Ај ве молам не се трескајте,кој ви е крив шо не сте у партија.На нив им имаат најмено чоек кога влегуваат во двор на врнежливо време да ги пренесува преку вирот пред врата што им е. Мислам не ги сматрам за нормални тие што мислат дека проектов е добра работа. Ако толку ги пукна мерак можеа една фамозна фонтана да напраат да ја разбијат монотинијата,ама не,туку работата е друга.Работа за на психијатар,цела гарнитура.Ова се комплет на една проценка и по една инвалидска пензија зошто работава е неподнослива.Без Џони на пони на Пирамидава И до година кога ќе прсне сонце,40 степени,кога ќе си ги соблечам сандалките ко у секоја светска метропола,па кога ќе си ги брцнам нозете со сите циганчиња,па кога ќе си ги извадам цицињата тро поише надвор,нека дојде чика цајкан да ме вади,има да го плукнам,макар одела у затвор после.Мои пари,моја,сечија сопственост!Кај него од када нека ме вади ако му влезам дома,а од мојата фонтана е бога ми нече!
Абе си отрпнавме ние на вакви саркастични забелешки, најдобар дел од работата со стомачните е вака завршена... Се смееме за да ме плачеме ни е работата. А другар ти за едно е во право: Ова не смеевме да го дозволиме Ама реалноста е дека народот кај нас е исплашен, потценет и уценет, стравува за својата иднина и иднината на своите деца па затоа уште долго ќе останат да гледаат во оној ВЕЛИКИОТ онака загледан акрос д диштнс во вечноста и потаму кој како да ни кажува дека уште долго ќе си ја прикажуваме онаа: Наведната глава-сабја не сече
Хахаха имаше и еден виц..не го праќајте Коце во Венеција, ќе ни го поплави Скопје хахах, да не беше тажно ќе беше смешно.
Ама не во оној во Париз туку во Америка што е )) А нема да е лошо да прошета по тие комплексите со кино сали па и ние еднаш да имаме асолни киносали каде ќе гледаме филмови )
Ма какви кино сали бре...сега ќе почнат гробиштата да ги реконструираат нели цел град го направија како Гробишта ....споменик до споменик....кој ги врти живите. Па рачунајте ние ко ќе умреме шо споменици ќе имаме....овие изгледа ептен се побожни..нели кој страда на земјата ќе биде нај нај во рајот...овие стварно за иднината ни мислат бре што ви е вас....се мачиме тука страдаме за кога ќе умреме да одиме во рајот и да имаме се. Македонија вечна- да ти е мерак да умриш!
Не искупуваат за СТРАШНИТЕ гревови-зошто ли зошто МОРА да сме толку критички настроени кон нашиот ни месија-СИТЕ ЌЕ ПЛАТИМЕ За убав помин во ВЕЧНА Македонија.
Баталете Сент Луис, некаде назад на темава имаше пишано некој, не дај боже да отиде во Пиза, оти ќе ја искриви Мтв.
Според мене малце ги натрупаа споменицине, не сакам коцка на плоштад , оние зградине покрај Вардар што ги прават онака интересни ми се, мостовине што ги реновираат убаво изгледаат, онаа триумфалнана порта само безвезе зафатен простор. Друго не знам што имаше
Ноу ноу ноу...грешиш офии....Шо да ја искриви појќе МТВ? Не да ја искриви ја прекичми....си ја средија тие МТВ чекај сега друго е на ред...... Прво собраниено...ќе го праат Таџ Махал у мини варијанта, после ќе си ги ставаат имињата на тиумфалнана порта оти како што знаете во Франција и сегде кај што има такви порти сите што биле у војската се потпишани на портата освојувачите......овие што освоиле и каков триумф слават кој ги знае и да...... изгледа у Капиштец ке кренат кули близначки како оние у Њу Јорк со образложение дека се МАГНЕТ за Афганистатнски ТУРИСТИ...... Па има да пливаме од пари....цел источен свет ќе доаѓа ваму да види дека и зградите се реинкарнираат не само луѓето...мхм ...и тоа не е се: Дури и директни летови ќе спроведат... ван веј тикет.... Остваруваме- Вада на РМ
Не го оправдувам проектов во целост. Да беа само оние споменици на Александар и мислам дека беше на Гоце Делчев на плоштад ќе е подобро, зашто овие двајца оставиле голем впечаток на македонската историја. Ама, капии, шмизли, лавови, бикови и триста глупости, не, со големи букви. Од една страна глупаво ми е што само во Скопје се гради и прави, ама од друга па ич не ми е гајле што се праве во Скопје, се’ додека во мојот град има зеленила,чисти улици,тротоари и игралишта.
^^^ Не душо. Место оној варварин на коњ кој што е исто така производ од еден наш коњ уште поголем, јас да бев ќе издигнев 26 метарски споменик на Тоше Проески затоа што според мене тој е наш херој, сите го знаеме кој е а не обединуваше со музиката и место меч ( ладно оружје ) ќе имаше микрофон во рака и барем сите ќе им кажувавме на нашите деца кој бил и што бил тој оти сите го памтиме и знаеме и е симбол за љубов, хуманост човечност мир..... А овој кој е? Кој може да ми каже што праел дотичниов освен што очигледно едно нешто што сите го знаеме е фактот дека колел луѓе....!? Сигурно со мечот не лупел јаболки и компири! Ете така...каков Александар каков Коњ цела влада е со коњи а на чело имаат магаре. Ете што мислам јас.
Масноли не се согласувам со тебе. Ти си исфрустрирана поради тоа што го изградија споменикот од Александар Велики,па сега зборуваш глупости за него. Мене искрено ме вреѓа тоа што ти го напиша. Тој бил крал на Македонија 13 години, тој е еден од од најуспешните и најпознатите војсководци во светската историја, а како восководец секако дека убивал луѓе,па кој не го правел тоа? Тој сакал да создаде светска држава и мислам дека би успеал во тоа да не умреше прерано. Сите знаеме што има тој освоено и дека тој се однесувал со почит спрема освоените култури. И не е фер вака да зборуваш за него. А, за Тоше, тој веќе има достојна за него спомен-куќа.
Чекај Старбакс, Александар знаеш кога живеел нели? И зарем ти мислиш дека она што тој го створил ќе опстанело досега?
Не,не секако дека не,не ме сфаќај погрешно.Живеел пред нашата ера знам, ама мислам дека е достоен за еден споменик,кога веќе толку многу има.
Јао људи, па Скопје ќе биде една стара дрвена кутија во која детето си ги нафрлало (собрало) своите веќе непотребни играчки. А јас да ви кажам пак се порадував затоа што прочитав дел од урбанистички план за еден град во Мк кој во иднина имаат намера да го спроведат ... имено во централното подрачје покрај плоштадот да има нова голема фонтана, башка вештачко езеро и зелен појас со дрва, цветни аранжмани, др зеленило и сл. Значи ова е за поздрав! Впрочем како што и во големите метрополи централното подрачје е зеленило и вода кое ни дава кислород за живот. А овие дефинитивно се поистоветуваат со Хитлер кој ги убиваше евреите во гасни комори, така на скопјани и другите им го одзема кислородот со тонот бетон, камен итн. и со тоа полека ги "убива"
Пренатрупано е нема што. Секогаш кога проаѓам на плоштад ми доаѓа во глава сликата од плоштадот во Будимпешта, кај што не носеа на екскурзија, огромен и убаво распоредени споменици. А не ова едно до друго на 3 м простор. Не ме интересира политика ама ич, туку изгледот на градот. До сега единствено ми се свиѓа споменикот на Александар и така-така лавовите на мостот Гоце Делчев.
^^ Одма! И тоа да знаеш со каква тврда вода има да оживее па ќе ви раскажува Ацо за неговите патешествија.