Само кај нас можат вакви циркузи да се случуваат. Па уште колку спектакуларно најавуваат, мислиш којзнае што е. Остај друго, ама Каролина не ја разбирам! Како побогу прифатила вакво нешто?? Ќе разберев да е некоја помалку докажана, недоволно афирмирана.......Ама она?? Не знам, ептен не ми се допаѓаат парадиве и шарадиве што си ги прават сами за себе. Демек се друго ни процвета, па ај Букефал да го јавнеме сите по ред..... :roll: Страшно.
Не сакам да бидам погрешно сватена ама со ова Скопје 2014 се претера стварно. Центарот не личи на ништо, плоштад нема веќе, тоа е изложба за скулптури. Еве не мора да градат да прават во другите градови ако не сакаат , ама Скопје има и други населби не е само Центар. Нека гради во Ѓорче, во Карпош, во Автокоманда, кај што беше збуткано Скопје сега на ништо не личи. Едвај чекам да завршам факултет и да престанам да се сопкам таму од сите почнати такви проекти. За тие зградите немам против, си викам ај нека кради Грујо ама бар луѓе ке се вработат во нив. Ова со споменициве е претеризам.
Во 2014? Скопје ќе биде циркус. Само споменици праат...ни испотребале..!! Нека напраат еден Aqua Park.
Тотален кич, пренатрупаност до бескрај, никаков концепт. Ете тоа е Скопје 2014. Претерано е, и не ми се допаѓа воопшто, има толку други приоритети, они за спомениците за фатиле. Ужас!
Е зошто само Каролина да го јава коњот Јас предлагам 500ден карта за оној кој сака да му се качи на коњот.Барем некаков ќар ќе се има од споменикот...лугее под пари ке останеме ама нема кој да ја мисли до толку
Не, факт е дека сме родени ние македонците да критикуваме се и сешто таков ни е менталитетот!Проектот 2014 не го подржувам тотално но не го ни негирам! Искрено има многу работи кои не ми се допаѓаат и кои се само вишок особено а плоштадот,ама пак затоа се гордеам со фонтаната,мислам дека Скопје заслужи едно вакво здание особено во централниот дел на плоштадот кој веќе уште од пред 10 год.требаше да биде полека средуван но не,седеше таков сиромашен без ниту една клупа,канделабра,за споменик да не споменувам..мисловна именка беше тоа за нас!Сега кога на некој му текна малце да го промениме тоа одма се удрија критики..да,знам дека тоа не е приоритет ама да не навлегувам сеа у политички приоритети и одлуки пошто и не се разбирам многу многу..Сите земји во светот направија милион репортажи и со восхит зборат за фонтаната,за гоце и даме,за мостот,новиот театар,портата само ние како македонци се срамиме од тоа! не разбирам зашто..Да,признавам дека малце некои работи се претерани,не велам дека се е розово! И не знам што толку ви пречи Каролина што прифатила да пее на свеченоста! па тоа е ден,празник кога Македонија слави 20 год.од независнот,не гледам ништо лошо да испее една песна! Но,секој со своето мислење..
Јас мислам дека ипак целиот проект е добра идеја и одвај чекам да заврши за да видам пошо верувам дека многу добро ќе испадне. Да изградат фабриките, да вработат луѓе и така и вака нема, значи чим веќе сепак крадат и ја опустошуваат државава, барем ете така нека напраат нешто, да остане.
И јас така ни го поддржувам ни го негирам.....факт е дека е кич..доволна беше фонтаната со Ацко и уште ете нешто а не споменик до споменик со хилихоптер да го шетеш центарот. Срамота. Него зборот ми беше за тоа што не гледаш ништо лошо во тоа што некој ќе испеел некоја песна по повод денот.....Да гледаш лошо и тоа како оти таа песна ќе ни биде химна! Нашиот мил патриот Груевски ја мењава химната.....а што мислиш ти зашто распишаа цел конкурс за свечена песна? Небаре малце песни имаме убави ПАТРИОТСКИ да не речем и забавни и народнии!? Го кренале Аце од гроб од пред 2000 години и толку не вратија назад а стари убави песни не им чинат...нова бараат а? Немаме ние песни!? Ех драга моја......да гледаш страшно и тоа како јас гледам многу страшно на цела оваа тако звана манифестација.....ќе ја влечкале декларацијата за независност под портине , паради не знам што...па тоа само во режимите го има..... и не е некоја песна..песната е наменска и онаа Денес над Македонија се раѓа ја породија...и ја продадоа. Да мила.... и да почитувани. Страшно е, се е страшно дури прв пат и една песна како песна е страшна а нели музиката обединува.....е овие сите можни факти ги разбија еве и овој ќе го разбијат......патриотизмот е убиствен а лажниот патриотизам е погубен. Добро утро на сите слепци ќе ви кажат на 8 ми и чудете се....ќе ги лажат слепците со Каролиина а таа ќе им ја пее пред очи новата химна а овие у несвес ќе паѓаат и дури да видат што било....дури се отрезнат од патриотизмов...Отиде химната јабана. Затоа е страшно...оти химната покрај грбот и знамето е државен симбол кој е можеби најзначаен од сите симболи.....и после нема да ми е чудно пак Бранко да е крив....може тој ќе го напраат автор на песната.....нишо чудно!?? Македонија и се е можно!
Јас колку што сум информирана направена е нова песна(химна)наменски само за прославата на празникот на 20 год.независност,а не дека таа песна ќе ни биде химна од 8 па натака!! ако е за тоа има милион песни направени за Македонија ама се знае добро која ни е химната! држи вода ова што ти го кажуваш,ама мислам дека нема потреба да навлегуваме сега у тоа дали постои некоја задна намера..така ако нагаѓаме ехее..
ovoj proekt znaete kako go sfakam; koga vo edno semejstvo nema uslovi za osnovni potrebi pr.decata nemaat sto da jadat,a roditelite kupile umetnicka slika od (lupam) 2000 evra i ja zakacile na zid decata da se voodusevuvaat........gladni
Пробно осветлување на музејот! Рака на срце ќе биде грандиозно! Ќе блесне и тој а и театарот покрај Вардар особено го замислувам тој шмек на лето! пс.Нема да бидам вечити Спојлер гомнојадач и сеа да ја мешам економската ситуација на граѓаните,гледам да искоментирам за нешто што веќе е направено изградено и нема назад! тоа е..
Значи толку ми е грдо Скопјево, што од дома не ми се излегува! Пред една недела ми дојдоа гости од Загреб што се прв пат во Македонија и не знаев каде да ги прошетам! Секаде се гради! Ајде викам ќе ве носам на Матка и Водно. Кичерај невиден! Океј е да се направи нешто, да заличи малку Скопјево, ама ова е претерано! Шмизли во комбинација со Александар Македонски, Цар Самоуил, Гоце Делчев, чистач на кондури, Ченто и како шлаг на тортата - свирачи.
Се каам што не го сликав градот, посебно плоштадот пред да му пуштат багери и од корен да го сменат. Баш си размислував пред некој ден: Ги снема сите места на кои излегувавме, се собиревме и си ги градевме спомените како тинејџери. Веќе немаме плоштад туку лавиринт во центарот на градот. Од стилски аспект тотална утка. Како да ги ставиш Мона Лиза, постер од Цеца и Кинескиот ѕид на едно место, едноставно ми прави напад на сите визуелно прецептивни способности и ме утупува за уметност до крај. Јас ќе бев за возобновување на старото Скопје, ДА, и тоа како што изгледало пред земјотресот, се во еден дух, во една епоха од живеењето на Скопјани, или тотално спротивно: ново Скопје во тотално модернистички стил, а ова...Ова не припаѓа ама баш нигде. Можам да кажам слободно Скопје Е Сегде и Нигде. Некои оправдувачи на урбаниот хаос ќе речат дека е тоа израз на мешањето на културите, на богатата историска култура, ама вистината е дека е само одраз на мегаломанството на одредени структури на луѓе кои сега одлучија скришум, без советување од различни експерти, без примање критика, без ниеден одржан состанок во јавноста, а утре ќе се пензионираат. А Скопје? Скопје ќе остане на нашите деца вакво какво што им го оставаме, далеку од тоа како го замислил Кензо Танге.
Ауу фонтаната е стварно преубава, баш ке биде убаво за седење таму малку натрупано ми изгледа, ама сепак ми се допаѓа со некои исклучоци нормално.
да баш така....немаме што да јадеме и да се облечеме важно татко ми купил гарнитура од 1000 евра е така ми изгледа ситуацијава со скопјево 2014
2/3 споменика ајде нека им биде(иако треба на покорисно нешто да се потрошат тие пари,како зголемување на платите на пример и сл. )ама ова е споменик до споменик и тоа немаат врска еден со друг александар па шмизлине ченто па оној што чисти кондури лавови и триста други глупости и на крај шлагот триумфалната порта епа ајде може и ајфелова ке ни направат
Градов го направија мртов од една страна , но гледам туризмот па подобар е Или бар статистиката вели така . Ама многу е мртов . Помини во 2 саат на плоштад од памет ќе се извадиш од толку статуи и споменици . Нема жив човек , само статуи . Уште ако вечерта си го гледал Night at the museum со Бен , е тогаш држи му се добро . Некако претераа . Се на куп . Гоце Делчев , Александар , Јустинијан , сите временски зони ни ги измешаа на едно место . Плус како во Шутка на пазар е, се е шарено . Еден е бел , друг позеленел , еден фаќа корозија , еден црн , еден нормален.. Парите што ги испраа на тоа , можеа болниците , факултитетите , да ги направат подобри . Единствено што ми се допаѓа во целата оваа работа е новите објекти што се градат и се во некој АНтички стил , баш ќе освежат .
Многу поубаво ќе беше да е ова единствен споменик, пренатрупано е нема збор, ама ова сепак одлично го сработиле!