"Да, треба парите да се потрошат на зголемување на платите или нешто покорисно... овоа е кичерај ич не му треба на скопјево... пренатрупано е... и дрн дрн дрн сите сте во право " -Плукај македонче на се убаво што се праи, изгледа тоа ни е влезено веќе во менталитет. -За парите дека треба да се потрошат на зголемување на платите.. никогаш не е било а нема ни да биде, така да подобро да гледаш дека нешто се прави ,се гради, отколку никој ни чул ни видел а парите ги нема (т.е некој во џеб да си ги стави). -Целосна подршка за проектот. Добива сјај на главен град на метропола. Кога се ќе се направи може ќе нема толку скептици сега малку расфрлано е. Според мене не се воопшто многу и не се никаков кич, сепак прашање на вкус или ти се свиѓа или не секој си има свое мислење ... ама од сето тоа што се праи пак ништо да не ти се свиѓа тоа веќе друго ќе да е. И да прашам кога идете во друга држава, прво со спомениците, црквите, музеите ќе се сликате или со ливчињата од покачените плати на граѓаните?
Кој сјај на метропола ќе го добие жити се. ПА ние бре немаме толку голем плоштад за толку статуи на него. Сосема доволен е Александар Македонски или Воин на коњ ( John Doe што би рекле америве). Вака е пренатрупано. А за триумфалната да не зборам. Инаку гледам јас дека ромчињата на плоштад после 8 ми септемри ќе си праат пена парти на фонтаната И да кога одам надвор не се сликам покрај споменици.
Прво: ДА Расфрлано е, и такво и ќе остане, зашто во дневна од 20 м2 не можеш да ставаш мебел со кој ќе наполниш стан од 150 м2. Второ: Дали е кич? 90% од архитектите и уметниците во градов веќе проценија дека е кич, така да за вкус нема потреба да прашуваме средношколци или пензионери преку фингирани анкети на МТВ или Сител. Трето И МНОГУ БИТНО: Ако некогаш ни се исполнат молбите и ги добиеме ливчињата од покачените плати ќе отидеме негде на Малдиви на пример, ВЕРУВАЈ МИ ќе си ги оставиме апаратите дома, ќе си ги пиеме коктелите на плажа и ич нема да ни чуе за плоштадот. Па се надевам сега разбираш.
Тоа не е убаво и не е прашање на вкус,кичесто е и не изгледа убаво!!!Па и подобро парите да ги снема отколку тој кичерај да ни ги " краси" државата и главниот град!!!И немавме ли ние претходно цркви,музеи, за странците да се сликаат со нив????А и колку странските туристи ја посетуваат нашава држава??????
Е ДА и сега ме потсети, Македонија и Скопје не е толку непознато туристичко место, и до сега редовно доаѓаа да не посетат и да се сликаат групи Холанѓани и Јапонци, сигурно нема поради Ченто, Шмизлите и Триумфалната порта нагло да ни се зголеми туризмот, МА ДАЈ ВИ СЕ МОАМ
Сигурно нема поради тоа да доаѓаат ама вака имаат што повеќе да видат ... и си кажав овоа според мене е , со Скопје 2014 скопјето е поубаво и така и ке остане нема да убедувам само кажувам мои аргументи.
Неколку пати до сега со луѓе кои живеат во една од соседните држави сум паднала на муабет во врска со спомениците и со она што се гради во нашиот град. И на сите нив, без исклучок, им е трагикомична целава ситуација. Или, најблаго кажано, си тераат заебанции на наша сметка. А посебно за споменикот на Александар. И, не, не се Грци луѓево, па да бидат против него. Мене лично не ми се допаѓа проектов. Но не толку заради тоа како изгледаат зградите и спомениците, туку заради светлосната брзина со вложување на пари во вакво нешто. Сите знаеме колку многу чини сето ова. Уствари, не знаеме точно, можеме само да нагаѓаме, но сосема е разбирливо дека се работи за енормни суми. Во земја со толку мизерен стандард како нашиот, мораше поинаку да се постапи. Можеше етапно да оди, да се изработуваат и ставаат на повеќе пати, да се градат една по една зграда, на неколку месеци на пример, да не се почувствува до толку....... Навистина не ја разбирам потребата преку ноќ да се заврши целата работа. Од друга страна, ми се допаѓа што конечно се зафатија за реконструкција на улиците, зашто состојбата беше очајна. Не само коли, и нозе се кршат на улиците наши, а богами и тротоарите за пешаците не се ништо поназад од тоа. Ете, со дел од тие пари дадени за проектот, можеа уште повеќе улици (а богами и тротоари) да реконструираат. Или училишта и амбуланти и болници во кои не сакаш ни од надвор да погледнеш, а не да влезеш во нив. Едноставно, има премногу други работи кои треба да се оправаат, а за „шминката“ на градот никогаш не е доцна.
^Па нормално дека Срби, Бугари и Албанци ќе си тераат заебанции со нас, тие и пред ова си тераа не па сега, јас пак сум разговарала со туристи од Германија и Израел и ним им се допаѓа велат во споредба со порано центарот на градот сега барем личи на нешто Сега мое мислење за проектов, Сметам дека е пренатрупано, статуите на шмизлите, плажите и останато се повеќе од непотребни , но историските споменици, зградите на театарот, судот, музејот ми се допаѓаат и мислам дека нема потреба да се плука по нив, ајде ако се кради барем нека се гради, а за нас покачени плати, пензии и што знам јас и онака нема, па кој и да е на власт имало криза или не.. Ама оние статуеткине на шмизлине, чистачот на чевли, бикот, стварно не ги можам..
^ Апсолутно, ни јас, ни било кој друг што има барем 2 мозочни ќелии нема да очекува дека нашите комшии (било кои) поинаку ќе коментираат за Аце наш. Поентата ми беше дека мене лично не ми е баш најпријатно кога слушам такви коментари. А кога сме веќе кај коментарите од странците....па јас слушав двајца Германци (очигледно не истите од твојот пост )кои одеа зад мене како си муабетат и зборуваат дека Александар не им се допаѓа, дека е преголем за толку мал простор, и плус опкружен со уште куп други ликови насобрани околу него, дека требал да се постави на друга поширока и посоодветна локација....и во право се, според мене. Се е работа на вкус, некому му се допаѓа, некому не му се допаѓа, секој со своето мислење.
а Цар Самуил го ставиле одма до Александар па што им требаше тој сега на толку склуптури и споменици на едно место ептен ја усраа работата. ај да е само фонтаната и Александар мислам ќе беше поубаво и пространо, но тие ја уплескаа со толку споменици на едно место, тие метропола ќе правеле!
Синоќа за прв пат ја пуштија фонтанта, прекрасно беше. Ми се допадна многу. Во стилот на фонтантата во БАрселона. НО што е многу многу е! 100-тици споменици на едно место ми е прекич. премногу антиквизација. Сум за промени и малце да се разубави плоштадот прегрдо беше, но ова е веќе too much
Да,на странците не им се свиѓа тоа,затоа секогаш кога идам накај плоштад гледам странци како ги гледаат и сликаат спомениците Дај престанете да плукате по се што ќе се направи Мене ми се свиѓа мнгоу,особено споменикот на Александар Македонски и фонтаната и сите бронзени споменици.Објектите преку Вардар се исто така прекрасни...Единствено Јустинијан и Цар Самоил мислам не ми се совпаѓаат.. Ама се на се,прекрасно е!
Престанете безусловно да се восхитувате на буквално се што ќе се направи :roll: Овде се работи за вкус, некому му се допаѓа, а некому не му се допаѓа. Секој си има право на свое мислење, и право истото јавно да го искаже.
Премногу споменици на едно место.Триумфалната капија кич невиден. Фонаната е убава ми се допаѓа како изгледа се комплет ама : Цар Самоил ,Јустинијан, Димитрие Чуповски, Гоце Делчев, Даме Груев, Ченто, се на едно место невидена мешаница премногу се да бидат на едено место а од другата страна на мостот усте толку ги има
Абе, Скопје се менува. Конечно! Ми текнува на времињата кога си велевме односно се договаравме кај ќе се чекаме - на Рекорд у петнаес до 7. На Југодрво од страната на Олимписки у 8. Пред Путник за саат време. Кај Рубин кармин после школо. Кај Фреш у 9. Кај Германос у 6 и пол. На плоштад пред Култура. На клупите пред ЈБТ. Пред Беверли од страната на католичка. ... позади Веро. ... Еј се чекаме кај Ацета, може? Ќе фатам такси кај Триумфална. Еве ме те чекам на лице место, стојам кај Самоил. Што да се прави, мора да се прифатат промените, прибидејќи очигледно никој не ги сопре овие промени. На поарно или на полошо ќе се види допрва. Јас чисто како човек кој ја љуби уметноста и кој нескромно тврди дека има сенс за естетското, разбирај за она што е убаво, ама не кичесто убаво де - не сакам златни слончиња ниту кинески мачиња шо кимаат со рацете и имаат вкочанет израз на лицата, велам дека е ова непотребен кичерај натрупан у дворот на некој новопечен богаташ. Мамо, мамо види види колку пари иам. Браос синко! Пап! Да пукне. ... Мамо мамо, абе све земав на кредит неам више пари. Неам шо да јадам. 2125. Скопје. Трајче и Трпана се договараат. На Рекорд. У 7 и пол. Ода на еден скопски урбанистички сон. Фала, чао, пријатно, и за многу години празников кој не чека задутре. Брцнете си ги ноџињата кај Букефал под муда у мое име и кажете дали освежува, а?
Пирамитке да се надоврзам, и најјака фора ќе биде „ у 9 се чекаме кај споменкиот„ ко онаа „у 9 у парк кај дрвото„
Дали е кич илинекич ќе видиме коа се‘ ќе биде готово. Мислам дека премногу е од негодување за секој напредок. Таков народ сме, пљукнати бре, се‘ да ни смета.
Напротив. Мене unlike everybody else ми е генетски вродено да не пљукам по се и да ја барам убавината и во неубавото А дали се работи за напредок, уф мнооогу дискутабилно МиссСпарк, ама многу! Каков напредок? Кога под Самоил се шетаат 10тици питачи кои немаат ни за леб а можат да се најадат буквално од неговото прсте - односно од сумата колку што чинело прстето? Со секоја почит, разбирам све и фонтани и глупости, ама до толку да не си гледаат некои подалеку од носот, не ми е јасно. Дури ми е тажно...најсериозно Работава, шо ми е гајле шо цел народ гладува, јас ќе си живеам во мојата палата и баш ќе ми биде убаво кога ќе си рипам ласта у базенче. Е вака некако.
Мене не ми е јасно што добиваме со тоа што туристите иделе и се сликале со спомениците? Добива народот нешто од тоа? Јас тие пари би искористила да купам нови постелнини во болниците ако не, оти на оние лани смртен случај од бацил имаше. Ама странците се сликаат со Букефал. Wow.