1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сколиоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 1 март 2010.

  1. Ackkaa ^^°

    Ackkaa ^^° Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Навика можеш да направиш само ако имаш желба , односно ако навистина сакаш .
    Заборави ги глупавите и некорисни изговори и почни да вежбаш . Сѐ што ти треба е слободно место во некој дел од домот доволно за изведување на вежбите , јас вежбам во мојата соба пред огледало на тепих ,а имам и подлога, но можеш и без неа. Што се однесува на огледалото го користам за правилно изведување на вежбите , ако во нешто грешам - да се корегирам .Можеш да си ги пушташ омилените песни за време на вежбањето од телефон.Јас користам радио со USB на кое ми се песните . Обавезно имам шише вода до мене . После една вежба 30 сек паузирам дишејќи длабоко за да се подготвам за следната вежба. Друго нешто важно е прво да се загрееш , а на крајот да се истегнеш . Има вежби на YouTube и за загревање и за истегнување ,не се воопшто тешки (барем за мене) . А измеѓу главните вежби кои ми се од физикална меѓу кои и вежби дишење . Дишењето е важно , кога е тешкото односно напорот се издишува . На пример во чучнувањата кога се спушташ доле вдишуваш а горе кога се враќаш издишуваш.На YouTube има многу вежби кои се прекрасни , од повеќе видеа можеш да си одбереш одредени вежби да ги напишеш на лист хартија и тие да бидат твои вежби . За 21 ден ќе стекнеш навика за вежбање и гледај да вежбаш во исто време секој ден . И пред сѐ важно е да го сакаш тоа што го работиш , зошто инаку џабе е сѐ. Тој што сака под секакви околности би ја постигнал својата цел . Со среќа :D

    1. Како што напишав во горниот пост дека 11 месеци носам корсет и вежбам , денес кажувам дека тоа го правам веќе 1 година и 11 месеци . Првиот пат кога бев на доктор , докторот ми кажа дека е многу лошо . Да не заборавам да напоменам дека сум 14 години , а ова беше на 12 . Докторот ми рече дека најважно е да се спречи понатамошно искривување односно да се задржи состојбата онака како што е . Бев еден ден на физикална , ги снимивме вежбите со телефон и потоа дома ги вежбав секој ден .За во физикална најискрено можам да кажам дека се изначекав , ама за тоа време не стоев со скрстени раце ,туку вежбав yoga од YouTube . Прво ги научив вежбите како правилно се изведуваат неколку дена гледајќи го видеото повеќе пати , потоа вежбав откако ги научив редоследно . Тоа беше неколку месеци . Потоа ги почнав тие од физикална кои беа доста потешки.Корсетот го носев цело време ,освен за вежбањето , и капењето секако . Денес го носам третиот корсет , се уште вежбам и во септември ќе направам цели 2 години . Ќе износам уште 3 други корсети и уште две други години , ама нема да се откажам . Овој пат одамна го одбрав и нема да се откажам , две години не се малку . Ова е многу долг и тежок процес кој бара многу дисциплина , посветеност и редовност.Искрено за да имам време за сѐ се откажав од еден куп лоши навики . Социјални мрежи немам освен Facebook (само заради онлајн учењето инаку и тоа би го немала) зошто порано ми земаа доста голем дел од времето , порано бев само болна и пиев лекарства нон - стоп а сега незнам од кога не сум се разболела , имам повеќе апетит , редовно пијам вода 2,5 литри дневно и до 23 часот најдоцна сум легната . Друго нешто облеката . Целата облека што ја имам е спортска , бидејќи фармерки со корсет за мене е невозможно нешто . Не само фармерки , туку општо цела облека што е тесна. Зборот ми беше дека од многу работи се откажав , едноставно јас се променив како личност . Ама многу досега вредеше . И уште ќе вреди . Последно на контрола бев пред 1 недела и докторот се воодушеви колку е подобрено (како и секој пат ) . Мајка ми секогаш ми кажува дека кога ме прегледува ме гледа како со " подотворена уста" од тоа колку е подобрено . Ова не го кажувам за да се фалам туку едноставно да им докажам на сите кои не веруваат дека вежбите и корсетот не помагаат и се за џабе. Да, не помагаат зошто тие тоа што го тврдат имаат само еднаш вежби за рбет направено а помагалото им е забаталено во некој ќош и фаќа пепел .Ако јас можев да стигнам до овде , МОЖЕ СЕКОЈ ОД ВАС.Јас уште ќе се трудам , сѐ додека е потребно , ако треба уште 10 години ама ќе го завршам ова што го почнав . А вие? :*

    2 . А за тие во училиштето не ми беше многу грижа , зошто ниту се срамев ниту ќе се срамам . За рбет да се искриви лесно е ,секој можи , ама да го исправи ? Е тука не можи секој . Грдо е не велам не ,а пред се тешко да носиш корсет . Потешко и од вежбање и од сѐ . Едно мало прстенче кога ќе го ставиш на прстот ти смета само "тука ти е умот" а не цел "оклоп" од долу кај задникот па се до рамења и тоа пластичен , да напоменам . Црвенило колку сакаш насекаде . И малку чешање кога ќе го извадиш . А ти штом прашуваш за на училиште сметам (а можеби и не е така )се грижиш што ќе речат другите . Тоа никогаш не го гледав . Зошто ретко од таквите некој може да го трпи ова што јас го трпам зошто кој не видел мака незнае за нејзе . Само јас и еден Господ знаеме колку апчиња за болки имам испиено и колку болки имам видено . Можеби да не беа тие не би се трудела СЕГА воолку , кој знае? На училиште кога започнав да го носам корсетот во исто време бев и претседател на класот и можам да кажам дека со сите си имав муабет , со сите се дружев , зошто никогаш никого не издавав и сите ми се доверува и затоа бев и претседател избрана . Јас им имав кажано кога ќе ми го дадат корсетот и првиот пат кога влегов во училница со него многу се зачудив искрено . Сите беа пред врата и сите ме гушкаа како роденден да ми е , му го покажав корсетот а исто и сите наставници знаеа . Кога ќе ми паднеше нешто другар ми што седешемседеше до мене ми го креваше зошто со корсет не можеш да се наведнуваш . А исто и книги не носев , само тетратки зошто грбот ме болеше од тешко . Ние како одделение бевме како семејство и никој никогаш за тоа ништо не ми рекол , и да би рекол сигурно нема да се откажам заради тоа кој што рекол. Арно ама , имаше и такви кои знаеа да кажат по некој збор , ама тоа беа луѓе кои не ме познаваа добро како личност . Тие воопшто не ни ги слушав едноставно она на што бев фокусирана беше она што го сакам . И за учење имав време и за одмор , пак поминував со сите петки , единствено се откажав од лошите навики и ова ме направи подобра личност .Личноста што сум денес.(Зборувам во минато време зошто од одамна не се учи со физичко присуство ,иначе уште сум во истото училиште и одделение .)
     
    Последна измена од модератор: 3 септември 2020
    На sweet.woman, Cosmic Girl, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Јас вежбам едни вежби од нет и некои ми велат дека сум била поисправена. Но јас сакам до даска да си ја исправам кичмата, се трудам. Само да не останам така, бидејќи кога ќе треба дете да рагам СТРАШНИ болки ќе имам... Ем ќе имам болки, ем нема да изгледам убаво.

    Подобро кога не е многу искривен рбетот да одиш си го средиш рбетот, одколку потоа нагоре надоле да се маткаш за да го излечиш. Ееее затоа е поговорката 'Подобро да се спречи, одколку да се лечи'...

    Блазе тебе. Во ова училиште што учам јас не само што ќе ме исмеваат, туку и ќе ме објавуваа на социјалните мрежи сигурно.
     
    Последна измена од модератор: 3 септември 2020
    На Maša8 и Ackkaa ^^° им се допаѓа ова.
  3. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Браво! Многу луѓе ќе инспирираш.:inlove:
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ackkaa ^^°

    Ackkaa ^^° Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Благодарам.Се надевам и мило би ми било доколку е така :l:
     
    На Maša8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. -GIRL-

    -GIRL- Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Пред две три години ми дијагностицираа кифоза.Одев на физикална,во почетокот бев многу упорна но потоа таа упорност ја снема.Се разбира јас ги правев вежбите но не со толку силна волја,два дена ќе ги правам една недела не.Е сега оваа година и лани редовно правев вежби и тие од физикална и други дури и на одбојка одев една година.
    Но видовме само мал резултат ништо големо,не можев да си ги фатам прстите на нозите а сега можам.И сега пред една две недели пак закажавме за во физикална докторката ме прегледа и сега дури и скулиоза имам но не е многу приметливо,и ми закажа за мерки за корсет,па потоа треба да одиме и во Скопје за панорама на 'рбетот.И исто така докторката кажа дека треба да одам на кинези терапија.

    Дали некој кој имал кифоза и скулиоза од носење на корсет и редовно вежбање се подисправил малку?И каква е таа кинези терапија?
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ackkaa ^^°

    Ackkaa ^^° Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Кинезитерапија е вид корективни вежби за држењето на телото . А ефект сметам дека не си имала зошто вежбите треба одат паралелно со корсет , инаку корсетот не малку , туку многу резултати ќе имаш од него . Еве јас сум 2 години со корсет и сега моментално на мене е . Да си носела корсет додека си вежбала , би имала многу резултати , ама зборам за 22 часа дневно обавезно , вадење само за туширање и вежбање .Не знам колку години си, ама не се откажувај. Вежбај како можеш,преку ден ,два ама не се предавај. Оди полека но сигурно кон целта.Инаку корсетот ако е пластичен ќе ти биде многу тешко на почетокот , ама се навикнува . По мене знам , првите две недели си реков МОРАМ да го носам ,воопшто не го вадев ,многу тешко беше ,ама после тоа се навикнав и сега без него не можам 8)Со среќа:)
     
  7. -GIRL-

    -GIRL- Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за мотивацијата:)Верувам дека ако тогаш докторката ми дадеше корсет досега колку толку ќе се подисправев,но сакаше да проба со вежби а и самата кажа дека сум за корсет(facepalm)И да пластичен е корсетот,но ќе го носам и ќе бидам упорна.Инаку 14 години сум.
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ackkaa ^^°

    Ackkaa ^^° Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    И јас имам 14 :D Епа супер , само носи го корсетот кога ќе ти го дадат и прави си вежби ,ќе имаш WOW резултати. Докторката сакала само со вежби да пробаш зошто сметала дека не си многу искривена , инаку не гледам причина зошто не би ти препишала . За мерката не е ништо страшно , одиш во Славеј , облекуваш едно бело како маичка и рацете ги расшируваш горе , техничарот ти поминува со таблет од сите страни со посебна програма и тоа е тоа . По еден месец ти го даваат . А за снимката ако правиш панорама ќе пишува сигурно и степени на искривеност .Јас бев 25 пред една година,сега е многу подобро од тогаш , кога бев во Славеј , еден доктор ми го виде рбетот и рече дека е многу добро околу 15 степени .

    Сѐ ќе биде во ред:)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. -GIRL-

    -GIRL- Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Еве по 3/4 месеци редовно носење корсет и редовно вежбање имам видливи резултати не многу но има,баш и мајка ми ми го кажа истото дека сум подисправена не е како што ми било ептен испакнато.Корсетот го вадев 1 до 2 часа дневно и потоа за спиење,но сега не го вадам.Сега не го носев само 1 недела бидејќи почнаа градите многу да ме болат од него сега ќе треба да одиме да го поправат малку.
    Сакав и да ве прашам дали доаѓа до деформација на градниот кош од кифозата?


    Со редовно вежбање и носење корсет се ќе се среди само треба да бидете многу упорни.
     
    На Ackkaa ^^° и KatrinaP им се допаѓа ова.
  10. SNAODLIV

    SNAODLIV Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    SKOLIOZA e deformiranje na nekolku prsleni od rbetniot stolb se leci do 9godisna vozrast koga koskite se seuste rskavica potoa tie ostanuvaat takvi moze so vezbi da se deluva na SVRZOTO tkivo da se razvlece treba UPORNO da se vezba kako da e DA SE BIDE ILI NE morate da vezbate pa majkumu site ste UBAVI DEVOJKI rezultat ce ima samo ne se predavajte so sreca &
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Некој да каже свое мислење и од искуство да каже кога сте биле бремена а имавте сколиоза до 50 степени најмалку, како се справувавте до 9 месеци па и со породување и дали е тоа добро?
    Ве молам без негативни коментари
     
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Дечки, како паталец ама и како успешно излечена сакам да ви дадам совет за сколиоза:
    Ако приметите дека имате проблем со рбетот не губете време туку одма на ортопед. Колку порано почнете да се лечите, толку подобро. Рбетот може да се корегира се додека телото расте. Некој погоре пиша до 9 години најдоцна што не е точно. Скелетот се укошчува некаде докај 18-20 години, така да треба да се реагира пред тоа и да се обидете да се корегира до оваа возраст. Кога ќе престанеме да растеме корекциите одат побавно и нема големи подобрувања. Зависно од степенот на искривување се одредува терапија. Еден ортопед грубо вака ми кажа - до 15 степени само со вежби и физикална, од 15 нагоре степени вежби + корсет. За поголем деформитет се прави и операција.
    Вежбање е КЛУЧНО. Ова неможам доволно да го нагласам. Дисциплинираност и во носење корсет и во вежбање. Секојдневно вежбање, вежби прилагодени за вас и вашиот деформитет, и плус вежби за севкупно зајакнување на целото тело, зашто телото функционира како една целина. Неможе да вежбате само група мускули. Корсетот помага ама мора да се зајакнат мускулите за да можат самите да го држат правилно рбетот. Ако имате можност да пливате напоредно со вежбите, онака рекреативно и тоа е голем плус.
    И мислете како седите, како стоите, како се држите цело време.
     
    На Hellothere и Maša8 им се допаѓа ова.
  13. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Дали некои искривувањето го откри на подоцнежни годени после 25 да сподели искуство.И дали освен болките го грбот ви предизвикуваше губење на фокус и слично ?
     
  14. an.97

    an.97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам 23 години и сколиоза ми беше откриена во основно. Почнав со вежби ,носев корсет но не бев упорна. Поминав две бремености без никаков проблем, но сепак сакам да го решам овој проблем бидејќи ми намалува самодоверба се осеќам како сите да ме гледаат во грбот, а и за понатаму да немам проблем. Дали некој направил операција да ми објасни како е процесот, цена и закрепнување? Или пак да ми препорачате некое помагло појас и совет што да превземам? Ви благодарам
     
  15. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    За операција треба да има голема кривина и да те упати специјалист. А и операција не е гаранција, можи да ти се врати кривината после.
    Само вежбање. Многу треба да вежбаш за мускулите на грбот, зависи на каде ти е кривината и дали кривината ти е само токално или и лумбално.
    А и на тие години тешко дека скроз можиш да го исправиш 'рбетот. Но со многу вежбање ќе зацврстиш мускулатура и нема да имаш болки во грбот и превенција од натамошно искривување.
     
  16. an.97

    an.97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот. Дали имаш искуство со некои вежби што помагаат да ми препорачаш или каде конкретно да побарам?
    Инаку ми е и токално и лумбално
     
  17. -GIRL-

    -GIRL- Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски

    Според мене најдобро е да побараш вежби од физикалната
     
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Не можам да ти кажам јас какви вежби оти има различни во зависност од кривината.
    Ќе појдиш кај физиотерапевт да те види, откако ќе ги научиш вежбите, после дома можиш сама да си ги правиш 3пати неделно.
    Барај приватен добар физиотерапевт, не на физикална на болница.
     
  19. an.97

    an.97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Фала ти !
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Имам едно прашање. Имам 17ипол години, имам криви стапала, пред една недела, можеби и две, почнаа ребрата под цицки да ме болат, не секогаш, но знаат да ме пецнат 6 7 секунди, а пред 2 3 дена почна болка во левиот дел на грбот(карлицата како што прочитав). Можно ли е да се должи ова на сколиоза или? Оние што имаат ако сакаат да ми одговорат.