Јас не сум исфристрирана девојче а ти не знам зашто се осеќеаш наврдена...или познавајки го Александар и пошто лично се знаевте а ти знаеш многу добро како се живеело во негово време 13 години супер ја водел земјата сега се осеќаш навредена затоа што твојот пријател го нареков варварин? Не девојче прочитај уште еднаш што сум напишала и да читај меѓу редови оти стварно немам намера да ти објаснувам дека прво тие што се лупаа во гради дека е Александар Македонски споменикот ти го прекрстија во Воин на коњ пошто нели е Воин на коњ и ти си навредена ради некој си воин на коњ што јас го нареков варварин а појма значи немаме кој е така...официјално зборам.....и за некој кој што немаме појме кој е некој воин на коњ кој што држи оружжје во рака кажав дека подобро би било да ставеа некој кој што не е ПЕАЧ НА МИКРОФОН него Тоше Проески чии лик и дело ни се познати и сите го знаеме и можеме да му ги пренесеме на децата и да им кажеме кој бил тој а за овој што ќе им кажеш: Мамичко овој е воин на коњ ама премиерот тогаш ХЕР ГРУЈО ни кажуваше дека е голема веројатноста да е Александар Македонски ама пошто ова е бронза не можат да му испитаа ДНК затоа не можат 100% да докажат дека е Александар- Тоа ќе му го збориш на детето? Биди навредена колку сакаш меѓутоа не си од мене...сите ние сме навреени од владата не лажат како дебили да сме сите си играат со нас и види за чудо негде им успева како кај тебе на пример ( неам намера да те навредам со ова него да ти кажам дека си излажана не е АЛЕКСАНДАР НЕГО Е ВОИН НА КОЊ )-Воин На Коњ! Што не кажат АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ?
Мене лично не ми сметаат споменициве на историските личности и лавовите (ама ми смета тоа што Аце дојде од Фиренца со лажен пасош исто како што ми смета што англиското име на аеродромот е Aleksandar Makedonski а не Alexander the Great ) ми сметаат шмизлине, биковине и т.н. сметам дека малоно плоштатче е преплавено со тие бесцелни статуетки, ми смета и тоа што театарот после 5 години градба уште не е готов (а да се разбереме градот па и државата заслужува нов театар, како и стадион зашто оние рушевинине што ги имавме досега на ништо не личеа) а најмногу од се ми смета плажана пред Уставен мислам плажа пред Уставен суд па тоа е врв на простотилак чија ли беше таа "фантастична" идеја
Како проект и за напредок на земја е одличен, меѓутоа земајќи во предвид во каква економска ситуација се наоѓа нашата земја, колку луѓе има без работа што неможат за свртат крај со крај.. они споменици ќе ми градат и тоа со енормни цени.. тоа е се во ред, но периодот воопшто не е погоден за тоа! воопшто! ако се има пари за споменици, што не ги качат пензиите, платите, не отворат нови работни места??????!!!!!???? но, кој не слуша нас...
А?! Сериозно? Добро бе, уште колку вакви изненадувања? Сакаат стварно ли во енциклопедија под пример за кич да стои Скопје?
А што имаме ние со Џорџ Вашингтон или со Сунг Цу?? Овие на која дрога биле кога ги смислувале овие работи ??? Подобро Никола Кљусев како прв премиер во самостојна македонија да го ставеа!!! Или Киро Глигоров како прв претседател на Самостојна Македонија. Стварно не ми се јасни ....
Точно дека Ацка наш се однесувал со почит спрема другите култури, да не умрел прерано, ептен големка ќе беше државичкава наша туку пусти Аце нема мир од нас и Грците Најново што слушнав дека сега и во Грција има скулптура на Ацка наш, е богами нашата е поубава а и мислам дека ќе има споменик и на Тоше и би требало да има.Не ме интересира политика, ама за скулптури и имево наше и Ацката наш, ептен остар слух имам
Сликнете го сега градов, за две години којзнае што ќе стане од него. Мада и сега гледате се е сменето. Многу често ке слушнете од старите : ’’ Брее, неможам повеќе да се снајдам во својот роден град, колку е се сменето од мое време. “ Богами, не да е сменето, од мое време за само 17 години па е се сменето, па тек од нивно. Да не зборам што ке се менува. Они мислат дека нашава мала Македонија ке ја направат земја со стил на другите. Нема да им успее, али ајде. ;D
И погледнете ги војничињава кои ќе стојат под Ацета до лавовите, во стилот да го чуваат воинот на коњ. И пребројте им ги краците на штитот. Пребројте! Не сум знаела дека нашето сонце на виргината е со 14 краци Човече 14 ставиле, не ми се верува
Роси, печатна грешка им е тоа 14 воопшто не се убави, каде ли ќе ги сместат, а и лавовите,па склупурата на Јустинијан а и другата скулптура од другата страна на Вардар, ич не е убаво
Знам велеа за Денот на независноста на МК дека ќе ја пуштат демек фонтаната, официјално во сиот нејзин сјај и блесок, па ќе видиме. Нешто веќе не ми се ни замара. Им се радувам искрено само на зградите од спроти Вардарот. Тие ме ќејфат, пошто озбилно штура беше таа страна. Вака заличува на нешто.. само да ги видиме финиш деталите какви ќе се.
Абе ајде Ние создаваме архитектура која ќе биде "постара" од она што е наше живо наследство Се покажа дека власта може да биде и продуктивна само што жално е што се фокуситаат на погрешни теми и се е во сосем промашени насоки На пример старата изворна архитектура во Битола, Охрид, Велес, Крушево, Тетово, Штип, Берово... Пример да ги ревитализирааат старите градски подрачја за да се заштитат од злоупотреба на градежната мафија. Со еден збор да постои граѓански посветена власт врз унапредувањето на објективните а не на измислени промашени вредности (квазиантички и псевдобарокни). Зашто општиот и најтрагичен заклучок е дека не кореспондерираат со своето време. Сосем го изоставија нашето автентично или традиционално градителство.
А ова? А? http://www.zdravo.com.mk/hamburg-2014-o ... to-alster/ Кај нас само ... може Гвујо сам да си се преслика и да биде капачот или давеникот во реката Вардар
Ај бе еден земјотрес нека фати, ова веќе од смешно трагично станува. Си играат ко со лего коцки со градов. Толку ли нема некој кадарен архитект да им каже „АЛООО ОВА НЕ ЧИНИИИ!!“ Веќе видовме дека им е до крадење пари, ама барем нека направат нешто функционално или нешто креативно и стварно што ќе биде убаво и што ќе личи. Скопјево на се ми личи, само на главен град не ми личи. Си го сакам старото Скопје!!!
Мене ми се допаѓа. Во главно.... Што не направат бре воден парк? Знам дека сеа у Пробиштип ќе биде ПРВИОТ али и у Скопје нека има. Оти па да нема и Дизниленд? Кина како кај другите држави....
Фаланга на "Воинот" која пристигна пред некој ден ја немам видено се уште, освен на слика... Е сега како што знаеме Грците постојано не обвинуваат дека ние им крадеме историја, идентитет, култура итн. Тоа ни го порачуваат секогаш и во секоја можна прилика, а добар повод за наводни провокации е и овој проект... Е сега бидувало ли со сите овие обвиненија дружината од фаланга да имаше ФАЛШИВИ ШТИТОВИ СО СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА-НАМЕСТО 16 ИМА САМО 14 КРАЦИ
Да, го подржувам проектот, но не во целост... На пример не ми се допаѓаат некои од спомениците и сметам дека е малку пренатрупано, па наместо Скопје можело да се стават и во некој друг град и не ми се допаѓаше планот со црквата на плоштад али за среќа нема да биде таму.