Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За чудо, али интересни коинциденции ми се десија пред неодамна.

    Прво шетајќи испод Ацета, го сретнав Фрчко како го буљи воинот. А јас го буљев наизменично де Фрчко, де Ацо, и си се чешнав по глава си велам - стварно личат бе :D

    Второ, прибидејќи имав обврски нали, во чаршија, морав да поминам преку камени, коа гледам група од Јапонци се сликаат со онаа позадина од каша попара на плоштад.
    Утредента Американци, исто, се сликаат. Им велам - please don't, на шала.
    И они ни две ни три - why? When it's so funny! Ги разбирам, ептен.

    Абе дал да се смеам ил да плачам не знам, ама онаа турлитава, не знам дали ќе ја средат некако да заличи бар на ѓомлезе или некое покомпактно јадење, ама битно таков спектрум на стилови, бои и разноразни личности од навистина различни временски и просторни димензии на едно место немало.
    Едино можда у Лас Вегас каде што кичот е неминовен.
    А барем да ги имавме парите на Лас Вегас и казината - ќе си речев, ајт.

    Вака си велам, оу ноу, и вртам со главата лево - десно :worried:

    И веќе и ми се смачи да се чудам и да правам муабет на темава. Очигледно проектот си врви, село гори, баба се чешла, и тоа е тоа. За жал. Што би се рекло, веќе ни солзи немам за плачење.
     
    На green.eyes, nena2010, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    нека стават уште некој споменик повеќе а луѓето ќе умираат од глад :fubar: , вработеноста ќе паѓа на најниско ниво, младите ке завршуваат факултети за да седат дома |( .
    Туристи ќе ни доаѓаат само за да се сликат хахах со Александар Македонски, но нека останат да живеат У Мк и се ќе им стане јасно.
    Овој глуп народ незнае што се прави, .... Овој проект воопшто не го подржувам, мада и не ми е важно Скопје, Струмичанка сум така да,,, градот ни блеска а и луѓето во него :P
     
    На lolyta777, esperanca и enca.69 им се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Глупости... До кој ред стигнавме-да си ја покажуваме и мериме македонштината во метри, на тони преплатено железо, бетон и бронза :tmi:
    А да биде глупоста и бруката поголема откако јавно го најавуваа проектот Ск.14. на чело со АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ/МАКЕДОНСКИ сега јавно се оградувааат од името та користат референци и прекари условувајки го со "Воин на коњ"
    Е ајде де, што е работава, зошто се плашат да го споменат јавно???
    Се однесуваат како мало дете што знае дека направило беља, ама не признава туку уште и се сили... :fubar:
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    26.168
    Аце дојава а?
    Само што таа креаторката Валентина што тврди дека земала само 65 000 евра го облекла во Римска античка облека (не античко македонска) му ставила меч, наместо копје и штит, и го качила на арапски а не македонски коњ... Трагедија... Античка и тоа!


    Ахам.. Кога сме веќе кај спомениците на владава... Филип 2 во Автокоманда (таткото на воинот на коњ) е направен со фонтана, која не е помината на ревизија од стучно лице... Што значи дека технички не е одобрено нејзиното поставување затоа што не е изработена како што треба и може да има последици...

    Ама ако... Битно градиме.. 24/7

    :puke:
     
    На lolyta777, nesa, tanja6 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Штовани публикуме, на глупоста и нема крај, ех Ајнштајне, во право си бил, само таа е неограничена :tmi:
    Мене ми е срам, за вас незнам...

    Обелиск од20метри ќе никне во Паркот на жената-борец

    Според членови на Одборот за подигање споменици во Општина Центар, ова мону-ментално здание ќе чини околу 60 милиони денари и ќе биде едно од најграндиозните зданија во тој дел од градот

    Огромен обелиск - камен зашилен столб, со четири страни, повисок од 20 метри, посветен на сите херои што се бореле за слободата на Македонија, наскоро ќе се постави во центарот на Паркот на жената-борец, паралелно со главниот влез на Собранието. Според членови на Одборот за подигање споменици во Општина Центар, ова монументално здание ќе чини околу 60 милиони денари и ќе биде едно од најграндиозните зданија во тој дел од градот.

    - Споменикот ќе биде место каде што странски делегации, газејќи на црвен килим, ќе поставуваат цвеќе и ќе им оддаваат почит на сите херои што војувале за Македонија, без разлика на пол, вера или национална определба. Во околината на споменикот ќе има и придружни елементи што ќе зборуваат за историјата на Македонија. Обелискот ќе биде поставен на постамент, а со него ќе се дообликува централното градско подрачје - вели еден од членовите на Одборот.

    На конкурсот за изградба на обелискот до вчера, кога беше последниот рок, пристигнале околу 20 труда. За триесетина дена ќе се знае точно како ќе изгледа овој споменик, а за победникот е предвидена награда од 400 илјади денари. Во најновите измени на детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, Општина Центар предвидела градежна маркичка за овој споменик. Предлогот треба само да го изгласаат советниците на Општината.

    Обелиск е обележје што стоело до влезовите на пирамидите во Египет, а значењето е вечност. Поради пораката на ова обележје, во многу европски метрополи на плоштадите има поставено обелисци. Во светот има 29 обелисци од Египет поставени на најпознати локации во Вашингтон во Америка, Рим - Италија во Полска, Турција, Франција.

    Општина Центар досега распишала конкурси за петнаесетина споменици на разни теми. Од Одборот велат дека за околу шест месеци ќе почнат со поставувањето на спомениците за кои тие распишале конкурси. Спомениците што веќе сега се распослани по градот ги поставува Министерството за култура.

    Извор, Дневник.ком.мк
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Смеа ме фаќа :rofl: оф..сега и обелиск :D баш уникатно, уствари од се по нешто, комплет, скулптури како во Италија, сега од Египет, нема да ме чуди ако по грешка го стават египетскиот владетел Рамзес :rofl: :rofl: |( е сега само каков ли ќе биде :?: може и бронзен да го направат :D :wasntme: се бива кога не се знае од организација.Катастрофа, ај разбирам во другите земји каде што се поставени скулптури, обелисци итн., има простор, плоштади, ама кај нас, на мал простор не бива, не знам како може така да прават, не ми е јасно, па барем ако веќе решиле да прават,нека ги викнат најдобрите вајари, архитекти итн., да слушнат нивно мислење.Тотална утка е ова :fubar: :x
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.145
    Допаѓања:
    156.304
    Ова е нездраво,целосно нездраво...алал да им е.Уф...ќе се издувам на темава квалитетно за некое време,ми прекурчува од глупостиве зад кои очигледно има нездрава содржина која може да ја креира само болен и немоќен ум.Само немоќен човек создава моќ низ симболи.
     
    На julie77, Phyramide, SunFlower94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    26.168
    Ај што градат дебилни работи, па и лажат... Во клипот Скопје 2014 го има Обелисков и точно како ке изгледа. најверојатно се веќе направени и сите делови... Кој само им верува да праќаат идејни решенија на конкурс?
    :fubar: И баш сакам да чујам подржувачите на проектов што имаат да кажат за овие работти....
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Немој КукличкаСк не ги викај, молим те :lol: ...одма ќе скокнат во одбрана на ликот и делото на нивниот месија. :!:

    Поголема глупост од проектов не се видела во истиријата не само на моето постоење туку на целото постоење на независна, суверена, демократска и зафркната од корен Македонија.

    Побогу што ќе ни е па сега Обелиск...ова веќе нема смисла. Од една кон друга поголема глупост. :tmi:

    Разбирам да се поправаат улици, патишта, се изградија катни гаражи, ај ОК требаат...иако сите се наплаќаат, па некогаш си викам подобро со автобус да одев ама Обелиск :o
    Па дајте бре вие таму што ги греете фотељите гласајте за нешто асално, дај реновирајте некоја амбуланта на пр. сите се која од која помизерни и од времето на дедо Ное...
     
    На esperanca и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Македонија е мајка на спомениците :) нашата држава ги почитуваме луѓето од минатото и животинското царство .Па нека не ве чуди ако од почит кон истите никне и некој непознат херој од друга држава ,владетел или што уште не . Македонија и се е можно. Главно нешто се гради, човекот си има своја замисла, зацртан план, се труди и никако да ви угоди :)ај , и со вас не се може :D

    [​IMG]
    Може ќе изгледа вака - јас за конкурсот од 400 илјади денари :wasntme: па не е лошо нели ? мора да ги следиме останатите држави . lolyta777 чекај не се брзај и за улиците и за амбуланти си има време,прво со спомениците да завршиме, за живите и нивните потреби има време . :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Јас само не знам како гледате вие од Скопје на сето ова. Мора да ви е многу тешко гледајки како ви го менуваат градот преку ноќ, во што се претвара, сте израснале во него, спомените и сеќавањата на него од само пред неколку месеци... За едно утро кога ќе станете и нема да го препознаете-тоа не е повеќе оној ваш град... Многу работи фалат, со многу не можете да се помирите и многу ќе треба за повторно да го запознаете...
    Вакви промени се прават постепено во текот на неколку децении па и повеќе, ама кој го прашува народот бе :x Како да се работи за поправање на дупки по пат или реновирање на стари и дотраени училишта, изградба и инвестирање во современи клиники и поликлиники или модерни градби на млади и надежни архитекти со кои барем ќе привлечеме турист (не за потсмев) :tmi:
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Александрија - оп Париз - оп Буенос Аирес - оп Скопје!

    Гонг молам :D
     
    На Andzelika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.145
    Допаѓања:
    156.304
    И Вашингтон!Хип,хип,хуреј!

    Него...кога би можел да си седне на него,јас мислам најубоо за сите нас...
     
    На Andzelika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ]Сигурно ви е многу тешко...Спомени...на празниот плоштад...на пустото сивило...АХ, тешко е...
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Озбилна, некој од чекање умрел :D
    Остај што се смеам ова од што ми е мука :puke: , од што ми се повраќа од ова што се случува со градов...хаос, општ хаос...
    Во населбата каде што живеам само што направија нова општина (нели за овие што се дебелеат во фотељи и што креваат раче со кое гласаат по наредба на фирерот).. зградата е феноменална, екстериерот е супер, не сум била внатре, сум немала потреба, ама сигурно и внатре се` е убаво...него поентата ми е..лево од општината е детската градинка, а десно амбулантата, и двете се бараки, која од која победна и помизерна...трагедии живи...децата таму ги носиме. :@ Амбулантата и ординациите докторите сами си ги кречат, а во градинката дававме пари за да купат нови завеси...еј завеси :!: толку ли нема пари од опшинскиот буџет за едни завеси. :( Жално, навистина жално.
    Е па наздравје господа, ги гласавте, ракопласкајте им сега на нивните (не)одлуки :clap:
     
  17. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Е тешко е за обичниот граѓанин кој не е навикнат на ова и не мора заради политичката определеност само налудничаво да си климнува со глава дека се е ок и како што треба :lol:
    Вакви промени се прават постепено во текот на неколку децении па и повеќе, ама кој го прашува народот бе Како да се работи за поправање на дупки по пат или реновирање на стари и дотраени училишта, изградба и инвестирање во современи клиники и поликлиники или модерни градби на млади и надежни архитекти со кои барем ќе привлечеме турист (не за потсмев) :fubar:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Наместо парите да ги искористат за подобри цели, тие за споменици |( за камен, бронза...да бидеме како другите држави, каде кај нив со години градено, од различни владетели, кај нас сега одеднаш се, смешно е, воопшто не се вклопува ова со самата структура на градот, врска си нема, направено е само колку да делува убаво на изглед, а не е битно како е направено и распоредено, дали бива или не.Добро и што сега со тој обелиск од 20 метри, на него ете релјефи, а што ќе се види, ништо, како може да споредуваат со другите земји? |( Мислам друго е Египет, друго е Америка која има пари, тоне во пари, друго е Италија во која е градено со векови и се знаело точно каде,како, што и зошто нешто се поставува, не е туку така поставено.А за Ацка наш да не зборам, убаво на изглед, ама изработка :x плус, некој претходно спомна, да додадам начинот на кој е облечен Александар, така се облекувале македонците, римјаните само го имаат копирано Аце, нема врска дека е римска облека.
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не дека ве интересира, ама еве - зборам со човек кој „није из одавде“ на фамозниот ми чет, и ме прашува за Ацета, што е финтата. Читал, дознал. Му го праќам промо видеото од проектов и човеков кој е инаку крајно саркастичен, испушти рафали од забелешки по кои си ги набилдав стомачниве, и потоа се загрижи - вика, ова не смеете да го дозволите. Ова е ко двор на некој парајлија кој штотуку стекнал многу пари и кој одеднаш не знае што да прави со нив па трупа се и сешто во својот двор.

    Потоа се замисли и вика - а кај кого да се обратам ако сакам и јас свој споменик во Скопје на главниот плоштад? Ќе може ли и јас?
    Еве, вели, нека се вика Џони со неговото пони :rofl:

    Не е само до мене, значи и неутрални луѓе имаат очи и гледаат.

    Него каде да се обрати за споменик на плоштад? Личен е, не дека не е :D А тек понито! Ау!
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    26.168
    Сега па и споменикот што ви го ставија таму :puke: Уште тоа ви фалеше...