А ќе ме просветли некој дали и саксиите низ цел центар што се поставени на бандери имаат врска со Скопје 2014 и дали овојпат сакаме да бидеме Холаднија само со сардели?
"Мини-проектов" за Ацета,по мене не им е комплетиран.Сега фали уште да организираат групен превоз,по воздушна линија,нормално за сите оние кои сакаат да се сликаат т.е. да го овековечат моментот на јавање на фамозниот коњ. Птичица.Осмех.Сликај! Друг практичен проблем што го приметив деновиве е,што пола од облекава што ја купив пред неколку месеци веќе е ретро Па човече,не можеш веќе да се движиш низ градов.Како тргнале,до 2014 се има да биде бронзено.Овие диктираат и модни трендови.Бронза in,све остало у out. Време е да си купиме по неколку бронзени парчиња.Овој моден бран дефинитивно продолжува до 2014
Mims , толку не ти текна која е шемата, каде иде Коце тоа носи овде. Беше во Виена ја виде плажата и оп еве и кај нас, беше во Париз виде калдрма и оп го мења плоштадот, беше Амстердам и никнаа саксии на бандери, ако иде во Индија можи и рикши ќе прошетаат низ скопјево и еден споемник на божицата Кодијар ќе напраат до Триумфалната!!!!
^^^ Нена, не дај Боже во Индија да отиде Таму кравата е свето животно, па после ќе стави споменик на крава на сред плоштад (дел од проектот Скопје 2014)
Да баш коа беше Канскиот филмски фестивал и нели овие од сШител беа, Бекстејџ и направија добра (читај доста време посветено) репортажа за тамошното кино на плажа.. па тогаш баш помислив, да не им е у план еден таков тенок екран да засадат во песокот и да си гледаме Животот е твојот филм. Ма Милки, тоа ќе е добра инвестиција, пошто кравата и плодност значи, жените од сите краишта на земјава и СВЕТОТ ќе доаѓаат да ја пипнат за еден бебуш. ХардСекс зар го занемаруваш ти фактот што и камен зданија имаме. А Ченто, а Самоил? баш шаренолики сме, не е само бронза у прашање.
^^^ Опааа, јас па заборавив на бикот... Таман со кравата ќе ги париме и ќе добиеме телиња (дел од проектот Скопје 2014)
Жапче, ами сите ако бидат во бронза, па не е изгледа интересно ќе светат сите, вака шаренолико, уникатно плоштадот мал, тесен ќе немат место за други скулптури, овие останативе штотуку поставени си имаат собир,состанок ама ако пак решиле уште скулптури да ставаат, бидејки и онака е мал плоштадот ( плоштатче ) па барем на друго место да ги ставеа, каде има простор, а не вака, ќе не можи човек да помини од скулптурине
Хехехех.....нека почнат на стадион да ги ставаат таму некако празно е......посекако со спортов сме празни....особено фудбалот....
Тоа ти се вика првостепена среќа во несреќа. Растенијата се гаат за да го прочистуваат воздухот, т.е. прашината која ја крева добриот ни Букефал и сите негови истородни другарчиња, меѓу нив и други домашни животни од фамилија дебељуци (индиско свето животно и нејзиниот мадест пријатеЉ).
@zhap4e Ма не го занемарувам јас тој факт.Мене срцево ми се крши што немам ништо бронзено у колекција,а овој го тупосаа А, ќе има уште такви тоа ми е проблемот. Плус таа боја ми е бош,а чиста кафена или жолто-зеленкаста ми се за есенско доба и фаца тужни Август Ченто и Самоил,ми се каде,каде полесни за комбинирање Ако имаш ти некој конструктивен предлог,која друга боја иде на бронза,пуцај
@HardSex Их пак ти како се запна со трендовскиве бои и антиквизацијата Па, ако си веќе од тие модните робови, во тој случај господине "fashion die for", бронзата нек ти е аксесоари удри тогаш ти повеќе на Ацко стил - прстенчиња за мажи, со следниве мотиви: сонцето од Верѓина да речеме, лавови бе зашто да не , удри и на мотиви - маслинови гранчиња и тука можеме да играме . Привезочиња терезии (ради Јустинијан), ланци со привезок штитот на македонската армија , монети : Спојлер ....и после комбинирај си облека боја што ти одговара на ова, но да биде ваква ткаенина и ваков стил иначе рачунај се out: Спојлер Само ѕирни го ова не кажуваме од кај ни е http://www.mid-day.com/fashion/2009/sep ... ashion.htm Можеш и во знак на почит кон некогашните персијци и мир со нив.. види го само стилот и ај кажи ми како „Алек-аксесоари“ нема да им прилегаат Спојлер
Ме насмеа Жапче, а и може нашава полиција и војска да бидат како Аце некогаш што се облекувал така, еее од пред многу време ептен оригинално :geek: малку ќе наликуваат на римјани ама нема врска и тие го копирале Ацка наш популарен :geek: да не беше Аце, немаше да знаат за нас Но мешање вака, Аце во бронза, другите зелено-сиви , Самоил во компанија со Јустинијан и Ченто бели, во бело не одговара дефинитивно, тоа секој го знае, многу е видливо, можеле барем скулптурите да бидат од еден вајар, тоа им е грешка ( печатна изгледа )
Абе не се секирајте дека Самуил и Јустинијан се бели, па ако го имаат калитетот на лавовите сигурно ќе сменат боја за брзо време.
@zhap4e Јас побарав мислење од тебе за боја,ти,не само што ме соблече,туку,и сакаш да ме облечеш од "главе до пете",и тоа у вмровска варијанта.Па после,нека кажат машките дека девојките биле лоши Овие "Алек-аксесоари",ќе завршат у скопските писуари.Што фино се римува Премногу мотиви што асоцираат на ВМРО(Вергина,лавови,штитови,историски багаж...). It's not my cup of tea.Нема да ме зачуди да си овластена дистрибутерка на ВМРО за вакви "модни" ланци и тракатанци Конструктивен придонес даде во делот на боите(црна,темно црвена,и темно сина). Остатокот беше utter B.S.
Бреј љуто модерно човече да не ја згреши секцијата Пошто, овде се поличките со политика, најмногу се оди на политичко шегобијство... таму некаде подолу ќе сретнеш, комбинација на бои и дезени модни критики. Ако, не си ВМРО-овски наштиман, не ќе те многу засега дали си ти во склад со антиквизацијата, секако не ја признаваш за дел од Скопје ако си од Скопје. Скопје има проблем со писуари инаку, веќе кога си настроен за нивно ползување.. ете ти една од работите на која можело да се посветат парите видиш - јавни писуарчиња, кои ќе бидат постојано одржувани од хигиеничари, за љути мажулиња ко тебе да имаат каде да си ги истурат течностите и да исфрлаат тракатанци, кои не им се у склад со политичката обоеност На шала се смее обично. Ама ако ти се слекува тебе... немој бре тука, фемина не е исклучиво за над 18 години. Пак и на полички за политика види кај купаќите. Дистрибутер па може човек да стане дистрибутер на предмети од антиката, носат добра заработувачка... вмро-овски и да сака актуелното ВМРО да е репрезент на сите мотиви што ти ги дадов, пријателче... не е
НЕМА ЗАШТИТА ОД ГРОМОВИ НА ПЛОШТАДОТ Бегајте од Александар кога грми Споменикот сам по себе е громобран, но луѓето што ќе се најдат до него се во огромна опасност, вели Љубе Магденовски, експерт за громобрани Скопскиот плоштад нема заштита од громови, па кога грми, експертите предупредуваат дека не треба да се биде во близина на споменикот на Александар Македонски, кој сега е највисокиот објект во овој дел на центарот. Споменикот сам по себе е громобран, но луѓето што ќе се најдат до него се во огромна опасност, вели Љубе Магденовски, експерт за громобрани. "Мечот на Александар, кој сега е највисоката точка на Плоштадот, е идеален повикувач на громови. Ако тргнеме од претпоставката дека споменикот има одлично изведена громобранска заштита, опасност за Александар нема, тој ќе го спроведе громот во земја, но луѓето што би се нашле во близина може дури и да загинат. Нив громобранот на споменикот не ги штити, а повикувањето громови со висината на споменикот е неколкукратно зголемено. Опасноста е зголемена и со тоа тоа што воинот ќе стои во фонтана, во вода која е голем спроводник, а близината на Вардар, пак, го прави споменикот беспрекорен повикувач на громови", вели Магденовски. Тој тврди дека, за да нема жртви, на скопскиот Плоштад под итно му е потребна громобранска заштита, и посочува дека овој отворен простор треба да се заштити од громови на сличен начин како што се врши заштитата од громови на аеродромските писти. "На Плоштадот досега единствени своевидни громобрани му беа столбовите со рефлектори. Тие беа највисоки и први на удар на громовите, но не беа толку големи повикувачи како што е сега споменикот. Јас од март годинава се обидувам да стапам во контакт со градоначалникот на Општина Центар, која ги поставува спомениците, за да посочам на опасноста, но тој никако да најде време. Се поставија толку многу споменици, а ниту еден громобран за заштита на оние што ќе дојдат да ги гледаат", вели Магденовски. Од Општина Центар не добивме одговор на прашањето дали кога ги поставуваат спомениците водат сметка за поставување и на громобрани. Од Градот, пак, велат дека немаат предвидено средства во буџетот за оваа намена, но, сепак, најавија дека ќе ја разгледаат можноста за заштита на Плоштадот од громови. (М.И.П.) Е уште ова ни фалеше
Ова нема никаква врска ни со ВМРО, а нити со СДСМ, тоа се антички бележја, впрочем се знае, само нема потреба од вакво мешање.Од кога лавовите се врмовски??? Лавови се,лав како лав кај пишува на нив дека се вмровски? Врска нема ова Додека за громовите, сега Ацка наш и тие покрај него статуите може да настрадаат после џабе патот за реализација на проектот Незнам како тоа, кога смислуваш некаков план, треба да мислиш на се, а не вака, еден гром и отиде се, адиос амигос
Ахахахаха,оф мори мајче...можам да замислам како е да поминеш на плоштад у моментов. Аце коловоџа на електрично коло! Топ листа,надреалиста,ни до колена хахахахахаха...ааааа... Него,јас ако може да предложам боја(боја бе боја,сум згрешила,друго сум пишала),окер,а може и слонова кост,многу бело вака бе.