Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје во 2014-2015 год

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 4 февруари 2010.

?

Го поддржувате ли проектот Скопје 2014?

  1. Да

    252 глас(а)
    38,3%
  2. Не

    406 глас(а)
    61,7%
  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Значи Скопје е прекрасно :inlove: .
    Брат ми си дојде пред неколку дена од екскурзија и сликите ме воодушевија.Знаев дека е убаво но се воодушевив уште толку повеќе.Се надевам дека ќе имам можност во најскоро време да идам и да ги видам тие убавини.
    Апсолутно го подржувам овој проект.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Наводно не бил македонец него странец. Па тој сигурно си помислел дека е слободно, нема потреба од виза за шлапање ... пари негови нема внатре.
     
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Знам само едно, а тоа е она што го чувствувам. Поминувам денес низ плоштад, убав ден, насмеани лица, срцето ми заигрува, и ми доаѓа спонтано - Еј, што е убаво!

    Значи не ме интересира кој ја правел, кој е човекот на коњот, ни што велат странциве.
    Или овие џанам ептен прошетаниве по европскиве метрополи, што сигурно ќе речат -Не видела поубаво.

    Значи ич не ми е гајле. Мене срцево ми вели убаво е и јас му верувам.
     
    На Abeja и Hipica им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Си ги видела денес насмеани, зошо е почеток на месец, земале плата луѓето... Помини после 20 ти да видиш...

    НЕ, НЕ и НЕ!!! за проектов....
    Како што имаа напишано некои странски медиуми... Само во Македонија можете да видите барокна зграда, изградена во 21 век!
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јас сум фасцинирана од музејот :o Ако нешто вреди од целиот проект според мене тоа е музејот :)
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам поентата, и се сложувам. Но за сиромашниот никој не мисли, ни со споменици, ни без. Види, истовремено сите кафани, тераси, беа полни, се пиеше и јадеше на големо. Зошто парите кои ги трошиме за лични задоволства да не им ги дадеме на сиромашните. Зошто јас купив кармин од 500 ден. Зошто не купив од двеста, а триста да и дадам на некоја бабичка што проси за да си купи лек.
    Никој не размислува така, па ни тие што ја кројат политиката и ги смислуваат проективе.
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    само што кај нас не е проблемот една бабичка туку 33% невработени кои се регистрирани дека се невработени, а башка што велат дека има многу нерегистрирани, а да не кажувам што допрва ќе ги отпуштаат.
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.276
    Допаѓања:
    113.704
    Пол:
    Женски
    Разликата е што во кафаните си дава секој од свој џеб, и си си купила кармин од свои пари додека проектов е направен од државни пари, мои, твои и на сите кои плаќаме днаоци и казни. Во ред нека имаше проект ама кога веќе се троши буџетски пари зашто немаше референдум дали народот го сака ова сега или мисли дека има други приоритети. Мене лично иако не сум фан на владава ми се допаѓаат улиците , илинденска, иво лола рибар, климет охридски. Тоа е за поздравување. Театарот и музејот ок треба да се наоарават, па и воинот на коњ ама се друго ми е излишно и пренакитено.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Точно, се согласувам дека градов почна да личи на метропола, ете конечно ќе се среди и хаосот кај Католичка, ама што ќе им се сега и таму споменици.
    Мислам дека е доста.
    И зошто јас да се убивам од работа, а со моите пари некој да си игра стратегија и да го кити градов со се` и сешто.

    Веќе имам коментирано на темава и пак ќе се повторам, малку нека се обрне внимание на учулиштата, градинките, амбулантите....
    Еве во нашата градинка, иако мислам дека нејзиното одржување е во надлежност на општината, учителките сами се ангажираат и бараат донации од нас родителите за нови завеси, играчки, за нова ограда или ако не соберат доволно средства барем истата која е крш да ја префарбаат.
    Така што еден коњ би завршил работа.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    да апсолутно точно и се слагам со тебе....може на пример многу повеќе внимание да се насочи кон градинките,училиштата...а посебно...болниците....кај нас болницава е катастрофа...немаат никакви услови,вработуваат секакви сестри кои по цел ден се шетаат по ходниците и си пијат кафиња...а па колку грешки имаат направено и колку пати за малку живот ќе испуштеле од раце да не зборувам
     
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Oчигледно човек неможе да каже ниедно позитивно мислње, да се почуствува убаво. Божем да не беа споменициве сите проблеми во државава ќе се решеа, од училишта до неспособни медицински сестри. Или зошто до сега не се решени. Зошто чекавме да почнат да се градат споменици, па да ни текне дека децата ни учат во училишта-бараки, а болниците се катастрофални?
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Како мислиш сме ги чекале споменициве па да да ни текне? :^)
    Нас треба да ни текне или на тие што ги одобруваат проектите. :!:

    Ама истите тие си имаат длабок џеб и ако, не дај Боже, имаат медицински проблем со новчаникот и правец Систина, Ремедика и тако даље и тако даље.
    А нивните деца мислиш одат во градинки-бараки, си имаат тие обезбедено кој и како да им ги чува.

    За жал на нас обичните смртници ни преостанува да се влечкаме по Клиникиве, плус и таму ти треба човек за да те погледне, ако си немаш ти преостанува само среќата или пак да си го повишиш тонот и да си ги бараш, и тоа жустро, правата.
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Може да се каже и позитивно, ете ти си кажала дека си задоволна. Ама повеќето не можат да се со позитивен став ... затоа што тие огромни пари прво требаше да се вложат во функционалните институции кои се срцето и сржта на земјава, а после во бетонски, бронзени и сл. мешавини кои ни даваат ни помагаат, профит нема од нив.
    Што ќе ни се статуи ако ни пропаѓаат важните институции?!
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    плус треба да се каже и дека се трошат пари земени на заем, кои кога тогаш ке мора да се вратат... Баш паметна иневестија!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Каде пишав дека сум задоволна и од што задоволна? Пишав дека едно сончево попладне сум се почуствувала убаво и ми се допаданала глетката? Да не треба сега да ви се правдам за тоа или да чуствувам вина што се демек сите несреќни и трпат за леб, а мене ми е убаво и сум задоволна.
    Така ја извртевте работата на крај по толку цитирање и коментирање, што е далеку од вистината и нема врска со мојот став околу целокупниов проект.
     
    На kikikikirika и NightAir им се допаѓа ова.
  16. getting.started

    getting.started Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    А луѓето кои се шеткаат џоа од Симс се xD
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D51A ... D29DE2DA93


    Онкологија кратко прекинала со зрачната терапија откако откажал и вториот акцелератор поради оптоварување
    ...Ваквата состојба, да откаже еден од двата акцелератора и потоа да не работат и двата поради тоа што на нив се зрачат и по три пати повеќе пациенти од колку што треба, не е прв пат. Повеќе од две години се случува повремено да не работи еден од нив. „Како да работат апаратите кога наместо по 30, на еден апарат се зрачат и по 80 болни. Кога ќе се расипе едниот, на вториот се зрачат сите болни и тоа и по 200 болни во еден ден“, објаснува еден од вработените.
    Одредени лекари предупредуваат дека со секое пролонгирање на зрачната терапија се губи драгоцено време за лекување. Тоа што не работи еден од двата апарати е зрачење на слепо, зошто нема контролен механизам дали зрачењето е на вистинското место кое е одредено, додаваат дел од лекарите на онкологија. Постојаното расипување на акцелераторите, пак, според неофицијални извори, е поради несоодветно и ненавремено одржување и сервисирање на апаратите


    Ете затоа не ги оправдувам Скопје 2014 и оваа Влада!!!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Нема многу да дискутирам на ова ...
    секако дека недостасуваат многу други работи, но од некаде треба да се започнеме?
    Скопје ни е главен град, и треба да личи на главен град.Цела Европа е полна со музеи, споменици и други културни обележја , зошто и Скопје да не биди европски град?
    Со тек на време се по малку нека се прави, ако не забележувате многу далеку сме стигнале од она што бевме пред 10 години.Јас не памтам ниеден град да бил ист денес и пред 10 години.Сепак мислам дека многу работи се подобрени, и ќе се подобруваат, а тоа некои што не го ценат, со тоа не си ја ценат ни самата држава.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Се извинувам што тебе те цитирам, ама постов се однесува на сите кои го подржуваат проектот, не само на тебе.... (И да, успат сум многу револтирана и ми иде да одам да ги искршам сите споменици, па така да покажам дека си ја сакам државата).
    МОРА ОД НЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ? ????
    Нека почне од тоа што Клиникана ќе заличи на здравствена установа а не на селска болница..... Кога ке имаш МОЖНОСТ ДА СЕ ЛЕЧИШ во сопствената држава, а не да се чудиш каде ќе најдеш пари за да одиш во странство, затоа што во цела држава, нема машина за зрачење.... И не е Груевски крив за тоа??? Не ли е? Или неможе да испере доволно пари со апарати за зрачење, со споменици полесно му е....
    и не е само здравството.... Училиштана на што личат??

    И ке кажам пак, кој немал мака незнае.... Ама да знаете како е.... Е тек тогаш ќе сфатите што сакам да кажам.... :devil:
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.