Лелее ме уплашивте за ова во бременоста и на стари годинииии . Инаку јас имам сколиоза од прв степен. Потоа одев на масажи кај Џамбазов во Скопје и тој ми даде вежби. Вежбав извесен период и се откажав од пуста мрза. Имав големо подобрување ама како се откажав мислам дека искривувањето ми е поголемо и повеќе се приметува. Но морам да си ја сватам сериозно работата и да почнам да вежбам додека е на време . Инаку масажите се многу ефикасни и ако имате ваков проблем да одите кај него. Ќе ви даде и вежби и обавезно да вежбате. Една другарка исто така одеше кај него и беше многу поупорна од мене и си го исправи грбот, сега нема никакви проблеми. А јас си останав така искривено... Аххх Штрумф озбилувај се или страшно ти се пише! знаете ли некои вежби што ги има на интернет и да ставите линк на темата плиссс
Има една книга: Јога за кичму (Yoga Against Backache) од Paramhans Swami Maheshwarananda. Книгата е одлична и има феноменален избор на вежби меѓудругото и за сколиоза. Ако треба да исправаш кичма обавезно да си ја набавиш .
mene na obicna nativna snimka mi najdoa diskretna skolioza i spina bifida na v.s 15 ,potoa pravev magnet i na nea mi najdoa ( NA LUMBOSAKRALNIOT DEL NA RBETOT NA NIVO NA L4-L5 POSTOI DEGENERACIJA NA IV DISKUSOT SO PRISUTNA DISKUS HERNIJA OD POMAL OBEM ) ,imam 28 godini,do 23 godini bev redovno fizicki aktivna ,na 25godisna vozrast bev bremena i za vreme na bremenosta cuvstvuvav bolka vo predelot na krstnata koska,posle poroduvanjeto bolkata mi se izgubi no sega posle 2 ipol godini od poroduvanjeto mi se pojavi cuvstvo na zarenje ,trnenje vo predelot na krstnata koska trnenjeto mi odese se do anusot ,duri pomisluvam deka problemot doagja od rektumot bev i kaj gastrolog me pregleda analno i ne mi dade da pravam ponatamosni ispituvanja.Bev i kaj neurohirurg mi rece deka od kicmata tie simptomi ne proizleguvale bidejki nervite ne bile zafateni i neznam od kade proizleguvaat simptomite megjutoa vo sekoj slucaj bi sakal da slusnam necie drugo mislenje ,imal li nekoj slicen problem ? [mod-kirilica:3hf9ce10][/mod-kirilica:3hf9ce10]
Вежби нема со слики но ќе се обидам да ти објаснам какви вежби да практикуваш, помагаат. Во училишна сала најчесто има едни што се залепени на ѕидот, дрвени се, за тегнење. Обично се со повеќе дрвени реда, широки. Десно оние што се. Нека намести дома татко ти или мајстор, само едно, широко колку да можеш да се свртиш два пати. Да биде високо, да не допираш доле со нозете. Ни на прсти, мора да биде многу повисоко од тебе. Ќе се фатиш на најпоследното, најгоре што е и ќе висиш со нозете. Ќе ги креваш нозете нагоре, една по една, односно ќе ги собираш колениците. 10-15 минути се доволни. Ако започнат да те болат рацете, ќе се симнеш, ќе се раздвижиш и пак ќе се качиш. За втората вежба е потребна една справа, која мислам дека ја има по теретаните, а и немора справа. Потребни се шипки на кои можеш да висиш. Како на сликата, само да ги нема круговите или може и тие. Да се фатиш за шипката и да се лулаш само, да не се креваш. Така треба 10-15 минути, со одмор ако те болат рацете или ти се лизгаат. Имам јас искривување на 'рбетот и кичмата, но незнам кој степен. Докторот ми рече дека е лошо, па ми ги кажа вежбите. Имам и помагало, пајаче. Многу ми помага, малку е напорно и досадно, но тука треба голема упорност и желба за успевање. После неколку месеци, како што ми кажа, со овие вежи и помагањето ќе исчезне проблемот. Ќе успеете, вие го можете тоа.
A такви пајачиња се продаваат некаде и колку се отприлика ? Мене ужасно ќе ми треба од септември, ќе имам прилично многу за цртање, а не знам да седам правилно, нон-стоп качувам нозе на стол и така пишувам. Ко првоодделенче сум. Не сум којзнае колку искривена, ама самата си осеќам дека не е добро.
^ Мислам дека ги има во аптеки, а сигурно ги има во продавници за ортопедски помагала. Чинат околу 2000 денари, НО ако отидеш на лекар, може да ти дадат упут дека имаш проблем, да ти земат мерка и да го добиеш бесплатно.
Денес бев да ми земат мерка за пајаче, бидејќи ми е десното рамо повисоко од левото, па неможам да купам, ме стега. Многу гаден процес за земање мерка. Се соблекуваш полугол пред 3 мажи, те потпираат на едно што личи на велосипед, и почнуваат да те мачкаат со гипс. Гипсот е ладен, и толку многу гипс ти ставаат што чувствуваш дека неможеш да достоиш на нозе. Тежок, а по некое време се вжештува. Ќе се стврдне, па го сечат со една голема клешта. А кога го вадат, многу болен процес. Корне се, гребе и боли. Сепак, не е толку вредно. Ако сум отишла на 14 години или предтоа немало ова да се случи. Се запознав со една жена, околу 29-30 години, која ја донесоа на лежалка, жалејќи се од големи болки во грбот. Имаше сколиоза, но не отишла навреме на лекар. Одвај ја исправија, па веднаш направија мерка за пајаче. Луѓе, ако имате проблем, одете веднаш. Не чекајте ниту ден, може да биде кобно.
Како мала имав сколиоза мислам и сеуште имав.Но кога бев помала негде од кај 5-6 одд почнав до вежби и со корсети.Не редовно бидејќи многу ме мрзеше.Сега не ми се познава многу многу,одвреме на време имам мали болки.Вежба колку што ми дозволува времето.Моето прашање е дали со тек на време може да дојде до појава на грпка?.Имам скоро 20години,од вежби нема да се откажам,да ми се исправи не се надевам ама да не ми се влоши ситацијата.
Здраво. Јас пред една година се оперирав од сколиоза. Засега сум добро но ми останаа многу последици од операцијата. Дали има некој од вас што е опериран па да поразговараме. а дали знаеш колкав ти е степенот на искривување? Бидејки ако ти е над 45% ке мора да се оперира. Мене ми беше 50% и мораше да се оперирам во Охрид.
Imam skolioza od 12 godini...sega imam 23 veke pocna da mi se pojavuva ispaknat del...pred nekoe vreme imav strasno ukocuvanje na grbot..nemozev da mrdnam...bev kaj veke penzionirano medicinsko lice..koe se razbira vo tie raboti..i mi spomna deka moze so nekolku tretmani da mi ja vrati kicmata vo normala...imav iskrivuvanje od 25 stepeni...veke napraviv 2 tretmana i mi se namali na pola iskrivuvanjeto...znam deka se ubivav od vezbanje..nosev korseti..odvaj spiev..i nisto od toa ne pomogna...kako sto idat godinite pomalku imav vreme a i zivci da prodolzam i iskrivuvanjeto se zgolemi...ke napravam uste nekolku tretmani..a potoa sledat vezbi za da ja ojacam muskulaturata...se nadevam deka se ke bide vo red...i se nadevam deka mozebi ke vi pomognam...znam deka poveketo ne veruvaat vo tie alternativni nacini na lekuvanje... [mod-kirilica:3v46vldf][/mod-kirilica:3v46vldf]
хм сигурна си? Девојки, сериозно, дали може да се излечи сколиозата со вежбање? Значи не мислам подвежбување 2-3 пати у месец, туку сериозно, секојдневно, редовно вежбање.. Пошто сколиозата всушност Е искривување на рбетот, да, но е настанато од нееднакви мускули...односно едниот е премногу силен, а другиот практично го нема, и нема на што да се држи рбетот од таа страна. Значи со интензивно вежбање на таа страна каде што немаме мускул.. нормално, треба МНОГУ трпение, вежбање, но сепак, може ли да се излечи овој проблем? Некогаш сум стварно мотивирана, мислам планина можам да помрднам, и дека со ангажираност и волја, можам се да направам, но некогаш сум крајно без надеж....има ли надеж тука? Поправливо ли е?
Дали можеш да ни кажеш некои информации околу операцијата, колку е опасна, болки после операција, последици, колку трае операцијата, што после операцијата, дали засекогаш остануваат шипките од операцијата или ги вадат по извесно време, и колку кошта таа операција во охрид?
мене ми кажа дека имам сколиоза имам 26 години , и докторката ми кажа дека со вежбње и масажи ке ми помине,споделете некое искуство што мислите вие.позз
Пред 2 месеци бев на ортопед и ми кажа дека имам сколиоза. Бев и Охрид и направив рентген снимка искривување од 48 степени. Ми рекоја дека со корсетот нема да се поправи само ке се задржи ова положба да не дојде до поголемо искривување,и дека само со операција, која јас не ја сакам и плус тоа немало место имало доста голем број пациенти кои имаат очајни ситуации и чекаат да се оперирани но нема средства. Носам корсет месец и пол и сум доста упорна околу 20 часа на ден сум со него, веќе не ни го чувствувам и вежбам на физикална. Десната страна ми беше страшно испакната ,а сега кога стојам исправено скоро и да не се гледа многу многу малце се забележува, всушност добро ако се загледаш ке видиш. Плус тоа вежбам константно на физикална и сум исправена уште повеќе од тоа што бев.И мајками ми го забележа рбетот искривувањето каде каде ми е смалено.. Е сега си размислувам ..во Охрид ми рекоја нема да се поправи ако го носиш корсетот само ке се стопира. А всушност разликата од пред 2 месеци и сегашната ситуација со грбот е премногу различна.Можно е?..
Можно е и не значи дека прогнозата морала и да се обистини, си имала среќа кај тебе да фати тренингот заедно со корсетот. 100 пати повеќе ценам што ти рекле нема да се подобри (а се подобрило) отколку да ти кажале не се секирај а да немаш резултат. Мој совет е да продолжиш со истиот режим и понатаму и да не направиш грешка еден момент да се откажеш, чим терапијата фатила терај ја се до комплетното исправање Среќна си што така добро ти тргнало, многу немаат толку добри резултати така да не го испуштај моментот
Јас имам сколиоза уште од 7 годишна возраст. Одев на вежби и носев корсет, ама за џабе. Ништо не ми помогна. Единствено решение за овој проблем е хируршка интервенција. Јас не ја направив, бидејќи на татко ми му беше страв да не имам последици. Ефект од операцијата има кога личноста е во пубертет. Дали грбот ќе биде скроз исправен или не, зависи од степенот на искривувањето. Кога личноста не е во пубертет, нема ефект од операцијата.
Имам 17ипол години и имам сколиоза уште од второ/трето одделение но не толкав степен колку што ми е сега. Имав корсет порано, али не го носев доволно... сега кога ке се наведнам ми се познава испакната десна страна. Дали сте се лечеле во болницата Св.Еразмо во Охрид и какви се резултатите? И дали на физикална терапија треба да останеш таму во болницата или секојдневно да патуваш -_- несакам да лежам во болница... Се надевам не е предоцна во однос на годините за корсет и вежби по дома?
Бидејќи степенот на искривеност е поголем, вежбите нема да ти помогнат. Решение е операција. Дали грбот ќе ти се исправи или не, зависи од степенот на искривеност. Не верувам дека целосно ќе ти се исправи грбот, бидејќи имаш 17 години. А тоа е веќе крајна фаза на пубертет.