Сколиоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 1 март 2010.

  1. SNAODLIV

    SNAODLIV Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Побарај од матицниот упат за ЕХО снимка на урогенитален тракт можно ситно камче во лев бубрег.Има чај за да се стопи ендемска трева што сега расте во југотсток.
     
  2. __Nina__

    __Nina__ Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zdravo, go procitav napisanovo pa sakav da te prasam dali moze da kazes nesto povekje za tvoeto iskustvo okolu toa kako tocno ti pomina bremenosta (iako imas napisano deka bez nikakov problem), sepak kako se nosese 9meseci so skolioza?? Ti blagodaram odnapred :smirk::inlove:
     
  3. an.97

    an.97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, искрено во првата бременост имав малку потешкотии, ми се укочуваше кичмата неколку пати се мачкав со коњска маст и поминуваше.. а во процесот на пораѓај и закрепнување воопшто немав проблем :) Се надевам ти помогнав со одговорот, се најдобро
     
    На __Nina__ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Karoline

    Karoline Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ako e nekoj operairan od skolioza da mi pishe vozrasna sum i ne znam kako ke be vo idnina ushte segaimam bolki
     
  5. __Nina__

    __Nina__ Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ubavo bi bilo nekoj ako ima iskustvo so operacija da ja spodeli tuka javno, blagodaram
     
    На Karoline му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julni5

    julni5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, кога се опериравте од сколиоза, на која возраст и дали може да стапиме во контакт за да споделите искуство, во моментов планирам да се оперирам имам 26 години. Поздрав
     
  7. julni5

    julni5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, доколку некој се има оперирано тука во Македонија и/или знае како се викаат докторите од Турција кои доаѓаат тука да оперираат, Ве молам да ми пише и да стапиме во контакт.
     
  8. julni5

    julni5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со неа, не ми се верува дека се уште работи. Има многу нерегуларности во лекувањето, ви препорачувам од срце да си побарате повеќе мислења. Најважен е степенот на искривување и колку време се следи деформитетот. Да се носи корсет 10-15 години а посебно во пубертет е тортура и пречка во нормален живот.
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Јас се лечев кај Др. Албена како дете од сколиоза. Ја имам консултирано и за моите деца, на приватно. Успешно се заврши мојата приказна и заради мојата упорност и заради тоа што таа ме водеше. Пред да одам кај неа бев кај други двајца доктори. Првата докторка од мајчин дом, ми рече дека степенот на искривување е голем (а не беше, мислам дека беше околу 45 степени) и дека може да се реши само оперативно да ми стави метал покрај рбетот. Тогаш имав околу 13 години. Повеќе не се вратив кај неа. Вториот доктор рече се решава со корсет и вежби и ме упати кај др. Албена, која тогаш беше во костозглобната во Охрид и правеа корсети по мерка. Проблемот го решавав до мои 18-19 години и се исправи рбетот речиси идеално (скоро до 0-1 степен). Само на рендген може да се примети дека сум имала некаков проблем. Тегоби немам никакви сега. Да ја слушав првата докторка, ќе се оперирав и каков ќе ми беше животот понатака не знам. Сега може ќе имав последици од операцијата. Така да се сложувам дека треба да соберете повеќе мислења.
    И нема зошто да мислите дека е ненормално да се носи корсет со години? Подобро тоа да се носи неколку години, отколку цел живот да се мачиш и да дозволиш да се случи напредување на искривувањето. Знатете што се случува ако прогресира? Болката не е само проблем. Целото тело се обидува да се прилагоди на искривениот рбет и се извитоперува скелетот. Не страда само рбетот туку и рамениот појас, карлицата, се пореметува држењето целосно и може да имаш нога една подолга од друга, едно рамо погоре од друго, држење на главата искривено...Рбетот не само на страна туку се криви и околу својата оска, па во подоцнежна фаза можна е и ротација на рбетот со што се ротира и градниот кош... Значи еден куп компликации до степен што може да го отежни работењето на внатрешните органи. Не само што ти го нарушува квалитетот на животот туку и ти го скратува. Епа ова мислам дека е доволна мотивација да се вежба и да се биде упорен. Колку ќе го носиш корсетот прво зависи од степенот на деформација, второ зависи од пациентот. Нормално колку е поголем деформитетот толку ќе биде потребно повеќе време. Второ и најбитно е личната упорност и воља и да го носиш редовно и да вежбаш. Јас вежбав секој ден по 1ч. И не ве лажам кога велам секој ден. Значи било каде да бев, што и да имав обврски јас вежбав. Сум вежбала и на одмор во странство и на гости на спиење кога сум била, сум се снаоѓала за простор. Вежбав и во денови кога имав физичко и кога и таму сум вежбала веќе. Заради вежбањето еден период прекинав со сите други воншколски активности и курсеви. И жртва е точно, ама вреди. Значи без забушавање, без изговори, правилно да се направат вежбите. Прво беше само физикална терапија (струја и вежби), ама после почетниот успех стагнирав. Албена ми рече да сменам спорт. Тогаш почнав во фитнес клуб со аеробик и на базен со пливање. Инструкторката ми кажуваше додека вежбаме што да модифицирам при вежбите за да биде во склад со мојот проблем (пр. сите мењаат страна јас останувам на истата..). Саат време аеробик, трипати неделно и после вежбањето уште саат време слободно пливање во базен (не брчкање и киснење во вода, туку да го препливуваш уздуж и попреку базенот). Останатите денови вежбав дома. Немав фенси опрема, немав помагала, реквизити и сл. Најдов дома една мека подлога како душек тенок и вежбав. Татко ми ми заштрафи шипка над вратата од собата и на крајот од сите вежби, ставав талк на рацете и продолжував да ги правам вежбите што ги знаев од физикалната. И низ денот имав навика секој пат кога минувам под вратата да рипнам и да се фатам за шипката, да се заљуљам или истегнам. Дланките на меките делови ми беа како на атлетичар со огрубени, тврди делови па и тоа помина.
    Сум трпела и потсмев од децата во школо заради корсетот, па преживеав. Кој е паметен и искрен пријател нема да се зафркава. Ама после кога почнав да се исправам, да се оформувам од вежбањето повитка, почнаа да се чудат и да завидуваат. Леле колку си ослабела ми викаа. А не бев ослабена, на вага бев и со плус килограми ама немав сало, само мускули. Само си се смешкав и си климав со главата, даа ослабена сум :D. За разлика од тие што држеа диети секакви, а не сакаа да вежбаат ни на физичко, јас јадев после тренинг како да не сум видела храна, ништо не си ускратував. Ама тоа е...
     
    На lana_li, meksikanka и etoile им се допаѓа ова.
  10. __Nina__

    __Nina__ Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Дали може да споделите кај кого ја има правено иперацијата и дали е изведена тука кај нас во Македонија?
     
  11. Ivona Teo

    Ivona Teo Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo,dali moze da spodelis kade i koj te operirase?
     
  12. Ivona Teo

    Ivona Teo Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ке ве молам за помош.
    Оние што се оперирани од сколиоза да ме упатат кој ги оперирал и каде ?
     
  13. Mataja

    Mataja Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo imam 16 i imam skolioza , ne znam kolku stepeni no se poznava , do denes mi bese strav da odam na lekar do konecno se resiv, dali bi mozelo da se podobri sostojbata so vezbi i sto mozam da ocekuvam od posetata na lekar bidejki se plasam?:(
     
  14. etoile

    etoile Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2019
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Најмногу можеш со вежби. Мораш да бидеш многу истрајна и одговорно, редовно да ги правиш вежбите. Ако ти е мал степенот уште повеќе труди се за да го спречиш искривувањето, зошто си во раст и може многу брзо да се влоши…
    Среќно! (fingers)
     
    На Mataja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ivona Teo

    Ivona Teo Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,најпрво мора да направиш РТГ на рбет ,па потоа докторот ке процени што и како ,ако е над 50степени препорачуваат операција,вежбај барем.позз
     
    На Mataja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Ако има шипка во твоја близина каде можеш да висиш, виси некое време па направи пауза па пак виси и се така да повторуваш. Избегавај мирување, гледај да имаш поголема физичка активност. Имаш на плејстор апликации кадешто има вежби за извижување, тие можат да ти помогнат. Скокај на јаже, имаш вежби на јутуб за сколиоза, за кифоза, вежбај и од тие.
    И обавезно на ортопед да одиш да се консултираш со ортопед. Велат дека др.Албена била ортопед што одлично си ја знае работата. Не знам презимето како и' е, ако некој знае нека пише.
    Со среќа! :)
    Заборавив да ти кажам... Пливањето многу помага за кичмата. Моја братучетка имаше сколиоза, но знам одеше на пливање, но и си вежбаше континуирано, и сега е права како стрела. :)
     
    Последна измена: 3 април 2022
    На Mataja и etoile им се допаѓа ова.
  17. Mataja

    Mataja Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram za sovetite :)
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julni5

    julni5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сколиозата е деформитет, не е болест. Второ не е страшно да одиш на доктор, пострашно е да читаш информации кои не се однесуваат конкретно на тебе и не се од стручни лица и можат само да те исплашат. Овој форум е да споделиме искуства а не да се даваат терапии и лекување. Како стручно лице само ќе ти кажам:
    1. До 14 години веќе се оформени коските и растот забавува или завршува, со тоа што нивното зацврстување (окоскување) се финализира до 22 години. Што значи дека сколиозата на 16 години нема да биде подрастична на 22, но и нема многу да се подобри со вежби ако е од поголем степен. Вежбите може да ти помогнат да одржиш флексибилност и зајакнати мускули кои се многу важни во функцијата на рбетниот столб. Но, сепак имаш простор за корекција доколку е потребна операција, која е најуспешна и полесна до 18 годишна возраст.
    2. Следно операција на сколиоза не е ништо страшно и не треба да биде контраверзно. На запад и во Европа 80% од сколиозите се решаваат хируршки во најбрз можен рок од дијагностицирање по што повторно следува конзервативен третман кој вклучува вежби. По што тие деца имаат нормален живот и одличен животен стандард.
    3. Секој случај е индивидуален и потребно е да биде виден и оценет од квалификуван доктор, конкретно за сколиоза секој др. ќе побара снимки за дополнителна проценка.
    4. Луѓето со сколиоза, најчесто жени, имаат нормален живот и можат да постигнат се. Физичка активност и вежби е нешто што е норматив за добар живот и здравје за сите и луѓе кои се без сколиоза имаат болки и проблеми со грбот доколу немаат физичка активност.
    Чисто расчистувам работи што се повторуваат. Од страв нема потреба иако кај овој деформитет има и психички момент поради изгледот и болките кои ги ограничуваат лицата со сколиоза.
    Важно е да се дијагностицира на време, да се следи и да се одбере добар третман.
     
    На Mataja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од страв. Прегледот е краток и безболен.
    На преглед ортопедот ќе те види визуелно прво, како одиш, како стоиш и какво ти е држењето. Ќе ти рече да застанеш анфас (лице в лице) и во профил од него. Ќе ти побара да бидеш за прегледот без блуза/маичка (со прслук), ако носиш пантолони со висок струк ќе ти рече да ги спуштиш сантим два пониско за да го види рбетот и коските од карлицата. Ќе те замоли полека да се свиткаш нанапред, се до долу со прави нозе, додека не ги допреш со рацете прстите од нозете и полека да се исправаш за да го види рбетот.
    После прегледот ќе ти даде упат за рендген и со снимката кога ќе е готова ќе се вратиш да ја види. Зависно од степените на искривување ќе ти препорача терапија. За помали деформитети ќе ти даде само вежби (спорт) или физикална терапија. За поголем деформитет дава вежби со корсет. Операција се препорачува само кај поголеми степени за помали нема потреба зашто се корегираат успешно со редовно вежбање, или вежбање + корсет.
    Ако имаш силна волја да го решиш проблемот и бидеш самодисциплинирана т.е редовно да вежбаш (и да носиш корсет како што ти препорачале) ќе го решиш без операција проблемот.
    Колку порано почнеш толку подобро. Не губи време во двоумење, зошто за сколиоза е битно што порано да почнеш да ја третираш. Зошто после отприлика 20-та година +/- како што ќе се укошчуваш, вежбањето ќе има се помал резултат. Искористи ги овие две години дур наполниш 18 г. и вежбај секој ден. Внимавај и на држењето додека стоиш, одиш, седиш. Користи огледало за да се корегираш во вежбите и во ставот кога стоиш.
     
    На etoile му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EmilyVan91

    EmilyVan91 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site koj se soocuvate so problemot skolioza. Jas sum fizioterapevt I sakam da vi kazam da ne.se.odlucuvate za operativen zafat ,bidejki ke imate drugi problemi ponatami. So korektivni vezbi ke se.sredi Ili namali skoliozata
     
    На Mataja му/ѝ се допаѓа ова.