ми се вади или ако долго седам додека да се разодам ме боли и исто,ако правам пилатес вежби,легната на грб,да ги истегнувам нозете едната па другата,од тој колк се слуша звук како да излегува од лежиште па се враќа назад,а и го чувствувам тоа...
    Ме исплашивте бе...
    А рбетот,кон средината некаде (каде и вообичаено е повдлабнат) во еден мал дел ми е невообичаено повдлабнат од останатите...едина предност,дал да плачам или да се радувам,машкиот пол го смета за секси...а ќе речеш здравствените проблеми не се привлечни!Ја мајката! :D
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.
  9. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    И јас имам мало искривување знам само дека кога бев мала одев на некои терапии, правев вежби и носев појас.Но не можев да го смислам и се откажав.
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    За сколиози и другите искривувања има вежби во Заводот за рехабилитација и физикална терапија во Козле и можете да отидете да правите вежби и мислам дека ке ви помогнат. Таму сум на пракса и мислам дека се од 7 ипол или 8 саат. Другарка од основно имаше искривување и правеше вежби и носеше корсет и се и исправи кривината на рбетот. Така да може да се обидете ;)
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    До скоро време имав многу големи болки во половината и во пределот каде што е искривувањето. Не можев да се исправам и многу се исплашив. Ми рекоа дека ако залудно било да го носам корсетот бидејќи тој ништо нема да помогне. Сега сакам да ве замолам ако знаете некои вежби за скулиоза на нет пратете ги оти морам да вежбам за да ја задржам таа положба на 'рбетот за да немам проблеми во иднина. Ве молам за help!!! :(
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.658
    Пол:
    Женски
    Најдобро ќе биде да одиш на физикална терапија некое време, ќе ти покажат кои вежби се најдобри за тебе и како правилно да ги изведуваш. После тоа ќе можеш и дома да продолжиш со нив.
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Мислам дека сите имаме искривување на рбетот и тоа ни е од неправилно седење во школо и од тешките ранци со книги :), барем така мене ми кажа ортопедот како мала. А моите ми кажувале дека во нивно време на часови морале да седат со рацете позади столчето за да им биде исправен рбетот. Мене како мала ми дијагностицираа сколиоза и носев корсет некое време и после престанав. Од тогаш не ми текнало да отидам на ортопед и да видам каква е состојбата сега. Ама многу често ме боли грбот. Фала што ме потсетивте ќе направам една контрола :). Иначе точно е тоа дека последиците најмногу ќе се чуствуваат за време за бременоста и кога ќе остареме :( .

    Еве најдов некои вежби на нет па може за почеток да ги применувате пред да одите на физикална терапија.
    http://www.centarsm.co.rs/ProgramSkolio ... sub=insub3
     
    На Araksi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Лелее ме уплашивте за ова во бременоста и на стари годинииии :sweat: . Инаку јас имам сколиоза од прв степен. Потоа одев на масажи кај Џамбазов во Скопје и тој ми даде вежби. Вежбав извесен период и се откажав од пуста мрза. Имав големо подобрување ама како се откажав мислам дека искривувањето ми е поголемо и повеќе се приметува. Но морам да си ја сватам сериозно работата и да почнам да вежбам додека е на време :!: . Инаку масажите се многу ефикасни и ако имате ваков проблем да одите кај него. Ќе ви даде и вежби и обавезно да вежбате. Една другарка исто така одеше кај него и беше многу поупорна од мене и си го исправи грбот, сега нема никакви проблеми. А јас си останав така искривено... Аххх Штрумф озбилувај се или страшно ти се пише!
     
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    И јас сум голема мрза затоа се доведов до оваа состојба. Морам да почнам да вежбам и да одам кај мојата другарка (таа е физиотерапевт) и ќе ме масира за колку-толку да си ја ублажам состојбата. Во основно имав една сокласничка која носеше корсет од гипс и јас и се смеев :tmi: , но денес таа оди исправено, а јас се искривувам :( Ајде ќе има чаре и за мене :)
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Женски пилатес му е мајката :)
    Јас имам сколиоза од 3 одд., значи веќе 15-16 години. Што се не сум пробала, од физикална терапија во Козле 3-4 години цел летен распуст, носење корсет целолето, пливање, фитнес, гимнастика...... Пред една година бев на физикална терапија на медицински кревет DR.Q кој прави масажа на деформитети на грб во комбинација со екстензии (многу е страшно верувајте, како справа за мачење, ма помага ептен) и никаков ефект од сето ова.
    Во септември се запишав на пилатес и ефектите се wooooowwww :o
    Ми се оформи струк, ми се зајакнаа мускулите на стомакот, на грбот, држењето ми се поправи, испакнувањето што го имав од десната страна на грбот ми се намали..... се на се јас сум презадоволна и планирам да вежбам додека можам ;)
     
    На Cosmic Girl и TrinityNeo им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    И јас слушнав дека пилатесот помгал, а богами како што сум тргнала и те како ќе ми требаат вежби, не дај боже корсети. Одев во 4то одделение на физикална и до 8мо немав проблеми, ама од 1ва година па навака пак ми се врати сколиозата, а ме боли и грбот кога подолго време сум во наведната позиција и нагло се исправам...ме мрзи ужасно да ги правам вежбите, а ги паметам уште, ех пуста мрзо! :(
     
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    И јас најверојатно имам сколиоза.. Едно време одев на масажи, и ми дадоа вежби, али штом престанав да одам, и вежбите ги оставив :(
    Сакам да ве прашам, дали на 17 години може воопшто да се исправи грбот? И што треба следно да направам? Дали да одам да ме снимаат за да ми го одредат степенот на искривеност? И дали е добро корсет да се носи, бидејки читам тука повекето носеле и имало резултати.. Или можеби вежбите му е мајката? И дали јога или пилатес е подобро??
    Навистина сум решена да се исправам но незнам од каде да почнам :(
     
  19. saska86

    saska86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    здр еве јас пак да пишам.Имам внука 11 години и има сколилоза,носи корсет ама вежби несака да прави секој ден и збориме и покажуваме слики да ја заплашиме ама џабе.Дајте некоја идеја и ако може да ми дадете број или да ми кажзете за пилатесот и за др.Џамбазов.поздрав
     
  20. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    и јас имам сколиоза и носам корсет веќе 8месеци. вежби правев некое време па баталив и уште не ги правам. пуста мрзаа.
    корсетот го носам редовно, мислам го носеВ, ама од пред месец престанав. бев на одмор, па ме болеше од изгореното, па жешко....бла бла |-)
    кога спијам го ставам ама после 2-3саата обавезно го вадам! склет ме фати не можам да го носам.
    вежбите ке се натерам да ги правам па што сака нека биде, ама корсетот неможам да го носам и крај! кога е поладно ке го носам, ама сега нема шансии!!! :x

    е сега, кај нас мислам дека нема пилатес, за да идам да вежбам. |(
    мислам дека теретана има, ама пилатес не верувам.
    има ли некои вежби на нет да ми дадете ако можам и ако се намолам дома да ги правам или не?
    фала :*


    сашка86::
    за внука ти..кажете и дека е за нејзино добро. боље додека е помала да го носи, отколку кога ке порасне да го мрцвари со неа секаде |(