Знаете кое е новото има на нашиот стадион? Национална арена на таткото на Воинот на коњ Шала на страна, ќе се онесвестев сабајле кога видов дека се гледа и од кај мене од тараса, не претпоставував дека волку големо ќе биде чудово
1.Со овој проект владата докажа дека продолжува со својата политика "село гори,баба се чешла". Комплетно немање на сенс за вистинските потреби на граѓаните. Овој проект нема никаква економска оправданост,и ваков проект во овој момент не треба да ни е у топ приоритети.Ова е комплетно немање на стратегија од оние кои, као треба да не водат т.е. да изиграваат лидери.Дефинитивно се лидери во тоа како многу државни пари да завршат во приватни партиски џепови. Шемата е позната веќе. 2.Од уметничко-естетски аспект исто е големо промашување.Материјал бронза? Чудни комбинации.Да расчистиме тука некои работи.Ова мириса на комунистички (социјалистички) проект.Видете ги само боите. Од една "прогресивна" десно ориентирана партија не очекував вакви комбинации. Или, се малце скарани со прогресивните бои,или го изгубиле компасот за ориентација. Плус, утре некој да сака да направи нешто навистина убаво,нема да може,ова со ништо не оди. Опинци и шпиц кондури не идат у комбинација. 3.Јас,на пример би сакал да видам едно извајано голо младо женско тело,во модерен стил.Нека ја симболизира убавината на македонската жена.Нејзиниот слободен и прогресивен дух.Нејзината искреност.Во очите на Европа така ќе се претставиме во поинакво светло,не со коњаници и војсководци.ОК,битни ликови се од нашата историја,ама ова е лудило. Што добија машките од Скопје 2014?Шмизли во бронза стил?Како да не им е доста на машките од оние шмизли во реалниот свет,па уште во бронза стил.Значи официјален став на владата е подржување на smizzle понашање.This is mind f'cking boggling
Не само што овој проект има социјалистички каректеристики, туку и владеењето на Грујо личи на такво, само во лоша верзија од онаа на Тито. На Грујо идол не му е Бране, туку Тито, само што он на Тито не му е ни до јаја .
Лавовите седнати како да какаат Него, шала на страна, усвари ахххххххх нееее... Морав! Јако е, мене на Фрчко ми личи иако и од Влатче има некои црти
Ми се допаѓа сега како изгледа плоштадот сега, мислам дека ќе биде уште поубав кога ќе почне да работи фонтаната, ќе заличи градот како што одамна требаше.
А зошто е толку висок споменикот? Од жабја перспектива може да се види само алатот на коњот. И друга работа, дотичната госпожа која го изваја споменикот изјави дека била толку понесена од емоции кога читала за делата на Александар Македонски што отишла во црква и запалила свеќа за Ацета. Ќе сси пукнам од мака. ЕЈ! Или јас имам проблем со сметањето на времето или не знам што е работата - Античките Македонци биле пагани, не? Христијанството се појавило околу 3 века после Александар, или се лажам? Во која црква му запалила свеќа оваа утката? Пред кој светец? Бог да чува
Драга! Прво научете кој бил Александар а кои сме ние и најди ми заеднички допирни точки со него. Немам ништо против споменикот, сакле од него во ред...ама колку е наш односно колку сме ние негови тоа баш не сум сигурна дека сме негови потомци..искрено тој не е ни грк ни македонец тој припаѓа на друг народ кој што е претопен и исчезнат ама ни ти ни дедо ти ни предедоти ни пре пре пре дедо ти не биле родени ко исчезнал не е тоа битно. Многу ве испрале, ептен.. Кажи ми ти мене дали е тоа нормално во ваква сиромаштија да се фрлаат пари по споменици објекти кои што не се инвестициони затоа што парите не се враќаат туку отишле и некој си наполнал џебот а ти тука гледам солиш памет и продаваш македонштина дека некој рекол дека Александар е наш?! И шо напраил тој за нас..? Ни ја дал дзжавав? Не! Туку бил како овој вашиов ваљда со комплекси па јуришал освојувал се...али како што кажав не е битно тоа. Друго извини ама на новинаркава секоја и чест оти вие сте научени да му ќутите на фиреров ваш а она си го подбра така убаво како што треба пошто тој е научен да му се плашат а оваа не е од тука и нема шо да му се плаши па го напраи бавча....е па извини ама тој не е Бог па да има некој правилник како се разговара со него. Тој да дојди утре и да ти го смени името тебе ти ке ќутиш затоа што мораш да се сложуваш со него иако не ти се свиѓа тоа...е убаво ви прави. Мило ми е што сеуште има луѓе што размислуваат со свои глави....а ти ова е одраз на владеењето и на дисциплината во вашата партија. Иначе нашето уредување е класичен фашизам па мислам дека и Хитлер му завидува на Паторов. Одете жити се негде сите нека ве свестат...не се трпите.
На кој друг народ кој исчезнал, припаѓал Александар?Како тоа не бил ни грк, ни Македонец? Немало други народи на територија на тогашна Македонија и Грција, па затоа и не постои друг народ кој туку така исчезнал. За спомениците, а и се во однос на проектот, веќе се поставени, без разлика дали на нас ни се допаѓаат или не.
Фрчко што напишал во Колумна Љ. Д. Ф. - Тхе Греат! Фала ти Вале - сестро! Десет милиони евра да туриш за скулптура и да ти личи на опозиционер?! Пех, или Господ е голем! Ме утепаа пријателите зафркавање деновиве, драги мои: дека сум „готов“, дека сум останал без аргументи и сл. И, можеби, сум останал без зборови, секако! Енормната несоодветност на скулптурата, за бесмислата и за срамот од настанот што ќе го одредува градот во кој живеам и нацијата на која и припаѓам - јас се соочив само со вчудоневидена тишина, во себе! Човеков е незаменлив
Дали си озбилна жити се молим те кажи ми или ме зезаш? Како немало други народи на овие територии? Имало Илири, Тракијци, Панонци, И не можам да се сетам кои други...... А и сама Грција била создадена односно ја сочинувале многу градови држави каде што во секоја од нив живеел засебен народ нели така да не знам од која историја сте учеле и стварно не знам што ве учат. А народот на кој што припаѓаше Александар баш ке го побарам и ке ти пишам кој е. Тој е меѓу првите народи кој се асимилирал тотално и најбрзо.
Точно дека Грција имала мали градови - држави, тоа е општопознато сите го знаат тоа.Александар со кого војувал со Тракијци,Панонци??? Кого покорувал,Тракијците??? Александар и татко му Филип војувале со Грците, ги покорувале, ете затоа неможат нас Грците да не поднесат сега, нормално дека тие сега знаат за тоа, имаат секакви информации за Александар, Филип, Клеопатра која и неа ја нарекуваат Гркинка, а е ќерка на Птоломеј,еден од македонската династија Птоломеиди, последната Египетска кралица.Па поради тоа што целата историја ја превртеа од корен, тие ете така си знаат дека сите претходно што ги спомнав се грци/гркинки.Која е таа врска меѓу Александар и Илири,Тракијци,Панонци? По што е донесен тој заклучок дека тој потекнува од народ кој е исчезнат? Кога биле Илирите, Тракијците, Панонците? Кој временски период? Кој е тој непознат народ за светската јавност за кој воопшто незнаела дека Александар потекнувал од народ кој ете така сам по себе случајно исчезнал? Која е тогашната традиција на Македонците која била различна со нашата и утврдено е дека ние немаме врска со античките Македонци? Јас знам дека имаме врска со античките Македонци, тоа од одамна го дознав, а како тоа јас си знам смешно за некому Не ме чуди што и Каменот од розета е целиот грчки не е целосно,ама го претворија од пуста желба И има соодветна тема за оваа дискусија.
БРАВО! Се наежив! Баба ми Веселинка е родена 1925 година во Прилеп. На 15 години од чисти идеали и против сите (мајкини) молби и укажувања, скришно, една вечер заминала во партизани. Партизанското име и е Луна (месечина). Пукнала првата пушка во Прилеп и Куманово. Борбата започнала, нема враќање. Ја фатиле. Лежела во бугарски затвор 2 години...тепање, закани по нејзиниот и животот на домашните, глад, болест...гледала смрт, предавство и откажување, многумина потклекнале... Но за инает (прилепски), не се предавала и ништо не признала. И издржала до крај. Доживеа да се формира и изгради слободна и независна македонска држава. .... Преживеала поплава, земјотрес, смрт на најблиските. Доживеа да ја симне шофер во градски автобус заради тоа што покажала споменица од '41ва наместо карта. ... По смртта на мајка ми полека почна да се губи, како да не е присутна...сега можеби и не е свесна дека доживеа да се гради музеј на жртви од комунизмот. И да се запоставуваат и рушат спомениците на соборците. Да ги нарекуваат комуњари! Сега има полни 86 години. Живее во центар. Таа е мојата инспирација. За мене таа е жив споменик на непокорот, вистината, искреноста и истрајноста. А кој е воинот на коњ? http://veselinka1979.blogspot.com/2011/ ... l?spref=tw
Моја роднина работи во градинка за деца. Во занималната каде што е таа нема клима, сиротите дечиња се варат, а во вецињата чешмите се расипани т.е. постојано водата тече, а ние сме вишок со вода де, некам се троши, има вода! :up: Одлично време одбрале да се реализира проектов, супер! Дека нема каде да го потрошиме вишокот пари... ...одлично!
Благодарам за информацијата се извинувам што можеби ја утнав темава иако мислам дека сум на право место ( ова стварно значи без иронии) меѓутоа мене ова ми е поентата: Значи кратко и јасно сакав да кажам или укажам, гледам една форумџика Кукличка СК поубаво кажа со колумната ама баш се што сакав јас да кажам. Тој Александар...што имаме јас и ти или сите ние со него? Зашто некој да ми го пери мозокот? Тој живеел 2 и пол милениума пред нас...што ми оставил тој? Еве барем кажете ми храм некој или палата дали има на наша територија од КРАЛОВ? Не мора тоа ајде друго.... Еве повелете вие што скокате толку по него и што мислите дека кој знае што направил за нас...кажете ми една традиција или адет народски кажано што го имаме наследено од него или повелете доколку знаете античко-македонски јазик кажете ми - ЗДРАВО! Е па ко ке успеете да ми кажете здраво на тој јазик а да не е Грчки ја ке се обесам на тој коњот. Благодарам! Толку!