Веќе е во вардар. Само што има само цевки што пуштаат вода нагоре. И не реков дека не изгледа убаво, туку нели поубаво би изгледал школскиот таван кој повеќе не би пропуштал вода и не би капел, доколку се вложеа средства во тоа...?
Е не мешај сега ова е култура тоа е образование, тоа кажи му го на директорот на твоето училиште или на оној николче или неговиот иден заменик да го среди. Иако се позезавме на сметка на Аце не е лош проектов и не значи дека во друго не треба да се вложува или пак дека овој проект не е добар друг би бил подобар. Секако дека ќе се најдат уште многу подобри проекти но и овој е добар. Па се ново за вас не е добро. Да ви го направи некој таванот у школо ќе речете е кај најдоа сега таванот кога немаме клупи. Значи секогаш нешто ќе му недостасува на човек, особено нам македончињата на се наоѓаме мана. Па и вчера една глупа новинарка на алфа мислам беше прашува една жена, странец, што мислела за поставување на спомеников и она и вика и што сега треба да одговорам јас на ова прашање се чуди, вели немам коментар.
^^^ Извини ама таа жена била далеку поглупа од новинарката...всушност новинарката и не е глупа, правела анкета како составен дел од нејзината работа, си ја вршела работата, а тоа што жената се чудела и рекла дека нема коментар е само доказ колку е таа самата глупа. Ајде кажи еден проект кој бил добар... 1. трето дете 2. градска плажа 3. знаењето е сила, знаењето е моќ 4. компјутер за секое дете... Проектот Скопје 2014г. како проект може и е добра замисла, ама во погрешно време и ДА сметам е дека е погрешна инвестиција, сите милиони и милиони евра кои се потрошени од буџетот можат да се искористат за поопходни работи, ете и самата спомна клупи...подобро клупи, тавани, нови прозори и радијатори отколку споменици... Мене многу ми е побитно детето да ми биде стоплено и да не му капе над глава отколку да дојде некојси странец и да му се восхитува на Ацета и на лавчињата на пример. ОК го разубавувааат градот, ама побогу што ќе ни е фонтана во Вардар, Триумфална капија или 23 м. споменик на Александар Македонски...каков бенефит јас како поединец имам од сето ова. Да не го заборавиме фактот дека се работи за буџетски средства дел од буџетот се и даноците кои јас, ти и останатите ги плаќаме...а за што -за споменици...е па Не фала.
Dafnee : Уф па незадоволството на грчиштата уште поголем мерак ми прави, ме доведува до оргазам нивниот бес тоа ми е еден мотив повеќе да му се радувам на Аце, ако се срамите од вашата историја и од вашата држава тогаш се срамите од себеси. Грците се најмалиот проблем, зашто преговори не треба ни да постојат, нема за што да се преговара, тие цигани нека си се гледаат себеси и своето економско пропаѓање да не им го земеме и Солун кој си е наш и онака. Зошто глупа, новинаркава намерно ја прашала дека ја видела дека е странец, што има врска она со нашата политика со нашите проекти, таа дошла како турист да прошета а не да ја прашуваат вакви глупости, како јас да отидам во Италија и некој да ме праша дали треба да се постави некој споменик таму дали е вистинско време за тоа имаат ли побитни работи. Јас не реков дека не треба да се прават болници, училишта, фабрики... реков само дека проектов е добар. Значи едно е да се зборува за сите проблеми во државата друго е само за проектов. И мене ми смета што заводот во Демир Капија е руинирана зграда не наменета за таа цел, дека околината ни е многу загадена, не водиме доволно грижа за реките, езерата, дека требаат реформи во здравството...Но не ми смета кога нешто се гради, само не ми се допаѓаат лавовите од сето ова.
Абеха, наредниот пат кога онака оргазмично ќе врискаш, а до тебе ќе вришти од мака НЕ ДАЈ БОЖЕ твој познат кој е навистина болен, а повторно ќе речам, не дај боже дете, роднина што и да е, и заради мизерната состојба на болниците нема да може да добие ниту аспирин, рецимо, се надевам дека оргазмот ќе ти вреди повеќе од човечкиот пристоен живот. Се надевам дека оргазмот ќе те најаде и ќе ти овозможи достоинствено битисување. И никој тука не се срами за својата историја ниту пак за своето минато. Пази тоа ти е нешто као вероисповест. Христијанин сум, ама немам потреба да си ги истетовирам крстовите на секое слободно делче од мојата кожа, и да си ставам милион крстови околу врат. Тоа за што и на што сум горда е моја лична работа. А ако не морам, нема ни да провоцирам со нешто што е моја лична работа во име на подобра работа и помирен, безгрижен живот без провокации кои можат да родат само неубава ситуација и залуден конфликт. Поддржувам споменици и почитување на сопствената историја, ама спомеников на Аце д олмајти де факто НЕ НИ е потребен, барем не за тие пари и не во толкава големина.
Абеја искрено се зачудив коа прочитав дека имаш 29 пошто има 2-3 петтоодленци кои би ми го дале истиот одговор - се палам коа се лутат грците. Се прашувам каква историја е таа што така тебе те пали, пошто е онака..СМЕШНО да тврдиш дека си АНТИЧКА македонка кога од тоа време до денес, почвава македонска све и секакви ропства поминала и да не заборавам дека бевме СЛОВЕНИ кои се доселиле од кај Карпатите до пред некое време... плус 5 века под турско ништо не ни измеша у гениве... Важи. Не бе ние директни потомци сме. И Хунзите ни се братучеди од прво колено, и сите ние сме едно среќно античко семејство. Боже мој. За плачење онака.. Утре ако дојде некој трет на власт што ќе тврди дека се уствари турци и на тоа ќе паднат дел од нас. Крсте Петков Мисирков и слични ликови со кои се гордеевме до пред некое време, ги фрливме у неповрат. пу пу не важи. Сеа сме внуци на Александар. Искрено... твојот и на уште една таргет група оргазмите е се што ќе добиеме од спомеников на Александар Македонски, така што се надевам барем дека ти е повеќекратен. Така е тоа коа те е*ат у здрав мозок, некои од нас доживуваат оргазми. Да си ми жива и здрава.
Изгледа погрешно си ме разбрала, оргазмот го поврзав со грчиштата и сосема во поинаков контекст ама не е битно. И не ми е битно дали грчиштатат ќе реагираат на споменикот на Аце, не ми е ниту срам ниту страв од нив, не мислам дека треба да им се потклекнува на тие небитни луѓе или дека треба да се грижиме што тие ќе речат. А значи според тебе како 23-годишна, во Италија треба да го срушат амфитеатарот и да му направат споменик на Берлускони? Не сум античка македонка, тие ми се предци, далечни блиски тие се. Битен дел од историјата на мојата земја. Премногу ограничено и обоено гледате на се и одма се впуштате во лични навреди. Што ви прави таа политика. Ако не ти се свиѓа некој што мисли одма плукај по него. Страшно! Така е и кога те е*ат во здрав мозок ама јадно е кога те е*ат без мозок. Да си ми жива и здрава.
како се осмелуваш да се зезаш со Аце олмајти???? па нашата ДНК е најблиску до неговата величествена! шала на страна, доказ за тоа дека народот е гладен беше фамозниот доручек на Коце Трајановски на камениот мост! или можеби Груевски планира да оди по стапките на Марија Антоанета? уствари он ќе биде далеку подарежлив од неа...на гладниот народ кој нема за леб, наместо колачи, ќе им подели споменици
Abeja, Грција колку да пропаѓа таа е членка на НАТО и ЕУ. Како таква има право на ВЕТО и тоа не заради Аце туку и за банални работи од типот, министерот има шишка на лево. Може колку сакаш да ги нарекуваш цигани и да не ги сакаш ( само не знам дали одиш на одмор таму ) кога ФАКТ е дека ПРЕГОВОРИ ИМА, ДЕКА ИМЕТО ЌЕ СЕ СМЕНИ САКАЛЕ ИЛИ НЕ, ДЕКА НАРОДОТ ЏАБЕ СКОКА КАКО МЛАД МАЈМУН И СЕ ПАЛИ НА ПАРОЛАТА ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ. А за Аце не се ни знае дали бил НАШ зашто ако читаш историја ќе видиш дека Александар велики е роден од мајка Олимпија ( Гркинка ) и Татко македонец. Е сега бидејки во грција и ден денеска постои матријарх, каде што децата не се викаат дека се од фамилија на таткото туку од мајката нормално е грците да викаат дека е нивен предок. А ние имаме патријарх па викаме дека е наш. КАко и да е и двете страни се во право затоа што нашата и грчката историја се толку измешани што не се знае ни глава ни опашка. И искрено место Грујо и команија да ми воскреснуваат мртовци со споменици нека гледа на народов што се уште колку толку е жив.
Па наредниот пат кога некого ќе го ословуваш како глупа прво објасни зошто...ете видиш сега кажуваш дека била странец... И од кога тоа е глупаво да анкетираш странци...па нели проектоев е пред се` да им покажеме на странциве колку ни е убава Македонијава, па нормално и логично е намерно да прашаш и странец што мисли за спомениците...нели тие се дел од културата. И да.. утре кога ќе одиш во Италија ако те анкетираат и ти исто да им одговориш на новинарите...пошто гледам дека ептен ти се бендисал одговорот на странкињата. Баш супер за тебе што само лавовите ти сметаат. Мене ми смета и бикот на ул. Македонија, ми сметаат шмизлите, ми смета споменикот на Ѓорче Петров качен на коњ итн.итн.... ми смета таа скулптурата со чичкото што чисти чевли и просјакот ...или ако подобро размислам тие и баш супер не` отсликуваат, баш ни се градски обележја, одлично ја доловуваат сликата за сиромаштијата.
Јас бев пред некој ден во Скопје и ... Го уништија градот. Повеќе нема ни плоштад. Целиот проект ми изгледа како „паднало - не станало“. Наместени градби и споменици без врска, на рандом локации, без план ... Различни стилови ... па такви плоштади, барокни градби се градени пред неколку века во европските метрополи. Сега ние ќе правиме ренесанса на барокниот период? Старо - ново Скопје, со класичен лик, кој ќе му даде нов имиџ на Скопје какво што било порано. Навистина ужасно. А кога ќе ми текне и на астрономските суми потрошени за оние глупости, ми доаѓа да си пукнам в колено од мака. Што се однесува до тие „предците“ толку што се запнале во нив, на овие простори толку различни народи и племиња се испомешале, што прашање е дали воопшто некој ќе открие од каде точно потекнуваме. Според моите скромни сеќавања од историја, на овие простори се наоѓале, Античка Македонија, виа Игнација, населувањето на словенските племиња, царството на Цар Самоил, Отоманската Империја, Југославија... Народот толку се испомешал, што навистина е тешко крајот да му се фати. Најжалосно е што се враќаме толку време назад, се фаќаме за Аце како пијан за плот, наместо да престанеме да се занимаваме со минатото и да почнеме да размислуваме за во иднина. Уште малку фали власта да излезе во јавноста со теза дека потекнуваме од Клеопатра.
Врска нема мојот став со политика Абеја, има со здрав разум... Мене вака најискрено баш ме боли панкреас за твоето мислење. Само нејќев да живееш, кај и да е, трета деценија од твојот живот во такви небулозни заблудности, па и да ги збориш уште ... Ама ете. Мора да постојат такви ко тебе за да имаат таквите ко мене за што да се насмеат. Не се мачи да ми реплицираш, пошто нема ни јас. ПС. Златна, твојот странец беше амбасадорката Симоне Филипини... Страшно е да имаш вакви пропорции на незнаење со твоите години.
Естел, споредбата со Марија Антоанета - на место. А после неа се знае што следеше во Франција. Само да не не спотера истото, ама каде бе, треба малку да бидеме пореволуционерни од Французите, вака сме само товарено магаре ништо не осеќа а богами ниту резонира. Ама баш магаренциња сме. Ајде ќе кажам ние, за да не се навреди или пронајде дотичната неименувана група на поединци кои ги полнат со екстра доза на кислород своите гради кога ќе ги здогледаат половиот орган на Букефал и плочките на Ацо олмајти. Абеха, те разбрав јас убаво, барем сум сигурна во тоа, не се секирај. А тие небитни луѓе кои ти така ги нарекуваш, имаат право на вето. И тие небитни луѓе можат да направат - овој проаѓа а овој стоп! Хеј и мене ме нервираат некои постапки од нивната политика, очајно многу, али сфатете, од лажен и пред се евтин патриотизам не се живее. Јас сум патриот можеби еден од најголемите, да се мереше у бркови, ќе ми беа до земја ко на Yosemite Sam од Bugs Bunny. Ама чекајте бре, споменициве стварно не ми се потребни за хранење на моето патриотско јас, и ништо посебно нема да чуствувам кога ќе ги видам, ниту пак ме прават горда Македонка. А јас заедничко со Ацета имам можда, па носов, таков што ми е накај грчки да не речам тера, друго ништо Верувај повеќе заедничко имаме со Мустафа и со Џеврие, како се викаа оние од Лисјата паѓаат, него со Аце лично, ама ај, џабе везам. Мене општо ме чуди, каква боја на наочари носите сите поддржувачи на проектов во целина? Зарем не ги гледате сите остатни шуплини во државава кои треба да се пополнат и зарем навистина единствена светлина гледате во овие прескапи луксузни споменици? Зарем не сте се нашле во ситуација кога ви било речено - епа државата нема пари за тоа, па да ви дојде да лупнете со тупаница во маса и да извикате - а за скапи споменици има ли? Навистина, се прашувам...
Па нека ни направат стоп-голем аир и од еу Јас не сум против решавање на побитни проблеми, ама да ги тргнеме другите работи на страна да гледаме само на проектов како таков. Е сега знам дека ќе речете не може да се тргне на страна и тука е проблемот што ние се караме меѓу себе. За решавање на другите битни проблеми да зборуваме во друга тема, за економската состојба во РМ и сл. И пак мешате патриотизам и политичка обоеност, ме напаѓате бидејќи ВИЕ си мислите дека сум член на вмро-дпмне, ама јас не сум должна да објаснувам немам ни намера, си се изјаснив за проектов и само за него се додека некој не се заостри да критикува на многу подмолен начин. p.s. Зар уште не ти е доста од навреди И амбасадорката е странец сигурно не е македонка и не ја интересираат такви глупави анкети, баш дека е паметна си го кажа своето мислење. Страшно е да си толку гневна на твои години. Уживај повеќе во животот сребрена.
ние? револуционерни? ене ги кај се револуционерите......на плоштад, направени од мермер....за жал а што се однесува на споменикот на Аце барем да го видевме асално, вака стварно испаѓа дека ќе можеме само машкоста да му ја процениме од наша перспектива
Убаво кажа една архитектка пред некој ден.. Зошто никој не сака вештачко цвеќе? - Зошто е лоша копија на оригиналот. Ете тоа ни се случува во градот.
Проектов е одличен, но е во погрешно време!! Навистина каков бенефит имама секој, како поединец, сепак спомениците се во Скопје поради нашите пари, од даноците кои ние сме ги платиле. Доколку во Скопје беше се’ средено, па ајде тогаш да се насочиме кон разубавување на градот, а не: во аптеките ги нема сите потребни лекарства, луѓето се тепаат кој да ги земе малку преостантатите лекови, болниците ги немаат потребните препарати и апарати да направат една „бедна“ - да речам - операција, што во странство ја прават на шега - што се вели, во некои од училиштата скратена е наставата во зима поради тоа што нема парно и струја... и да не набројувам понатаму, ќе ме фати цел ден. И ние при ваква ситуација акцент во градов да ставиме на спомениците? Сите НАШИ пари, кои би требало на некој начин НАС да ни служат, на сите граѓани на Македонија, да отидат во споменици? Да, следниот пат кога - не дај боже - ќе се разболи, јас ќе отидам кај Ацета и Шмизлине да видам тие што лек ќе ми препишат... Или не, подобро ќе го однесам болниот да ги види, можеби имаат исцелувачка моќ додека ги гледаш... А кога веќе ги спомнавме Грците... нив не ги боли ноктето од малото прсте дали ние во Скопје ставаме статуи од Александар, св. Петко или св. Стојко, се додека македонците им прават промет, им одат на одмор, одат на шопинг итн... И ај за крај едно поздравче попатно со клипчево: http://www.youtube.com/watch?v=hYtJTAsyF9Y
Вчерашната фина у задникот ни шибната изјава од Грција за „Воинот на коњ“, Спојлер http://www.makfax.com.mk/#259470%2Fdelavekuras__spomenikot_vo_skopje_%E2%80%93_provokacija_za_grcija ...Препознавајќи го Александар Македонски во ликот на скулптурата, грчките власти велат дека неговото поставување преставува узурпација на грчката историја и ширење на национализам и конфликти. “Оваа политика е прекршување на духот на Привремената Спогодба, провокативна е и е за осуда, ги поткопува билатералните односи и наштетува на преговорите под покровителство на ОН. Дирекно е во спротивност на добрососедски односи и ќе има неизбежни последици по евроатлантските перспективи на ПЈРМ. Уште повеќе, овој потег следува по неодамнешните гаранции на политичкото лидерство на ПЈРМ пред ОН и меѓународната заедница дека планираат да работат искрено кон надминување на спорот со името. Грција ќе ги информира своите партнери и сојузници, како и меѓународните организации за оваа провокативна постапка, за која веќе ги предупредивме“, изјави Григорис Делавекурас, портпарол на грчкото Министерство за надворешни работи. Нешто што Макфах не го пренесува во целост од изјавата на господинчево... е еден посебен делЧ Foreign Ministry spokesman’s reply to questions about information regarding the raising of a statue of Alexander the Great at a central square in Skopje Athens, 14 June 2011 Foreign Ministry spokesman Gregory Delavekouras made the following statement in reply to questions about information regarding initiation of the assembly and placement of a statue of Alexander the Great – under the alleged official name of “warrior on horseback” – at a central square in Skopje: “Under other conditions, we would be honored by the decision of the government of the Former Yugoslav Republic of Macedonia to spend nearly €10 million to honor Alexander the Great, placing a statue of the Greek army commander at a central square in Skopje."..... а баш тоа ми звучи како шибање по задничето наше и тоа дипломатски чиста петица одиграно мм бравос за нив! инаку посебно припазете на тој официјален назив за статуиштево... ВОИНОТ НА КОЊОТ кое дури ни на Сител не беше спомнато во вчерашното издание на Сителовиот џубокс од вести, како Александар Македонски... Спојлер http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/se-montira-%E2%80%9Cvoinot-na-konj%E2%80%9D-na-ploshtadot-makedonija Се монтира “ВОИНОТ НА КОЊ” на плоштадот Македонија 14.06.2011 - 09:49 | На плоштадот Македонија утринава пристигна споменикот насловен “Воин на коњ”. Потребните делови за негово составување, по долг пат, од Фиренца допатуваа во Скопје.[/b] Скулптурата висока 12 метри ќе стои на 15 – метарски постамент во чиј склоп ќе биде изградена и фонтана. Општина Центар се уште нема официјално соопштение до кога ќе трае составувањето но многу веројатно е дека ќе се склопува со денови. Конечната слика би требало да изгледа вака. Голем број скопјани пристигнаа на плоштадот да го проследат овој настан. Еве што велат тие. И странски посетители присуствуваа на настанот. Покрај останатите, на составувањето присуствуваше и група од 30-тина туристи од Грција. Автор на делото е скулпторката Валентина Стефановска, потписник и на проектите Порта на културата на плоштадот Пела и споменикот на Филип Втори, кои исто така се дел од проектот Скопје 2014. Пет милиони евра е вредноста на Коњаникот, 8 лава и неколкумина војници. А, за истово дури и странците говорат, баш тоа називот Воинот на коњ.. кој што сепак личи во фацулето на Ацко Спојлер "http://www.guardian.co.uk/world/2011/jun/14/macedonia-alexander-the-great-statue Although the statue was officially titled Warrior on a Horse, its face closely resembled ancient depictions of Alexander, the warrior king born in Pella, northern Greece, who carved out an empire that reached the Himalayas before his death aged 32 in 323 BC." И причината која што сево ова се шушка овие два дена е, коментари од фејсбук меѓу новинарите Спојлер ...„I zamisli sega iskoci Nikolce i plesne edna izjava u negov stil: "Jas kolku sto znam, kako sto vidov vo mediumite, toj spomenik ne e na Aleksandar Veliki tuku na voin na konj. Grcite, so pomos na A1, kako i sekogas ja izvrutuvaat vistinata...." )) Patem vcera gledav vesti na Shitel i nitu endas ne bese spomnato imeto na Acko Veliki.“ авторот е мање више битен....битна е жалнава, тужнава и р’ѓава наша приказна
Уште потажно ако за некојси no name John Doe воин на коњ од античко време е потрошено толкава сума на пари и е издемолиран целиот плоштад веќе цели 2 години. Воин на коњ или не, спомеников ми е ко дај му Луј Вуитон наовчаниче на некој питач на улица. Колачиња, изволте! Убаво си кажа Естел.