1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје без вода после полноќ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од nena2010, 4 август 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.281
    Допаѓања:
    101.241
    Пол:
    Женски
    ЈП"ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА" ПОДГОТВУВА ВОСПИТНА МЕРКА ЗА СКОПЈАНИ

    Скопје без вода после полноќ

    Идејата на водоводното претпријатие е да се штеди вода седум дена во неделата, односно од 12 часот после полноќ до 6 часот наутро...

    После полноќ, Скопје ќе нема вода. Рестрикциите во градот се воспитна мерка за скопјани што Јавното претпријатие "Водовод и канализација" планира да ја примени наскоро поради неконтролираното трошење вода во летниот период. Идејата е седум дена во неделата, од 12 часот после полноќ до 6 часот наутро притисокот на водата да се намалува до степен што едвај ќе се цедат капки од чешмите.
    Новата мерка се воведува со цел да се намалат загубите на вода со кои се соочуваат скопјани секое лето. Штом фатат горештините, повисоките делови на Скопје остануваат без вода. Најголемите загуби се поради нерационалното користење на водата од Рашче, која место за пиење се користи за наводнување бавчи, полевање тревници и разладување на асфалт. Поради расфрлање на пивката вода, не поминува ден граѓаните да не се жалат заради слаб притисок и пресушени чешми.
    Исклучувањето на водата ќе се прави со регулатори за притисок кои ќе се поставуваат на градската водоводна мрежа. На овој начин, сметаат од претпријатието, ноќе водата ќе се штеди, а резервоарите ќе бидат полни преку ден и нема да фали вода за пиење.
    "Мораме да најдеме начин да се спречи нерационалното користење на водата. Ако почнеме со ноќни рестрикции, бидејќи тогаш луѓето имаат најмалку потреба од вода, резервоарите ќе се полнат и преку ден нема да има проблеми со недостиг на пивка вода. Во тек е тендер за избор на фирма која ќе ги поставува регулаторите, по што ќе почнеме со реализација на овој план. Очекувам со оваа мерка да се намалат проблемите со кои се соочуваат граѓаните секое лето", изјави Сашо Лазаревски, сега веќе бивш директор на "Водовод", бидејќи од пред неколку дена тој не е на оваа функција. Минатата недела Собранието на Македонија го избра Лазаревски за заменик-министер во Министерството за локална самоуправа.
    Од претпријатието најавуваат довршување на сите проекти чија реализација е започната од Лазаревски.
    На новата воспитна мерка негодуваат скопјани, кои, како што велат, и без неа трпат за вода, па со дополнителни рестрикции само ќе се влоши и онака проблематичната ситуација.
    "Уште ова ни фалеше. Кај цело лето едвај се цеди вода од чешмите, па уште и целосно да ни ја исклучат навечер и да дехидрираме. За чистење и перење воопшто и да не збориме. Како да не се мачиме доволно сега, па уште нека нe казнат", вели З.Т., жител на населбата Радишани, каде проблемот со недостиг на вода е најизразен, бидејќи со населбата Шуто Оризари се приклучени на ист резервоар и заедно ја делат водата.
    Засега нема најави кога точно ќе почнат рестрикциите, но од ЈП"Водовод и канализација" апелираат граѓаните да почнат да ја штедат водата и да ја користат рационално за секојдневни основни потреби за живот.

    Чешмите не смеат да капат

    За заштеда на водата ЈП"Водовод и канализација" нуди практични препораки за нејзино користење.
    - Редовно поправајте ги славините на чешмите. Ако капе цел ден, една чешма може да потроши дури 100 литри вода.
    - Кога миете заби, затворајте ја чешмата. Ќе заштедите 20 литри вода.
    - Поправајте ги казанчињата. Од расипано казанче може непотребно да истечат и до 300 литри вода на ден.
    - Туширајте се кратко. За секоја минута туширање се трошат од 20 до 40 литри вода.
    - Машината за перење алишта вклучете ја кога е полна. Едно пуштање на машината троши околу 80 литри вода.
    - Проверувајте ги вентилите на шахтите. Ако капат или течат, пријавете ги во најблискиот пункт на Водовод.

    Перете гаќи, а не теписи

    ЈП"Водовод и канализација" апелира до жителите на Шуто Оризари, кои важат за најголеми потрошувачи на вода, да почнат да ја користат рационално. За таа цел спроведува и кампања за едукација на жителите во населбата водата повеќе да ја употребуваат за пиење, бањање и перење алишта, а помалку за полевање тревници, перење теписи и разладување асфалт.

    Нови 3.500 електронски водомери

    Годинава треба да се набават уште 3.500 нови електронски водомери.
    Тие, објаснуваат од претпријатието, се читаат компјутерски, потоа се изготвуваат прецизни сметки за потрошена вода и навреме се испраќаат на граѓаните.
    Досега се поставени 4.700 вакви водомери и 200 комбинирани индустриски водомери кај правните субјекти.

    Само Аеродром и Гази Баба копаат бунари за полевање

    Поради недостиг на вода за полевање на зеленилото, Општина Аеродром деновиве копа нови бунари. Во план е да ископа уште осум, за да добие доволно вода за полевање на тревниците во Општината. Првиот се гради кај воените кули во Стар Аеродром. Во истата населба, како и во Острово, до крајот на годината треба да се ископаат уште седум. Општината сега има 13 бунари. Девет од нив се наоѓаат во населбите Реонски центар, Ново Лисиче, Јане Сандански, додека четири има спроти ТЦ "Бисер" и кај Мајчин дом.
    Освен Аеродром, три бунари има и Општина Гази Баба.

    М.Ѓорѓиевска


    :x :x :| :|
     
  2. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    63
    :o Овие не се нормални,во сред лето водата ќе ја прекинуваат. Демек до полноќ сите се дома и во кревет :x
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.281
    Допаѓања:
    101.241
    Пол:
    Женски
    Луда работа. Не дај боже да ти текне да се тушираш во 1 на полноќ или дете температура ти крене па треба да ми ја симнуваш со туширање.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Oва не е никаква мерка. Значи, некој се враќа од работа после полноќ и нормално дека сака да се истушира. Луѓето ќе полнат кофи, шишиња и.т.н со вода, за да имаат после полноќ. Трошењето на вода нема да се намали, ако е можбо и ќе се зголеми. Некој што не троши вода после полноќ за секој случај ќе си наполни. За не дај Боже нели. Глупости.
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Така само така му треба на овој народ, што си посеавме тоа ќе си пожнееме сега. А и да се надоврзам на туширањето, автоматски и нема
    секс
    после 12 часот :lol:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Боже ми прости, на момент се замислив дали читам актуелна вест за состојбата во Сомалија.

    Рестрикции, после полноќ без вода? Во Скопје? Каде што никој во лето пред 3 наутро не легнува а не пак пред полноќ :x

    Аааа клубовите и кафичите ќе заработат сега повеќе. Нема више - дечки дај чаша вода!
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.281
    Допаѓања:
    101.241
    Пол:
    Женски
    Не драга моја ова мене ме потсети на времето во 80 тите кога се правеа рестрикции пар непар денови за вода. Ти текнува. Сега следно е и струјата , па интернетот па телевизијата и на крај со радио Скопје кје се будиме и кје заспиваме на мали транзисторчиња со батерии.
     
    На sinetta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да, ми текнува една зима кога имаше многу смог, имаше вакви рестрикции на пар непар - према бројче на регистрации, па колите парните во парен, а непарните во непарен ден смееја.
    За вода не ми текнува, ама може да имало.

    Ц ц ц ама добро која е логикава? Не разбирам стварно. Значи знаеш дека нема да има вода, и си полниш однапред, и? Пак трошиш.
    Мене ми се чини дека највише вода и онака се троши навечер од цистерните кои прскаат и по сите маала кога ќе пуштат од јавна чешма демек да го наводенат тревникот, и бари се прават насекаде, е ова е непотребно трошење на вода.

    А не тука да прават соопштенија како да се мијат заби. Нормално дека не ти тече водата кога миеш заби, ко на првачиња сега да објаснуваат.

    :x
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.281
    Допаѓања:
    101.241
    Пол:
    Женски
    Како тргнало и чаште вода на ден ќе ни ги бројат. Страшно!!!
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Најнова информација, така да засега рестрикции нема.
     
    На la-chicka, nena2010 и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Малку е незгодно, но тоа е и поентата :) Не сме единствен град каде ова се случува, често се применува онаму каде што доаѓа до недостиг на вода.
    Мене лично не ми смета толку, ќе се истуширам порано, ќе наполнам некое шише да има за секој случај ако ми затреба.Но, како што некој спомна, незгодно е за оние што се враќаат на пример тоа време од работа.
    Ама како што кажав, поентата на водовод е да ни направи проблем и да се обиде да ни дотера памет :lol: Ама тешко дека ќе успее :)
     
  12. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    Бог да чува, и на пример се вратам у 3 од град? Не можам ни заби да измијам не па да се истуширам! А, и летово притисокот на водата 0! Треба до 10 да станеш и да се избањаш, или пак да чекаш навечер до 11 -.- навистина немаат памет, немам зборови..не е ова начин!
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    ^Па ако го прочита текстот ќе видеше дека немањето притисок е една од причините за рестрикција :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Баш фино |( |( сега без вода ќе бидеме :@ само стварно не ми е јасно, да им беше водата здрава и чиста, ќе подразмислев зошто вака прават.Уште фали струја да исклучуваат |( онака ради реда :D |(
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Еве ме и мене за прв пат во категоријата за политика. :lol: Шала на страна, на сител рекоа прегеска дека ќе нема рестрикции на водата. Ќе си има вода. :)
    Викат дека тоа биле само некои шпекулации кои излегле во весник.
     
  16. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    го прочитав текстот, поентата ми беше каде без притисок па и без вода..како што нагласив не е тоа начин..
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Живи глупости се ова...
    Баш сега повеќе ќе се троши вода, бидејќи сите пред да легнат ќе си полнат туби, ќе се бањаат, ќе уклучуваат машини за перење, за садови итн......
     
  18. sinetta

    sinetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Е не можам, а да не се смеам, значи. :))
    Па кога бре да трошиме вода? На -20? Ако во пеколов шибнат рестрикција на вода, ќе се тушираме на промаја, ако ја има, нели, ако не па „фино“ ќе мирисаме, ем по дома, ем (по)надвор, аааахахахахахаааа, која глупост немерена, крај! :)))))
    Се онесвежив, кога ја прочитав веста. Него, отидов ја да си напунам када и неколку туби...се бива. :))))))
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Арно што се предомислиле. Сега треба и да славиме дека нема водата да ни ја сопрат. Боже свашта!

    Да најдат начин како да се штеди пивката вода....

    Па нека најдат. Нека ги уклучат малку мозочињата залегнати во фотељите.
    Техничка вода!!!!
    Инвестирајте во инсталација за техничка вода. Немора пивката вода (којзнае и таа колку е пивка) да ја трошиме за перење, полевање, разладување, перење на автомобилите...

    Него ова е СФ. Ние сме ориентирани кон некои други “инвестиции“.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Не е начин ама воопшто,ама за овој прост народ само така! И да има мерки,пак ќе го правиме истото. Не може Ојле да ти дојде дома и да ти рече не го вади тревникот,не може да ти дојде дома да го направи казанчето ако ти тече,не може да ти рече исклучи славината док миеш заби или како да миеш садови.
    На комшијата расипаното казанче му го слушам три месеци навечер кога е се тивко,ама најсериозно! Мајке ми полудев. А да не праам муабет како се вадат тревници.Па уште малку и гондола ќе можат да си пуштат,а искрена да бидам и моиве дома знаат да го направат тоа и страшно многу ме вади од такт!
    Само кај нас одредени мангупи пивка вода трошат и во индустрија каде што и не е потребна.

    Факт е дека немаме култура и не го цениме тоа што имаме пивка вода и сме едни од реткиве во светов.А и не знам народов шо се загрижи кога и онака летно време најголемиот дел баздат на пот и немиено.
    Треба,треба вакво нешто,иако не е начин.Да се шлакнеме малце,па да ни се разбуди свеста.Да ти дојде шефот на работа незабричен со смрдлив здив,а ти со дрлки во очите,бар ќе биде комично.
     
    На nena2010, zhap4e, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.