Сега дали е намерна или ненамерна грешка, којзнае, само да не излезе после дека тоа не е сонцето од Вергина, според Грците, па после да не критикуваат,добро една критика плус и онака редовно не критикуваат.А тоа е толку впечатливо, да мене воопшто не ми е јасно како не заприметиле Веќе видена е работава со грците, до толку што не се интересни што се бунат, од авион се гледа дека Ацка не е нивни
А бре женски и луѓе хехехе...сонцето не е од Вергина ни ти од Куклеш него од КУТЛЕШ...! Само да кажам......значи КУТЛЕШ!
Од Вергина е сонцето, не е од Кутлеш.Е добро де, сонце како сонце, едно е нема друго ничиво е Само се чудам, ај оние скулптурите на плоштад, ами мостон на уметноста што ќе го прават со 30 скулптури на него како ли ќе ги распоредат туку што има врска, кое, каде е, битно има скулптури
Јас имам една молба но не знам каде да ја испратам па затоа тука ќе ја напишам Би сакала ако е можно да стават една долга ортома по која ќе може да се качуваме на коњот за да се сликаме Ова беше зафрканција а сега сакам да го кажам моето мислење во врска со проектот.Сметам дека сум мала за да пишувам во политички теми но сепак и ние помалите имаме и уши и очи па и ние слушаме и гледаме.Нема да ви солам памет за тоа како било во времето на Бранко а како сега кога грујо е на власт...нема да зборувам за тоа како порано не се граделе споменици и сите живееле богато и среќно а сега се градат споменици и лугето немаат пари за леб...тука сакам само да ви кажам дека секогаш кога ќе ги погледнете спомениците и ќе почнете да се нервирате и пцуете дека само споменици градат а нема пари за живеење сетете се дека има и од оваа полошо.Пари нема само за Скопје туку нема за цела Македонија а споменици и се друго има само во Скопје Сетете се дека ние во останатите помали градови немаме пари а немаме ни споменици.На секои 5 години градат само по 1 игралиште метар на метар и ни наплаќаат 400 денари од час.Знаете ние гевгеличани сме Лас Вегас имаме пари Додека во Скопје градат огромни музеи,судови не знам што уште не...нас ни земаат и онаа малку што го имаме уште од времето кога граделе пра дедовците.Да да имавме едно кино уште од времето на пра пра дедоми а сега и тоа го немаме бидејки ке го прават хотели или диско што знам...но да се пофалам сега ни го реновираат музејот и во него ваљда и кино ќе гледаме и претстави двете учичишта и средното училиште таму ќе изведуваат и играорните групи тамо оро ќе играат и се останато Ова мое мислење е посебно упатено до незадоволните .... кои не знаат дека има и полошо.Епа луге Македонија не е еднаква само со Скопје постојат и други градови.Но сепак ке речам нека градат барем ова е нешто што ќе остане иако јас тоа нешто ке го гледам 2-3 пати во годината Барем сега знаеме каде одат повеќето државни Немој некој да помисли дека ја бранам власта...ке ја бранам тогаш кога ке градат во цела Македонија. Толку од мене т.с. јас имам уште за зборување но ајде да не ја претерувам.Може некои многу ќе се изреволтираат од мојот коментар,извинете но јас повеке не можев да се воздржам и сепак ова е само мое мислење не сакам никого да навредам.И за крај ветувам дека повеке нема да го пикам носот во политички теми
Драги птриоти- Вергина е Грчки назив.....значи на Грчки кога грците се прекрстија и кога Лерин стана Флорина Солун - Тесалоники Костур- Касториа....... итн.. така Кутлеш стана Вергина! Значи СОНЦЕТО Е ОД КУТЛЕШ---МАКЕДОНСКИ АКО ЗБОРИМЕ!
Ако за Костур, грчкиот назив е Касториа, тогаш која е логиката дека е Кутлеш, македонски назив? Ова со називите или преименувањето е далеку од патриотизам, а впрочем ете и го одговорот како би изгледало кога би ни го смениле името.
Извадок од Википедиа Кутлеш (грчки: Βεργίνα/Αιγαί, турски Kütles) е село кое се наоѓа во Егејска Македонија, во Солунското поле, околу 80 km југозападно од Солун, во периферијата Централна Македонија, Грција. Денеска тоа претставува мало гратче со околу 2 илјади жители. Денешниот грчки назив за Кутлеш (Вергина) е воведен по 1922 година кога низ цела Егејска Македонија се доселувало грчко население за сметка на протераното македонско православно и муслиманско, како и турско и друго население, по Договорот од Лозана. [1]. Во 1977 година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како македонско сонце или ѕвезда од Кутлеш (од Вергина). Инаку овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница. Според Грците ова шестнаесетзрачно сонце или ѕвезда е симбол на дванаесетте грчки богови како и океаните (водата), оганот, земјата и небото (воздухот). Ѕвездата ставена на сина подлога го претставува знамето на Грците од Северна Грција, кои во скоро време за себе го усвоија терминот „Грчки Македонци“ (во однос на спорот со името со Македонија) и на регионот Македонија во Грција.
Претпоставки за гробот на Филип, само претпоставки, секаде е различно толкувано а сосем погрешно од грците, тие можат да речат и дека Џорџ Буш е грк, ништо чудно од нивна страна
Вергина-Новиот назив на Грчки Куклиш или Кутлиш-Турски Заклучок зборуваме за истото место... Ај ова го разјаснивме Ќе се најде ли најпаметен да каже зошто фалангата на "Воинот" на своите штитови има сонце со 14 наместо 16 краци Еве им повод на соседите да мрчат дека освен што им крадеме симболи па уште и ги вештачиме Демек овие се оригиналите, а они не копирале а
Да де....ама ВЕРГИНА е грчки назив а македонците правите македонци си го викаат Кутлеш тоа место и сега некој ќе ми продава патриотизам а ми го користи терминот ВЕРГИНА? Па во право се бре грците...гледај шо работиме--ВЕРГИНА! Па тоа по некоја логика е нивно не го прекрстувале за џабе баш ради ова..кога ќе кажеме Вергина да искочат...оп наше е тоа каде?! И за тоа мрчењето на соседите ...па тие оддамна си направиле терен за да мрчат почнувајќи токму со тоа прекрстувањето на местата протерувањето на децата бегалци а останатите ги купиле со многу пари ( и сега токму тие мрчат против Македонија а и сами се Македонци оти ке им ги дрпнат и парите и имотите) и искрено луѓе ние неаме никакви докази дека Александар бил наш...ако не па 51% од територијата на Македонија значи на цела Македонија која што постоела е во Грција ( Егејска Македонија ). и не ми е јасно што туку скокаме и кукаме кога ние сме ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА!? И пред да почнете да рикате сите патриотки тука ова ви е за жал вистината која што ни мене не ми се свиѓа ама што да правам кога кај што има сила нема правдина! И ве молам наместо да ме пердашите мене одговорете на тоа што ни е во интерес на сите а тоа е следново:- Можеме ли нешто да на правиме во врска со ова ( да си го докажеме идентитетот и историјата ) и што би направиле и како!?
Можеме да направиме, тоа е да не го менуваме името,кратко и јасно,како човек ќе го докаже својот идентитет, ако не знае од каде потекнува?А покрај споменици, можело и да ги вработат луѓето и никој нема да бега од тука, секој задоволен ќе бил.
Драга инает можеме да тераме уште 20 години и само ќе си тонеме. Како ќе докажеш дека нема што да го менуваме името затоа што сме Македонци? Тоа прашувам значи како ќе ги затнеме еднаш за секогаш сите да не остаат раат дека тоа е наше име... а мора да имаме докази...Грците они си имаат се обезбедено а ние само си лаеме си лаеме...а караванот си врви си врви......! Докази не инает докази....фактите за жал се на страна на Грците....кај се нашите и дали ги имаме...а за инает....ехеее па за тоа сме први во свет ние можеби и од инает и за инает сме создадени за тоа ни нема рамен!
Не за инает, таман работа прашуваш, а јас ти кажувам и така е тоа е проблем што доказите што Грците ги имаат обезбедено, не се нивни, а ги имаат собирано со години, еее тоа им е дел од стратегијата и ајде темава е за скулптурите, проектот, има тема соодветна за тоа, да не продолжуваме тука со оф топици.
Оваа слика беше во сите дневни весници кои пишуваа за настанов и пристигањето на фалангата тој ден. Јас само ја презедов од интернрт Колку за информавија истово прашање со крациве и го поставја и на склупторката В.Стевановска која не дала никаков одговор освен дека ќе се изјасни на свеченото отварање
Да се купи раскош среде беда. Да се купи златен прстен а да се немаат гаќи. Да се отвараат луксузни објекти а да се нема асвалт. Снобизам на исфрустрирани малограѓани со намера за брзо богатење. -Венко Андоновски
Бруки наши.. да се убие човек колку сме глупи. Што ќе се изјасни скулпторката, да не ги лепи краците што фалат со селотејп? Абе срамота, срамота. Тешко нас..
Еве на алфа имаше сега.. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?m ... ntId=39774 „Александровите војници имале шеснаесеткрако, а фалангистите на ,,Воинот на коњ,, во центарот на Скопје имаат штитови со сонце со осум, четиринесет, па дури и петнаесет зраци.“