Скопје без вода после полноќ

Discussion in 'Политика и настани' started by nena2010, Aug 4, 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,290
    Ухуу закон нема искачање и конечно легнување рано, гледаш 15 до 12 трчате сите низ дома, еден мие заби, друг се тушира, трет садови мие, четврт ги полива цвеќињата, растрчана луда куќа :wasntme:
    Него од 12 до 6 нели ефтина струја, јас машината си ја пуштав тогаш и за алишта и за садови. Ништо сеа, ќе мора на скапа тарифа, ми отидоа парите ;(

    Абе убаво си напиша Лилит, ние ќе му ја истрошиме на светов пола вода. Ради нас ќе почне онаа војната за вода :D
    Дека околу мене се се куќи и гледам комшииве на саат време дворот си го ладат, ај што го ладат дворот, него цела улица ја прска да му фаќаше цревото и на соседната улица ќе отидеше. И така 10 пати на ден.
    Е сега некои си имаат и лоши навика да кога се тушираат водата им е уклучена. Е тоа е навика, која како и секоја може да се одвикне. Јас си штедам во таа смисла и кога мијам заби си исклучувам чешма. :lol:

    Него Сањаева има најубав предлог, само заборави дека живее во Македонија ...
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    а, некој што е од утро во 6 на работа да не може забите да си ги измие!!!!!! :o
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,952
    Likes Received:
    127,636
    Gender:
    Female
    Водовод одма излезе со демант само мене ме јади оваа реченица .
    . A знаеме како сегашнава власт преку ноќ менува одлуки така да не е ништо чудно демантов да биде само мачкање очи и да си го истераат замисленото.
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,799
    Gender:
    Female
    Замислата да се штеди вода е добра ама начинот на кој планирале да се спроведе е во најмала рака надлудничава, со рестрикции на домаќинства нема во никој случај да се реши проблемот, може само да се зголеми.

    Можаат во Водовод и Канализации или како и да е да видат како по светот се штеди вода и да го прилагодаат на овие услови тука, а не само да си дремаат по канцеларии на фб и после ајде смислија нешто ќе ја сопираме водата од 12-6 часот |(

    Јас живеам во Австралија каде рестрикции на вода има веќе 20 години и кусур,тогаш експерти дошле до заклучок ако се продолжи со тоа темпо на трошење на вода до 2050 година ќе нема пивка вода,иако е целата опкружена со вода, природни извори на вода нема многу, снежни наноси нема, најголемиот дел од времето се полнаат браните и се рачуна на залихи од дождот.
    Сите во куќите имаме танкови(цистерни)за собирање на дождовница кои коштаат околу 2000-2500 долари од кои 2000 ти враќа државата, со таа вода се наводенуваат тревниците и се полеваат цвеќињата,ако користиш пивка вода тоа мора да е од 8-10 навечер и цревото да има распрснувач.
    Перење на автомобил, теписи, разладување на дворот сето тоа е строго забрането а и казните се огромни, се движаат од 5000-10.000 долари, па расфрлај ако имаш г`з.
    На секој чекор има каде да си ја испереш колата за 2-3 долари а таму се користи индустриска или преработена вода,во индустријата се користи десалинизирана и преработена вода.
    Имаат и друг начин за стимулирање на штедење на водата во домаќинствата, ако за еве јас сум двочлено домаќинство и трошам помалку од да речеме 500литри вода(просек некој) дневно плаќам една тарифа, а ако трошам над тој просек друга поскапа тарифа.Тоа не значи дека не се бањаме ама ете водиме сметка за рационално трошење на вода, пуштам само кога е полна машината за садови,перење итн.
    За базен да се наполни треба одобрување од општината и тие после праќаат цистерна со преработена вода, а кога треба да се надополни повторно си бараш да ти пратаат цистерна со преработена вода.
    Внук ми кој има 4 години и кога виде кај дедо му тука во Скопје чешмата надвор пуштена така трча да ја затвори да не се троши за џабе водата, и тој веќе си знае дека треба да се штеди водата, тоа е нашиот начин на живот, штедиме за идните генерации да имаат пивка вода.
     
    Lacrimosa, nena2010, Doozy and 3 others like this.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,984
    Ова рестрикции се чисти глупости. Значи не може ти на еден народ како нашиов да му забрануваш, затоа што не сфаќаат луѓето зошто им се забранува. Од рестрикциите гледам само проблем, никаква корист. Нашиов менталитет не е така лесен за превоспитување. Сите ќе полнат вода во шишиња, туби, кади и најтрагичното е што наутро сета неискористена вода ќе ја истураат за да наполнат свежа наредниот ден. :D

    Кога ќе бидеме малку со повисоко ниво на цивилизација и малку поширок ум, е тогаш ќе се образуваме за тоа како треба рационално да ја користиме водата. Потполно се согласувам со се тоа што го кажа битерсвит над мене. А во една ваква џунгла, да ми кажуваат вакви приказни, тоа е смешно. Оди ти објасни му на некој што не разликува слатка и солена вода дека треба да штеди. Ќе те гледа како теле во шарена врата, уште и крив ќе те направи. :x

    Ај па и вие, мал ли е Вардар... Џитни се во него и пиј, мочај, бањај се, пери килими и коли и алишта и садови - ете слатка, питка вода. Решен проблем. :D
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,605
    Gender:
    Female
    Ова со водата го има во многу земји во светот како предупредување но јас лично не го оправдувам. Ако веке сака на народот да му дојде умот нека ја качи цената на водата :(
    И како што прочитав најмногу во Шуто Оризари се троши вода. Ако е така нека има рестрикции таму каде што најмногу се троши а не низ цел град.