http://www.twitlonger.com/show/cu5oac Увек не бивало бе,да си ибеме семката! (другарка ми со посвета,ми пишала,кхм,цитирам...zamisli si edna golema,svetkava,roze masna,da ti go ulepsam denov i da te potsetam zosto ako nisto drugo,si posebna! Морав и ова да го споделам,овај да! )
Па би требало е напредок, затоа што конечно ќе заличи Скопје на нешто. Јас кога се шетам во плоштад добивам впечаток дека сум во некој многу поразвиен град. Ќе речеме - па добро ни беше и такво, без никакви шмизли и животински гениталии. Тие пари можеа да се искористат за други цели. Да, секогаш е можна друга опција. Не ја поздравувам целосно оваа идеја, народот е повеќе од свесен дека би можело да се вложи повеќе за луѓето, отколку во споменици. Не би можела да кажам дека се инвестира во спомениците, бидејќи не се добива материјален фидбек, но дефинитивно премногу се вложува во културата. Па навистина, државата планира огромни чекори напред, а да немаме еден убав театар. И сите настани поврзани со класичната музика, која вреди да се почитува да се одвиваат во еден Дом на Армијата на Република Македонија?! Тоа ми е толку нелогично, војници и класика. Магаре и музика. Многу ни е за стандардот што го поседуваме, но редно време беше да се вложи онаму каде што би требало да биде претставително. Народ без негувана култура, не иде што не иде. Сиромаштијата е можеби главен социјален проблем кај нас, но ете не сме единствени. Поголеми држави - поголема сиромаштија. Навистина треба да се насочат реформите кон тој феномен, бидејќи иако ќе ни биде убаво Скопјето, ние младите ќе фаќаме џанам у туѓина поради страв од непросперитет. И Пирамидке, мојот пост не беше упатен кон тебе, туку кон пошироката наша јавност. Секогаш кога нешто се превзема, било да е и најбанално нешто, веднаш се јавуваат негодувачите да испљукаат, да демотивираат, а на крај, секако дека ќе ги уживаат тие нешта кои предходно ги мрчеле.
WOOOW А да воведеме нова олимписка дисциплина ТРОСКОК СО ПЉУК? Пошто сега критичкото мислење се нарекува пљукање?
^Критичко мислење во Македонија? Не бре, во Македонија постои само партиски наложено мислење,значи плукање, секој друг кој размислува со своја глава воопшто не се заморува да се препуцава.. Знае дека е узалуд..
Ај за операта и судот, ок, навистина требаше да се направат нови згради. Срамота е нашите прекрасни глумци, на кои навистина може да им се позавиди на талентот, да играат на скапани штици (кои ним живот им значат, да не заборавиме ), и како бонус плус да добијат нешто по глава од горе. Но дали тоа ќе им ја покачи платата и ќе им донесе било каква подобра материјална добивка? Дали судиите кога ќе влезат во новиот суд ќе престанат да го чувствуваат политичкиот притисок кој секојдневно го чувствуваат и доживуваат? Дали питачите кога ќе го видат нашиот најголем Македонец Александар сосе коњот ќе се засити и ќе престане потребата од питачење? Епа нема. Тие работи никој претходно не ги решил, искрено не ни очекувам некој друг да ги реши, барем ние како генерација нема да го доживееме тоа. Се согласувам со тоа дека метрополава ни наша мила и драга и тоа како требаше да добие фејслифтинг и липосукција, ама не мораше се да се прави одеднаш. Сметам дека требаше да се најде некое решение со кое постепено ќе се прави изградбата на Скопје 2014. Уосталом, и не мораше да биде 2014, еве на пример 2017 би било исто ок. Мислам дека ништо лошо немаше да ни се случи ако го чекавме Аце до тогаш. Камо среќа со таква брзина да се решаваа прашањата од национален интерес, па ќе цветавме како држава и сите ќе си бевме среќни и весели. Има премногу други поважни работи за решавање од расфрлање пари за споменици. Не сум против проектов, ама можеше малку да се успори. Секој ден низ град гледам нов споменик, више се бунам и заборавам што е ново, што е од порано, од што ги има премногу. Никнуваат секојдневно како печурки после дожд. Едно мое мислење до сите оние што мислат дека на туристиве ептен им се свиѓа споменикот на Александар кога се сликаат до него. Зошто тоа што се сликаат со него би било показател дека им се свиѓа? Па побогу, кога одиме во странство, сликаме се и сешто, и она што ни се свиѓа и она што не ни се свиѓа! И она што ќе го најдеме како смешно, го сликаме, и после дома пукаме сеир со пријателите! Нешто во стилот, „абе глеј ги Германциве шо ружна зграда за министерство за надворешни имаат, мислам, пффф.....и они ми ти биле некаква си јака држава, а глеј какво им е министерствово, да пукнеш од смеа!!“ (ова само лупам, не сум ја видела зградата на министерство за надворешни на Германија ) Па и овде сликам нешто смешно или чудно што ќе ми падне во очи, не само во странство. Може истото и овде да се случува.
И се така,еуфорично македончето ќе си просталви 8 септембар и ќе се врати во својата колиба и во тажната реалност. Амааа... битно волкот нема да му ја дувне колибата зошто е сит и задоволен! Прееска...Скопје беше во грч!Генерална проба народе! И да ви ја пренесам аромата по мојата улица паралелно со поројниот дожд...канализација! Сијка Пиштолова за фемина директно од местото на настанот!
Е алал да ти е, ми го направи денот! Фала богу да прочитам некаде реален коментар, без непотребните флаби и празни восхитувања. Само ќе додадам-леб нема да јаде ако треба, само името не го даваме, леб нема да има , ако ацета гордо да ни стои, леб нема да јаде, ако нови автобуси и ејј замисли, вторник и петок безпари за бабињава и дедињава! До кога ќе замижуваме до кога Епа утре како што разбрав каролончето со кран ќе ја спуштале! Ако де, 20 години независност! МОРА ДА СЕ ПРОСЛАВИ! Скопје-мора да биде метропола, улицине дупки, канализација-смрди, но мора Триумфална капија-триумф на глупавите и вечно истижените овци!
Да се надоврзам и јас со некоја идеја гледам идеи паѓаат тука па иам 2! Прво проектов да го прекрстат и да го наречат Скопје 2014 п.н.е. ( знаеме сите што е кратенкава да не преведувам ) затоа што толку години не вратија назад...ако не и повеќе оти знаеме кога се граделе вакви зданија и триумфални порти.....ало триумфална порта овде имаме некој освојувач или јас грешно сфаќам оти гледано од мозокот на Паторот тоа е за него логички ок пошо чоекот ја присвои цела држава и ја покори и нека си врви сам низ тоа портата со братучедите негови а гледано општо...кој триумф го имаме ние да го слаиме освен триумф на омраза поделба и глупост!? Втор предлог- слоганот за прославата гласи СИТЕ ЗАЕДНО ПОД ИСТО СОНЦЕ! Го гледам спотот цело време ама сонце нигде нема...Кај ни е сонцето?! Гледам таму се пред Грујо сивило и црнила а после него се ни цути се е шарено весело и на крај завршува спотот со воинот и коњот во гро план и вика ЗАЕДНО ПОД ИСТО СОНЦЕ! НЕ! Слоганот да се мења и треба да гласи СИТЕ ЗАЕДНО ПОД ИСТИ КОЊ! Стварно нигде нема сонце во спотот...а коњи едно чудо....па дури и така завршува спотот како што кажав. Жалосно ама ова ни е реалноста....а ние сме овчички особено овие што се восхитуваат...и што не знаат за критика и за жал имав прилика да видам како големите патриоти посакуваат пола од народот да им биде стрелан на плоштад. Е тоа е патриотизам...да си го мразиш народот свој....тоа е триумфот на Грујо. Алал да му е! Ви го честитам празникот на сите кај и да сте затоа што знам дека сите си ја сакаме државата исто затоа што никој не може да биде поголем патриот од никој во сопствената држава пошто секој си ја сака државата, нека ни е вековита Македонија и Бог побрзо памет да ни даде...и да прогледа народов што побрзо амин!
Според сликиве од генералната проба вчера, мене ми личи како на слетовите во време на Југославија што се правеа. Само наместо Каролина пееше Лепа Брена
Epa vaka lugje..proektov potpolno go podrzuvam,samo edno mi preci,PREMNOGU SPOMENICI....nema potreba od tolku mnogu. da nema kaj da se pomine vekje od spomenici,uzaaaaas..se ostalo e ubavo)) barem mene mi se svigja posebno Aleksandar i Triumfalnata A ZA SITE KOMUNJARCHINJA,AJ PROSETAJTE..... Btw mnogu sum shetala i sum gledala(ne se falam).. sekoj grad e vaka napraven kako sto go pravat nashiov,samo shto nashiov mnogu go natrupaa..neznam sepak mislam deka kje se otvori mnogu i kje se smeni utre,zosto sega e celosno zagraden..... + da si dodadam,jadea go*na za gradskata plaza,sto ne zborea,a odi sega nema mesto kaj da sednes... sto napravi,napravi...ama i sto natrupa,natrupa(za grujo zboram).. Kje go vidime krajot,sega nisto ne ni moze da se kaze...zagradeno od site strani,bulduzeri,kamioni......taka da..)) tolku od meneee. [mod-kirilica:1l8lyfw6][/mod-kirilica:1l8lyfw6]
Обрнете внимание. Многу е битна тука МЕТАФОРАТА, општонародната промоција проектот Скопје - 2014 многу наивно е поврзан со Денот на независноста на државата. Гарантирано овие 2 настани во колективната меморија на нашиот народ ќе бидат вржани како взаемно условени односно како еден значаен историски и политички момент на освестување. Истиот момент е испорачан од една политичка гарнитура (без разлика која и да е) што не е добро! Се чувствувам дека повторно имаме опција да бидеме ЗА или ПРОТИВ овој настан. Нормално секој од нас кој си ја сака државата и слави патриотски чуства кон неа ќе биде ЗА спектаклот утре, НО тоа ќе значи дека безрезервно го поддржува и новиот лик на Скопје и песната на Каролина. Затоа да нема заблуди јас ќе си ја славам независноста негде во некое катче на Македонија со недопрена природа каде има ливада или водопади. Па Ви посакувам среќен "Ден на независноста" на сите.
Само да ти разјаснам еден битен факт:Денес КОМУЊАРИ се ДПМНЕ и нивните симпатизери..... оти ова е комунизам, ако не гледаш штафета ќе носат утре ко во времето на Тито ( декларацијата ќе ја шетаат од Собрание до нивниот музеј предавајќи ја од рака до рака!?!?!? )...... ВМРО ДПМНЕ спроведува комунизам...зарем не си приметила? Или нив им се обраќаш!?
масноли девојчево има само 13 години и нема појма што е тоа комунизам и не може да свати, дека тој комунизам ги има ишколувано и израснато нејзините родители и нејзините баба и дедо. А за тоа на што ми лиши прославава напишав погоре.
Па затоа бе Ненушка и напишав....да ја научам малце....пошто кај погрешно им го опишале комунизмот тогашен кај нас па сега и на пограшна страна го префрлаат дека е.... а не у сопствени редови. Иначе за 13 годишна во право е за едно- ШО СЕ МНОГУ СПОМЕНИЦИ МНОГУ СЕ! Гледаш има потенцијал во неа...штета што има гршни учители. И јас напишав погоре на шо ми личи и дури и предлози дадов што мислам дека се на место.... и како што кажа некој...уше Лепа Брена и Јужни Ветер фалат.... ау да сега видов ти си била таа ! Секоја чест. Кратко и јасно кој знае ќе знае дека се си кажа ти со една реченица! ( Се она што јас во 3 поста го пишам )
Не мора превод на кратенкава разбира се додуша и нема некаков новитет во архитектурата, освен фамозните храмови, иако поиновативни биле тогаш отколку сега, сега за триумфалната капија, голема е, ама не се вколпува со останатиот дел од градот, впрочем како и храмовите, можеби микс од храм и најнов тип на зграда, многу не се разбирам од архитектура, ама отприлика знам. Иако воопшто не се чудам за овој начин на владеење, мислам ништо ново, веќе видено и нормално дека ќе се овековечуваат себе си и своите за нив победи,слава и моќ, добро развиено его „ кој сум јас,како мене никој не е“ ова општо за секој кој што владеел/ владее.Иста процедура без разлика дали е со кратенката или без кратенката Е сега мора на некаков начин, дали преку архитектура, скулптура итн., не е битно, битно е овековечувањето. Мислев нешто фонтаната ќе биде како убава, ама излезе спротивно од тоа, а плус и музика ќе имало од кај фонтаната, стари македонски песни, добро можеле и музиката на Моцарт, Вивалди, баш класично само понекогаш класиката знае да живцира, а и одмара богами , кога веќе прават се класично, антички или разбудување на антиката, оживување, па барем да биде вклопено.Како и да е тие си знаат што прават, а дали е правилно или не, не знаат, врска си немаат
Ви текнува како миризбата на гом*о може да се прикрие со дезодоранс, но не и да исчезне? И како добивате чувство на повраќање, ви паѓаат трепките и ви се свива носот? Епа тоа е проектот Скопје 2014. Го начичкаа градот за да го прикријат гнилежот во него и сега цел свет ни се смее. Како со години да не си миел лице а да шлапаш пудра. Кичерај на тони.
Уопште не ми е јасно зошто вакво мислење. Нормално дека сакаат да го улепшаат градот, па ај ако не да го оставиме така. Не ми е јасно зошто цело време плукате по се што ќе се направи а па да не збориме како е кога НИШТО не се праи. Во ред, можеби се многу пари кои што можеа на многу други работи да се потрошат и сосем од друго да се почне, ама барем сега имаме нешто кое што колку - толку треба да го чуваме а не да го плукаме. Ама, па мора од нешто да се почне, не ? Не те напаѓам, ама морав да се изјаснам.
Сега ќе ти разјаснам. Се почнува од почеток. Почеток не се начичкани споменици на плоштад како бубуљици на пубертетска фаца. Ок се една - две нови градби, колку да се покаже дека сме способни за нешто. Ова? Претеризам. И со секое право плукам, таква распределба на пари не може да остане неисплукана. Покрај толку многу проблеми, гладни усти и болни лица, нив им текна да „садат“ споменици. И да, што е тоа што нас не` опишува за да го чуваме? Градби во барок стил, триумфална капија? Не е наше ако му го лепнат само сонцето на вергина.
Лелее со тоа гладни усти претеравте. Како до сега да немаше гладни,како тие во времето на сдсм во палати да живееле. Во времето на сдсм имаше и сиромаштија,ама за разлика од сега немаше никаква градба,ни споменик,ништо.