1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сколиоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 1 март 2010.

  1. Klaser

    Klaser Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    корсетот те стега многу некаде,ти прави црвенило и болка ?На керка ми и дадоа да носи,но на одредни места многу ја притиска и црвено и е ,естото после 10 мин носење
     
  2. Slagana6615

    Slagana6615 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    A nekoj da dade sovet ako moze pose nemozam veke termin imamduri cetvortok
     
  3. L.K

    L.K Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Imas iskrivuvanje ili sto?
     
  4. Slagana6615

    Slagana6615 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Pa taka mi reko a i mozam da primetam ednoti ramo mi e povisoko imam premnogu bolki vo cetvortok imam termin ali ne se izdrzuva
     
  5. L.K

    L.K Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Kaj koj doktor odis?
     
  6. Slagana6615

    Slagana6615 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Pa ovde vo Germanija sum sega me pratija na ortoped
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас имам сколиоза од 15 годишна возраст. Ортопедите ми кажаа дека е последица на нагло растење во висина. Ептен се приметува, десното рамо ми е пониско.
    Со болки во грб живеам, постојано ме боли, а сега тек во бременоста станува неиздржливо и ептен тешко, ако се потпрам боли премногу. Спиење на страна ми е огромен проблем, а во бременост друга опција нема, или лева или десна страна..

    Така да тие што рано го откривате бидете упорни, може да се исправи. Јас одев на физикална терапија, ми препорачаа и пилатес, вежбав но не успеав да го исправам ‘рбетот. Имав и помагало од Медикус Хелп мислам Спиномед се викаше, 10500 го купив но не можев да го носам редовно. Требаше околу 2 часа во денот да го носам, но со него не може да се седи ниту лежи, само да се стои или да се оди. При одење мене ми се изместуваше.. И плус при носење ме болеа и колкови и секоја коска... Не бев упорна и сега тоа е.. Еден доктор од Ниш ми кажа дека ако не успеам со вежби и помагало до 18 години да го исправам, потоа може само операција. Бидејќи може да се живее и вака без операција решив вака да остане.. Болките беа издржливи... Веќе стануваат полоши..
     
    На Ackkaa ^^° и Zdravkoskaaa им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    На сите што имате проблем со искривување на рбетот или со лошо држење или имате дете со таков проблем, би ви советувала да одите на преглед кај Д-р Албена Манева Крстевска. Сега има приватна ординација во селото Бардовци, (незнам кој и е контакт број, но веројатно може да се најде на информации). Порано работеше во болницата Св. Еразмо во Охрид. Мене лично пред години ме водеше и успеа да ме излекува од сколиоза на време. Велам на време зашто навистина може да се подобри состојбата само додека телото расте. Кога ќе се уковчи веќе скелетот накај 18-20 год, после сите промени кон исправување се потешки и помали. Затоа не чекајте да направите преглед и да почнете одма се лечите. Сега сум речиси перфектна хахаха, ама еден Господ знае колку труд и мака видов да го постигнам тоа. А на докторката неможам доволно да и заблагодарам за тоа што го остваривме. За мене таа е најдобра и најстручна за оваа област кај нас.
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Оди веднаш на ортопед (ти ја препорачувам Д-р Албена Манева Крстевска) и почни одма со терапијата што ќе ти ја препорача. Имаш уште фора да направиш промена кон подобро зашто си сеуште во пубертет и растеш, но времето е драгоцено кај сколиозите и кифозите и не дозволувај да ја промашиш временската рамка кога може да се направи подобрување. После може да е предоцна и да треба да живееш со искривување до крајот на животот. Апчиња за болките може ти даваат, ама тоа сигурно не е трајно решение. Секојдневно вежбање, и тоа вежби прилагодени за корекција на рбетот, ортопедски помагала и редовни контроли на ортопед за да се следи напредокот е неопходно за добар резултат.
     
  10. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми пишеш во порака подетално, какви се терапиите и слично?
     
  11. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Може и тука да каже сите да видаа со тие што имаат мака, какви се терапиите и колку пати треба да иди, и колку пари..
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Ок ќе пишам и јавно, секако. Јас се лечев во деведесеттите и тоа со години. Од 13-14 години до 18. Беше лекувањето на фонд не плаќав приватно. Прво ортопедот прави преглед на кој гледа визуелно каков ти е ставот, држењето и рбетот. Обично наредно е рендгенот на цел рбет. Од снимката гледа какво и колкаво е искривувањето и зависно од тоа што треба понатаму да се направи. За помали искривувања се даваат вежби, се препорачува спорт или физикална терапија. За поголеми искривувања се дава ортопедско помагало или во потешки случаи операција прават. Јас носев корсети низ годините кои докторката ми ги правеше по мерка со отисок од гипс. Еднаш кога немав подобрување туку дури и влошување имав зашто не бев упорна со вежби и носење корсет, носев и гипс еден месец. Трауматично е искуството за тинејџер, ама помина. Од страв да не се повтори после редовно носев корсет и секој ден вежбав без забушавање по 1 час аеробик и 2 до 3 пати неделно пливање. Вежбањето е најбитно, да е редовно и правилно.

    И ова ќе кажев: не е прашањето колку пати треба да одиш на лекар или на вежби. Лекар те контролира ама сам мораш да водиш сметка за дисциплинираноста. Секој ден треба да се вежба и тоа е единствено што е ефикасно. Корсетот ќе те држи исправен однадвор, ама додека го носиш. А што кога ќе го извадиш? Самите мускули мора да се зајакнат за да бидат способни сами да го држат скелетот и рбетот. Вежбите за грбот можеш и со неколку одења на физикална да ги научиш или со еден месец во фитнес клуб, ама мора да се вежба секој ден. Мора да се вежбаат и сите мускули во телото за да има некаков ефект. Неможе само група мускули да вежбаш на пр. грбните, а не и стомачните. Телото функционира како целина. Јас секој ден вежбав. 3 пати неделно во сала, другите денови дома. Кога не бев на физикална или на аеробик јас вежбав дома исто како таму што вежбаш. И тоа ми беше приоритет вежбав прво па после се друго правев. Побитно ми беше здравјето и од шетање и од учење и од се. И верувајте, имав време за се и со одличен успех завршував и се дружев и искачав. Имав и големо огледало во собата, зашто во сала го користат за да се гледаш дали правилно ја правиш вежбата и да се корегираш. Татко ми ми постави и шипка над вратата во собата за да вежбам на неа вежби што ми ги покажаа на физикална терапија и се тегнев. Значи дома ги имав сите услови за да вежбам прописно секој ден. Кога конечно ми кажа докторката дека сум се корегирала максимално јас и понатаму продолжив да вежбам, тоа ми прејде во навика и ми стана стил на живот. Еве сега и на 40 год вежбам колку можам, бар 2 или 3 пати неделно аеробик, јога или пилатес, возам точак и сл. И пазев и сеуште пазам да не седам искривена, кога стојам да не префрлам цело време тежина на една нога, да не носам ташни и тешки ранци на едно рамо и сл. Затоа велам, многу труд и упорност бара. Ама ни тоа не е ништо во споредба со тоа да имаш болки цел живот или да имаш проблеми со внатрешни органи заради деформитет. Зашто тоа се последиците ако не ја третираш сколиозата..
     
    Последна измена од модератор: 22 февруари 2020
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AlexZ

    AlexZ Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Би сакала да прашам колку е степенот на закривеност кај вас? Кај мене е 25°.Би била многу благодарна доколку некој сподели одговор.
     
  14. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Јас пред 1 година кога се сликав, имав 40°. Цела година одам кај др Албена, и утврди дека има големо подобрување.
     
    На AlexZ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Kaj se naoga taa dr Albena
     
  16. AlexZ

    AlexZ Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Го прочитав ова и не можам да не одговорам.. Едноставно така треба. Доколку корсетот не врши притисок на одредени места и црвенило тогаш корсетот не е во ред. Местото каде корсетот врши притисок се нарекува пелота. Нели кај сколиозата едната страна од грбот е поголема поиспакната. Корсетот тука врши притисок и полека испакнатиот дел се намалува. Јас носам пластичен корсет 23/7 и секогаш имам црвенило. Е сега доколку тој притисок е неподнослив и направи голема рана ќе се обратите за корекција од местото каде што ви е даден. Поздрав и секое добро.
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nora111

    Nora111 Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    ' I would like to make something clear. Scoliosis is not a slightly hunched back. Scoliosis is a disease that affects a person physically and emotionally every single day. Scoliosis is constant back pain. weakness. rib pain. knee pain. shoulder pain, neck pain. trouble breathing. heart problems. Now don't mistake this for a 5 degree curve which is natural in 3/4 people. This is something that even with surgery we will deal with for the rest of our lives. So the next time you make a joke about scoliosis or how we overreact, take a walk in our shoes.

    :muscle::muscle::muscle:
     
    На Beautymom му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Is it possible to have kidney problems related to bad body posture in scoliosis? Every morning I feel kidneys pain.
     
  19. Nora111

    Nora111 Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    I don't know, I also have scoliosis but so far I haven't had kidney pain

    Инаку и јас сум од Македонија, ако сакаш можеш да пишуваш на македонски и да прашаш се што те интересира ако можам да помогнам.. Тука сум... :);)
     
  20. Klaser

    Klaser Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    koj ima iskustva so dr.Albena?Se javiv da prezakazm pregled i mnogu drsko i nekulturno odnesuvnaje imase.Vasi iskustva so nea?