1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сколиоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 1 март 2010.

  1. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    јас имам братучеда имаше сколиоза и многу болки има 24 години во април одевме заедно во св.еразмо седевме во стан и одевме два пати дневно ...резултати имаше и тоа како се познава и на незе а и повеќе нема болки ама вежбите си ги прави два пати во денот цело време....
     
  2. Angie.Angie

    Angie.Angie Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    9
    Степенот на искривеност не ми е над 45 степени за да биде потребна операција! Порано ми беше помалку него сега, напредуваше искривувањето-да но е помалку од 30 степени. Не барам целосно исправување, само ублажување на состојбата сепак ако не знаеш дека ми е искривен не се приметува, али јас знам и како комплекс ми е... прашањето ми беше дали треба да останеш на болница да ги правиш вежбите,да патуваш до таму или може и дома??
     
  3. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    мора да останиш една недела ама не во болница туку ќе најдиш соба некој во близина ако издава или пак со градски ќе одиш по 30 денари е до болница... ако имаш услови да одиш два пати во дено а после тоа дома ќе ги прајш..
     
  4. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    ^ во врска со темава, пребарав нешто по интернетов и еве какво мислење најдов на форум кајгана. а во врска со тој човекот, тема има отворено и овде...
    ја цитирам девојката, а мислењето се наоѓа на оваа страна:
    http://forum.kajgana.com/threads/%D0%A1 ... 686/page-4
     
  5. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    222
    Не ми се верува што читам. Особено последните неколку коментари кои велат дека сколиозата не може да се намали/среди/излечи со вежби. Не можело со вежби. Добро јас сум будала или вие сте во заблуда? Сколиозата може да се среди само и САМО со ВЕЖБИ. Па знаете ли вие што е воопшто сколиоза?
    Тоа НЕ е искривување на кичма. Тоа е НЕ ЕДНАКВОСТ на мускулите, односно едниот е поразвиен од другиот, а со тоа, појакиот мускул, како појак многу нормално, си ја влече кичмата накај него, послабиот е слаб, нели каде што е празнината и нормално нема сила да го влече, и тоа е всушност тоа што придонесува кичмата да се искриви. Само и САМО мускулот. Доколку мускулите би биле еднакви, сколиоза не би постоела нели?
    Јас имам исто сколиоза, мускулот од едната страна ми е многу јак, а од другата страна воопшто ама воопшто не постоеше. Со вежби, редовни, и те како ми се има подобрено, и еве после 2 години веќе постои мускул од еднава страна..може и да се пипне...али како што требало години и години да се искриви грбот нели, така треба години и години да се исправи.. Но мислам дека не е невозможно ако сме упорни. И мислам дека возраста нема врска.. Никогаш не си премлад или престар.
     
    На mariz, Cleonika, TrinityNeo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Pepa12

    Pepa12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    16
    Пред 2 недели ми беше дијагностицирана сколиоза. Сега ќе носам корсет и секако планирам да правам вежби и дома. За сите вие што прашувавте за вежби најдов на интернет па сега ќе почнам да ги праткикува па ќе видам дали помагаат. Сепак вреди да се проба :)
    http://www.scribd.com/doc/76606885/Skolioza-vezbe
     
  7. ana108

    ana108 Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    И јас имам сколиоза и многу ми е искривен грбот.Ми рекоа да правам операција ама нејќам зашто била ризична.Дали би можело да се исправи грбот со вежби?Имаше едно девојче имаше 47 степени и 3 месеци носеше корсет и вежбаше и се исправи.Па ми интересира дали е можно само со вежбање :)
     
  8. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    а за кифоза да ми кажете нешто како да се исправам многу тешко дишам болки има
    вежби каде можам да најдам
     
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Степенот на искривување од сколиозата може да се намали, ама не може да се врати рбетот нормално како што бил претходно. Таквите случаи на целосно излекувана сколиоза се многу ретки.
    Успех е да се корегира колку што може и да се задржи таа корекција.
    Вежбите секако секојдневно треба да се прават за да не зголеми искривувањето.



    Циганка викаш дека не можеш да дишиш и имаш болки. Си била ли на преглед?
    За кифоза вежби за сама да си правиш побарај на youtube или по нет, може ќе најдеш нешто, а ако сакаш да вежбаш правилно можеш со физиотерапевт или стрчни лица кои ќе те научат како правилно да ги изведуваш вежбите. Сепак викаш не можеш да дишиш што значи не е мало искривувањето.

    За почеток пробај да спиеш на грб без перница. Доколку е функционална кифоза ќе се корегира во таа положба. Прави вежби за истегнување на мускулите на предниот торакален ѕид, прави вежби за истегнување на рбетот по надолжна оска - вежби во вис, истегај ги мускулите на задна ложа на надколеница....
    Добри спортови за кифоза се пливање и одбојка.
     
  10. TaMaRa80

    TaMaRa80 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    и јас имам сколиоза, понекогаш имам силна болка во половината не го знам точниот степен ама мислам дека е малку повеќе од 20 степени и не се познава многу, пред неколку дена почнав со овие вежби, мислам дека се добри ги има ли некој пробано исто така вежбам и вежби за зајакнување на мускулите
    https://www.youtube.com/watch?v=9TWtrCmzaOw
     
  11. TaMaRa80

    TaMaRa80 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Многу ме охрабрува кога ќе прочитам нешто како ова, јас лично верувам дека е така, се согласувам со напишаното, планирам сериозно да се посветам на овој проблем, би сакала да те прашам какви вежби правиш овие кои ги правам ми изгледаат добри ама незнам не сум сигурна...
     
  12. EmilijaaV

    EmilijaaV Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    ве молам доколку некој има искуство со операција на сколиоза да сподели :)
     
  13. Tinker Bell

    Tinker Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво. Откриено ми е дека имам сколиоза но степенот уште точно не го знам дека овие денови треба да ми стигнат резултатите но некаде околу 20 степени е. На лекар ми кажаа дека најверојатно ке треба да носам корсет и плус вежби. Но од пријатели на моите дознавме за човек по име Туран дека ја лечел сколиозата па ако има некој искуство ве молам нека каже. И дали сте информирани колку чини кај него. Ви благодарам однапред. :)
     
  14. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Феминки дали може некоја да сподели искуство за физиотерапевт или тренер кој работи посебно со секој пациент. Во Скопје да биде или уште подобро ако може да доаѓа и дома да се прават вежбите. Или да ми пратите број.
     
    На k.a.j.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. k.a.j.a

    k.a.j.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    34
    Цел живот сум подгрбавена и имам сколиоза, но бев помала и поактивна па ништо не преземав затоа што и не ми правеше силни проблеми. Сега сум 23год и дојдов до степен да ме боли грбот само ако вдишам подлабоко што е ужасно, а да не зборуваам за физичка активност. Кажете совет. Добар лекар или физиотерапевт кој ќе ме насочи на вежби и слично во Скопје или Охрид :)
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Оди во ортопедскиот завод Славеј. Прво земи упат од матичен лекар. Таму ќе те прегледаат и ќе ти кажат до кој степен е искривувањето. Ќе ти дадат вежби. А добро би било да одиш и на физикална терапија.
     
    На k.a.j.a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sanji4o

    Sanji4o Нов член

    Се зачлени на:
    24 март 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми утврдија сколиоза бев многу мала околу 6години имав искривување само на горниот дел.Отидов на ортопед и ми дадоа корсет, кој беше со железа и ремчиња .Многу ме болеше и најпрвин бев упорна и вежбав на физикална каде бев најмала но сепак ги правев вежбите правилно после 10 дена ми дадоа ливче за вежбање но неколку ден вежбав а потоа ми загина . Моите родители ме сожалуваа бидеќи бев мала и со текот на времето почнав да не го носам .За време на 6 години состојбата нагло се влошила и ми се искривил и долниот дел . Отидовме во болницата св.Еразмо во Охрид таму повеќе доктори кренаа раце и дојдено беше до операција .Но само еден доктор се согласи да пробаме со корсет ми зедоа мера и по 1 месец го зедовме корсетот од пластика. Веќе бев повоздрасна и ја разбрав работата сериозно и почнав да вежбам на физикална 30 вежби по 30 пати потоа цело време постепено зголемував се до 50. Го носам од 24часа барем 22 со него спијам,јадам,го носам дури и на училиште и воопшто не се страмам.Отидов на контрола по 6 месеци се беше добро . Отидов и по 1 година но не бев фасцинира бидеќи очекував голем резултат и потоа многу тагував. Од тој ден вежбав повеќе се запишав и на специјални вежби и на одбојка а во слободните денови кога не сум на вежби или одбојка вежбам дома задолжително одам на пливање и јадам здрава храна со многу калциум . Сега се се стагнира уште 2 месеци сум пак на контрола се надевам на успех . Сега очекувам нов корсет којј се зема со понапредна технологија а не како претходниот со гипс . НИКОГАШ не се откажувам не се откажувајте и вие. Бидете многу упорнии!! навистина е исплатливо
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sanji4o

    Sanji4o Нов член

    Се зачлени на:
    24 март 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    A колку имаш години ? бидеќи рбетот се прави до 16 а потоа многу многу тешко и до 16 е многу тешко ама после има само шанси кои се движат од 1% до 5%
     
  19. Sanji4o

    Sanji4o Нов член

    Се зачлени на:
    24 март 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас многу вежбам и ако немате мотивација за вежбање прашајтеме било какво прашање :)
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки дали некој има одено кај др Ангел Џамвазовски во хотел амбасадор во Скопје за лечење на сколиоза и кифоза