За разлика од тебе, јас не ја префрлам вината на ниедна партија. До менталитетот е, мегаломани сме биле, мегаломани ќе останеме. Размислувајте малку подалеку од обоеноста.
Размислите вие малку подалеку од обоеноста,зашто јас размислувам.Си го имам искажано мислењето поназад,ако го прочиташ ќе видеш дека нема никаква обоеност.
малечка дали ти воопшто знаеш нешто за комунизмот???ако не знаеш прашај ги твоите родители.....прашај во какво време живееле тие и спореди како сега живееш ти второ....дали знаеш што означува триумфалната порта?ако знаеш верувам нема баш многу многу да се согласиш со тоа дека ние имаме некаква врска со истата. не треба многу да шеташ за да ја познаваш историјата.....треба само да читаш за неа...
Kога си можат си прават,љуѓево умираат од глад,немаат струја,работа,ќука, денар за да преживеат а тие на се казни..казна за плукање,за пушење...и после од тие пари ќе прават животинско царство со лавови,наместо да ја уредат државата,да им дадат работа на љуѓето подобар живот за сите,тие играчки купуваат..Најголема глупост!!
Луѓето умират од глад? Да не сме ние во Африка??? Шо ви е бе луѓе барем прават на нешто да личи градов и тоа со гладните усти ама ич не се согласувам ! Нема тука глади луѓе сите само кукаат оти тоа е најдоброто што го знаат! За кои гладни зборите? За циганите што просат а изнајмуваат деца за 500 денари на ден??? уууу која дневница треба да ја има за да изнајми дете за 500 денари... Дај престанете да бидете скептични и доста критикувавте.
Плоштадот е преубав, конечно Скопје заличи на метропола. Проектот е одличен, треба да се мисли и на културата, историјата, а не само запнале луѓево ПАРИ ПАРИ ПАРИ, чекајте бе малку, што само се жалите немало пари, ах да немало затоа кога шетам низ град најчесто гледам луѓе во брендирана облека, убави коли и смартфони. Немало пари. А кога сме веќе кај парите, треба да се засрамите ако ја критикувате владата дека не вложува во државава, дека мали ви се платите итн. Мали ви се, ама стигнувате сето тоа од погоре да го имате. Е како бе? Ги раѓате парите?
E така е де ептен се расчисти па останаа да го перат мозокот таканаречените опинион мејкери кои упорно си тврдат дека се е розово со нијанси на портокалово. Нема друга страна, нема прикажување на други мислења и ставови, нема дебати и секако прикажуваме тоа што е добро а ако не ќе биде. Сила и моќ на дело. Ќе си повториш неколку пати дека е добро па и ќе поверуваш.
Aјде не сме во Африка и не сме прегладнети до толку,ама на кое ниво е здраството во Mакедонија и ред други работи,ова не личи на држава,излези на улица,никакви улиците .. Дали некој ги посетил тие населби каде децата немаат кај да одржат настава?Kаде нема вода?Никого ништо не го интересира ..во ред е споменик два,да се истакне градот..ама ова на што личи?Со споменици ќе се правиме народ а никаква култура нема во државата,што ќе ми се споменици кога тогаш кога ми треба лекарска помош неможат да ми ја пружат максимално и ме тераат во странство зошто државата не ги обезбедила тие средства ..Ама во ред секој си има право на свое мислење,нема да го наметнувам своето....
Од цел проект требаше само портата,Александар,Питу Гули и Гоце,фонтаната во Вардар,музејот на ВМРО и судот да се направат.Другото е вишок и многу натрупано ( според мене ) .
Прости и’ Господе не знае што пишува. Се читаш ли ти што пишуваш девојко? Кој умира од глад? Кој нема дека да живее, нема да јаде? Дај кажи еден таков. Јас не познавам. На земјоделците субвенции за ова, за она, на сточарите исто. И не ми кажувајте дека не дават субвенции, зашто само вие си верувате во тоа. Еднаш пред избори некои напишаа дека за вмро гласа само простиот народ,а за сдсм само учените, така е, во право бевте. Знаете зошто? Затоа што оние простите се сељаци кои имаат ниви, одгледуваат животни, ама за тоа земаат јаки пари од државата. Забегав јас од темата, веројатно ќе ми биде избришано мислењето, ама вие вопшто не сте во право.
Уште три нови а Еден од таа страна портата, другиот до портата а третиот на портата Абе има од некој кој рекол "аирлија нека се множат" фатено тоа
Еве ви практична примена на Скопје 2014 ... сепак имало некаква корист од портокаловава визија м?? :geek: http://www.vimeo.com/30095456
Аплауз за батето што се избањало во фонтанта за севте! Со душа го чекав тој светол момент! Ама она,ласта уште малце,шлап,шлуп.Тоа напред му игра салса,тро зашумен,ма нема везе бре,се бања.Сто посто било кладба у прашање!
леле се изнасмеав со ова. Ама си рекол овој: И онака од мои пари е правено барем да си се избањам. ))))
Јас лично го поддржувам овој проект и ова видео што го погледнав воопшто не ми е смешно, туку е глупаво некако ај да не речам-ама идиотски. Не сакам сега никого да разубедувам на форумов да го поддржува проектот, секој си има право на свое мислење.Меѓутоа, мене многу ми се допаѓа се тоа како изгледа плоштадот е навистина прекрасен, немам збор.Секогаш сум ја поддржувала Владата на чело со Г-динот Премиер Никола Груевски во реализацијата на ваквите проекти , и сето ова многу ми се допаѓа.Секако дека не очекуваме од 2 милиони народ секој тоа да го поддржува, вклучувајќи го и нудистот за кој слободно ќе речам дека сигурно се наоѓал во некое издрогирано стање кога го правел тоа, со претходна кладба или сл.Во секој случај изгледа крајно селски, идиотски неизживеано...
Така, така има и такви кои потполно го подржуваат Господинот Премиер Никола Груевски ама сепак повеќето мислат дека и претерува со оваа склуптуроманија.
Мене многу ми се допаѓа Скопје сега. Како да се препороди градот. Има што да се види. Аце со фонтаната се ремек дело. Многу ми се допаѓаат. Пред тоа штуреа празни плочки на плоштадот. Сега има што да се види, каде да се слика човек , а и самата атмосфера е пожива, повесела. Само Цар Самуил ми е малку преблиску до Ацета, ама се` друго ме бендисува. И ок, можеби и коњите , ајдеее сите на коњи... Ама да не дискутирам за вкусот, нели за вкус не се дискутира.
http://edition.cnn.com/2011/10/04/world/europe/macedonia-skopje-2014/ Шо бе стигнаа да ја сефтосаат? Аууу машала! Јас се чудев како не се случи порано - барем нозе плакнење као у светски метрополи Културно со камембер и винце во рака. Него, не дека ви е гајле ама, кога куцаш на Гугл - Александар Македонски, Гугл ти вика - sorry. Did you mean воинот на коњ? Шала на страна. Имам прашање, што уште ни остана од невиденото до 2014?
Сега че има нова скулптура на кружниот тек кај Католичка. Мостот Око не е завршен а тму се планира да има 20 скулптури. Гарант има уште нешто ама не сум сигурна. http://www.youtube.com/watch?v=iybmt-iLysU