Комедија со тапија лажат фалангистите на „ Воинот на коњ -Александар “ имаат 8,14 па и дури 15 , а за малце 16 зраци ама немале доволно материјал за да доизработат како што треба па останале на 15.Па барем кога веќе лажат, нека бидат поуверливи, поавтентични, а не вака
Абе искрена да бидам, во сета еуфорија што ги имаше фатено во таа политика на „зубење“ кон Грција, ова им е, ајде да речам најпаметен потег. Пресметале каква ќе биде штетата од прекршување на Привремената спогодба, особено кога за истото нешто се тужакаме со Грците, т.е ние ги тужиме нив (смешки). И ок, ете избришале зрак-два-три или колку и да избришале и јас веќе не разбрав точно и смениле име на споменикот.. ајде и тоа се ок. Ама, проблемот е сега што, толку пари се дадоа за да во Италија ни излеат споменик на некаков си незнаен воин со тајфата негова борци. Е, сега... или бираме политика на зубење, па се зубиме до крај на сиот свет или сме си глувци и си траеме и правиме како ќе ни се каже. Ова оп-скок во дипломатијата не ми се допаѓа, многу малоумно ми делува. Вака, уште поголема слабост покажуваме, бидејќи, што сме мали и немоќни во светов, тоа не само ние што си го знаеме, го знаат сите други, не можеме против сите, јасно. Ама човече, или тераш во еден правец, бидејќи си разработил добра стратегија... пошто тоа е и дипломатијата де, имаш стратегија за нешто да постигнеш и го правиш. А, ние тргнуваме у поход да покажеме јаки сме, па потоа, бришеме траги дека воопшто сме тргнале во таа насока. Ние ?!? Александар Велики?!? Ма глупости. Нема тоа. Непромислени потези на една наша со традиција веќе, недоделкана и недоквакана дипломатија.
Споменикот изгледа премногу убаво. Вчера ги видов поставени воините и лавовите. Воодушевува, одзема здив. Замислувам како ли само ќе изгледа кога ќе биде комплетно готова. За Скопје 2014.... не е само Центар , Скопје! не е само Скопје, Македонија! Премногу е натрупано брате мили. Измешани стилови, временски периоди. Кич. Кога би имала 15 слики од Пикасо и би ги ставила на еден зид, сигурно од пренатрупаност би изгледало за никаде.
Не дека проработува локал патриотизмот во мене, ама што мајка си бараат Гемиџиите и Димитрија Чуповски таму? Зошто да не ги ставеа во Велес, каде што и си припаѓаат, ок Д.Ч е од Велешко село ама ајде, ама зошто пак нам да не ни ги донесеа Гемиџиите? И опасно ме нервира што споменикот на Гемиџиите и како со извинение со гомна шлакан, како во фаза на распаѓање да е. Воинот опасно личи на Фрчко во ликот Многу ми е смешно, вчера баш застанав и одблизу го анализирав, но кога ќе ја тргнам шалата настрана ќе кажам како што веќе се произнесов дека да беше само тој споменик на плоштадот многу поубаво и естетски ќе беше! Одстрана Јустинијан бел, Ченто бел, во среде овој со целата војска негова бронзен, подолу Гемиџиите како со гомна мачкани... Монтажните скали од страна се прича о себи, очекував во секој момент да се расклапат кога се качив по нив И да, кој е филмот со двете женски на камен мост, едната стои демек ќе се фрла во вода а другата само нозе и се гледаат од водата, не го сфатив моменатот, ама ај. И за што се тие ќумци сред Вардар таму? Се на се, пренатрупано, прв пат одблизу ги видов градбите и пак ќе кажам, да беше само споменикот на Фрчко на коњ, многу поубаво ќе изгледаше.
Офи оти пренатрупано :geek: вака барем ќе имат гужва на плоштад во секое време цела грешка е проектот, а и тоа што наместо еден вајар да ги направи сите скулптури, тие обратно направиле.Едни скулптури бели, други зелени, трети бронзени а да не зборам за скулптурите крај Вардар, стварно незнам како така размислувале, а за женскине што се џиткаат во Вардар и тие безврска поставени, нити естетика, нити убавина, нити ништо е да, да беше само Аце на плоштад, убаво ќе изгледаше, визуелно и немаше да изгледа сега ептен мал плоштадот.
Ова нешто, што го нарекуваат проект, е една од најголемите катастрофи во човештвото. Проект да, за перење пари. Се ежам, скрос. "Скопје не доживеал барок", па што мајка бараат таму грчките храмови...?! Не знам, се фрустрирам до коска на оваа тема.
А наскоро ќе пристигнел и таткото на "Воинот" а :geek: Филип, кој ќе биде повисок од него за некој метар, и кој ќе биде третти негов споменик во Македонија. А да, да кажам дека ова е ново, и НЕ беше предвидено во проектчето Ск.14. А, ќе има и помошни склуптури околу него
Дека ќе биде Филип поставен? :geek: На плоштад? Оф, нема више место на плоштадон кај ќе го постават како што тргнало, ништо чудно и покрај улиците да поставуваат скулптури Какви грчки храмови? Триумфалната капија не е грчки храм.
уште еден огромен споменик на плоштад? па добро ке има кај да се разминеме на плоштад,или ке го накрцаат само споменици еден до еден?глупости невидени..трет споменик на филип ??а колку имаме намера да правиме 33 ли? шо корист од споменициве бе луге мои,јас разбирам да се направи нешто,да се промени,да има шо да видат туристите шо би рекол некој ама ова да никнуваат споменици на секое коше е стварно глупост невидена,и пари фрлени у неповрат а народот страда у сиромаштија..а ваму сакаат да скратат на бројот на невработени шо зимаат сини картони бесплатно,па ајде сега пререгистрација ова она,кој направил направил,кој не нема картончиња,па оди на лекар ако смееш..нека скратат на некој споменик,и нема да мора да кратат од невработените.. александар го ставија,па сега филипа, па како тргнале после и на доилката на александара или слугинката шо му чистела може споменик ке и стават..која е поенатата мислам?да докажеме колку сме тоа ние антички.?со сета должна респект кон античката историја и личности,ама треба да живееме во сегашноста,историја и споменици не се јадат..само незнам кога ке го свати тоа владава..кога ке почнеме да умираме од глад ваљда..ама уште не сме до тоа дереџе нели..уште имаме за јадење барем ако не за друго..сега засега..ама ко ке ни дојде за некоја година да ги вракаме заемите шо ги направи владава,па ко ке удрат по народот казни,даноци итн е тогаш...
Не ми се верува на очиве. Ова е сигурно инфо? Прашувам за да не се изнервирам, ако е шпекулација. Ако е вистина, ај да се онесвестам еднаш, како човек брате. (немаме смајли што се онесвестува)
Сакам да кажам... http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6858 ... 16D84833DD Се кладам дека 5 годишно дете го прави проектов Скопје 2014, фали уште споменик од сунѓерот боб
какви врби бе,ми текна,да беее,џунгла немаме во скопјевоо ..џунгла ни фали..и без тоа се се збори "во градската џунгла "итн,a да направиме џунгла во центаров на скопје,секако ни фали зеленило нели,ем ке бидеме уникатни:-гледаш споменик,па друг споменик а до него џунгла,огромни дрвја лилјани,а на нив се клатат мајмуни,и по некоe змиjче,и па до нив оп-друг споменик..оп стоп ја патентирам идејава да не ми ја украде некој и тргнувам уште сега накај министерство за култура да им ја предложам..
Хехехе, а што ќе речете за ова? Каролина ќе се качи на Александар на 8 септември Спектакл кој ќе ја одбележи дваесетгодишнината од независноста на земјава, со свечено отворање на фонтаната со 13 метарскиот воин на коњ, Музејскиот комплекс „Македонска борба“, како и реконструираниот аеродром „Александар Велики“, се најавува за 8 септември, објавуваат дневните весници. Наводно, во тимот на претставата режирана од Дејан Пројковски, уметнички директор во МНТ, клучна улога ќе има и пејачката Каролина Гочева, која со кран ќе биде качена кај споменикот на Александар Македонски, официјализиран како „Воин на коњ“ и ќе изведува позната патриотска песна. По перформансот на Гочева, крајот на свеченото пуштање на фонтаната, која во моментот се уредува со мозаични сцени и се редат извадените гранитни плочи околу неа, ќе се одбележи со голем огномет. Свечената цереминија по повод 20 години независна Македонија ќе почне од Собранието, кога претседателот, Трајко Вељановски, ќе ја предаде Декларацијата за независност на земјава од 1991 година, на државната гарда која ќе помине под Портата Македонија, преку плоштадот и Камениот мост, и ќе ја внесат во музејскиот комплекс „Македонска борба“, каде што се сместени музејот на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим. Таму, декларацијата ќе ја преземе претседателот, Ѓорѓе Иванов и ќе ја постави на почесно место. Забавата на градскиот плоштад ќе биде збогатена со учество на КУД „Танец“ и настап на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. За дента е предвидена и свечена промоција на 68 двокатни автобуси и уште 16 нови единечни кои треба да пристигнат од Украина. Јубилејот на независноста властите планираат да се одбележува цел месец, со различни културни манифестации низ целата земја.
Ахаххахахах, ќе се отрујам! Каролинчето прва ќе го јавне коњот а? Едвај чекам да ја видам таа манифестација. Алал да им е еј, каква осмисленост. Знаев дека некој ќе се качи, само незнаев кој
Леле мајко моја стомак ме заболе од смеење!!!! Не можам повеќе. Колку и да си го сакам Скопјево , јас се селам од овде во некој нормален град, надвор од оваа квази држава каде што барем владее некој ред. Си го сакам Скопје од моето детство назад. Луди ли се овие, што им е. Господе помогни се збрлавеа луѓево!!! Па не е ова Сити вил на Фејс, бе алоооо.