Шансите за исправување на 17 години се многу помали за разлика кога си помал со сепак не е премногу доцна. Иди најпрво на ортопед за да ти го одредат степенот на искривеност па најверојатно ќе ти дадат корсет. Јас кога носев корсет го носев само за спиење а дента ги правев само вежбите и имав големи резултати. Инаку јас мислам дека вежбите се подобри за рбетот а и добро се затегнува телото И не е лошо почесто да пиеш млеко за зајакнување на коските. Имаш сеуште време не се откажувај реши си го овој проблем, камо јас да имав сега 17 години и ќе вежбав и ќе продолжев да го носам корсетот а сега малку да се заморам имам страшни болки во грбот несакам ни да помислам што ме чека кога ќе бидам трудна.
И јас имам сколиоза и имам 17 години. Имам отидено на ортопед и носев корсет еден период мегутоа не ми помогна и сеуште ми е искривен р'бетот, само читам читам читам со правење на вежби да се исправи. Меѓутоа никој не кажува кои вежби или некоја страница на која ги има вежбите. Везамолувам сите што ќе прочитате ако можете да ми кажете кои вежби или да ми дадете линк од некоја страница кај што ги има. Би ви била многу благодарна ако ми помогнете. Поздрав!
Тие вежби ќе ти ги кажат и покажат кога ќе одиш на физикална терапија, затоа што за секого е индивидуално. Никој овде не може да ти каже кои вежби конкретно да ги правиш - тоа може само физиотерапевт.
Леле немој така да го заплашувате девојчето, ке му створите аверзија и несигурност во себе. Доколку имате некои препорачани вежби од физиотерапевт, пуштете музика и вежбајте заедно на почетокот, објаснете и дека тоа е нормално за секое девојче во развој, или запишете ја на некој курс еве за пилатес или нешто слично, само немојте со слики и со заплашување ке постигнете контра ефект. Јас кога бев мала моите ја викаа братучетка ми и таа демек- ајде сега ке вежбаме да бидеме згодни и убави како манекенки, а уствари тоа беа вежби од физиотерапевт за мојот рбет
Нема ништо поубаво од здрав рбет. Мене ми ја открија сколиозата на 12 години, околу 20 степени беше искрививањето, корсет носев 3 години и вежби не баш секој ден ама во неделата 2,3 пати сигурно вежби за грб од саат време, можеби требаше поупорна да бидам ама бидна, исправување има, не е 100% ама многу е битно и да се спречи понатамошно влошување. Инаку никогаш не треба да се престане со вежбите, знам дека мрзи сме ама мора упорност, можно е подоцна да се има компликации. Еве едно видео од операција на рбетот НЕ Е ЗА ОНИЕ КОИ НЕ МОЖАТ ДА ГЛЕДААТ КРВ, ОПЕРАЦИИ И СЛ http://www.youtube.com/watch?v=13FxH9Ct ... lf=mh_lolz Еве и некои вежби кој можат да помогнат http://www.youtube.com/watch?v=7Qu3ER55 ... re=mh_lolz http://www.youtube.com/watch?v=P75Vjxca ... lf=mh_lolz За да се намалат болките препорачливо е пливање, и она тегнење на рибстол
имам искривување на рбетот имам сколиоза ( искривување на рбетот ) и тоа се познава имам цела грбка одназад и се мрзам себеси што сум такваааа познавате ли некој со ваков проблем??
имам искривување на рбетот Моето искривување беше под агол од 160степени па сепак е неприметливо. И јас ги правев вежбите а и масажи многу ми помогнаа
имам искривување на рбетот И јас имам сколиоза, тоа е зашто многу седам на компјутер, не се приметува, но секојдневно правам вежби , пешачам и сл.
ok zenski... eve odgovor od fizioterapevt... skolioza e iskrivuvanje na rbetniot stolb po vertikalna oska pri shto moze da dojde do rotacija na prshlenskite tela. pri vakva sostojba nastanuva disbalans i nepravilna raspredelba na tezinata na teloto i centarot na gravitacionoto teziste se pomestuva kon ednata ili drugata polovina na grbot, pri sto muskulaturata od ednata strana na grbot se istegnuva , a od drugata se zgrchuva. za ovoj problem ima reshenie i toa se VEZBI ZA SKOLIOZA I KIFOZA(podgrbavenost) koi lesno ke gi najdete na youtube...vezbite se mnogu efikasni za zacvrstuvanje na muskulite shto e i glavnata pricina za nastanuvanjeto na ovoj problem. korseti treba da nosat samo mali deca do 11-12 godisna vozrast(do pubertet). pocnete so vezbi vednas shtom ke vi kazat deka imate skolioza zatoa shto taa e reshliva se dodeka ne nastane okostuvanje na rbetniot stolb ( 26 godishna vozrast), posle toa vezbite nema da go reshat iskrivuvanjeto i ke sluzat samo za odrzuvanje na dobar tonus na grbnite muskuli i se razbira ako ne se prevzeme rana intervencija vo podocneznite godini ke se javat i drugi problemi so rbetot i prshlenite.
И мене ми беше кажано дека имам сколиоза уште во основно. Од тогаш, одев секој ден на вежби во Козле, многу долг период, на третмани со струја, носев корсет... За исправување - не ми се исправи р’бетот, меѓутоа најверојатно е спречено понатамошно искривување
И мене во основно ми открија сколиоза искривена бев тогаш околу 15 степени..и оттогаш па досега ( а сега сум 3 година средно) прам вежби ама не редовно..два корсети имам сменато и нема некое многу големо подобрување, само е спречено натамошно искривување..Едно време одев на пилатес и мислам дека многу ми помогна то ама го прекинаја..Од Битола сум се распрашував и не држат никaде такви часој Некогаш многу ме фаќа страв пошто ми имат кажвано дека при породување можи да се искривиш многу и незнам шо да прам сега...Ми имат кажвано дека од коскозглобната Охрид мн се задоволни за лечење на ова болест..
Имаш во градската болница физикална, сестрите се ти покажуваат како да вежбаш и плус имаш и вежби за правилно дишење и можеш да одиш секој ден. Порано одев една година и вежбав и сега се мислам пак дали да одам
Знам дека има..Одев на почетокот дури ги научив вежбите..Ама тие докторките шо се таму толку се безобразни и незаинтересирани, шо уште првиот ден кога појдов како од марс падната бев и една не дојде да ми помогни и да ми покажи вежба.
братучет ми има сколиоза и тој живее во шведска и таму оди редовно на контроли бидејќи му се познава како грбав од едната страна на грбот, и само со операција која е многу ризична, стават шипки за да го исправат рбетот.
Јас имам сколиоза покрај тоа што цел живот спортувам, вежбав многу не ми се исправи рбетот и со вежбите само минимално се подобрува состојбата, а дека ке се исправи скроз, невозможно некако.
И јас имам сколиоза, колку степени не знам точно, ама мислам дека се над 15 или 20. Ми викаше докторката да одам во Мајчин дом на терапии, ама тоа нема да ми го исправи ’рбетот, туку само ќе се намали малку болката. Не ни почнав со терапии, и жалам за тоа, ама што е ,тука е, кај и да е ќе почнам. Исправена не можам да стојам подолго од 20 минути, ужасно ме боли грбот, а ако стојам повеќе може и да изгубам свест.Сум приметила по стоењето во автобус, а посебно гужва кога има, зошто сум и клаустрофобична, па тоа е многу лоша комбинација за мене. Некогаш и не можам да земам доволно воздух, не можам убаво да дишам. Пред една година ми се фати долниот десен дел од грбот кога случајно се наведнав, и после тоа не можев 2 недели да станам од кревет што се вика, и мнооогу ме болеше кога одам. Ми отекуваа колената, и денес ми отекуваат, но кога бев на лекар ми рекоа дека не е ништо, што уште ми е чудно, ама ај. Пред 1-2 недели, пак ми се фати грбот, ама значително помалку, и не можев да мрдам многу. Не дај боже нагло да се свртам, така ќе останам цел живот.Пазам кога се наведнувам, осеќам болка некоја остра, веројатно од пршлените нешто. Една другарка ми препорача некој доктор, што работел во Државна, но имал и своја ординација кај Заводот за вработување, поточно во зградите на Сава табак осигурување мислам, што помагал многу, за деца не земал многу пари, колку оставиш толку. Терапијата трае 2-3 минути, само легнуваш, те крцка и толку е.Рече дека имала многу големо подобрување кај неа, скроз е оправена, не ја боли ништо и нормално дише. Кога била на лекар и го рекле истото што и на мене, или терапии доживотно, или операција. (погоре споменатата) Планирам да одам кај човеков, да видам дали ќе ми помогне, ако има добри резултати, ќе ви кажам број.
јас одев како мала на физикална, ама многу глупо ми беше Памтам дека и тогаш тие докторките само си праеја муабет и ич не му беше гајле за нас. Сега не одам, а на систематски ми рекоја да одам
еј дечки и мене ми треба помош а дали некој од вас знае некои вежби за рбет што ги има на интернет и да стави линк на темата плиссссссссс