Читам и гледам дека повеќето не се согласувате со новиот план за Скопје во 2014. Истото важи и за мене. Косата ми се дигна кога го гледав видеото за новиот изглед на градов...катастрофа. Јас сум за промени, за тоа да се направи убава зграда за операта и балетот, да се обнови театарот, зградата на собранието...како што е во сите земји во светов, еве нека стои и фонтаната со Александар . Ама да се крадат идеи и да се гради нешто што е веќе видено, да се трупа градов со споменици на секој чекор, па кај е мал плоштадот и црква ќе градат и капија и лавови и мостови повеќе од пешачки премини т.е. кратко кажано УЖАС. А бе нека ги поправат прво улиците, нека им ги решат проблемите на стечајците и на оние кои едвај врзуваат крај со крај, нека им помогнат на младите... Еве и дури пишувам нервоза ме фаќа и затоа ќе прекинам :twisted: п.с. МРАЗАМ КИЧ, САКАМ КРЕАТИВНОСТ И ЕДНОСТАВНОСТ
И мене воопшто не ми се допага како ке изгледа.Такви градби се граделе порано не сега. Убаво е да се граде,ама нека биде нешто стварно убаво а не ова безвезе. Ептен глупо ми е тоа што такви градби биле градени пред којзнае колку време,а кај нас дури сега,незнам што е финтата. Скоро сите се против ова па ако стварно изградат значи ептен се смотани.
Стварно ќе биде хаос од скулптури тоа не ми се свиѓа,ни портата ни цркви ништо,али добро е каков таков ке изградат театар,суд,симфонија мислам е за такви работи сум за,затоа што ќе има плус некое вработување а и додека се работи на проектов ќе работат многу луѓе,не требало само толку да обрнуваат внимание на толку скулптури и плус триумфална капија некако ми се фрлени парите во вода,а црква па воопшто не треба затоа што преку мостот имаме преубава црква стара,со тие пари за скулптури и други непотребни работи можеше да се направат болниците...ете тоа за Скопје 2014
Не е проблемот дали ќе се гради црква,порта,скулптура и друго проблемот е што пола Македонија се дави во кал,неасфалтирани улици,сиромаштија,распаднати болници,училишта наспроти тоа во Скопје секојдневно се прават булевари,асфалтираат улици,нови трговски,стамбени објекти,нови автобуси(стигаат),болниците се тип топ средени исто така најголем број од училиштата,нови оперски куќи,театри,кина,а на пола Македонија еднаш у 3 години ќе им фрлат по некој лопата асфалт .Зар тие луѓе немаат право да живеат пристојно и со асфалтирани патишта,средени болници,училишта,нови трговски центри,нови автобуси,булевари,театри,кина и друго.И не заборавајте овој проект се прави со државен буџет(не со пари од градот Скопје).
tocno i ne samo niz makedonijava,tuku i vo skopje e taka..primer vizbegovo tolku godini ne mozat da go asfaltiraat lugeto protestiraat ama se e zabe..
Е ова е тема како за мене имам да зборам до утре сабајле Ама ќе бидат пократка Ич, ама ич не ми се свиѓаат тие споменици и сите глупости што ги замислиле да ги прават, не се нормални. Наместо тие пари да ги известираат во училиштата, во здравството, да се зголемат социјалните примања, они ставаат споменици... Божееее еден поштад каков таков имавме сега ништо од него нема да остане. Болниците се катстрофа, кога одев на пракса мене ми се гадеше, а не па на луѓето што мораат да лежат таму, тоа е ужас. Во помалите села школите се катастрофа, децата на ќумбиња се греат, а зошто, за да може владата споменици да си става кај што ќе стигне
А и да се надополнам само уште ова, под итно треба нови автобуси да се донесат и да бидат поделени за стари и за млади, зошто не се трпи веќе ова, ама ајде автобусите ќе почекаат треба споменици да се градат....
Да имате право за се,највеќе за болниците тоа би требало да е на прво место али ете државава тапка во место и со оваа и претходната власт бар сега за сега пошо не возможно е да се направи се за краток период после толку уништување и затворени фабрики,а болниците си стојат уредени од друже тито бетер од затвор,плус во школите иначе се инвестираше за бесплатни учебници супер тоа исто така се ставиле нови компјутери за кои мојата другарка се смееше и ми кажуваше дека ги шкртале и си краделе мауси,па луѓе не сум воопшто политички определена а не ме ни интересира политика,треба луѓево во македонија да се освестат самите малце а не да се деструктивно цело време расположени,и на згради да шкрабаат и секакви глупости и градов да личи на крш,а исто така треба да се направат патиштава подитно!а за работа и безпарица стварно преовладува а и плус слушав еднаш дека имало многу кои сакаат да инвестираат за бизнис тука во мк али имало само 4% образование што е стварно многу малце ете тоа е тоа
Абе малце е офф топик,ама ќе кажам ете за атер на темата,не ми се допаѓа и не го оправдувам,особено црквата и тирумфалната капија(триумф над што?! hock: ).Извинете на израз,ама срање во боја,не може цел свет да го ставиш на 5000 метри квадратни и не можеш да создаваш култура за 5 години,со кој памет?!И да,сами си солевме,сега ќе си сркаме,ама затоа постои опција како доле влада,масивни протести,петиции,референдуми...народ бира,народ ќе симне,п па што?!200 милиони евра еееј...а јас до дома да стигнам колата ќе ја удавам во вода,гуми ќе искинам,а сега како што лежи водата по вдлабнатини и дупки немаш осет до кај е и што е...абе мерак за очи и душа...катастрофа... Дишат на шкрги,уште немаат земено плата од државен сектор,чекаат 15 ддв да се даде па ќе почнат да исплаќаат...за срамота,за греота!Ама важно Скопје ќе го личи!И зошто се инаетат кога гледаат дека народот не сака?! Не сакам бре манастир на сред плоштад,не сакам и шмизли,не сакам и триумфална порта,сакам биг бен и точка!Сакам будистички храм и крај!Што фино,одам да се најадам во фуфо,потоа одам во интмисими по долна облека и ај више кога сум тука да запалам свеќа...а шмизлите со голи стомаци и нозе одма до теранова... Перење пари...!После ќе живеат на Фиџи и ќе им служат коктели донесени на желки дур јас постам од што морам,биена сол со леб,упс...обична сол,скапа е биената,а може и само со вода ќе се задоволам. Ми се повраќа од новиот лик на Скопје кој е зезнат уште години уназад,ама сега го претераа... Нема пари за лекување на мали дечиња,има пари за шмизла,е не можам да живеам со ова,не можам! Прост народ,силна држава,сами сме криви.Шака беда што да кажам... Коце ако го испратат во Пиза може и мтв ќе ја искриви...
Економска криза е, а ние ќе правиме споменици. Требаат не велам не, главен град е , ама му скусија на апсолвентите од ваучерите за компјутери заради економската криза а за споменици имаат пари да прават ... Прво треба малку да се погледа наоколу како луѓето живеат и што им треба а не споменици има време за споменици... за џабе луѓето не бараат да одат азил сега кога е безвизен режим и кога се нема живот и работа во Мкд, а за кратко време бројот на населението во Македонија ќе биде на пола ... со еден збор НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ со изградбата на споменици.
Лани март месец,платите каснеа,оваа година март месец,платите пак каснат...патишта крш,скапа (делумно увезена )струја,најголем број вработени во државен сектор,увозно зависни од готови производи,извезуваме за ич пари суровини и полупроизводи...да пресметам...па ние не сме ни во транзиција БЕ!!!!!Сиромави,со по некој закрпен партал со кој што сме среќни.Е баш сме скромен народ вака право да ви кажам и многу ми е кејф ради тоа,всушност тоа е доблест. Ова скулптуриве и градбиве само се обид за оптичка варка.Имаше една песна Тоше...илузија се викаше... Денес сум лута на државава,одам по табла јајца...погрешно да не ме сфатите,Велигден иде,ќе поскапат и јајцата.
Ova proektov 2014 ne mi se dopaga voopsto,aj sto cela drzava ni e vo kriza,luge nemaat leb da jadat,zdravstvo,obrazovanie se e katastrofa niv im teknolo plostadot cirkus da go pravat,pa toa na nisto nema da lici,duri i situacijata vo drzavata da ni e sjajna,se da e ok da ima pari pa ni togas vakvo nesto ne bi mi se dopagalo da pravat vo red e nesto da ima da se napravi ama orginalno a ne od site gradovi kopi,pa uste spomenici na site od anticko do tursko,so sklupturi na lavovi i smizli,i na kraj po edna crkva i dzamija neznae covek dali da se smee ili da place pa ke nema kaj da se svrtime bre na plostadot.Ama nie narodov glupi abe samo ko sto kaza Lilit dole vlada,nesum politicki orientirana od site mi e preku glava ama kako sto ovoj Gruevski ima fiks idei covek strav da go fati.Samo dole vlada bre veke smaceno mi e od celava situacija vo drzavava nasa
Јас па последно слушнав дека парите за овој проект всушност биле дадени од ЕУ на Бугарија (како земја најблиску до нас од ЕУ) за да ни помогне нам, но парите морале да бидат искористени на споменици, мостови и такви ствари. Е сега требало тој проект да биде реализиран на ниво на држава, а не само на ниво на град Скопје.
Леле, каква ли катастрофа не чека за 4 години... Цццццц! Срамотилаци ops: ops: ops: Не знам што друго да кажам освен дека овој проект, НЕ го подржувам дефинитивно
Не знам зошто да не би го подржале проектот?? Јас сум тотално ЗА ова,време е и ние да имаме град-светска метропола!!!
секој ден си се нервирам се повеќе и повеќе со она плоштадон раскопан Највеќе што ме нервира е што ненормално перат пари со ова и што поединци ко и секогаш имаат кар. А ај обичниот народ ке го јаде заради некомпетенти луге. Кога ке ги платат сите на кои што им должат плати, кога ке ги реновираат патиштата и кога на клиника ке има лекови и опрема за работа, кога сите училишта ке бидат реновирани после нека прави споменици. И нека ги прави со вкус, а не она кичон. Барок стил во 21 век. И катна гаража од Среден век. И александар македонсски пее песни од Тоше. Уфф што ми е мило што им падна на Уставен
Апсолутно сум против проектот Скопје 2014. Сигурно има многу други покорисни начини да се потрошат сите тие парични средства (а и не се баш малку).
Воопшто не го оправдувам овој проект. Па сега кога нема пари ни за леб, семејства без работа тие најдоа да му сменуваат опис на градот. Ајде можи ќе биде поубаво , ама да трошат пари од граѓаните за ова . Барем да го подобрат начинот на живот во земјава па нека градат.
Благуфче немам ништо против проектот , ама да си од Ск поинаку ќе мислиш за неговото остварување. Исто како на среде Неготино да ви стават Триумфална Капија, нема врка што нема саглам улица, што пола град е отиден по Америки, Австралии за некоја паричка, што нема саглам болница, што пола куќи немаат вода ни канализација. Битно ќе си имате капија на сред град и ќе кошта едно 3-4 милјони евра. Тоа ме нервира мене, и јас сум за урбано воздигнување на Ск , ама не ова време тоа не е приоритет, и не така мегаломански, што дека ќе направат куп административни згради низ Скопје, кога на плоштад цигански банди крадат и напаѓаат, бездомници спијат по паркови, не дај боже некој да треба да закаже снимање на глава , 6 месеци се чека, 7000 денари чини и само еден апарат има во Државна Болница. Тие пари нека ги уложат во здравство, а не секој ден срце ми се кине кога ќе слушнам дека дечиња неможат пари да соберат за операции. Нека отворат државна кардиохирургија и хирургија за трансплатации, а не деца со месеци да чекаат дали од комисијата ќе се удостојат да им одобрат пари за операција. Многу се иритирам , не самоо од оваа власт , туку од сите. Како на некој да му треба Триумфална Капија, Куполи или антички столбови. Тоа се непродуктивно вложени прари, нема да се повратат, кој во државава ќе види фајде од Ск 2014? Јас не, ниту луѓето што со диплома во рака седат невработени. Како може град со милјон жители да има монополизиран јавен превоз, автобуси стари по 40 години,шкрипат, им пукаат гуми по улица, внатре луѓето обесени како мајмуни, ама битно на автобусот пишува: БЕСПЛАТНА ИНТЕРНЕТ ЗОНА . Срамота Освен едни нередовни скапани автобуси , нема друг превоз на град со милјон жители. После полноќ нема автобуси, па како некој од Ѓорче да стигне да Центар или до друг дел од градот? За такси ќе потроши 300- 400 денари, ова е срамота. Јас сум против овој проект и против секој друг ваков проект. Што има Македонија од овој проект, еден човек од Скопје, Битола ,Охрид , Штип или било кој друг град што ќе добие со овој проект? Поквалитетен живот? - НЕ Повисок стандард? - НЕ Поквалитетно здравство?- НЕ Брза помош во секое населено место?- НЕ Пздрава околина , почист воздух? -НЕ Што поважно од ова горе ќе добиеме со проектот СК 2014? Зарем поважни се новите административни згради и Капијата Ако знае некој нека ми одговори.
Ова проектов Скопје 2014 според мене е тотален снобизам. Замислете си некој што не се избањал 5 години да се нашминка и изнамириса. Ете такво е Скопје денес. Прво нека се среди проблемот со сиромаштијата,нека се среди здравството, па образованието,па судството и тогаш сите весели и среќни ќе излеземе и ќе го китиме Скопје. Така, задоволни ќе имаме и повеќе идеи па нема да има потреба од кичестите и никакви идеи како на пример да се стави Триумфална Порта до Чичко Стоилко