А приметивте ли каков спонтан полукружен тек се направи околу Триумфална? А? А? А? Не знам за вас, ама јас се осеќав ко у Париз веќе. Онака пола. Још пола, па чу плесат можда и гола. Само ме интересира, нели по примерот на Париз, дали ако се натртам и ѕирнам низ Триумфална, дали ќе видам некоја друга помала Триумфална капија ткн. триумфално капијче налик на она од Лувр или само ќе ја видам грудата на момакот од чика Стоилко кој во моментот ја мучка и плеска плескавицата на груда? Депилирана, за доброто на сите гладни души
Ретко кога доаѓам во Скопје ама последниот пат искрено се чуствував застрамено жив резил со сите споменици насекаде и триумфална капија. навистина? во 21 век??? по повод кој триумф? Подбеда на глупоста врз разумот. Посакувам да бев битолчанка
The Porte Saint-Denis was designed by architect François Blondel and the sculptor Michel Anguier at the order of Louis XIV in honor of his victories on the Rhine and in Franche-Comté. Built in 1672 and paid for by the city of Paris, it replaced a medieval gate in the city walls built by Charles V in the 14th century. Ај да се отруеме групно сите
Видиш, мене ме интересира. Спојлер Јаки се металците до корпата доле. Баш вчера ја гледав. Толку џакови цименто залудно потрошени.
Едно ме теши.Фетишизмот кон бронзен добиток е светски.Низ цел свет го има! Затоа,само бикот им е закон! Од тие пари,ќе направеа студентски град! Од тие пари,ќе се средеше клиника туто комплето! Од тие пари ќе ја заживееа економијата! А не бајпас да тураат на се живо и диво. Е после и пенис можеа у двор,еве кај мене да стават,у знак дека ја заебале мојата недоверба.
Мене ме интересира со кој памет размислуваа дека ќе чинат тие безброј споменици и капии и фонтани и окото лондонско овај скопско де, па и тие мостови, згради, хотели бла бла за 80 милиони? Нели до 2011 веќе ги истрошија тие 80 нели, значи до 2014 се претпоставува дека ќе чини од 500 милиони до 1 милијарда евра проектов. Оффффф мама мија.
луге,да ви кажам искрено ко ке ја завршат фонтаната и стаат споменикот на александар згора,мене страв ке ми е да шетам по плоштад па како што е висока фонтаната и на неа александар со коњот на задни нозе дигнат,исто огромен,да не се откачи па да ни падни на глава видовме колку им се квалитетни другиве споменици,одма почнаа да позеленуваат,и александар нишо чудно да ни е со сличен квалитет,па да не му попуштат нозете на букефала па да се сруши врз нечија глава ја за секој случај оддалеку ке вртам
Наместо ова, да изградеа некоја фабрика, па да не вработеа, па да реновираа училишта, болници, па да ги направеа патиштата, да ги зголемеа платите (наместо да ги намалат), да инвестираа во младите, а не во ПЕНЗИОНЕРИТЕ!!!
Ама и СДСМ ќе инвестирале во пензионерите, наместо бесплатен превоз-државна социјална пензија за сите кои неможат да ја остварат.
^Господеееее.... иднината е во студентите, а не во пензионерите, ние ќе плаќаме по 600 евра партиципација
... и сето ова со таа причина што се свесни дека студентите се тие кои можат да се стремат во сменување на курсот на движење на републикава, а пензионерите се оние кои чекаат сервирано, па лесно е да им се даде леб за глас. Корист од студентите немаат како што имаат од пензионерите. Оп-покачи пензииче, еве ти гласче, молим лепо! Пензионерите се сигурни, не бараат работа. Студентите, и тазе дипломците, богами и оние побајатите, бараат работа, а не можат да ја најдат - автоматски револт и желба за промена!
in the middle of nowhere И до каде мислат да тераат со проектов? Најавено е некое ново споменичиште во скоро време? Ај дека не можат во уште поголеми долгови, скратено "гомна" да не пикнат?
Вчера заслушнав на ТВ дека паднала и трета жртва од работниците кои работат на проектов... Вистина или ... ?
Ццц срамно и жално е ова што се случува. Што мислите колку овие нови градби се квалитетни, колку ќе истрајат а? Во минатото тие се граделе со години и години макотрпна работа, труд и пред се професионализам а и ден денес се истите само со неизбежни реставрации кои нели ги носи времето и пак се голема туристичка атракција. И што е најважно не се правеле заради политичка кампања за неколку месеци пред избори за да се има пропаганден материјал туку се граделе од потреба со изглед кој го отсликува времето во кое се изградени.
И праќам на една другарка, која не живее и не била одамна во Македонија, актуелна слика на Триумфалната капија во Скопје. Чисто да знае што ја чека за кратко време. И едноставно, морам да ја цитирам.